По стапките на родителот. Да или не ?

Дискусија во 'Дете' започната од pupi.girl, 7 декември 2015.

  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.803
    Пол:
    Женски
    Темата ја создавам со цел да прочитам различни мислења во врска со следното, што мислите вие колку родителите влијаат на изборот на кариера на детето и дали децата се чувствуваат приморани да го одберат истиот факултет како родителот. Ете конкретно дете на доктори, не мора да значи дека ќе се запише на медицински факултет, но премногу пати тоа е како семејна традиција. Што мислите дали детето навистина сака или се чувствува приморано, со цел да не ги разочара родителите. Ова може да биде и за економист, ветеринар и сл.
    Дали вие би го советувале вашето дете да оди на ист факултет како вашиот, ако да или не зошто ?
    Ако има ваква тема избришете ја :)
     
    На cresa-jagoda и snegulkata им се допаѓа ова.
  2. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    45.417
    Пол:
    Женски
    Многу убава тема која ја среќаваме во секојдневието.
    Конкретно за мене,тргнав по стапките на мајка ми,но не работам тоа што го завршив.Животот поинаку ми ги нареди коцките.
    Желбата за тоа што го завршив ми беше од многу мали нозе,без разлика што е иста со професијата на мајка ми.Знаев што сакам да бидам и љубовта кон професијата сеуште постои.
    На моите деца не би им наметнувала свои желби и амбиции,остварена сум на тоа поле и немам зошто преку нив да се себереализирам.
    Би им помогнала секако дококлу имаат дилеми,да ги насочам,но секако без наметнување.

    Обично во тие години кога се бира идната професија многу од децата не знаат што сакаат,па родителите би требало да помогнат во насочување,да препознаат квалитет кај детето,но не и да се наметнуваат со она што мислат дека е најдобро за нивното дете.(иако секој родител го сака најдоброто за своето дете,несвесно го наметнува своето мислење и желба).
    Доколку родителот е успешен,детето пред себе има модел што сака да биде.И затоа тоа е така,изборот на иста или слична професија со родителот.
    Ќерка ми иако е сеуште многу мала,знае што сака да биде-како мама.
    Ниту сум ја фосирала,ниту зборела,туку е зрела за годините и знае што сака.Има и др.афинитети и талент кој го негуваме,со времето може и да го смени мислењето.

    Со син ми е сосема друго.Ниту знае,ниту се замара што сака да биде.Како татко му сака,тоа го знае,иако не може да разбере што се носи неговата професија.Со тек на време сигурно ќе си го најде својот пат.

    Тоа е задача на секој родител,да го извади детето на прав пат.Но,многу пати несвесно се прават грешки,кои понатаму резултираат со фрустрации и неисполнетост.
    Многу е осетлива темава и треба многу внимание и пред се слушање на желбите и потребите на децата.
     
    На tina-63, Mayyya, eloves и 5 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    10.896
    Допаѓања:
    280.298
    Зошто да не ?
    Ако родителот е успешен во кариера и живот, зошто да не го канализира детето да оди по негови стапки ?
    Не по секоја цена, нели, ако детето не се осеќа ,,комотно,, во бел мантил (на пример), со сила убавина не бидува.
    Но ако има склоности како и родителот, тогаш сум ЗА.
     
    На cresa-jagoda и VladeMila им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.760
    Допаѓања:
    133.737
    Пол:
    Женски
    Јас лично не би сакала да се мешам во изборот на моето дете. Верувам дека ќе биде способен самиот да одлучи кога ќе дојде до тоа. Најбитно ми е да се пронаоѓа во тоа што ќе го избере и да биде одличен во истото, па макар бил и земјоделец.

    Наметнат избор по секоја цена не значи и среќна и успешна иднина. Совет како совет секогаш е добредојден, со валидни аргументи за (или против), ама притисок и наметнат избор не. Среќата на детето е најбитна, па сигурно не би бил среќен ако студира она што сакам јас, а не тој. Не ми е целта да си ги остварам моите соништа преку детето, затоа што тоа има право на свои сопствени соништа и желби, со можности да си ги исполни самиот.

    Во мојот случај, одбрав професија која што ја нема во моето семејство, немав кого да наследам, ама сепак имав љубов за ова што го работам, и уште ја имам. Моите, конкретно мајка ми, се обидуваа да ме премислат да одберам нешто полесно за мене, поради тоа што сум женско. Ама јас бев поупорна и терав по свое, иако знам да се замислам зошто не сум ја послушала мајка ми и не студирав она што таа ме советуваше. Ама не се каам за мојата одлука, затоа што на крајот на денот сум задоволна со она што сум. Истото го сакам и за син ми.

    EDIT: да додадам, ако детето го наследи родителот кој е признат, познат и успешен во својата професија, може да има преголеми очекувања дека ќе го достигне и надмине родителот. Тоа може да води до создавање на преголем притисок и разочарување ако не биде барем подеднакво успешен.
     
    На Црвче, Victorian, Lella и 10 други им се допаѓа ова.
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Мајка ми уште не може да преболи што јас не тргнав по стапките на татко ми. До ден денес ми кажува колку ќе ми било полесно на факултет зашто тој ќе ми помагал, колку полесно ќе сум го научила „занаетот”, колку полесно ќе ми било после и за вработување и колку колеги на татко ми имаат деца што ја завршиле истата струка. Милион пати сум и' објаснила дека јас не се гледам себеси во болница, дека не ја сакам таа работа, дека ми е мачно кога треба да преглед да отидам, а не пак таа атмосфера да ми биде секојдневие. Не е секој за работа со болни, мене психички ќе ме убие. Што е најтрагично, јас ја одбрав професијата на мајка ми, ама очигледно тоа ич не и' направи мерак :D
    Разбирам дека секој родител сака да му помогне на детето што е можно повеќе, сака да го насочи и да му олесни, знам дека здравје и јас ќе бидам таква кон моите деца. Ама ако гледате дека детето нема желба за нешто, не се гледа во таа професија, не го терајте со сила. Можеби во него лежи дарба за нешто сосема друго, во кое ќе се пронајде и ќе го учи со мерак. Јас досега сум имала само неколку предмети што не сум ги сакала, и знам со колкава одбивност сум ги учела. Ми доаѓало желба да ги запалам скриптите! А не па цел факултет така да го учам, не можам да замислам :shake: Уште помалку тоа цел живот да го работам.
     
    На Оленка*, Црвче, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  6. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.660
    Допаѓања:
    24.436
    Познавам многу такви примери, татко лекар- син лекар, мајка сметководител- ќерка сметководител, мајка фризерка - ќерка фризерка...
    Причина поради кои децата тргнуваат по стапките на родителите не мислам дека секогаш е притисок на родителите врз детето Како причини можат да бидат пр. се развила љубов кон истата професија како резултат на блискот контакт со луѓе (родителот) кои го работат тоа, таа професија е поперспективна и родителот ќе помогне за напредувањето на детето, ќе се продолжи семејната традиција и сл.
    Ќе си кажам лично за мене. И покрај негодувањето на моите родители јас успешно завршив факултет кој не беше одобрен од моите. Од страт ме предомислуваа дека треба да тргнам по нивните стапки бидејќи само во таа бранша ќе знаат и можат да ме помогнат и вработат. Терав по мое, но испадна по нивно.
    После факултетот продолжив да ја работам професијата на мајка ми, и сфатив дека мајка ми добро проценила, јас сум створена за таа работа.

    Во денешно време при одлуката на обрзованието и идната професија не е важно што сакаш да работиш, туку каде ќе успееш да се вработиш. Ако родителите го пробиле патот во одредена професија, терајте по тој пат и бидете среќни што некој пред вас ви отворил пат.
    Инаку рака подавам на личности кои сами успеале и се воделе од своите интереси а не по стапките на родителите.
    Во иднина, кога моето дете ќе порасне ако мојата професија е перспективна би настојувала да тргне по моите стапки или по татко и... се разбира не по секоја цена... но потајно се надевам дека ќе се развие љубов и интерес, и белки нема да е тврдоглава како мене па да се запише на др. факултет како јас што им направив на моите родители.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    48.924
    Пол:
    Женски
    Има такви примери, во некои случаи децата се исто така успешни како и родителите но има и случаи кога не се, кога подобро би било да се занимаваат со нешто друго наместо да ја продолжуваат семејната традиција кога не се добри во тоа што го работат. Немам ништо против таа семејна традиција но само ако сите се добри, како што погоре напишав. Кај мене секој тргнал по различен пат а така ќе биде и со семејството кое јас ќе го создадам.
     
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    3.739
    Допаѓања:
    23.449
    Немам ништо пртоив за тоа некое дете да ја има истата професија на родителот. Но ако некое дете ја засака професијата на родителот, и сака да биде истото, не мора да значи дека тоа дете утре ќе успее благодарение на тоа што мајка му или татко му ја иам истата професија, за разлика од некој друг пак, чии родители имаат друга професија. Сакам да кажам, во ред е да бидеш истата професија, но сам да се трудиш, без помош од родителите, ако встински ја сакаш професијата, а не да сметаш дека така ќе си поминеш дека мама и тато се на пример доктори, па ај некако ќе те бутнат таму да бидеш доктор и ти, преку врски нели.
    Моите немаат допирна точка со медицина, хемија, а мене тоа ме интересира. Некои луѓе, кога им велам дека сакам да станам доктор, ми викаат - Е не е тоа туку така доктор да станеш, за тоа треба да имаш нешто родител, роднина доктор, па за да ти биде полесно и да се пробиеш. Се нервирам кога слушам така. Демек сам не може човек да успее. Како да некои деца само треба да сметаат на родителите, а не на својот труд. Но искрено да признаам, до негде се и во право. Колку само се злоуотребува, најлошо е кога тоа се прави во медицината. Се вработуваат секакви, со врски, заради кои луѓе умираат, оние со вистински квалитети, кои си ја сакаат вистински професијата, само талкаат
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  9. izi_1986

    izi_1986 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    и јас мислам дека љубовта кон професијата на родителите кај децата се развива поради блискоста со лице од областа. На пример, ако мајката зборува дека секој ден спасува животи, конкретно за докторите, можно е и детето да посака да го прави истото некој ден. НО, има родители кои вистински ги притискаат децата да ги следат нивните постапки спротивно на нивната волја, што е погрешно. една личност никогаш нема да биде успешна и професионална во работата ако не ја работи со љубов.
     
  10. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.971
    Пол:
    Женски
    Добра тема. Јас на пример цел живот мислев декс ќе бидам докторка ( од како памтам за себе сите игри, играчки , занимации и маскирања ми биле во таа насока). Но пред да се запишам во средно татко ми ме седна и ми објасни на пореален начин што значи да бидеш доктор. На пример јас плачев за се, крв не можев ни капка да видам и сл. Меѓу другото никогаш не ме форсирал да одам по неговите стапки ( имаше благородна професија). Се сеќавам на зборовите: што е тоа што би можела да го правиш по цел ден а да не ти здосади?
    И така си ја одбрав професијата која и ден денес ја работам, значи со кејф одам на работа, докторатот ми е при крај а на истиот начин би разговарала и со моите деца.
    Во околината гледам безброј примери каде родителите инсистираат децата да одат по нивните стапки ама ако некој нема кејф или едноставно не го бива- промашена работа.
     
    На Оленка*, Lella, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.626
    Допаѓања:
    108.226
    Јас кога би била родител, дури и да имам сопствен бизинис, радо тој бизнис би го остала на некој кој знам дека ќе го работи, ќе го унапреди, ама во никој случај нема да го приморам моето дете да учи нешто шо не му е по ќеф, да биди приморано.
    Ќе тргнам од себе, јас предметите кои не ме влечат едноставно не ги учам. Немам волја и ги избегнувам максимално што можам, а камоли да одев на факултет кој не ми е во интерес, никогаш не би завршила. Неќам мое дете да осудам на такво нешто.
    Во случај детето да ја сака професијата на родителот, како родител би се чувстувала должна да му објаснам некои работи, да му помогнам, ама да го приморам доколку неќи - не и не. Зошто знам како би се чувствувала јас зошто и кога бирав средно (бев стручно средно) и факултет бев под константен притисок за тоа што и како да изберам и на крај избрав тоа што мене ми беше по ќеф зошто ако јас учев нешто шо неќам, јас ни средно би завршила, а веќе за факултет да не збораме.
     
  12. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.554
    Допаѓања:
    12.409
    Пол:
    Женски
    Јас ја одбрав професијата на татко ми. Реално, кога се запишав, се запишав ради реда. Сакав на друг факултет, имав други соништа, ама таа година го немаше смерот на кој што планирав да аплицирам. Си реков, ајде во меѓувреме, ќе го запишам факултетот, па следната година ќе го ставам во мирување и ќе си го завршам она што го сакам.
    Но, во текот на таа прва година се сменија работите. Многу ми стана интересно, го засакав она што се учи (претходно човек не ни може да замисли како изгледаат студиите), и решив да си продолжам со студиите.
    Никогаш не гледам на одлуката со каење. Професијата си ја обожавам.

    Притисок немав од моите родители, имав само насочувања, да се свртам околу мене, да ги отворам очите, да бидам реална каде живеам, и да одберам мудро нешто што ќе го сакам ама што ќе е и профитабилно.

    Во иднина истото планирам да го направам - да го насочам детето, да му го кажам моето размислување, но што и да одлучи ќе ја има мојата несебична поддршка. И јас и сопругот сме со иста професија, но ни најмалку нема да очекувам дека треба да биде семејна традиција. Не секој ги сонува истите соништа. А се знае, во работата мора да има мала доза на љубов, инаку не бива...
     
    На eatpraylove90 и Annath им се допаѓа ова.
  13. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    23.965
    Јас пак, се запишав на факултет што буквално беше непознат поим за мене. Едноставно немав друг избор. Го завршив успешно, студиите ми беа доста интересни. Се здобив и со лиценца за таа работа со дополнителни испити. Но, воопшто не се пронаоѓам во таа работа никогаш не сум ја работела. По неколку години запишав конечно тоа што сакам да го учам и да го работам. Се надевам дека желбата ќе ми се исполни и покрај ситуацијата во која се наоѓам.
    Во врска со моите деца...исто како и другите, не би им се мешала во изборот и желбите. Само би направила сѐ за да им овозможам да одат по патот по кои тие сакаат.
     
    На crimson, Bojana.20, LUCERKA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    5.044
    Пол:
    Женски
    Ова е индивидуално. Има деца кои ја засакале професијата на родителите и сами го избираат истиот или некоја друга гранка, но од истата наука.
    Има и други ситуации каде родителите ги приморуваат децата да запишат некој факултет без разлика дали тие го учеле тој или едноставно го сметаат за перспективен.
    Јас моето дете не би го терала да го запише мојот факултет, зошто сметам дека и учењето, а и понатаму работата во таа област би била многу напорна, досадна и работа без желба.
     
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.660
    Допаѓања:
    252.016
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би сакала да се занимаваат со медицина како мене.Сакам да бидат креативни,флексибилни во работата,да можат она што внатрешно го осеќаат да го преточат во нешто убаво и корисно истовремено.Кога јас би се прашувала(а знам дека нема да ме прашат) идеално би било да се занимаваат со мода,музика,уметност или спорт.
    Несакам да тргнат по моите стапки.Ке преживуват мн трауматични моменти,ке бидат дел од нечии трагедии,самата раб бара посветеност мн,дежурства,отсуства од дома итн.
    Јас ја послушав мајка ми,т.с се занимавам со она што она сакаше и она што она беше.Незнам дали се каам вистински но имало моменти кога после лош раб ден ке и се јавев плачејки и ке го проколнував денот кога ја послушав.
    Најбитно од се ми е да се пронајдат себеси во она што го работат и да бидат среќни.
     
    На Оленка*, crazylady, leona83 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    124.052
    Јас сакав да бидам доктор. Купив книги за спремање за приемен, се мислев помеѓу фарамација единствено.
    Ме седна татко ми и ме разубеди дека цел живот ќе учам, па дежурства, едноставно професијата е таква и бара максимална посветеност, немаш многу време за фамилија.
    И го послушав.
    Во право е, избрав да студирам сосема друго. На почетокот неможев да прифатам, потоа почнав да го засакувам факултетот. Но и ден денес се каам зошто не станав доктор. Знам дека ќе бев добар доктор, премногу ја сакам професијата. И мака ми е. Тоа е едно од нештата за кое неможам да си простам на себе што погрешив во изборот.
    Во однос на детето, нема да го притискам, но ако јас направам добра кариера, изградам име во мојата бранша секако ќе го советувам да избере професија како мене затоа што ете полесно би ми било некој од родителите мои да работи како адвокат на пример. Мои колеги се доста успешни во канцелариите на своите родители, додека јас се мачам со работа и работни места.
    Ама ако не сака нема да притискам. Дури и сама велам нека учи било што само не како мене, освен како што спомнав, ако јас успеам да створам нешто што би му помогнало и нему.
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eatpraylove90

    eatpraylove90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    856
    Пол:
    Женски
    Jas ne trgnav po stapkite na moite (medicina) bas od pricina sto izrasnav so baba mi zatoa sto postojano bea na rabota...Tatko mi e stomatolog i skoro sekogas bese na pat, seminari...Ja mrazev nivnata rabota i si se nasociv kon pravnite nauki :) Neznam dali cel zivot bi rabotela toa sto go rabotam zatoa sto sum premnogu temperamentna za da sedam vo kancelarija megju 4 zida, no baren znam nasokata si ja odbrav sama so celosna poddrska od moite :)
    Taka ke bide i so moite deca, ke ucat toa sto sakaat, a za svojot izbor ke ja imaat mojata doverba ali mm uste sea mu zbori na sin mi za negoviot biznis (toj trgna po stapkite na tatko mu t.s ja prezede firmata i presreken e, znam deka nemoze da se zamisli da raboti nesto dr.) i mislam deka ke vlijae na nego bidejki e maska rabota i uziva vo svojata rabota :D
    Poznavam mnogu deca sto trgnaa po stapkite na svoite roditeli no neznam bas dali toa e sekogas loso (makar i nametnato) zatoa sto dokolku se zasaka taa profesija toa e ispolnetost i mnogu vrati im se otvoreni. Kako i da mislam deka sekoj treba da odluci koj, sto ke bide vo zivotot, a nie roditelite treba da sme podrska i sekogas zad svoite deca :inlove:
     
    На Оленка*, joy1 и leona83 им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.683
    Допаѓања:
    103.013
    За жал вистинска реткост е она кое што го работел родителот, да го сака од срце и детето кое ја наследува професијата.
    Преретко.
    Други се причините зошто го избрале тоа како правец.
    А од друга страна, мојата генерација израсна со апсолутно некреативни, закоравени и ригитни родители кои не го развиваа креативниот потенцијал на децата. А образованието уште повеќе такво и уште повеќе ги дотепа. Така што децата не ни имаа идеја што навистина сакаа да бидат кога ќе пораснат, туку по инерција професијата на едниот родител.
    Во секој случај, тоа е тажната вистина.
    Убедени родители, неборбени и некреативни деца...
    Горе-доле затоа и е толкава стапката на невработеност во Македонија.
    Се се гледа низ призма на пари, а не на потенцијал и љубов. И никој ништо не сака да работи.

    Не за џабе е речено - првата професија ја бираш за мајка ти, втората за татко ти (и обратно), а тек третата за себе си.

    П.С. А знам и такви кои бираа факултет затоа што нивните имаа врски и немаше врска со професиите на родителите.
    За жал, се работи за медицина. И еве истите тие подпросечни, се избуткаа да завршат. Има луѓе со години чекаат да волонтираат по клиники, нема место, а тие веќе и волонтираат, па дури и на клиниката на која сакаат да специјализираат...
     
    На Оленка* и Kaetana им се допаѓа ова.
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl Caffeine addict ☕ Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    11.147
    Допаѓања:
    123.931
    Пол:
    Женски
    Па да, јас тргнав по стапките на мајка ми. Она учела фармација, се запишав и јас фармација. Не дека она ме тераше туку често од мала ја гледав како го работи тоа и едноставно си створив слика дека сакам и јас тоа да го работам еден ден. :D Ептен ми се допаѓа струкава, ич не се каам што ја избрав си учам редовно, не ми е тешко, бидејќи сакам да го учам ова. :)
    Кога ќе бидам родител би сакала и моите деца да учат фармација, според мене исплатлива професија е, а и убава ама не би ги терала, сепак секој си одлучува за својот живот.