1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Потеклото на притисокот врз жената да биде мајка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WildMk, 9 мај 2019.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Дебатата во темата: Народни и верски обичаи за забременување - ме наведе да мислам на притисокот кој се наметнува врз жените да бида мајки.
    Нема да речам 'остварат како мајки', бидејќи сметам дека и со и без деца, жените можат да бидат остварени.

    Она што го знам, благодарение на примерите кои сум ги видела околу себе и она што сум го читала и учела, е дека, целава фама, не е само поради вградените инстинкти за размножување и продолжување на врстата.
    Врстата не ни е во ризик.

    Притисокот е производ на општествените очекувања, традиционалните видувања, религиозниот поглед кон жената и нејзината улога во заедницата и сето тоа е производ на патријархалното видување на нештата.


    Дали мислите дека е природно, или научено мислењето дека 'вистинска жена' е само онаа која е мајка?
     
    На Milobebence, Dust, Marina*F и 20 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.970
    Допаѓања:
    260.965
    Ќе ти апсолвирам утре на темата, дугачок пост ти спремам другарице :D
     
    На cresa-jagoda, WildMk, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Биолошки часовник, некоја потреба која ја чувствуваш во одреден период, само многумина не се согласуваат дека доаѓа заради вродени инстинкти туку принаучено однесување од околината. Како и да е, ако сакаш дете -сакаш и не гуглаш на нет од каде ти е потребата.
    Лошо е кога немаш конкретна желба ама мора да имаш дете затоа што "немањето деца е голема трагедија". Видовме и во другата тема колку не смееш да зборуваш ни најобични, најразумни работи затоа што е на ниво на табу тема. Само се прашувам што со оние мајки поточно парови што се помириле со ситуацијата дека можеби нема да имаат дете или се трудат ама потешко оди па решиле да се сконцентрираат на други позитивни работи и нормално да си продолжат со живот, но постојано наидуваат на ожалостени погледи, читаат еве на форуми како е безвреден животот без дете, дека не си комплетен, дека психички ќе се пореметиш...они чувства немаат?
    И како нема врска околината, еве пример, најпознат женски форум и секоја втора објава на насловна страна е мајка со стрии, мајка без стрии, мајка со солзи во очите, мајка што нема време коса да измие, машко дете, женско дете, изразот на лицето на мајката кога родила...или една само ги пишува па друго и не ја интересира, ама битно е што се објавува и што се чита. Прочитав пред недела дена за Македонка која добила значајна награда за животна средина ама тука ни збор за тоа. Зелениот фустан на Џеј Ло и мрсната коса на мајката. Исто и по дома, по комшии, по роднини...
    Не си некомплетен без дете. Убаво е да имаш ако го сакаш и можеби ќе се помачиш додека го добиеш, ама со отворен ум, разум и позитивност. Не со опсесии како сите други од прва а јас не, што му згрешив на Господ итаквимитиработи. Знам мајки што и за второ или трето истите чувства ги имаат па ај цел живот трудење и нервози и негативност.
     
    На dunika, malerozna, Dust и 33 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.120
    Допаѓања:
    76.420
    Пол:
    Женски
    Од фактот дека жената има матка, од таму е потеклото на притисокот. Нели, биолошки е предодредена за тоа.
    Познато ни е дека за успешни жени на повеќе полиња, се зборува Џабе и` е кога не родила.
    Дали мислењето е природно или научено, мислам дека е научено. Природно е да се прифати изборот на жената дали ќе раѓа или не. Всушност, да се биде мајка не значи да родиш, може и да си посвоиш, се разбира. Некоја не сака ни едното ни другото, т.е. воопшто не сака да се оствари како мајка, и тоа е во ред. Од патријархатот е научено тоа дека мисијата на жената е да биде мајка. Некои сеуште не излегле од кутијата.
     
    На Dust, LollySky, thequeen95 и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Јас ќе си кажам лично. Немам мајчински инстинкт и не сакам да имам лично свои деца.

    Во мојот универзум, децата не се смислата на мојот живот.

    24 имам, ставот го имам уште од 15 години и истиот е.

    Ги почитувам одлуките на другите, оти и така не ме интересираат и не ми прават разлика :D

    Не чувствувам општествен притисок или притисок од околината, ниту пак некогаш ќе си дозволам друг да ми го крои животот.

    По моја логика, дете како и се друго, треба цврсто да го сакаш, за да утре и тоа биде исполнето.

    Воедно, не ми се допаѓа имањето деца ради реда, јер така викаат дека требало.

    Посовесно ми е да не раѓам, отколку да на тој начин.

    Поздрав од Јупитер :D
     
    На dunika, Sindell, Dust и 32 други им се допаѓа ова.
  6. Swatt

    Swatt Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    На 33 години ќе размислуваш спротивно. Trust me.
     
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.220
    Допаѓања:
    165.793
    За да го сочувам контекстот на дискусијата, копирам мислења од темата од која произлезе истата

     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    А може и исто ќе размислува.
     
    На Dust, LollySky, Harper и 15 други им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    @Biljarkata Мислењата да си ги вратиш таму од кај што ги довлечка. Да сакавме да продолжи истата дискусија ќе останевме на таа тема.
     
    На mal.ecka и Nausicaa им се допаѓа ова.
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.981
    Допаѓања:
    166.550
    Пол:
    Женски
    Коментарот мој ама никако не е за оваа тема и затоа е пишан во другата. Не чувствувам апсолутно никаков притисок од околина, туку лична желба е. Не сметам дека тука му е местото.
     
    На LollySky, cresa-jagoda, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.220
    Допаѓања:
    165.793
    Рече јасновидецот со специјализација за мајчински инстикти(facepalm).
    Многу продуктивен придонес кон дискусијата. Како потврда дека никој ништо никому не наметнува
     
    На LollySky, done, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.220
    Допаѓања:
    165.793
    Убав беше коментарот оти опишуваше една убава димензија, ама почитувам, твој пост, твоја сопственост:)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Зошто да ти верува?
    Ти посака да станеш мајка, господине ?
     
    На LollySky, PaLaVa, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Swatt

    Swatt Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    Во ред. Тоа е нејзин живот и нејзино право да одлучува дали сака деца или не. Таа нема помалку да вреди во моите очи ако има или нема деца. Подобро да роди деца од љубов отколку само затоа што така требало и да им го сјебе животот.
     
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Притисокот од биолошки аспект со потекло од исконски времиња уште се влече на секој чекор околу нас. Можеби е *природен*, но како за умствено најразвиени суштества со различни карактери и животни планови - не е и оправдан и позитивен.

    Денес баш на факс зборевме меѓу другото и за полови стандарди за „нормалност“, за да си прифатен член на општеството - кои се наметнуваат од најмали нозе. Заедно со апаратите за домаќинство и средствата за чистење, до женските детски кукли има задолжително и бебиња. Уште како најмали ни го развиваат тој мајчински инстинкт, и го сметаат за загрижувачки ако недостига.
    Среќа па сега на тој наш озлогласен Интернет може секој да си се пронајде, па така и childfree communities има.

    Јас лично не мислам дека имам мајчински инстинкт, и тоа баш како што растам го сфаќам, во тинејџерските години бев постандардна во секој аспект.
    Децата ми се мили, ме радуваат и ми будат убави чувства со својата невиност, знам да ги заиграм, погалам... но тоа е сѐ.
    Исто и за други трудници се радувам од срце, но во бременоста како период од физички аспект посебно, од лично гледиште не гледам ништо магично. Напротив, помислата на себеси бремена само ме плаши и ме одбива. Реалистично гледам на отежнатото функционирање и не го сакам за себе тоа, а за породувањето да не зборувам (ко личност не баш толерантна на болка)... Породилни приказни одамна не читам, бетер од хорор ми е секоја потешка.
    Дури и да се премислам некогаш за деца, за бременоста мислам дека мнооогу помалку веројатно е... па ако имам доста удобни услови да пружам целосна среќа на дете - би одела одма на опција посвојување.

    Од најблиски жени во животот имам слушано муабети за други жени остварени во секакви полиња освен што не се мајки, муабети полни со сожалување поради тоа, шпекулации, навредливи „дијагнози“... Не им молчам веќе макар по цена на мир неколку дена и којзнае какви помисли и загриженост во главите.
    Испровоцирана од такви ставови ѝ спомнав на мајка ми и за себеси и тоа во спојлерот, добив само потсмев и третман на фрик.

    Една од најтоксичните последици на патријархалното општество е таа идеја дека жената не е комплетна без дете.
    Комплетни треба да се чувствувате самите пред сѐ, за да можете да направите среќни и други. Пошто парадоксално, и на децата како најголема остварена желба, приоритет и достигнување, кога-тогаш често им излегува на нос тоа ваше чувство произлезено од притисок.
     
    Последна измена: 10 мај 2019
    На Dust, PaLaVa, Nigredo Odor и 17 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.970
    Допаѓања:
    260.965
    28 and counting here :D

    Уште ништо.
     
    На PaLaVa, done, Nigredo Odor и 6 други им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.638
    Допаѓања:
    116.294
    Пол:
    Женски
    Па,што не пиша прво вака? :^)
    Не можеш да знаеш дали ќе се премисли.
    Да не си јасновидец? :rofl:
    Секоја девојка има своја замисла за иднината.Понекогаш тоа не вклучува деца.И тоа е сосема во ред.
    За ова прашање имам исто мислење како @Someonespecial .
    Не ми се раѓа.
    Шансите некогаш да се премислам се многу мали.
    Уште како мало дете се разочарав од родителството на моите.Растена сум со кавги и огромни расправии.
    Па,јас уште на мои 13 години си реков дека не се гледам себеси како мајка.
    Си реков дека би се премислила само ако покрај себе имам добар човек и грижлив сопруг.
    Ама,си реков и дека јас имам право на образование и кариера,па дека ќе треба прво тоа да го средам,па после што ќе се нареди...
    Денес си го терам образованието,пополека ама битно терам.Имам право на тоа и го користам тоа право.
    И јас ко Специ,немам проблем со деца.Се смејам на детските зборчиња.
    Ги сакам внуците и за нив се би направила.
    Но...
    Жената не е роб кој треба да се камшикува,не е квачка или крава за приплод...
    Жената заслужува најголема почит бидејќи без неа не може да постои машкиот род.
    Ама,маживе слабо сфаќаат... |(
    Денес имам 24 години и се уште давам предност на завршување на образованието и наоѓањето работа. :)
     
    На LollySky, cresa-jagoda, done и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Soprugot

    Soprugot Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2019
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Машки
    Жената не треба да е мајка за да е жена-човек човечна... Мажот не треба да е татко за да е маж-човек човече.... Има мн мајки лајно од родители се, има мн татковци лајно од татковци се... Така да да си мајка и да си татко не значи дека си човек кој ги негува правите вредности во животот а тоа е пред се да бидеш човек
     
    На LollySky, Shmizla94, done и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.123
    Допаѓања:
    43.672
    Пол:
    Женски
    Се изјаснив во друга тема.
    Не ми е личен приоритет во животот да најдам љубов, да имам маж и деца.Најголем приоритет ми е да бидам успешна и самостојна жена.Да не зависам од никого, пд ничив збор и ничија милост/немилост.
    Се имам истотака и изјаснето дека додека не најдам сигурна работа, не си обезбедам кров над главата (секако ќе имам од моите куќа/стан ама подраго ќе ми е сама ако создадам свој), и не најдам сигурен партнер кој знае што сака во животот, е искрен со мене, ме почитува и има сигурна работа-брак и фамилија не планирам.
    Не сакам да избрзам и утре ден двајцата да се каеме зашто сме влегле во брак, па разведи се па ова па она.
    Животот е еден, сакам сама колку што можам да ги наредам коцките.Таков човек сум, живеам воглавно за битни работи плански.Однапред зацртувам некои цели.
    А за притисокот, пример од дома не ме воспитувале/аат од типот на: девојче си треба да знаеш за домаќинските работи, утре ќе си мајка, утре вака утре онака.
    Ме учат да бидам добар човек, да ги почитувам останатите а пред се и себеси, да завршам факултет да најдам работа за утреден да не зависам од маж ми или да ги трошам парите кои моите ќе ми ги остават.И искрено ова нивно размислување ептен ми се допаѓа бидејќи се повозрасни и мислев дека ќе ме брзаат од типот на : знаеш побргу внуци да дочекаме, стари сме веќе, еј слушај утре ќе бидеш мајка не смее ова вака, или пак утре ќе живееш со свекрва во заедница како ќе и се спротиставуваш?
    И дома се имам изјаснето дека најбитно ми е првин да се изживеам, изнашетам, да најдам работа и сигурен партнер, па отом-потом здравје да мислам на брак и деца.
    По природа сум карактер што се брзо лесно ми здосадува, ама најсериозно и луѓе и предмети.
    Не можам да седам со исти луѓе 24/7 зато гледам и почесто да искачам од дома да не му ја спукам со моите.И поради оваа причина не ми се брза, не дај Боже утре ден да ми здосади од сопругот па ајде разведувај се влечи ова влечи она, па уште со дете да сме нему стресови да му создаваме бидејќи мене ми здосадило- ноу тенкс.
    Млада сум, не ми се брза никаде, уште сериозна врска не сум имала.Мои врсници се веќе по година-две во врски а јас не се замарам
     
    На SmilerGirl, cresa-jagoda, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Има и тоа чести муабети дека жена што не е мајка, со тек на годините станува злобна, љубоморна и себична и се радува на туѓа несреќа. Од неколку личности го имам слушнато ова за постари жени без деца дека се бог да те чува од тие жени...Демек жената само откако ќе роди развива емпатија и чувства, пред тоа била бесчуствителен робот.
     
    На LollySky, Harper, PaLaVa и 9 други им се допаѓа ова.