1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Постојани караници со саканата личност

Дискусија во 'Канта' започната од blubell, 22 ноември 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. blubell

    blubell Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    13
    Здраво

    Морам да казам дека сум многу збунета и се осекам ептен лошо. :worried:
    Со дечко ми сме заедно 4 год, еве 6 месеци живеме заедно, љубовта меѓу нас двајца е бескрајна и никогаш не била под знак ?
    Имаме голема меѓусебна доверба,верни сме си еден на друг...све супер,но во последно време многу често се караме за глупости и тоа до крајности....
    И порано имало караници(нормално) но секогаш сме наоѓале решение и сме се лутеле 1 саат после ќе се бакнеме, ќе разговараме и се ќе се среди.
    Сега е поинаку,неможеме да разговараме веднаш се расправаме, тешко ми е и што тој постојано ме обвинува мене.
    секој греши, јас кога сум згрешила сум се извинила, а тој не ( сепак знам дека ме сака и сум простила)

    Синоќа ептен се испокаравме, тој заспа на една страна јас на друга.
    Но многу лоши работи ми изнакажа, почнува да ме навредува, дека јас ништо не сум правела за него, дека ништо не сум ценела....

    многу сум повредена, навредена, тажна....
    Неможам и несакам да разговарам со него....се она што ми кажа,длабоко ме повреди...
    П.С. прееска дојде на работа кај мене да ме бакне,се правеше ко ништо да не било...јас неможев не разговарав..парече,,добро јас ќе одам...не го задржав си отиде...

    СЕГА???
    тешко ми е што се скаравме, но ме болат сите тие зборови...
     
  2. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    Постојаљни караници со саканата личност????

    Штом ја бара вината во тебе,можеби сака да најде повод за вашата врска да заврши.Тоа прво ми дојде на памет,затоа што јас со мојот прв дечко истото го правев,барав повод за раскинување и постојано му се дерев и ништо не ми одговараше-за се тој беше крив.
    Но кај вас е поинаку,долга врска имате а и заедно живеете,мораш да правиш муабет,и да го прашаш зошто постојано те обвинува.
     
  3. viki85

    viki85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    21
    Постојаљни караници со саканата личност????

    Муабет, муабет и само муабет. Мора да му објасниш колку те повредиле неговите зборови па дури и заплачи ако треба (зашто мажите одма паѓаат на женски солзи). Иначе ако сте почнале да се карате постојано, мора да седнете и да направите некаков договор, а лошо е и тоа што и двајцата држите лутина, во таков случај никој не попушта. Разговарајте што ве мачи и што ве нервира еден кај друг. Откако ќе си кажете се, може пак ќе испадне некоја караница, ама таа ќе биде пресудна: ќе ве биде или не заедно?
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Постојаљни караници со саканата личност????

    Ништо страшно, поминувате само мала криза. Бидејќи сега заедно живеете си ги откривате вашите маани, навики, постапки...едноставно се навикнувате еден на друг. Едно е да си во врска а друго е да живееш со него. Со тек на време се надминува тоа и се навикнувате на заеднички живот.
    Како и да е, треба заедно да се залагате и веднаш да го решите проблемот а не во кревет да спиете со грб завртени - тоа е нешто најлошо што веќином жени и мажи го прават или да водите инает.
     
  5. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
  6. blubell

    blubell Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    13
    Незнам...во моментов несакам да разговарам, се осекам уморно од се... а и самото лице ми кажува колку сум тажна и колку боли...
    И од една страна сакам да свати дека згрешил, сам да увиди, да види колку со тоа ме прави тажна и патам, па ако му значам- да престане да ме обвинува за се...
    а ако не свати...тогаш...

    П.С. фала ти душичке на советот
     
    На viki85 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. blubell

    blubell Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    13
    Во право си! И досега кога сме се карале никогаш не сме легнале така, обично секоја караница ни завршила со бакнеж и после с..
    Но сега....ќе оставам времето да покаже.
    Ако било судено да сме заедно ( како што мислевме дека сме сродни души) ќе го поминеме и ова..

    мислам дека ова не е страшно, но некако едно по едно ми се насобрало...
     
  8. blubell

    blubell Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    13

    јас се извинувам не сум ги видела тие теми...
    А вчера онака сакав само да споделам бидејќи многу ми беше тешко..
     
  9. Bootilicious

    Bootilicious Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Кога толку многу се сакате, а веќе и живеете заедно, значи дека Ви треба нешто ново за да ги снема караниците за глупости. Долго време сте заедно и веќе имате исцрпено илјадници теми за разговор. Мислам дека едно бебенце ќе направи да исчезнат сите непотребни несогласувања.
     
  10. blubell

    blubell Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    13

    ме расплака ;(

    премногу го сакам...ми значи многу во животот
    Несакам да гоизгубам ниту него, ниту пак себеси

    Ќе му оставам време а размисли дали сака со мене или не
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Паааа, мислам дека луѓето се запознаваат секој ден. Ако го сакаш избори си се за него и не оставај на игра на случајности тој да размисли или реши. Решавајте заедно, разговарајте заедно а за бебе треба баш и дваицата да сакате а не демек тоа ке ви ја убие монотонијата. Дете е пред се одговорност.
    Само фаза која ке помине, ништо страшно
     
  12. Bootilicious

    Bootilicious Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Јас не реков дека треба да го изненади со бременост, туку дека можеби е дојдено време нивната врска да оди на малку повисоко ниво, сепак тие живеат заедно, што значи се стремат кон нешто повеќе.

    Блубелл, во врска со тоа што ти замерува дека не правиш ништо за него, гледај од друга страна- тој до скоро бил навикнат некој друг постојано да се грижи за него (храна, облека, чистење), и сега му е малку тешко да се привикне- сите мажи се такви. Можеш понекогаш да го изненадиш со некое негово омилено јадење или нешто што ќе го направиш дома специјално за него, тогаш сигурно нема толку да се жали.
     
  13. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Еве јас да ти кажам живеам со дечко ми,и факт е дека заедничкиот живот носи промени.Убаво кажа Славица,се учат и навики кои не биле познати претходно,мани кои ги прикривал....јас што викам се опипува терен дали би можеле да функционирате во едно повисоко ниво на врската.

    Душо и ние се караме,некогаш можеби иде период кога секој ден ќе се `рчнеме за некоја банална ситница,ама најважно според мене е да се има баланс.Значи ако не си во право нема потреба да се инатиш само да не излезе по негово,или кога е најжустро да трескаш врати и без перде на устата да кажуваш работи кои уствари нервозата ги кажува-се со ладна глава,трезевно,да бидеш сигурна во она што го изнесуваш како факт а да не се премислуваш на секој пола саат и да му даваш поводи да те врти на малото прсте со една насмевка,да се почитуваш себе,ама да го почитуваш и него.Муабетот ми е дека треба да се слушате двајцата,да донесувате заеднички одлуки,да разговарате отворено,да знаете и двајцата кога грешите да кажете извини....

    Разговарај со него искрено,без глумење лудило,сепак сте направиле голем чекор ако мисли секојдневно да изведува циркуси ти не си должна да проголтуваш се! Со среќа ;)
     
  14. blubell

    blubell Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    13

    Да, во право си!
    Ние за тоа и почнавме да живееме заедно, да видиме како функционираме заедно.
    Завчера одлучив дека не треба да чекам туку да разговараме и да му кажам се.
    Разговаравме...и тој ми рече дека осеќал кога јас кога сум со моите роднини, пријатели го запоставувам и мислел дека тој не ми е на 1 место во животот и дека не сум покажува доволно дека го сакам,дека ми значи и дека сакам да сум со него....
    Се обидов да му објаснам дека неможат некои работи да се споредат(се надевам дека свати).

    Јас кога ќе се свртам назад..мислам дека доволно и му кажувам и му покажувам ( вечери,изненадувања,подароци- и тој мене и јас него)
    Според мене врската ни е супер, а он вика дека не била како порано...

    И сега се обидувам да сватам како да му покажам а да го свати тоа...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.