И тоа голема помош....во врска со една девојка. Приказната е кратка, скоро и непостоечка. Нејзин псевдоним нека биде името Марија (симболизира чесност и вера). Ја запознав на една статија на факултети.мк, една статија за индиго чуда, по што ја додадов на фејсбук. Разговаравме на теми интересни и за двајцата, неколку дена, па си разменивме и броеви. Се одеше екселент, до тој степен што Марија сакаше да дојде кајмене на запознавање, па и на преспивање (од различни градови сме). Сепак, јас појдов кај неа,....месец дена покасно, откако веќе емоциите нејзе и се оладија, а моите се покажаа, колку и да прикривав. Најчудно е тоа што ми стана мила и тоа без да ја знам лично. Се разбиравме одлично, буквално си ги читавме мислите и скоро и да немаше грешка во проценките Појдов кај неа, се видовме, шеткавме, немаше мување...не ни очекував, најмногу од се сакав да ја видам, чувството на железничка е неописливо - бјурифул. Беше што беше, некако, ај да признам, ја засакав. Болеста ме држи скоро 2 месеци веќе, несакам други женски, несакам да ги запознавам, станав агресивен, ладен, нерасположен, затоа што Марија постепено ме откачи. Или не сум симпатичен или сретнала некого, ич гајле не ми е (веќе се мразам себеси), само мислам дека моја грешка беше ѕвонењето по n-пати на ден. Појдов кај неа дома, не беше дома, следниот ден ја најдов, зборевме. Ми се плачеше верувајте, незнам зошто увек мора да изгубам нешто вредно ((((( Се фрлија оние 'збогум', мала надеж ми даде нејзин повик утредента на бројот од кој и немав ѕвонето месец дена, друг оператор....ми се јави да ми се развика што сум ја барал. Во ред е, знаев дека сакаше да удри последна.... НО ЈАС УШТЕ МИСЛАМ НА НЕА, ПОСТОЈАНО! Не е опсесија, чувства се :Ѕ ГЛАВНИОТ ПРОБЛЕМ е што постојано ја сонувам, да, скоро на секое спиење, се гледаме и слушаме во сон, не е опсесија, незнам зошто ја гледам во соништата а и незнам да протолкувам... сите ги имам запишано, до детали, од временски интервали и околина па се до кажани зборови, време на сонот и слично. Ретко признавам вакви случувања и филинзи, ама стварно несакам тукутака да заврши, постојано мислам на неа, посебно на тоа зошто ми излегува во сон постојано? П.С. Маре ако го читаш ова: скрши го егото и дај ми време да ги запознаеш останатите 99% од мене....
Ray-man,очигледно девојката се исплашила од тебе.мислам дека треба да и дадеш време и простор да размисли,да си го стивне бесот.кој не би реагирал бурно на нејзино место?сепак се знаете само од форум,и сешто може си има помислено,штом нонстоп си ја барал.не верувам дека таа одеднаш се оттргнала од тебе,само олабави ја ситуацијата не биди нападен таа сама ќе те побара и оди чекор по чекор,не може се одденаш.познато ти е дека лошите момци имаат повеќе шанси кај девојките ,а зошто?затоа што се помалку достапни,по мистериозни,знаеш она што не го знаеме ни е поинтересно на нас женските.никако не го отварај сите карти пред неа,зашто интересот целосно ќе и се изгуби.дозволи и повеќе да те запознае,да стекне доверба во тебе . а за сонови од љубовен карактер сум експерт,еднаш и јас бев заљубена како тебе,ако сакаш пиши ми лп ќе се обидам да толкувам .поздрав
Здраво Хермоса се извинувам што пишувам по неколку дена...вкупно ја сонував 6 пати пред да постирам тука, уште 2 пати овие денови, откако си оставила коментар и се чувствувам никако, изгубен и зачуден бидејќи ова се непознати случувања и чувства за мене ((( да почнам со дел или со сите соништа? BTW, уште мислам дека сум малку зацапан во неа, а тоа дека таа ќе ме побара потполно се сомневам, убеден сум дека загубив, уффф...потенцијална прилика за нешто посериозно....како и да е морам да откријам што значат соништата, знам дека е некоја форма на порака и мора да најдам начин да ''дешифрирам'' вечер ќе почнам со препишување на соновите и сите детали бидејќи ми се наоѓаат во тетратка а јас не сум дома цел ден. Посебно ти благодарам што се заинтересира за 'случајов', една си ама вредна
би требало да те запознае како пријател,а не како дечко шо сака да е со неа.Мислам и дека треба да ја оставиш малце на мира за да си распредели мислите и воедно да си разграничи кој си и шо сакаш со неа.Доколку се согласи со среќа,доколку те одбие со среќа кон потрагата на вистинската.
Нема да кажам што требаЛО да направиш, зошто тоа веќе поминало. Туку ќе ти кажам што би требало според мене да направиш, а тоа е да се потрудиш да не мислиш на неа. Разбирам, до некаде, како ти е, но јас мислам дека ако таа е за тебе ќе биде. Ако не денес, утре...по некој месец, година! Соновите незнам како да ги дефинирам, но сметам дека ја сонуваш т.е сонуваш како се слушате и сл. затоа што тоа го посакуваш. Толку силно посакуваш, што на некој потсвесен начин се опседнуваш и ја сонуваш. Тука веќе станува збор за црната точка во мозокот која е поврзана со месечарењето, она ко ќе речеш "сенка ме гази" и сл. Е во таа "црна точка" воедно се наоѓаат и работите кои најмногу и најмалце ги сакаме т.е. се плашиме од нив, па затоа и најчесто сонуваме нешто што најмалце односно најмногу го посакуваме. Јас вака би си го објаснила тоа што нон стоп ја сонуваш.
Zдраво и на тебе .потполно те разбирам ,бидејќи ова е ситуација каде не знаеш како да реагираш,те обземале чувствата.ете гледаш не сум единствена што се заинтересира за случајот ,како и да е напиши ми ги соновите и јас мислам има некоја порака во нив,зашто и јас кога го сонувам саканиот секогаш ми се остварувале соништата,не е од тоа што постојано го мислам . инаку,има ли некој напредок,те побара ли таа воопшто :geek: ?
Да, би требало, ама ја нема, ши-с гон... :Ѕ бајдавеј вистинската не постои Хм..донекаде си во право за соновите, но не е опседнатост тоа ме чуди :Ѕ да не звучам морничаво ама соновите ми беа од таков агол што исто како дооооолго време да не сме се виделе (умрела или слично, недајБожееее) а потоа одеднаш се појавува, ќе раскажам подетално, деновиве не сум застанат на нет... Ух, конечно да фатам тајминг прво на сите девојки им благодарам за вклучувањето во вселенскава проблематика ( + = :geek: ) ................... Следуваат соновите. 1. Го сонував на 18 февруари, период од 01 до 05, два пати, откако дури и се разбудив и се јадосував едно саат време Времето во сонот беше одприлика 13, 14 часот, малку облачно небо али повеќето сончево. Се движев по шини (инаку ретко минувам на такви места) чувствувајќи замор, кога одеднаш таа слезе од некое возило слично на воз, се движеше и странично, знаеш, сон...слезе и ми приоѓа онака насмеана, слично како кога се видовме, додека возилото однесе некои луѓе и скоро и да немаше никој по улиците :Ѕ ми пријде, ме фати за раката и ми вика “што мислеше ти нема да те најдам?“, по што се прошеткавме малце, ме фати агонија и се разбудив....откако легнав ПАК ја сонував, овојпат мрак, хорор, алиса во земјата под пеколот, а Маре (ја викам така - псевдоним) ептен ми беше лута, не ме навреди ама беше лута, очите и светеа, за на крајот да ме нападне и да ме касне, успеа да ме гризне со некои чудни заби а на вториот обид си доби тупан меѓу рогови ....... се разбудив. 2. Сонот беше на 21 февруари, легнав попладне во 14 часот отприлика, станав во 19 часот, замор... ситуацијава е следната. Играв фудбал (не сум играл 10-тина години), времето супер сончево во сонот, околу 11 пред пладне, кога во еден момент шутирам ставам гол, и нешто се задеси да се врати време, и голманот да биде таа па да го фати фудбалот...повторно ми приоѓа намуртена, и со топката ме удри во лице, осетив ѕунење во ушите, вртење и паѓање по што се разбудив и тогаш многгггуууу сакав да ја побарам да ја гушнам... МИ НЕДОСТИГААААА 3. 23 февруари, третиот сон од вкупно осум. Одам по скали (најверојатно ова е фрагмент од првата, и последна, средба.....), беа како на железничка ор самтинг, и ја гледам во едно ресторанче, онака слатко насмеана, си седи, поднаведната со главчето и симпатичен поглед на страна кон мене, ме гаѓа со стрелички, ааххх ќе види таа, да, ќе и се случи бетер од ова мене што ми се случува,... времето во сонот беше точно 17 и 03 минути, дигитално (17-ти датум трети месец, нешто, хммм...) прикажано и со светложолти букви, типично за далекуисточните земји. Ама погледот..... и појдов, седнавме, онака блабла,....се разбудив прекрасно. хермоса, а и другите фини девојки, девојчиЊа имам уште за пишување, дефинирајте прво овде, еден или два сонови ќе скокнам оти беа матни исто како мене матната што ме однесе. тешко е девојки,....разликувајте ги машките по она што го прават и говорат и понашањето према вас, никогаш немајте его и НИКОГАШ не ги слушајте другите што ви говорат за некого! знам дека таа е под влијание, несака да ме види да ме чуе, претерав со замарања и јас јасно ми е, ама несакам да ја загубам на никој начин оти многу сме слични јас и таа, би рекол дека припаѓаме на онаа категорија од понормалниот вид, башка, се „читавме“ одлично, никогаш порано не ми се случило нешто како овие неколку месеци,... погодете - се запознавме на тема за индиго деца.... не, нема шанси да....како и да е луѓе сме и се што сакам е таа да не ме игнорира, чувствувам дека „вишите сили“ ќе ја доведат до темава, ќе прочита знам,....немам што да кажувам сакам само да размисли и да си даде време и себеси и мене, макар и еднаш годишно, ама сакам да не ја загубам...или подобро нека си најде некој уште подобар само да не најде некоја кретенчина тоа ме секира најмногу во ред, одам... пишете ќе прочитам и ќе вратам деновиве.
како што приметив во два сона имаш сончево време,тоа е позитивно,светлост нели значи меѓу вас има позитивни чувства.што се однесува конкретно до возот,тоа е дека работите брзо ќе се одвиваат,поточно може да се однесува на минатото,а потоа ти била лута -тоа е во сегашноста . во вториот сон каде играш фудбал-пак нешто на брзина ќе ти се случува,а ударот со топката претскажува дека таа баш и нема најдобро да се однесува кон тебе -за жал . во третиот сон важен е нејзиниот поглед кој ти го упатила,тоа се нејзините чувства кон тебе,а таблата со покажување на времето е исто така важно,запомни го тој час,можеби тогаш нешто важно ќе се случи. се надевам дека девојката ќе стапи во контакт со тебе,дај и време да се прибере да сфати што како,можеби само е претпазлива типично е таква реакција по твоето навалување.
ray men единствено нешто шо можам да ти го предложам е да ја прашаш и да и се извиниш за тоа шо се случило,а да ја прашаш за тоа дали повторно би сакала да те запознае какко пријател но во глава нека ти биде и тоа дека втората шанса не е воопшто слична или иста како првата.
И да сака - несака, а и да несака може ќе посака....женските ми ти биле чудо туку, пробав и психологија према себеси: не е за тебе, 5 години сте разлика, не е за тебе оти ти е до градите (малечко е ама ќе фати висина ), не е за тебе може со тек на време да покаже рогови или да те доискрши, не е за тебе оти Бог чува подобро (ем подоброто го чекам цел живот, ем 'неверник' сум),...... муабетот ми е, пробав кон себеси да постапувам секако, попусто. Може јас сум и оставил причина за да не запознава некого во блиска иднина, ама таа мене ми остави причина да гледам со страв кон други девојки и со презир кон себеси, да не утнам нешто...еден од методите за себепомош е и разгледување на проблемов, иако знам дека после година се ќе биде куп од смешки, ќе помине, ај хоуп соу....
А зошто едноставно не и се јавиш да и кажеш што чуствуваш? Да и кажеш се како почнало и сл. Тогаш да ја прашаш зошто бега од тебе, па да си бидеш на чисто. Не му се мисли многу многу, кажи и што чуствуваш. А и онака веќе ти рекла дека има некои чуства кон тебе. Не верувам дека толку бргу и оладиле. Не се измачувај, ако ти недостига толку јави и се и кажи и што чуствуваш. Ако треба да е твоја таа ќе дојде, ако не, нема потреба да се измачуваш и напразно да се надеваш
Не ми крева и несака да ме види со денови не и ѕвонев ама неможам а да не ја побарам пак...не ми е едно јасно: кога купив нов број, стариот и реков дека не го користам често. По месец ипол, откако го искршив 'нашиот' број, таа ме побара на тој 'избришаниот' да ми се развика оти сум ја побарал в школо...а зошто го чувала? И дали ова е само некоја финта или...незнам, само да признам дека...ма не, никако не кажувам како ми е.
Знаеш како идела работата? И двајцата може ќе сте се засакале ама ти си почнал многу често да ја бараш, нејзе и се изнавртеле триста неточни филмови во главата, дека си манијак, дека може сакаш само да ја искористиш итн. итн. Тука сигурно влијаеле мислењата на нејзините другарки дека си некој опасен типац. И ете сега таа се плаши и сака веќе да не контактира со тебе. И јас исто би постапила на нејзино место, би се уплашила и тотално и го сменила мислењето за тебе. Ќе мислам дека си опасен и нема да сакам да контактирам со тебе. Можеш да ја поканиш пример да отидете заедно на концерт, негде на јавно место, да идеш во нејзиниот град , уствари немој да одиш, може несака да ја гледаат со некој непознат. Стварно не ми текнува, ама сигурна сум дека причината за нејзиното однесување е таа А и тоа за бројот, сигурно има некои сосем мали чуства кон тебе па го чува, ама страв и е.
Најточно дефинирано мислење, браво и фала! Направив 3 треснати зелени на телефон (искористени џокери изгледа), по што ми спушти, ова беше пред да се видиме прв пат, и ми се јави со намера 'не планирам нешто, знаеш, со тебе'. Зборевме 4-5 саати а мене од тогаш, пред месец дена, дури до сега нешто ми тежи и ме мачи. Вистина ништо не сме имале ама несакам да е вака, несакам да испаднеше вака...... побрзо би прифатил да знам дека си има најдено некого, ма да пребирлива е, отколку вака да ме држи во неизвесност стварно сум хибрид, цврст машко, ама и мене ми идат емоции и маки......спомнав дека сум направил 3 грешки? Тогаш ќе ме сретне уште третпат, неможам...а јас знам како и на кој начин без ни малку да ме гледа со поглед на кутре (ууух, прошлиот пат како ја галеа другарките како којзнае што се десило, а таа си фрла погледи, со троа влага на очи, со студенило на фаца, со 2-3 смешки нешто....) се што ми треба е само проклето време, знам дека за кратко зедов долго, ама ми требс уште ронка....
не очајувај .тоа е најважно во овие моменти да си прибран.а да пробаш некако со некое пораче да и објасниш дека има грешка претстава за тебе,и да оставиш на нејзина совест да те побара откако ќе увиди дека се држиш до зборот ? не сакам да звучам како овие од локалните избори:дела,со дела се освојува
Додуша, таа ме 'клоцна' неколкупати ама или несакам да се помирам или таа избрзала. Незнам само оти, има околу мене некој баксуз и удира неочекувано...ништо не ме вади од депресија подобро ич да не се запознаевме, damn...
мислам дека најдобро те свакам од сите низ слично нешто поминувам и јас ама сепак има разлика ми се допагаше еден тип, плачев,очајував со месеци-и тој минуваше низ тежок период и јас исто а тој да не види колку ми е тешко глумев лудило а ноке го сонував и пред некој ден го испровоцирав и самиот призна дека има девојка уште на моменти неговата слика пред очи ми се појавува ама немам време да мислам-таков е периодот исполнет со анганжмани, обврски, и подобро што е така конкретно за девојкава-или нашла некој друг-можеби веке имала па се запознала со тебе само онака, или си и оставил лош впечаток и сега не ти дава шанса да се корегираш-такви сме ние девојките, комплицирани почни да запознаваш други девојки, дружи се, излегувај, што е твое ке си дојде и не се опседнувај со мислите сконцентрирани на неа
или биди упорен и сам се повредувај или најди начин да ја заборавиш . навистина ми е жал,но тоа е ,работите завршиле уште пред да почнат,а ти си се понел од емоциите,тоа е се во случајот.
Ќе морам да се откажам...туку дојдов до 4 интересни датуми, и 1 ризичен, 14 април....а 'среќните' се 17 март, 27 март, 1ви април и 4-ти мај. Баш ме занима зошто соновите ми алудираат на тие денови и на уште стотици места за кои хмм, немам идеа.. Како и да е, баш да видиме. :geek: