1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Постојано во тајност ...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од redgirl, 8 август 2011.

  1. redgirl

    redgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    4
    Девојки ова мојава приказна е многу долга но еве ке се обидам што можам повеќе да скратам...
    со дечко ми сме заедно година и 3 месеци,меѓутоа на почетокот тој не сакаше врска со мене само на мување без некој да знае,јас тој начин многу го мразев тешко ми беше,тој знаеше а ништо не смени.Мене ми дојде преку глава од тоа го оставив кога свавевме 9 месеци.Си фатив друг дечко со кој имав се постојано заедно секаде ме водеше се гледаше дека ме сака,без да кажеше тоа се гледаше сите ми завидуваа поради тоа. :?: оффф да знаеја сите на кој памет завидуваа ;( кога дозна мојот бивши мувач за тоа како ладен туш беше за него.Јас не успеав да го заборавам постојано си мислев на него и само на него ,атој разговарал со една моја другарка и кажал дека ме сакал сакал да има уште една шанса со мене,јас кога слушнав побеснев од среќа веднаш го оставив дечко ми,му се вратив на него.
    На почетокот ајде ок беше ми ветуваше се,никогаш немало да биде како некогаш постојано бевме кај него дома,го запозанав со моите дознаа неговите најблиски другари...Не можам да кажам дека беше како порано навистина имаше голема промена,но тој никогаш не сакаше да прошетаме низ градот,да направиме со колата круг во јавност,постојано на едно романтично место во една изолирана шума сто за мене веќе тоа место стана кошмар.Му кажав како се чуствувам дека ми е тешко да продолжам вака да сум најгрозна па нема ова да го трпам од него,да има тунел под земја таму би ме водел само некој да не го види со мене,тој ми се налути верувајте се расплака пред мене зошто сум така мислела ако го имам тоа мислење да завршиме јас сум мислела дека само за секс му е на него тоа го болело и него ме сакал превише но и него му било доста,јас му се извинив се смиривме некако и сега пак сио се по старо незнам што да правам,пробав не иде без него но како да го сменав ова....Тешко ми е навистина ;(
     
  2. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Чудно малку.. ако навистина толку те сака зашто да се криете :^)
    Како и да е, прашај го која е причината што не сака со тебе во јавност да го гледаат, кажи му дека тоа навистина многу ти пречи и дека се чувстуваш како да се срами од тебе и да те користи ( што навистина така звучи ). Ако се промени добро, а ако не јас те советувам да го оставиш затоа што не е без причина тоа што тој го прави. Ако навистина многу те сака и му значиш вистински нема да се крие, туку напротив насекаде ќе ја покажува љубовта ;)
     
    На Pussycat.doll му/ѝ се допаѓа ова.
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Aууууу една другарка моја имаше ист таков дечко,можеби се работи за истиот.
    Јас би ти кажала, подалеку, таквите никогаш не се менуваат и секоја женска за нив не е доследна за покажување во јаност, само онаа што ќе издржи и ќе се омажи со него ( па потоа ќе ја шета за рака).
     
  4. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Не дозволувај да си игра со тебе ! А тоа дека плачел машките денеска се поголеми цими*изди од женските , знае ќе паднеш на тоа ... А поради тоа да плаче ? Малце ко нестабилен ќе да е.Тоа не е врска ко божем швалерка си му па ќе се криете :fubar: . Да беше нормално сите ќе седевме меѓу четири зида . Како сакаш ама има нешто тука :^)
     
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    А добро, дечково ти кажал зашто не сака да шета во јавност со тебе?
    За жал, мислам дека нема друго чаре освен пак да го оставиш или барем претходно да му кажеш дека тоа ќе се случи ако он не се промени.Само не знам дали би имала живци пак да го оставаш и пак да се смируваш со надеж дека ќе се смени.
    Сепак, мислам дека е најбитно зашто се крие.Има други на страна, се срами, дома ќе го истепаат ако го видат :wasntme: Не разбирам...
     
  6. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Ќе се навратам во твоето минато и ќе ти кажам дека си направила огромна грешка што веднаш си го оставила дечкото за кој велиш дека те сака заради овој сега!

    Но, ете ајде си го оставила и сега си со овој... па затоа пробај да ги смениш тие работи што не ти одговараат кај него!
    Убаво си му кажала се, што ти требало да се извинуваш? :o

    А тоа што викаш дека неможеш без него уште еднаш да не си го рекла!
    Секој може без секого, не се убедувај во тоа, потешко си правиш!

    Дечкото сака да биде со тебе, ама па и несака премногу да се покажува-смета дека тоа е голем минус, што кога ќе го видат девојките, сите ќе знаат дека има женска!
    Не те заслужува едноставно, основното не ти го дава, а тоа е почит!
    Гордо да те фати за рака и пред сите да те покаже како негова љубов!
    Што дека ќе му изназборуваш се, па ете ајде ќе се смени, ќе те покаже пред народот, кога тебе нема да ти биде ќејф-ќе знаеш т.е. ќе мислиш дека се прави од што е приморан на тоа!
    Затоа сметам, дека треба да се тргнеш од него! За почеток разговарајте, нека плаче, нека писка :lol: ти кажиси што мислиш, смени го твоето однесување кон него, биди зафатена често кога станува збор за него, па види сето тоа како ќе се одрази.
    Ако нема ефект-кажиму Чао! :hai:

    Не си се измачувај, зошто да бидеш со некој кој, да се изразам ептен грубо, се срами од тебе, кога можеш да бидеш со некој кој ќе се гордее со тебе?? :o :tmi:
    Пред се, сметам дека тој се срами од самиот себеси и за мене е недораснат дебил!
    Се извинувам на изразов! :$

    Немам што друго да ти кажам, мислам дека доволно кажав! :*
     
  7. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    Можни се неколку причини што таквите не ги шетаат девојките во јавност.Пример за да имаат шанси кај другите девојки,а оваа им е само за задоволување на некои потреби,или другарите да не го зезаат од типот``еј папучар секаде си со девојката,те влече за нос `` и слично,па овој им прави филмови дека оди по темници и прави којзне што, или е премногу љубоморен и посесивен,па постојано е со девојката некаде кај што нема да ја дели со никого,па ни со пријателите.
    Инаку многу одамна познавав еден таков,ама тој беше таков од што беше многу смотан,немал девојки и не знаеше што муабет да направи на девојка.Фати една која му беше најпрво во тајност (ама не до толку,пак сакаше да го видат дека оди некаде и да претпоставуваат што тој ќе прави :) ,онака да се пофали :D ,потоа ја извади во јавност и на крај му стана жена :D .
     
  8. Zalubenoto

    Zalubenoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Па ... ти можеш прво да го прашаш шо е работата зошто така се однесува и не сака да те кажи пред другите (ако е тоа што разбрав јас ) .. разјаснете некои работи и ке биде подобро ... ;)
     
  9. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    А си го прашала ли зошто е тоа така?, или си правиш самата претпоставки зошто не го сака сето тоа. Прашај го, види за што станува збор, направете отворен разговор, кажи му дека тебе може да ти се довери доколку има некој проблем. Но доколку тој проблем не е ништо освен обична глупост, или гледаш дека одбегнува да зборува за тоа, тогаш кажи му искрено како се чувствуваш, дека кога е врска мора да биде нормална.

    Тоа што си го оставила вториот си е твоја одлука, времето ќе ти каже колку е правилна. Не се оди со некој доколку нема чувства. Ако ти е само заради бакнување/секс, не ти треба врска. Врската се знае, има чувства.

    Разговор, ти треба сериозен разговор, без драма, солзи, инаетење, туку целосно отворање на картите.
     
    На Natka87 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lovelost

    lovelost Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    15
    Само разговор треба друго ништо.... значи ќе го седнеш некаде на мирно место и ќе разговарате.
    Мораш да му кажеш како ти е, бидејќи тоа не е нормална врска. Испаѓа исто како да не ти е дечко, туку мувач. Прашај го која е причината за ова негово однесување, бидејќи ако вистински те сака како што вели сигурно нема да сака да се криете, тој ќе сака да те покаже пред лугето, не да те крие.
    Ти кажал дека те сака, дури и се расплакал пред тебе ( иако не сум сигурна дали е тоа намерно за да попуштиш бидејќи ги има такви мнооогу). Сепак ти си таа што најдобро може да процени и да одлучи... :)
     
  11. I.love.cinderella

    I.love.cinderella Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Едноставно прашај го зашто несака да се појави со тебе во град и да шетате држејќи се за рака пред сите како секој нормален,вистински пар.Мене ми е малку чудно што тој така се однесувал. :^) Дека си до толку ружна што се срами да те покаже не верувам,па и во случај да си (што претпоставувам не си) тој ако те сака нема да му биде важно мислењето на останатите,он е со тебе а не они! Размисли што ќе направиш ама според мене треба да седнете и убаво да разговарате,ако се сакате нема тоа да биде причината за да се скарате ;) Поздрав! :)
     
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Разговарај со него зошто го прави тоа, затоа што било кого да прашаш, ќе ти каже дека не е нормално. Зошто би те криел? Сигурно постои некоја причина, може не сака да го видат дека има девојка. Тоа е првото што ми паѓа на памет, се надевам дека не е така... Би требало тој да се гордее со тебе, наместо да те крие баш напротив, често да се појавува со тебе пред луѓе.
    Како и да е, само отворен разговор е решението на овој проблем, вака можеш само да погодуваш и да се нервираш...