Тема во која ќе споделуваме поткасти, емисии и книги за родителство. Јас ќе ставам напоредно како ќе завршувам со читање или гледање ако нешто ме воодушеви ќе биде супер да се вклучиме и разменуваме извори во поголем број. Исто така има и доста настани за родителство во последно време и кај нас и регионално може да ставаме тука инфо
На темата за непосакувани совети што ја разврзавме во мајчински муабети еве да ви кажам дека не е само во мк пошто во книгава што ја зсвршив ноќеска the happiest baby on the block вика дека и во уса се случува истото еве извадок
Ова мислам дека е секаде, само што мислам дека кај нас дополнително го има и моментот каде што не само што ти делат совети непотребни, туку и ти ствараат притисок за секоја една ситница - како муабетот што го правиме во Мајчинки Зошто сега бебето плаче, како тоа сега бебето плаче?
Инаку, иако си викав дека многу ќе читам, гледам, слушам, некако забушавам До сега од книги ја имам прочитано само Мудар родител - среќно бебе, и ми се допадна иако сметам дека беше доста генерална. Исто почнав да ја слушам Ерика по ваша препорака и како што кажав многу ми се допаѓа тоа се што збори и се согласувам, мислам дека многу од муабетите за тоа какви деца би искочиле во однос на менталното здравје може да се види кај нас, затоа што ние сме растени со генерациите каде што едвај сме ги гледале мајките и татковците затоа што постојано работеле (не ги кривам, таков период сме фатиле, на распаѓање Југославија, транзиции, се мачеле и они стварно да сврзат крај со крај). Но, она што ми е многу интересно од она што го гледам и го слушам е дека сепак сите форсираат да кажам секој да има село за гледање деца, а мислам дека некако ние сакаме да се одделиме од тоа село, барем јас така се чувстувам. Сакам детето да ми расте со баби и дедовци, ама понатаму, кога ќе почне да разбира, да знае да каже што сака, кога веќе полесно и со разбирање ќе може да се оддели од мене и татко и. Ама пак една од причините заради кои што не сакам е затоа што мислам дека нашите родители не ги воспитуваат децата на добри навики. Јас на пример поминував цело лета со дедо ми, кој што беше професор, директор на школо, и кај него имаше ред и дисциплина за се, гледаше времето што ја сакав да го поминувам со него максимално да го искористи. Сега ги гледам моите, кога ќе им стане малку тешко со внуците, одма им даваат телефони и телевизори (они и дома ги гледаат, ама пак сакам да мислам дека кај баба и дедо не мора да биде исто, а за жал е). Ама не знам па дали грешам во ова размислување, затоа што од друга страна пак навистина скоро целото време го поминува со мене и мм. Некако на два ума сум што е подобро. Растена сум многу со баби и дедовци, и имам прекрасни спомени што не би ги сменила за ништо, ама вака подлабоко кога ќе размислам, можеби навистина ми фалеле поприсутни родители. Моите беа супер родители, ама ми фалеше присутност да речеме попладне кога ќе се вратеа уморни од работа, и они наместо да поминат време со мене - одмараа - што исто пак не ги кривам, ама мислам дека сега ние гледаме да не го правиме тоа, дека колку и да сме уморни пак гледаме да поминуваме време со децата. Се распишав на темата село за гледање дете, мааааалце можеби е вон темата, ама поттикната сум од тоа што читам и слушам па се надевам е доволно соодветно хахаха
Јас се чувствувам мн слично на тебе во однос на баби и дедовци. Во овие 8месеци како ја имам ќерка ми три пати ја има почувајо мајка ми навечер успана ќерка ми на 2-3h - ништо повеќе. Јас сум растена со мн зафатени родители, двајцата директори, успешни во своите бранши ептен посветени менаџери. Мајка ми ден денес ми вика дека ќе имала и трето дете ако не работела цел живот толку многу. Пред некое време ја прашав а зошто работеше толку мн цел живот, знаејќи дека татко ми придонесуваше и повеќе од доволно за семејството да функционира - и она застана и ми рече како мислиш зошто работев? Па јас морав да работам како сите други така и ја - што воопшто не е така и знам дека се сепна кога ја прашав бидејќи тоа го правела затоа што е кариеристка жена а како што вика и Ерика во некои од нејзините излагања, успешна мајка на мали деца и корпоративен менаџер НЕ МОЖЕ ДА СЕ БИДЕ во исто време! Знам дека тука мн ќе се вклучат во дискусијава зошто верувам дека имаме мн успешни жени и мајки. Јас исто така вршам висока менаџерска позиција со години дополнително и имам свој бизнис ама ова ми е мн јасно мн пред да почнам да ја слушам Ерика Јас ја имам среќата исто така маж ми да придонесува мн за нашето семејство и затоа ќе одберам малку поинаку од мојата мајка. Сметам дека животот е пред мене а детето минрасте премногу брзо па себична сум да ја оставам на некој друг и јас да испуштам мн работи со неа кога ја имам можноста за тоа и целосната поддршка од мм. Во иднос на селото и јас добивам впечаток дека сите прокламираат помош, големо семејство бла бла, сма јас некако најсигурно се осеќам во моја кожа и кога детето е до мене… така да тука за селово не сум баш во тој правец бар не во првиве 3 години
https://youtube.com/shorts/2sdA_aai7ZI?si=LkxBJp83L758PWOW еве ќе го споделам и Габор Мате и он има прекрасни излагања за родителството. Баш на темата од мајчински, зошто плаче… да им дадеме биолошки одиговр на бабите тетките и стрините исто пред некој ден го слушав Габор Мате не можам да споделам тука линк пошто беше рил исечок, зборуваше за тоа како пред да одлучиме да имаме деца треба сите да си седнеме и да си ги ставиме на хартија сите работи со кои имаме проблем. Тоа би биле стравови, трауми, неразјаснети чувства итн - Зошто мн е голема веројатноста индиректно да им ги предадеме на нашите деца мн интересна перспектива
Најдобрата одлука која ја имам направено е присутво на Конференција за родителство со мм. Децата беа 5-6 месеци. Најдобрите совети ги стекнавме таму. Потоа одевме на средби за родителство организирани од Лулка. Препорачувам со двете раце. Само зависи кои се говорници.
Да конференцијата за родителство изминатата година беше фенименална и онлајн делот и во живо пресупер теми имаше и јас потврдувам
Знаете дека сега ме потсетивте дека се пријавив а не слушав скоро ништо хахаха Ако не се лажам треба уште да имам пристап, баш ќе си проверам
Јас оваа година сериозно разгледував, ама не се пријавив заради говорниците. Повеќето беа помалди од мене, и како што погледнав, дел од нив имаа и помали деца од моите. Искрено сакам да слушам луѓе- паталци. Луѓе кои освен професионално, имаат пораснато и нивни деца. Не значи дека моето размислување е правилно, но некако повеќе им верувам на нив.
Интересна тема Јас претходните години ги имав конференциите за оваа не стигнав т е и голем дел од претходните не сум ги гледала. А Габор Мате земав да го читам сеа со ,,митот за нормалното" на букси како прва од него поттикната баш от тие исечоци од интервјуа кои се случи да ме расплачат... па мислам дека ќе се пронајдам Оо ќе заборавев дека ја читав и ,, 7 те најголеми грешки што ги прават родителите" ама не ја дочитав скроз бидејќи тогаш детето ми беше 3 г и се што беше за над тоа ми беше рано да го читам треба да се навратам на книгата.
Вечерва почнав една од Bryan Caplan он па има малце поинаков поглед на работите и вика дека родителите треба да имаат слободно време и дека не можеме којзнае колку да делуваме на иднината на нашите деца на толку мала возраст и дека генетиката го игра целиот филм за да отвориме дискусија за книгиве и поткастиве во која група се пронаоѓате лично повеќе во првата на Ерика или во втората на Брајан? Јас сум клуб Ерика и цврсто тврдам дека мајката треба да биде најблиску до детето и никој друг не може да направи што може таа - има време после првите критични години од животоот на детето и мајката ќе се врати на некоја патека каде што врвела пред него или пак ќе започне некоја сосема нова
Јас сум моментално член на работилница во Група за поддршка на мајки прворородки во постнатален период преку Психолариум. Имаме средби секоја среда на различни теми и ги обработуваме сите сегменти, ова е за мајките генерално и за сите предизвици со кои се соочуваме во новонастаната животна улога. Книга..ја доби мм на подарок има доста корисни информации во неа од Ана Оливеиро Фератис и Паоло Сарти -Ќе станам татко