Лани се здружив со девојче кое го знаев само 2 месеци.Таа некако како да ми се наметна,почна да ми угодува,да ми кажува колку и одговара мојот карактер,колку сум добра и фер...Во хороскоп сме исти знаци,започнав подобро да ја запознавам,ми одговараше навистина,беше со мене кога ми беше најтешко..цел распуст го поминавме заедно..Меѓутоа со почетокот на учебната година,се оддалечивме,таа многу се измени,запозна нови пријатели,ново друштво,а дотогаш ме имаше само мене..Многу и верував.знаеше се за мене,дури и моите дома забележаа дека таа навистина ми е вистинска другарка...Сега едвај се гледаме,речиси ич. Постојано е со тоа нејзино ново друштво..Ја замолив да разговараме,разговаравме и ми рече дека како што ми се доверувала на мене,нема да може на никој друг,меѓутоа,сега не ми се ни јавува,ако на мене не ми текне да ја поканам да излеземе,неа ич,а и почна да ме одбива бидејќи претходно имала договорено.Се мачам многу,не знам што да мислам.Дали ме искористувала бидејќи тој период се скара со нејзината најдобра другарка,па немаше со кого и се сврте кон мене,а сега има ново друштво и буквално не и е гајле за мене или па јас си правам некои филмови во главата.Дури не можам да поверувам како е можно да го мислам ова за неа,кога таа беше толку добра за мене,можам да кажам и совршена другарка...Цело време мислам во себе,"Moжеш ти без неа,која е таа па да плачеш..." но на некои другарки не можам да им кажам нешто,бидејќи нема да ме разберат како неа,цело време во нивниот карактер се обидувам да пронајдам нешто слично како кај неа...Ми фали многу,но на неа не и е гајле,или па така изгледа...Што да правам,помогнете ми...
Мое мислење е дека не мора да се гледаш секој ден со некој и да излегуваш секој ден за да ти биде најдобар пријател или пријателка...Најдобар пријател е оној на кој можеш да му се довериш и да си сигурен дека тоа ќе остане меѓу вас и оној кој ќе ти се најде кога ти е најтешко...како што прочитав она ти се нашла тебе во таков момент а и твоите дома помислиле дека ти е вистинска пријателка( моите дома ретко имаат згрешено за таква работа ).Почетокот на учебната година носи и ново друштво што е нормално...Мој совет ти е да и кажеш како се чуствуваш баш како што ни кажа на нас...Ако ти е вистинска пријателка ќе те разбере и ќе проба да се смени...
искрено постојат ама и тие се многу ретки како со иде денешницава се се врти само околку себе така да не очајувај се ке биде у ред.сама кажа дека она се скарала со најдобрата другарка по мое мислење она само на некој нацин ја барала таа другата у тебе таа ако стварно те ценела и те сакала како другарка па и покрај тоа што има друо друштво може да одвои барем два три саати за тебе ипак нели си и најдобра другарка мислам дека време е да сватис дека она на некој начин може и стврно те искористивала се надевам дека грешам...знаес како викааат секое лошо за добро е шо и да е ке поминеее па имаш само 15 години еееееј тек допрва ке стекнуваш пријатеиели и ке видиш дека еден ден ке се смееш на овие нервозички со сеа ги претрпуваш за така наречената другарка поздрав и се надевам дека се ке се среди.
Имав јас свое друштво,а го ценев многу тоа што таа беше покрај мене во тие моменти,што дури заборавив на останатите другарки и бев цело време со неа.А инаку,во последниве 2 месеци сме се виделе само 2-3 пати,разговараме само на мсн,на фејсбук,здраво како си,што има ново и толку. Нема јас повторно да попуштам прва. Ќе видам како ќе се одвиваат работите,но мислам дека веќе не можам да ја сметам за најдобра другарка,кога во неа не гледам ни малку од тоа што била,а многу ми е тешко
Ретки,скоро и да ги немаСекој си гледа само за себе...Имав една најдобра пријателка ама она се пресели во Загреб.Сега не дека немам пријатели аама ми се чини дека сите се дружат од корист.Многуу сум разочарана во луѓето сите станале многу злобни
Особено ни е тешко на нас женските...Прво премногу се врзуваме за таа една другарка,а после кога ке ти го сврти грбот,нема на кого,епа нема.Тоа е.
leleeeeeeeeeee a jas mislev deka sum edinstvenata razocarana od drugarkite... iskreno jas od SITE sum iznenadena i razocarana, custvuvam kako da nema na koj da se potpram dokolku, NE DAJ BOZE nesto loso i tesko mi se sluci, duri nemem ni zelba da izlezam so niv, ednostavno ne se istite..... tesko mi e no nekako se naviknav, sfativ oti SITE SE OD KORIST, i najtesko mi paga koga decko mi ke rece : ti ako niv gi smetas za drugarki, tie ne ti se i nikogas ne ti bile drugarki . jas se lutam ama taka si e...... mn e tesko koga ke te razocaraat
Мислам дека нема вистински пријатели. Секогаш постои некоја љубомора во пријателството и што потоа? Најдобриот пријател ти забива нож во грб... барем мене тоа ми се има случено
СЕ тече СЕ се менува и луѓето со тек на време се менуваат, не само другите окулу вас туку и вие се менувате....тоа е неизбежно па можеби во еден период да бидеш близок со некој, а потоа да се оддалечиш, сосема е нормално и природно....таков е текот на нештата јас можам да кажам од моето искуство дека нема вистински пријатели.....барем во мојов живот немам такви....СЕ ама буквално СЕ се сведува на корист и потреба, па и јас почнав да играм според тие правила
Не постојат такви.Порано или подоцна ќе ти забијат нож в грб. Јас досега сум имала 3 такви искуства и од тогаш повеќе на никој не се доверувам целосно. Се сум правела за нив,дури сум раскинувала и со дечкото само да им се најдам на нив во одредена ситуација.Среќа што дечко ми е срце човек па го трпел сето тоа затоа што го знаеше крајот.Само јас не сакав да го слушам се додека навистина не се случи. ЗАтоа дружи си се,имај пријатели и поблиски и подалечни, но немој на никој да се доверуваш...Тие еден ден ќе си отидат како и да е.Премногу е себичен народов за да може да гледа и за некој друг освен за себе.ПОзз и се најубаво
Постојат... ама ретки се... и среќа имаат оние што имаат вистински пријатели. Ако е така, можам да кажам дека сум среќна - не ми требаат 50, доволни ми се двајца (т.е две) - и ги имам
Прво верував дека постојат,ама сега толку се разочарав што не знам веќе што да мислам...Разговарав со неа,пак ми тврди дека ми била и отсекогаш ќе ми биде најдобра другарка и со никоја друга нема да биде така блиска.Искрено,овој муабет го правиме неколку пати и стварно не знам веќе што е и како е,не знам веќе што да мислам...Збунета сум
Од мое лично искуство сметам дека вистинските пријатели се вистинска ретккост.Имам широк круг на пријатели ама во никој немам потполна доверба.Веќе ништо не може да ме изненади.Од секој се очекувам.Имам една поблиска другарка на која и се доверувам ама во граници.И мислам дека на денешницава тешко дека ќе ја најдам вистинската личност за која ќе сметам дека е достојна да ги споделам со неа некои моменти од мојот живот кои ги чувам длабоко во себе.
и јас не се гледам мн често со моите најдобри другаки секој е со свои обврски но сепак наоѓаме време да си се видиме и да поразговараме иако не се глеам често со нив знам дека тие во секоја можна ситуација ќе бидат со мене а и јас со нив,не можам животов да си го замислам без нив
Постојат. За мене вистински пријатели се оние што ги знаме цел живот и цел живот биле до нас. Јас си имам такви и секогаш сум тука за нив, како и они за мене
Е па донекаде се согласувам со одговорот на Хипица. Ама пак ако реално размислуваме парите го вртат светот...и пријателството. Ама да оставиме на тоа дека ги има, но ретки се.