Потишете ја петицијата за спас на Македонската сивка

Discussion in 'Хуманитарни акции' started by carver91, Jun 7, 2025.

  1. carver91

    carver91 Истакнат член

    Joined:
    Feb 1, 2016
    Messages:
    392
    Likes Received:
    311
    Gender:
    Female
    Институтот за комуникациски студии (ИКС) покрена петиција за вклучување на македонската сивка (Pseudochazara cingovskii) во Анекс 1 на Конвенцијата CITES, за да се спречи нејзино исчезнување поради нелегална меѓународна трговија.

    Овој критично загрозен и ендемски вид пеперутка живее само во варовничките предели кај превојот Плетвар. Со хабитат помал од 10 km², таа е изложена на висок ризик од исчезнување, особено поттикнато од побарувачката од колекционери на инсекти.

    ИКС и германската организација Pro Wildlife бара oд Македонија формално да поднесе предлог до CITES најдоцна до 27 јуни, пред Конференцијата на страните (CoP20), што ќе се одржи во Самарканд од 25 ноември до 5 декември 2025.

    Вклучувањето на овој вид во Анекс 1 на Конвенцијата CITES ќе овозможи:

    • Забрана за меѓународна трговија
    • Поддршка за национални и гранични контроли
    • Подигнување на свеста за заштита на видот на глобално ниво
    Потишете ја петицијата за спас на најзагрозената пеперутка во Европа, македонската сивка на следниот линк https://www.change.org/p/stop-the-i...gered-butterfly-in-europe-macedonian-grayling