Ја отварам оваа тема бидејќи сакам да знам какво е мислењето во врска со ова? Дали децата, родени по четириесеттата треба да бидат казнувани поради тој „грев“ ? Дали мајката којашто сака со својот труд да го школува детето и да му пружи услови за нормален живот, треба да биде навредувана јавно поради тоа? Дали треба да се донесе посебен закон со кој се забранува образование на деца, родени по четириесеттата? Дали треба да се донесе закон за задолжителен абортус на секое дете кое би се родило по четириесеттата? Денес толку се изреволтирав и навредив, што навистина сакам да го слушнам мислењето.
Секое дете е дар од господ без разлика кога е даден. Пола од прашањата ставрно не ти ги разбирам, дај подобјасни. како мислиш забрана за образование, задолжителен абортус, грев ??? дај објасни каква забрана кога образование е со закон задолжително за секој граѓанин. Факт е дека старосната граница на раѓање е поместена нагоре. Има почесто случаи да се после четириесетата, на некои им е двторо или трето дете, некоја неможела порано, некоја немала партнер. Тоа е секој со своја животна приказна. А за луѓето што зборат и трачарат ич да не се секираш и нервираш. Никогаш нема да престанат да зборат, ама па тие и не се важни за твојот живот.
Jas voopsto ne gi razbrav prasanjata. Kakva vrska imaat godinite so toa dali majkata saka da go skoluva svoeto dete, kakov zakon za zabrana za obrazovanie za tie rodeni po cetiriesetata, zadolzitelen abortus??? Ne e jasno voopsto sto sakas da kazes.
Добро, можеби се револтирав денес премногу, па делувам конфузно. Детето го родив по четириесеттата. Се радував, секако. Правам се што можам да му овозможам колку-толку добар живот. Наидувам на проблеми, но се трудам. Три години немам плата и го поднесував тоа за да се опорави институцијата во кајшто работам за да може следните три заедно со платата да дава рата од заостанатите плати. Со хонорарчиња и мали средства поминавме тежок период од кој излегов со долгови од извршители. се надевам дека и од нив наскоро ќе се ослободам. Детето беше одличен ученик и сега (иако е на почетокот) многу солиден студент. И односите ни се навистина добри. Убавосе разбираме. Секако дека сакам да го школувам и да му пружам барем дел од она што сака да има секое младо дете. За да си ги добијам платите и стажот и за да можам да обезбедам релативно пристоен живот дома, сакам да ги искористам по октомври уште две години кои законот, еве, ми ги одобрува. Денес во банка само го спомнав тоа. Кога ми се здаде еден човек: те, не можеш да бидеш мајка, мора да ти е од син, те, до седумдесет ли ќе им одземаш место на младите ? Велам - и ова е грижа за младо дете. Вели: нема што да учи. Нека работи. Ти мора да си баба, не мајка. Останатите зборови не се ни за јавност. Се прашувам има ли смисла некое дете да нема право родителот да му обезбеди образование, облека, излегување, билошто, само затоа што е родено во подоцнешни години? Каков е тој однос !? Не можев да верувам дека налетав на нешто такво. Би било понормално да биде поддржан родител што се бори да му обезбеди живот, иднина и образование на своето дете, а не да биде грубо навредуван зошто имал или немал дете во одредена возраст. Затоа поставив куп прашања кои се поставија пред мене како реакција на тие навреди без никаква потреба и без да ги предизвикам јас, а особено моето дете. Никогаш порано не сум ни размислувала за тоа на ваков начин. Едноставно, тоа беше најубавото што ми се случило во животот. Дали е навистина грев, грешка, што ли, една мајка да се труди додека може да му овозможи на детето нормален живот? Мислам дека сум јасна. Уште еднаш се извинувам за конфузијата што беше резултат на мојата страшна повреденост и навреденост. Во секој слчај, кога ќе се подели проблем, стануваполесно да се преброди.
Uzivaj si vo roditelstvoto i bidi gorda sto si porasnala vospitano i pametno dete. Sekoj so svoja prikazna i sudbina. A sekogas ke ima zajadlivi lugje sto ke pikaat nos kaj sto ne im e mesto. Da si docekaat deca site sto toa go posakuvaat pa dali porano ili podocna nevazno. A tie sto stanuvaat pokasno majki sekoja cest posto ne za site majki e lesno vednas da zabremenat/da rodat dete koga ke posakaat.
Уште еден пример декa луѓетo си гo пикaaт нoсoт кaј штo не требa. Не ги слушaј луѓетo штo збoрувaaт. Пo oвa ми изгледaш кaкo пoжртвувaнa мaјкa зa свoетo дете, тaкa и прoдoлжи. Тешкo е, aмa ќе дoјдaт пoдoбри денoви. Нa крaјoт нa денoт вaжни сте сaмo ти и твoјoт син и вaжнa е вaшaтa зaедничкa среќa. Никoј друг не требa дa ве интересирa, aмa бaш никoј. Бидете ми пoздрaвени и ви пoсaкувaм мнoгу среќa пoнaтaму.
Of toa bil sigurno nekoj sto nema popametna rabota vo zivotot. Od takvi preku glava ako ne bilo toa ke nasol nesto drugo da komentira. Nikoj nema pravo da ti kaze dali da rabotis ili ne ako ti se osekas sposobna toa da go pravis posebno zato sto go pravis za svoe dete bez ogled koga si go rodila. Eve i jas vtoroto go rodiv na recisi 39g i yoa ne ne pravo nisto pomalku dobri majki od pomladitr neli. Ne dozvoluvaj sekakvi budali da ti go unistat denot ednostavno ignoriraj i prodolzi ponataka.
Мислам дека добро постапив што во моментот на криза го кажав тоа што ме мачи тука, на форумов. Треба човек да сподели. Многу подобро се чувствувам. На сите ви благодарам за поддршката. Вистина е дека насекаде можеме да наидеме на говор на омраза. Важно, има далеку повеќе добри луѓе, но оние најлошите се и најгласни.
Сериозно со прашањата погоре некој тие работи ги мисли? Ете, мене мајка ми на 40 ме родила и сеа треба некој да ми рече мене извини ама необразонава ќе си останеш, требало мајка ти порано да те роди. Знам дека и таа наидувала на некои коментари уште пред да ме роди. Остави ги нека си зборуваат што сакаат, се гледа дека немаат попаметна работа.
Секое дете за родитрлите е дар од Бога. Дали на 20,30,40.. секој со свои причини кога ќе стане родител, тој е еднаков на сите родители а детето е дете до исти правана своите врсници во однос на образование!! Бидете горди што сте родител! Колку само има во темите за поддршка кои се мачат со години и ги оставиле нервите, живците и огромни суми пари по разни доктори и се на светот би дале за детенце без разлика дали се + или - 40.
Ја уште не можам да се начудам на дрскоста на луѓето да слушаат туѓи муабети и да се мешаат таму кај што не им е работа. Дотичниот господин на ќерка му дома нека иде и нека и каже кога да роди дете а не на рандом луѓе на улица да им соли памет. Сите сакаме семејство, некој порано некој покасно и сигурно нема да дозволам од надвор да ми влијаат на одлуката кога да го основам истото. Одамна замре тоа време кога брак и семејство се основаше на 18 години, сега веќе и 30тите се нови 20ти кога уште повеќето од разни причини неможат да се решат на таков чекор. Родителството е индивидуална работа и никој нема право да се меша во истата. Кога ке родам, колку деца ќе родам, на каков начин ќе ги родам си е моја работа. Ми се гади од вакви суфлери кои мислат дека сегде им е местото запршка во манџа да стават. Секое дете има право на достоинсвен живот без разлика да е инвалид, дали е без родители, дали е родено од постари родители, дали е родено од несовесни родители и сл.
Мојата мајка ме родила на 39 години, ете тука некаде. И што сега? Требаше поради тоа некој да ме казни и да ми го ускрати правото на образование? Фала му на Бога кај нас ситуацијата беше подобра не сме имале вакви проблеми но секоја чест на тебе, се гледа дека се би сторила за своето дете и дека пожртвувано си го довела на правиот пат. Воопшто да не се замараш со злобните коментари на другите, прави си така како што сметаш дека е најдобро за тебе и твоето дете. Кога-тогаш животот ќе им залепи шамар после кој на крајот на паметот нема да им биде да судат на другите.
Какви забрани за образование, какви закони за абортуси. Некој искоменетирал нешто веројатно непознавајќи ја твојата ситуација, па ти бидејќи во лош период си малку повеќе те погодило, па нормално малку повеќе преувеличи. Точно дека на луѓето им треба работа и пари, дали се во свои 20ти, 40ти или 50ти небитно, до пензија треба од нешто да живеат. Твоето прашање е веројатно дали оние на кои им фалат уште неколку години до пензија а имаат помали деца за кои уште треба да се грижат, треба да имаат предност некаква при вработување од оние што веќе децата ги пораснале, така? Идеално би било за сите да има работа и редовни плати до сама пензија, да не се чека од еден партнер само, или полошо од децата.Но државата е таква каква што е, и јасно е дека секој мора да се снаоѓа како знае и умее. Оти има и млади кои имаат деца а се борат со истите прашања за егзистенција. Можеби нив малку полесно им е оти се помлади па шансите да добијат работа било каква малку поголеми се, ама и не мора да значи. На крај останува секој за себе, во комплет со убавините и одговорностите од своите одлуки.
Што има врска во која точно банка се случило? Има секакви луѓе, не можеш да дозволиш вакви глупости да допрат до тебе и толку да успеат да те изнервираат.
За простотилокот на народот, "бисери" што сме ги слушнале од лица кои работат во разни институции, што се' можат и не можат да си дозволат да речат и направат лица позади шалтери и слично може да се отвори друга тема. Оти во оваа се' ти е измешано и ако сакаш акцентот да го ставиш на тоа со што се' се соочуваат родителите кои добиле деца во покасни години, требало малку поинаку да поставиш.
Каков грев бе? Каков абортус? што му смета на некој ако Трајанка се породила на 40 год, па уште да и се дере и да ја вреѓа? Гледајте си ги децата и уживајте во животот... Баталете кој што рекол од страна. Прв пат слушам некоја да биде исмејувана дека родила на 40 г. И после со таква сељачана сакаш во Е. У. да влеземе... Епа нема
Не е проблемот само во коментарите. Коментарите досега барем биле реткост. Или јас не ги ни забележував. Ако беше некој коментар, ќе го игнорирав. Ова беше тежок сексистички напад во филијалата на Комерцијална банка зад „Капитол мол“, со навреди, со глупости. (Сексистички затоа што немаше ни да го има ако не бев жена). Едно дерење на мене и тоа покрај моето сосема културно објаснување (сега ми е жал затоа што испадна дека се правдам, но ме затече, се шокирав) дека грижа за младите е и грижа да си го одгледаш и соственото дете, кое има исти потреби како секој друг млад човек. Па, не било мое,па сум (му) била баба, па не требало да го школувам туку нека работело, па ми било или од син или од некоја ќерка ... дури не ни разбрав се. И тоа од човек кој се фалеше дека отишол во пензија и на свое место ја довел ќерката. И што решил со тоа? На кое младо дете му овозможил вработување? Само си ги решил семејните проблеми. Нека и е на здравје работата, но ТОЈ човек има најмалку право да коментира, а не да навредува. Јас само реков дека ќе треба да си го продолжам стажот барем додека е навистина потребно. Сеуште дури немам ни остварено законско право. Само се наближува. Мислам дека и новиот предлог за личен избор за продолжување на стажот е несреќно решение и во многу работни организации ќе резултира со притисок кон вработените (особено жените) и со навредувања. Можеби јас тоа полесно ќе го надминам затоа што се работи за времена криза и затоа што во мојата (професионална) средина речиси сите жени се нормално до крај, но како со тоа ќе се избори жена во некоја средина во која ќе биде поподложена на притисок и може да стане мета на навреди? Веројатно предлогот треба да се разгледа убаво и да ревидира, бидејќи вака најмалку ќе ја елиминира половата дискриминација.
Баш така. Рандом човек. Не зад шалтер, никако. Кај нив сум често и сите се пристојни и, барем според моето долгогодишно искуство со таа банка, услужни и дискретни.
На другарка ми тетка првото го родила на 48, второто сега на 51, мислам. Јбг, 20 години се нервирале и бореле луѓето за деца, па кога конечно им успеало, да се најде будала да го коментира тоа, треба да го истресат од гаќи. Жената не ја знам, ама од слики изгледа прекрасно, има супер работа и сопруг, и тие деца ќе имаат и добро воспитување и убаво образование. Тие сељачки забелешки „Ко баба/дедо да му е родителот“ заслужуваат посебен вид шамари, од оние наопаку. Постојат и луѓе што се помлади, па не ги галел животот, и на 30 веќе изгледаат ко на 50, па ајде додатно да им го загорчиме животот со простачки коментари. За жал, постои раја што од мали се убедувани дека целта на постоењето е да оставиш потомство и толку. Сите други работи им се пролазни... ама да не се оплодиш до 25 - катастрофа! Знам дека нелагодно си се осетила, ама сметај дека ако не ти најдел забелешка за тоа, ќе ти најдел за друго. Таквите експерти си постојат за да коментираат туѓи животи оти за нивните нема многу што да се каже.