1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Потрошливи (The Expendables 1 2 3)

Дискусија во 'Филмови' започната од Jule.Sk, 11 август 2014.

  1. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Kој го гледал првиот и вториот дел од филмов мислам дека знаат за што зборувам и дека вреди да се има тема :)
    Jас сум голем љубител на акција а сметам дека и останатите кои уживаат во овој жанр веќе го гледале 1 и 2 дел но тие што не го погледнале без разлика дали сте љубители на акција хорор фантазија или што и да е топло ви го препорачувам :)
    Cлободно може да дискутираме на оваа тема без разлика за кој дел станува збор,за сцени за актери,што ви се допаѓа што не,дали би промениле нешто и сл. патем да се надополнам да не ги збунам тие што не го гледале филмов дека првиот дел е излезен 2010,вториот 2012 и третиот треба во кината да излезе сега 15ти август но ова е датата за во UK и USA така да за кај нас мислам дека малку ке почекаме за премиерата :)
    Еве мал дел за некои како потсетник а за некои да ги заинтересирам да го погледнете барем трејлерот.

    Режија: Силвестер Сталоне
    Улоги: Силвестер Сталоне, Брус Вилис, Арнолд Шварценегер, Долф Лундгрен, Ерик Робертс,Џет Ли,Џејсон Стејтам,Весли Снајпс.
    Еден тим платеници добива задача да оди на еден остров во Латинска Америка за да убие еден генерал што таму формирал сопствена власт и еден поранешен агент за ЦИА којшто се здружил со генералот за да ја задржат целата нарко операција за себе.
    http://www.youtube.com/watch?v=C6RU5y2fU6s

    2дел.Овде се појавува Чак Норис во еден дел а сцената е доста смешна :D
    http://www.youtube.com/watch?v=ip_CYHdyUBs

    3дел за мене ќе е нешто невидено до сега.Овде им се приклучуваат и Антонио Бандерас,Мел Гибсон и уште неколкумина кои нема да ви ги откријам,досега нема филм во кој волку познати имиња се споменуваат :) Погледнете сами
    http://www.youtube.com/watch?v=4xD0junWlFc
    п.с Cталоне како актер мислам дека сите го знаеме колку е само добар во она што го прави но како режисер мислам дека е уште подобар
    п.п.с дијалогот е 10/10 според мене знае на моменти да ве насмее и тоа како така,за Cталоне секоја чест :clap: :bow:
     
  2. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Јас ги имам гледано и првиот и вториот дел и бев воодушевена од филмот. Ми беше многу интересен затоа што сакам акција и Силвестер ми е омилен глумец, а исто и Џејсон го сакам како глумец.
    Првиот дел лично на почетокот ми беше малку досаден, потоа кога почна акцијата ми стана интересен, вториот дел повеќе ми се допадна од првиот.
    И со душа чекам да го изгледам и третиот кога ќе испадне.
     
    На Jule.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    :inlove: да те информирам дека го има и третиот дел само што го изгледав.Hе знам како одма го пуштија уште се чудам ама предобар е.Mожеш да го гледаш на кинотека.Позз :*
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не е којзнае што серијалов :D, онака една оценка погоре поради харизмата на ѕвездите, знаат да извадат добар хумор и акциони сцени одвреме-навреме.
    Им фалат Џеки Чен и Стивен Сигал. Штета што вториов отфрлил секаква можност да се придружи.