Во оваа тема може да ги споделуваме нашите потрошени шминки и конечни впечатоци за нив. Јас во 2024 потрошив 10 производи. 1.Овој прајмер беше добар, веднаш се впиваше во кожата и убаво легнуваше под пудра. 2. Фармаси цц кремата. Не знам по кој пат ја трошам кремава. Нешто најпрекрасно. 3. Коректоров е нешто предобро, составот е одличен. Проблем се само нијансите бидејќи има само 4 нијанси. Штета што повеќе го нема кај нас. 4. Коректоров на Катрис не би го земала повеќе за под очи, бидејќи ми е многу сув. За прекривање на неправилности на лицето е супер. 5. Коректоров на Аура ми е супер лесен е и не влегува под линиите на очите. 6. Предобра убаво сетира и нијансата е одлична. 7. Најдобрата маскара на моите трепки, убаво ги издолжува и воопшто не се пресликува. 8. Нијансата на овој кармин е многу убава, но ми смета тоа што е мат и ги изразува линиите на устата. 9. Есенс сјаевите ми се одлични, преубаво изгледаат и хидрираат. 10. Сјаевите на Голден роуз ми се добри само што се полепливи од Есенс. Имаат добри нијанси.
И јас ги имам сјаевите на Есенс одлични се. Редовно ги купувам и ги трошам. Катрис камуфлаж е катастрофа за под очи го купив и го фрлив.