Постои ли граница во пријателствата со колегите?

Discussion in 'На работното место' started by rossonerka, Oct 5, 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Joined:
    Apr 13, 2010
    Messages:
    4,160
    Likes Received:
    15,290
    Најдобрата ваша пријателка е вашата колешка со која ја делите канцеларијата. Возможно е ова?

    Во денешно време мене ми изгледа на невозможно или како голем ризик.
    Верувам и сум секогаш за пријателства со колегите, НО дали треба да се стави одредена граница до каде треба да оди тоа пријателство?
    Можно ли е да ги кажуваме сите тајни и приватни и деловни на нашата колешка онаа со која работиме и со која сме всушност конкуренти? Голем е и ризикот зошто често се кријат тука лажни пријателства. Или да се бара од нас да ги кажемее недостатоците пред претпоставениот а таа ви е нели најдобрата другарка или најлошото да се бира за останување на работно место дали вие или она?
    Нели најдобрите пријатели се тука за нас и во добро и во лошо, но тешко е тоа кога најдобриот пријател ни е колешка.

    Затоа дали ставате граница до каде се здружувате со колешките и колегите секако? Имате некој со кој сте најблизок и притоа потполно сте искрени со неа/него? Ја знаат целата вашата приватност нема тука тајни?
    Сте биле некогаш повредени од ваквите "најдобри" пријателки па со тоа сте ја научиле животната лекција работа си е работа, приватност си е приватност и најдобро е да не ги мешаш. Но од друга страна секогаш има ретки исклучоци и може навистина да ја пронајдете сродната пријателка меѓу колешките, баш комплетна пријателка.
     
    maca99 likes this.
  2. Artemission

    Artemission Популарен член

    Joined:
    Jul 22, 2011
    Messages:
    2,031
    Likes Received:
    15,673
    Јас сум строго против пријателство и блискост со колегите. За моја среќа никогаш не сум се изгорела (или сум среќлија и не сум налетала на погрешна личност), но голем дел од мојата приватност и моите планови ги задржувам за себе и за моите пријатели и блиски, па со тоа и го избегнувам фактот некој да ме повреди или евентуално да ја злоупотреби мојата доверба. Се разбира дека не сум намќор или неколегијална, разговараме, се собираме најмалку еднаш во месецот, се шалиме на наша сметка, но не разговараме за приватни проблеми ниту пак се советуваме за истите. Во секој случај ги почитувам и го сакам фактот што барем за тоа ми се погодени.

    Од друга страна пак имам неколку личности во животот кои ги запознав на претходните места кај што сум работела и ми оставиле впечаток, па до ден денес одржуваме контакт, но нажалост ниту едно не прераснало во вистинско пријателство.
     
    malifesent likes this.
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Joined:
    Jan 19, 2011
    Messages:
    1,504
    Likes Received:
    5,577
    Точно е дека меѓу колешките може да се најде и вистинска пријателка, меѓутоа ова е реткост. Не е исклучено, но навистина треба време за да се увериш во вистинитоста на пријателство поврзано со работното место. И внимателност да не се злоупотреби тоа „пријателство„ за лични цели и да биде човек изигран поради нечии аспирации да напредува по принцип на макијавелизам.

    Во принцип, не тргнувам на работа со замисла дека треба да градам пријателства, не дека целосно се исклучувам од ова, ама навистина ретко ми се случило да изградам баш пријателски однос со контакти и вон работно време само 2-3 случаеви во тек на цела декада. Веројатно бидејќи првенствено си имам друштво уште од детство и од раните тинејџерски години и ги познавам и им верувам, па тие знаат дел од мојата приватност. Всушност никој не ја знае цела моја приватност во целост, луѓето често ми откриваат и премногу за себе, ама да се разбереме јас тоа не го барам од нив, сега ако сами решиле да се отворат, фер е да ги ислушам веројатно :wasntme: ...На работно место не откривам скоро ништо поврзано со мојата приватност, освен она минимално општопознато. И навистина не почитувам луѓе кои буквално се во состојба се‘ да изблујат за најблиските пред колегите. Моите семејни и интимни проблеми и тајни не ги споделувам лесно ни со најблиски камо ли на работното место во никој случај не доаѓа во предвид, извичник и штембил печат, :emo: .

    Имав порано директор кој апсолутно со никого не одржуваше приватни контакти вон работно време и беше крајно професионален и луѓето имаа изразено чувство на стравопочит кон него, додека раководителот на една единица имаше баш другарски однос со сите и често му го рушеа авторитетот и не го слушаа и почитуваа доволно бидејќи вака лабаво се имаше поставено. Така да, во однос на раководните структури мислам дека поголемата дистанцираност од зближување е израз на поголем професионализам и дава поголем авторитет.

    Во однос на деловни тајни баш и немам тајни бидејќи сум личност која јасно и гласно пред сите си кажува што си мисли, често и на сопствена штета, ама тоа е посилно од мене, :lol: .
     
    malifesent, eli25 and Annath like this.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    8,510
    Likes Received:
    144,831
    Тееоретски знам што е професионално, а што не е, но сепак... :wasntme:

    Кога си со одредени луѓе долго време во канцеларија - има шанси и да се зближиш.

    Имам две пријателки кои ми беа колешки, но веќе не ми се.
    Со едната не работам веќе 5 години, и мило ми е што иако не се гледаме толку колку што би сакала, тука сме за добро и лошо. Работевме заедно помалку од една година, но за многу кратко време се зближивме.
    Со другата бев во иста канцеларија четири години, а ми беше и шефица. Воспоставивме добра комуникација уште на почеток, а зближувањето доаѓаше полека.

    Среќна сум што двете се дел од мојот живот, затоа што од двете научив многу, и ми претставуваат голема поддршка, и ми помагаат работите да ги гледам од друга перспектива. Никогаш немало трачарење и кодошење, пријателството ни било на сосема друго ниво, и базирано на цврста доверба.

    И сегашната шефица полека ми прераснува во пријателка. Се познаваме речиси две години, а шефица ми е една година, но некако уште на почеток двете настапивме со доверба.
     
    malifesent and maca99 like this.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Joined:
    Dec 28, 2009
    Messages:
    5,941
    Likes Received:
    27,617
    Амин.

    Повеќе пати сум се прелажала и изгорела и никогаш повеќе.
    Јас сум голем поборник на тоа дека вистинските пријатели ги среќавате до 25-тата година од вашиот живот.
    Не дека е неможно да си најдете пријателска сродна душа и во 50-тата година од вашиот живот, ама тој никогаш нема да ве познава доволно. Не бил до вас кога ви го скршиле срцето првпат, кога сте бегале заедно од часови, или сте спремале заедно испити на факултет. Или сте се мажеле итн, итн...

    Не се здружувам со колеги повеќе и во иднина ќе внимавам строго на тоа.
    Едноставно е - не ми се потребни.
    Како, ќе си речете?
    Така.
    Јас имам најдобра другарка, пар блиски, но вредни пријателки, двајца најдобри другари, братучед кого го чувствувам како брат, дечко и доволни ми се во животот.
    И повеќе од доволни. Навистина не наоѓам потреба да и' ја раскажам пола од мојата животна сторија на некоја си колешка и преку ноќ да се удружиме (за да после се врати и да ме тресне по задникот). Been there, done that.

    Плус, како бре после 8 саати заглавени во истата канцеларија со една особа, заминувате на кафе со истата? Или ја дружите преку викенд?
    Мене ми е смачено со самото тоа што ја гледам, камоли да добијам желба за екстра дружба.
    И не ми се јасни тие луѓе, не ми се.

    Постои граница со колеги и колешки и се вика - не сме пријателки, ние сме КОЛЕШКИ од работа.

    А нема одбранување значи од некои, ви доверуваат тајни, а немате желба да ги знаете, ви се поплачуваат со првото утринско кафе и чекаат совети како на драга Саветка, упорно ве викаат на кафе, на гости дома... како да им кажеш онака суптилно и ненавредливо - жено откачи се, не те сакам за пријателка?
     
  6. maca99

    maca99 Популарен член

    Joined:
    Sep 19, 2010
    Messages:
    1,818
    Likes Received:
    1,692
    Трендафилка секогаш знаела и знае што да каже,а за ова е милион посто во право.
    И мене од работа ме викале,не дека не сум излегувала,ама ми е повеќе тоа дружба од чалам ајде од работа,ние работиме аха-да видат сите,на кафе,некако модерно ми стана тоа.а кај мене сите дека беа млади,па од работа на вечери одеа или кафиња дома само колку да преспијат.одев и јас некогаш,ама преглупо ми беше,ептен се фолираа :puke: поубаво ми беше кога со една другарка и колешка ми се погоди за среќа си одевме на кафенце и си зборевме.Ама со никоја друга не сакав приватни работи да кажувам.Сите се во поголема или помала мера трачари.И сега некој може ќе рече-колку е асоцијална оваа |( Може сум,ама подобро ми е така,си имам одреден круг него да глумам нешто што не сум.Сум се изгорела и јас ко повечето,па сега доверба -ретко кој заслужува.Ние не делевме канцеларии,онака бевме повеќе души на компјутер,па можеше да си избираш со кого сакаш дружба.Ама чисто колегијално нели,па не сме од камен ќе прозбориш ,ќе сфариш кафе,секојдневни работи и совети,имаш дечко,маж,деца итн,не сакав и не дозволував и никогаш нема-да раскажувам за мојот живот.Не сфаливо ми е.Освен на другарка ми пошто и така знаеше многу работи за мене,од факс бевме заедно,а ако ги искористи нека и служи на чест,нека се сети дека и јас знам по нешто ;)
    Имав еден колега на работа,фин беше и се,онака муабетчлија,стварно си зборевме се,си одевме јас другарката и тој на кафе,ја знаевме и неговата девојка,одеа 5,6 години,а кога тој ни дојде во фирмата-патем и заедно студиравме и бевме во група,навистина се израдував.Но девојка му почна да не ни зборува кога ќе се сретнеме за да на крај не избрише од ФБ,со другарка ми.И сега го сретнав пред месец ми кажа дека му раскинала,му рекла-си имаш колешки оди си со нив.Значи стана работава-само машки со машки,женски со женски.А не е интересно така бе.Си сакам машко другарче си треба,особено таков како него,вицкаст одсабајле ќе те расположи и многу фер.Ама ајде
    Проблем е што денес многу неверства се дешаваат по работа.Не дека порано немало,ама денес многу предност им се даде на младите нели,башка има еден куп приватни фирми,со млад кадар,а меѓу нив сигурно има и некои кои освен работа бараат и по нешто друго :wasntme: ,ме сфаќате нели,така да и мене ме фаќа некоја мисла,иако му ги знам колешките,ама речиси секое второ неверство се дешава на работа,со некој од работа,па добро е да се има граница ;)
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Joined:
    Jul 12, 2010
    Messages:
    3,009
    Likes Received:
    14,819
    Не еднаш сум спомнала дека сум повеќе од среќна што работам во една ваква средина (со исклучок на шефот кој аздисува во последно време) :D
    Еден ден кога би ја сменила работата, знам дека најмногу би ми било криво за луѓето. Едноставно сум доживеала односно била сведок на многу отпуштања и промени и кој и да дојде едноставно доаѓа со уште поголема моќ и позитивна енергија од оној претходниот, што дури се чудам дали е тоа возможно.

    Работните обврски ни се разликуваат значи нема потреба за љубомора ниту завист, секој си ја гледа својата работа, никој на никого не му прави сопки, едноставно совршено функционираме како голем, професионален тим на кој само главата му смрди за жал ама ќе го средиме и него за кратко време :D

    И досега сум нашла без претерување барем 4 блиски пријатели помеѓу колегите, и тоа зборувам за актуелните. А ги имам и такви кои повеќе тука не работат а сеуште контактираме, блиски сме, сме имале заеднички одмори, искачања, среќавања, родендени и слично.
    Ама навистина. Така да јас велам зошто да не? Побогу луѓе сме. Ок на работа сите се однесуваме професионално, ама пред се сме луѓе со емоции и мислам дека е речиси невозможно да не се зближиш со некој вака или онака.
    Не велам дека со сите си правиме пижама журче дома и си ги гледаме новите гаќички, но можам да кажам дека повеќе од солиден однос имам со барем 10ина бивши или сегашни колеги и колешки.
    Некој да плаче со тебе, да се смее со тебе, да ти прави роденденски изненадувања, да ти се јави во 4 часот наутро и да ти каже - ова и ова ми се случи може ли да преспијам кај тебе? и слично - па нели е тоа пријателство? А ете - колеги сме.

    И јас како живец колку пати кога ќе видам дека сме нерасположени или во стрес, после работното време трчам низ фирма и сите ги влечам на кафе или пијачка после работа. Ви текнува на Ally McBeal? Епа можеби не правилно, ама се случува и таква спонтана дружба да падне после работното време :) Побогу минувам со тие луѓе повеќе време отколку со билокој друг. Заслужуваме да се опуштиме после работното време. И тука не гледам ништо лошо.

    Се разбира не сите луѓе се исти така да верувам дека некогаш треба точно да се станови јасна граница помеѓу колегијалност и пријателство и понекогаш не е возможно да се склопат заедно двете раце.
     
    tinka-mace, Dentina and Ariel like this.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Joined:
    Dec 28, 2009
    Messages:
    5,941
    Likes Received:
    27,617
    Можни се ситуации како кај Пирамид, иако се случува многу ретко.
    Како и за се' друго, така и кај пријателството со колеги / колешки се бара обострана согласност.
    Пример, ако јас испуштам таков вид на енергија кој вели - иш, не си ми потребна, :D на ваков или онаков начин се забележува и другата страна реагира слично.
    Или обратно.

    Во секој случај јас досега не сум налетала на колешки по мој терк.
    Имав една премногу глупава, друга агресивна, еден патолошки лажго, трета прељубница, со мојата среќа налетувам на такви, и воопшто не ни се поклопуваа енергиите за добра дружба.

    Денес всушност е тешко да се пронајде човек во вистинска смисла на зборот, па затоа сум си
    седи си мадро, да не носиш модро.

    Се држам на дистанца и тоа е тоа.
     
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Joined:
    Apr 13, 2010
    Messages:
    4,160
    Likes Received:
    15,290
    Јас работам во средина слична на Пирамитка. Значи да барав таква средина на луѓе и сама да ги бирав луѓето немаше да ги најдам вакви. Барем кога не сум пријавена и имам срање плата она заради кое идам на работа се колегите, добро и фина ми е работата како работа, да не испадне за дружба само работам :lol:
    Но навистина се дружиме, посебно ние сме едно тимче со 8 души кои сме си најблиски а и сите сме исто годиште. Различни карактери, и ќе се закараме некогаш, посебно нели црно овчиче мора да постои но сепак кога се дружиме се дружиме без изговор.
    А и останатите во фирмата сите се млади, нема над 40 години некој, постојано си имаме забави кафеџиски, кафански, техномански, рокерски, коктел какви и да било забави, семинари и ние ептен се зближуваме, тоа е вајда политика на фирмата за подобро функционирање прави after work parties. И јас во овие 2 години додека работам јас не сум сретнала некоја голема караница во фирма, освен минијатурни поврзани со работа. Плус секторски излегувања, па и доручеци, пивце после работа, гледање кошарка, одење на натпревари, играме по свадби, по родендени, по дипломски, магистерски ... се има и се надевам ќе има и понатаму.
    Но сепак си имаме мала граница која не ја поминуваме, не е она the best па да и кажам пример имаме интимен проблем со дечко ми. За тоа ми се другарките кои си ги имам со години. Но таа граница е доста ниско спуштена кога станува збор за сегашниве колеги, но постои сепак.
    Али од друга страна па сите имаме пријателства и во многу од нив неприметно си имаме граница.
    Јас иако ги гледам овие половина ден сепак сакам и се дружам и после работното време.
    Ете дечко ми тоа не може да го свати :lol: Неможе да разбере како толку се дружиме, нели ни било досадно, нели ги гледам цел ден, дури мислеше дека се бафтарам со некој колега, а се е тоа зашто тој не работел во ваква средина.
    На претходното работно место освен лични податоци за мене не знаеа ништо. Зашто таму немаше никаква работна атмосфера, ни луѓето чинеа ни ништо. Дури сум среќна што не ми го продолжија договорот зашто и илјада евра да зимав плата немаше да можам да издржам во тие канцеларии. Ме одвлекуваше работата, луѓето беа дојдени со негативна енергија да работат и оди со некој таков прави муабет. Освен една женичка постара греота ме гледаше млада па си правеше муабет со мене, ама што да зборам со неа? Муабетите беа за зимница и ручек |(
    Затоа и ме исполнува вајда работава, зашто работам во фантастична средина со најдобрите колеги.
    А почнав да си барам друга работа од финансиска гледна точка, мислам дека ако си отидам еден ден дека ќе плачам и паднам во депресија ради колегите од толку што си ги сакам ...
     
    Ariel likes this.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,770
    Likes Received:
    23,804
    Gender:
    Female
    Од моето и работното искуство на мојот сопруг, можам да кажам дека ретко постои искрено пријателство меѓу луѓе кои работат заедно, особено во денешно време кога повеќето од оние кои ги знам после работа се фини на кафе или во град, а штом влезат во канцеларија магично се преобразуваат во човекојадци :D .

    Доколку сте на иста позиција и исти ви се амбициите, а особено доколку на фотељата која ви следи ако вредно работите има место само за еден човек, тогаш и од деца да сте биле „како петок и сабота“, сега веќе сте лути ривали. Тоа е оној анималистички аспект на човековата природа, синџирот на еволуцијата, кој е посилен ќе преживее.

    Треба да имате различни цели и амбиции за да бидете добри другари и во канцеларијата, што ретко се случува доколку работите на исто место и на иста позиција.

    Па мислам денешно време ни на факултет не можеш да најдеш искрено другарство (со чест на исклучоците), повеќето се фини со тебе додека да ти “измкнат“ некоја скрипта или тетратка да препишат а после се прават не те знаат.
     
    Dentina likes this.
  11. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Joined:
    Jan 4, 2012
    Messages:
    365
    Likes Received:
    51
    па не баш затоа што тааа може да ти е конкурент во работата и се друго јас се дружам скоро со цела фирма ама сепак јас во работата не ја внесувам приватноста
     
  12. Anicka.B

    Anicka.B Истакнат член

    Joined:
    Feb 15, 2012
    Messages:
    100
    Likes Received:
    16
    Кај нас во фирма НЕ :D
    Иако постојано сме критикувани поради тоа
    Односот треба да ни биде СТРОГО ПРОФЕСИОНАЛЕН
     
    mal.ecka likes this.
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    8,510
    Likes Received:
    144,831
    Повторно излезе дека нема :)

    Шефицата најде друга работа, и утре ќе даде отказ. Многу се израдував, сосема искрено, затоа што знаев дека тука не е среќна, а заслужува да биде. Не дека излегуваме заедно, доволно се овие повеќе од 8 часа дневно, и сите заеднички крстарења низ Македонија, отворени муабети и меѓусебното разбирање, за да ја чувствувам блиска како некој со кој сум поминала пола живот :)

    Нејзиното заминување мене најмногу ме тангира, затоа што треба да ја преземам комплетно нејзината работа, плус ми останува мојата. Сепак, не сум тажна поради тоа, туку затоа што веќе нема да работиме заедно.
     
  14. SEKSI.BARBI

    SEKSI.BARBI Истакнат член

    Joined:
    Nov 17, 2011
    Messages:
    152
    Likes Received:
    43
    Sum imala koleski koi mi ostanale mn. Dobri prijatelki no malku se a saum imala dosta golem broj kloeski koi me razocarale bukvalno sum bila pokraj niv sekoj moment da pomognam sum gi naucila se i svasta i na kraj gledale da mi zabodat noz vi grb zatoa mislam deka treba da postoi nekoja granica...
     
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Joined:
    Jul 2, 2011
    Messages:
    2,129
    Likes Received:
    1,801
    Мора да постои граница. За свое добро. :)

    Во средина каде вледее конкуренција, кај нас како чести појави се љубомората, зависта, подметнувањето кривица на друг итн.

    Голема улога игра работното место. Дали е некоја фирма каде одговорностите се големи и постои унапредување или станува збор за обичен бутик, маркет и сл. :!:

    Никогаш на работа не разговарам за семејни случувања, љубовни маки, финансии, за своите другарки, политика, религија и слични теми. :x
    Секогаш се држам на дистанца и комуницирам со нив освен за работата, за општи теми, за случувања низ земјава, временска прогноза и сл.
    Ваквиот мој однос никогаш не ми донесол проблеми. Иако колешките често пати сакаат да `истават` нешто од тебе. :)

    Има случаеви каде колешките се и најдобри другарки меѓу нив, на работа одат со ќеиф, целата работа им е едно уживање и дружење. Жал ми е што климата не е таква во нашата фирма. :|
     
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    20,359
    Likes Received:
    130,245
    Gender:
    Female
    Се зависи од луѓето со кои работиш. Кај мене сме претежно жени. Јас лино со сите сум фина, насмеана и професионална освен со една колешка со која сум навистина блиска и се дрружиме и приватно. Едноставно се пронајдовме дека сме исти каратери и дека си одговараме. Сепак не можеш пред секого да се отвориш. Но, некогаш не можеш се да скриеш што ти се случува. Во многу случаи кога ми било тешко приватно колешките ми се наоѓале во смисла, да ме насмеат да ми тргнат мислите на друго. Фала богу не се некои што пикаат нос во туѓ живот и не се од оние што само препрашуваат.
     
  17. Darko80

    Darko80 Истакнат член

    Joined:
    Jun 6, 2012
    Messages:
    9
    Likes Received:
    20
    Тоа е навистина добро прашање и не знам кој би можел да е одговорот. било кој одговор да го дадам би бил погрешен.
    Јас досега никогаш не сум ја изневерил мојата девојка која што би се заколнала дека јас нема никогаш да ја изневерам. На моето работно место секое сабајле пијам кафе со две многу секси колешки. Леееелеееееееееееее наприцкани како се со сукњи и чорапи со шав, нашминкани леле леле. Јас нив многу ги сакам ама само како пријателки, мислам дека барем едната од нив сака да ме скрчка. Постојано идат неколку пати во работното време до кај мене и прашуваат дали ќе испушам цигара со нив или дали да стават кафе за мене. Знаат за мојата поврзаност со мојата девојка и постојано прашуваат за неа, како КОГА ЌЕ СЕ ЗЕМЕТЕ, ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ЗЕМЕТЕ....и слични работи а и работи од интимата која јас нема да им ја откријам. Сепак не ми дале некој повод дека сакаат нешто да прават со мене. затоа и не знам дали може или не може со колешка од работа да се стане искрен пријател.
     
  18. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Joined:
    Jun 29, 2011
    Messages:
    326
    Likes Received:
    108
    Зошто да не, како на училиште што имаме блиски пријатели така може и на работа. Барем времето ќе ни поминува побрзо и позабавно ќе ни е. Ама треба да внимаваме со кои ќе бидеме пријатели постојат секакви а исто тоа е и на училиште има некои деца што би те "поебале" кога имаар шанса.
     
  19. ocila

    ocila Истакнат член

    Joined:
    Apr 20, 2012
    Messages:
    5,513
    Likes Received:
    1,901
    Па не е возможно затоа што ако ти се умапредеш или си подобра од неа или не е битно ке има љубомора.
     
  20. Scorpia

    Scorpia Активен член

    Joined:
    Jul 8, 2012
    Messages:
    3
    Likes Received:
    0
    Јас лично сум блиска со колегите, меѓутоа до одредена граница, односно никогаш пред нив не коментирам во врска со работата или со газдите или слично. Сметам дека никогаш не можеш да си сигурен колку ти се лојални колегите затоа што во денешно време 80% од лугево гледаат само да си угодат на себеси иако тоа понекогаш значи да газат преку други... Така што боље спречити, него лечити :D