Форумџика на годината

Поткасти, книги и настани за родителство

Дискусија во 'Бебе' започната од Baby warrior, 17 февруари 2026 во 17:02.

  1. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.133
    Допаѓања:
    5.944
    Пол:
    Женски
    Тема во која ќе споделуваме поткасти, емисии и книги за родителство. Јас ќе ставам напоредно како ќе завршувам со читање или гледање ако нешто ме воодушеви :D ќе биде супер да се вклучиме и разменуваме извори во поголем број. Исто така има и доста настани за родителство во последно време и кај нас и регионално може да ставаме тука инфо
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.133
    Допаѓања:
    5.944
    Пол:
    Женски
    На темата за непосакувани совети што ја разврзавме во мајчински муабети :) еве да ви кажам дека не е само во мк пошто во книгава што ја зсвршив ноќеска the happiest baby on the block вика дека и во уса се случува истото :) еве извадок IMG_6887.jpeg
     
    На MariaBouli и Надеж♥️ им се допаѓа ова.
  3. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.536
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Ова мислам дека е секаде, само што мислам дека кај нас дополнително го има и моментот каде што не само што ти делат совети непотребни, туку и ти ствараат притисок за секоја една ситница - како муабетот што го правиме во Мајчинки Зошто сега бебето плаче, како тоа сега бебето плаче?
     
  4. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.536
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Инаку, иако си викав дека многу ќе читам, гледам, слушам, некако забушавам :D До сега од книги ја имам прочитано само Мудар родител - среќно бебе, и ми се допадна иако сметам дека беше доста генерална.

    Исто почнав да ја слушам Ерика по ваша препорака и како што кажав многу ми се допаѓа тоа се што збори и се согласувам, мислам дека многу од муабетите за тоа какви деца би искочиле во однос на менталното здравје може да се види кај нас, затоа што ние сме растени со генерациите каде што едвај сме ги гледале мајките и татковците затоа што постојано работеле (не ги кривам, таков период сме фатиле, на распаѓање Југославија, транзиции, се мачеле и они стварно да сврзат крај со крај).

    Но, она што ми е многу интересно од она што го гледам и го слушам е дека сепак сите форсираат да кажам секој да има село за гледање деца, а мислам дека некако ние сакаме да се одделиме од тоа село, барем јас така се чувстувам. Сакам детето да ми расте со баби и дедовци, ама понатаму, кога ќе почне да разбира, да знае да каже што сака, кога веќе полесно и со разбирање ќе може да се оддели од мене и татко и. Ама пак една од причините заради кои што не сакам е затоа што мислам дека нашите родители не ги воспитуваат децата на добри навики. Јас на пример поминував цело лета со дедо ми, кој што беше професор, директор на школо, и кај него имаше ред и дисциплина за се, гледаше времето што ја сакав да го поминувам со него максимално да го искористи. Сега ги гледам моите, кога ќе им стане малку тешко со внуците, одма им даваат телефони и телевизори (они и дома ги гледаат, ама пак сакам да мислам дека кај баба и дедо не мора да биде исто, а за жал е).

    Ама не знам па дали грешам во ова размислување, затоа што од друга страна пак навистина скоро целото време го поминува со мене и мм. Некако на два ума сум што е подобро. Растена сум многу со баби и дедовци, и имам прекрасни спомени што не би ги сменила за ништо, ама вака подлабоко кога ќе размислам, можеби навистина ми фалеле поприсутни родители. Моите беа супер родители, ама ми фалеше присутност да речеме попладне кога ќе се вратеа уморни од работа, и они наместо да поминат време со мене - одмараа - што исто пак не ги кривам, ама мислам дека сега ние гледаме да не го правиме тоа, дека колку и да сме уморни пак гледаме да поминуваме време со децата.

    Се распишав на темата село за гледање дете, мааааалце можеби е вон темата, ама поттикната сум од тоа што читам и слушам па се надевам е доволно соодветно хахаха