Значи вака....јас сум во врска веке 9 месеци,јас имам 19,а тој 23. Постојано ми се лути и се кара,вика дека не сум го сакала затоа што несакам да имам односи со него....Јас навистина го сакам,ама мислам дека е рано за тоа..Веке ми се здосади ова каерање,а несакам да го изгубам..! Имате ли некој совет??
Ова ко обратно, како тој да има 19, па уште муабетот -ако ме сакаш, ќе ми дадеш- абе немој не ме заебавај Ти држи си се до тоа што ти го сакаш, ако тој на мера ја става љубовтта твоја со акцијата во кревет значи дека нешто баш не штима во неговите чувства. За се има време и тој треба да ја почитува твојата одлука, а не да рипа ко напалено магаре, па уште да се лути бре И плус на целиот муабет, ја би ти рекла уште повеќе да си почекаш, не ми изглеа сигурен. Дека сака да биде со тебе интимен од љубов нели, секако дека ќе сака, млади, хормони вријат...Ама да се лути и да се кара? Напрај еден муабет дека ти смета тоа што ти се лути за тоа, дека се осеќаш како да ти врши притисок и дека ти секако го сакаш, но за секс сеуште ти треба малце време. Ако тој не го разбира тоа, кажи му дека ти е жал, но тоа нема да се смени. И постави се малце лошо, изреагирај, бунтувај. Наместо да си мисли дека ти неможеш без него, дај му до некакво знаење дека ако продолжи така би го оставила. Вака само ќе си се дува дека е во право и дека ти еден ден ќе пукнеш и ќе го направиш тоа.
Нормално дека нема да му дадам,ама се плашам да не ме остави,а јас вчера му кажав дека и да ме остави нема да му дадам,а он ми вика ако му дадам ке сме се земале.А јас ни тоа не го сакам.Е сега незнам со кои зборови да го убедам дека не е така.
Кажи му -Ако ме сакаш и цениш ќе чекаш кога ќе бидам спремна за секс , сега не сум спремна сеуште....и ќе почне да те убедува колку е тоа убаво па ова па она и на крај шлапни му во фаца - ти за секс си со мене???
слободно можеш да му кажеш дека ако е за тоа со тебе тогаш ти не си таа што ја мисли... (мислам за тоа што сака да имате однос) ако те сака нека чека....доколу навистина те сака и навистина ке те чека.... а доколку не те чека знаци он бил со тебе за се*с... а подобро уште ега да си му казеш како и што стојат кај тебе работите од колку да бидеш со него и потоа....................... он ако те сака ке те сака и без тоа,сепак се некогашп ке биде но тоа да биде по желба на двајцата...а ако не кога тогаш ке те остави така да не да биде тоа после искорисувајнето... затоа разговарај и кажиму дека не сакаш уште сега....
Чек да се изнасмеам прво. Ако му дадеш ќе се земете? А ако не, крај, м? Мислам, јас ви посакувам секое добро, ама немој да ме јебеш бре му е работава. Така мајка ми, живо детиште на 16-17 години, и’ се пуштал некој типац 20 и кусур години, и тоа ни дечко и’ бил, ни ништо, и муабетов: Дај ми пред да одам во војска, кога ќе дојдам, ќе те земам. Мајка ми уште шлог што не ја мавнал, прво му се изнасмеала, па го замавала со камења. Кој ултиматум молим те: Ако ми дадеш - ќе те земам, ако не ми дадеш - ќе те оставам. Абе пишти од љубов. Ако сметаш дека едно (не)давање во толку ригорозни размери ќе му го смени ставот и неговата љубов спрема тебе, се лажеш, од километар се намирисува што сака младичов. Нетрпелив напалењак. Они секоја ја земаат пред да ја легнат. После иде јакото.
Јас ќе бидам контра од сите и ќе ти кажам дека е многу нормално на 23 години да му се е„„„е !!! Не е фино што те условува ,ама апсолутно го разбирам зошто е нервозен .Ако ти не си спремна за овој чин ,тогаш раскини му и остај го да си ја бара среќата на друго место,а ако не престраши се и дај му. Искрено дечково мора да те сака штом на 23 години издржал 9 месеци без секс.
се согласувам со AIT ..гледајте малце и на др страна стварно е многу 9 месеци за дечко на таа возраст посебно ако предходно имал често односи..е сеа неможам да знам КОЛКУ те сака ама дека те сака тоа сигурно а тоа спремна сум ми е малце глупаво зашто не сфаќам што ви значи какво спремање е тоа ?? едноставно е 9 месеци си со типот и доволно си знаеш самата во себе дали би сакала нешто повеќе со него или не а штом за толку време немаш абер за такво нешто ондак не е тој тој остави го.. јеб*га немал среќа дечково џабе се мачел само
Чоек имаш 19год идете 9месеци и сосема е во ред да ти побара типот. од тебе зависи колку си спремна и како го сфаќаш самото “Губење невиност“ сепак, немој да мислиш дека ке те остави ако те легне, или искористи и слично. Не се плаши едноставно, ако осеќаш дека тој е тој типот, и ако го сакаш. Ако немаш љубов спрема него, ондак боље секој на своја страна најубаво. Има бракови што се растураат ради немање интимност, не па една врска. И да логично и нормално ми е ова. Зашо имам и другарка иде 5месеци со типот, типот ни да помисли на секс чоек , ова знаеш колку глупо се осеќа ради тоа ?? Ете ти ја ситуацијата од две страни ... незнам, размисли убаво. Не е само грешката до момчето исто.
Фала ви на советите,размислував и од негативна и од позитивна страна....Знам дека ме сака,тоа ми го докажа на многу начини.Денес пак ме праша и ми вика ако несакаш немора,јас ке те почекам,ама знај дека те сакам....Утре вечер ме покани да излеземе и сигурно ке бидне,ај нека ми е со срека..Па да видам што ке бидне после тоа...... А ми има признаено дека се е,,,пред да биде со мене во врска,ама тоа било само еднаш (како што ми кажа),а ми кажа уште на почетокот....... Мислам дека имаме заедничка иднина,па ке видиме.....
Почекај си ти уште година-две, што се девет месеци... Нема ништо подобро од тоа луѓето да се возбудуваат што подолго, па да мастурбираат сами, наместо да имаат валкан секс меѓусебно, има да постои дисциплиниран нагон и силен став - јас не давам така лесно. Ок, ако тоа некого исполнува, мислам, во ред е.
Секоја страна си има своја приказна и секој си гледа за себе. Ти не се чувствуваш сигурна во своите чувства-доволно за да му „дадеш“(колку смешно звучи да му дадаш),а он врие од набој на хормони и ете ти -проблем кој се решава по форуми. Тоа дека имал само еднаш однос,тоа ти е исто како женските кога ќе ги праша машкото-си имала друг пред мене,а она вика -ти си ми втор.Секое машко после првиот е втор(ова го кажувам со нота на хумор-позитивен). Нема тука што да се мислиш и премислуваш-годинки си имаш доволно за да „му дадеш“,се надевам дека си доволно информирана за тоа како да се заштитиш од несакана бременост и полни болести и тоа е.. А ако те остави после тоа ,да си жива и здрава ..... Што знаеш,можеби пак ти него ќе го оставиш после тоа,не се знае. Туку ај ,не му ја мисли многу,среди се,наполни ја пушката и дозволи чувствата да те водат.
ana.-marija не те разбирам,објасни малку подетално.....инаку супер беше,прво бевме на вечера и он ме запроси и јас реков да,потоа отидовме кај него дома и он седна само да збориме или да ме баци,не ни помислуваше дека ке сакам да имаме односи и јас бев таа што му се приближи и му дадов (знам дека смешно звучи)....а и јас не ни помислував дека ке ме запроси,ама се беше убаво и како што е во ситуацијава за 1 месец треба да се земеме.. уште еднаш многу фала за советите,бидејки многу ми помогнаа..
како прво честитки за запросувањето, но 19 те години ....... Некако сево ова ми е нестварно и нереално но со среќа нека ти е и само среќа нека те прати