По 9 години заедно ми кажа дека не ме сака

Дискусија во 'Разделби' започната од Donna96, 13 февруари 2017.

  1. Donna96

    Donna96 Нов член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Zdravo imam decko zaedno sme okolu 9 godini, na pocetokot bese se ubavo se sovrseno rastevme zaedno se gradevme kako licnosti zaedno pred mesec dena se verivme i toj stana sosem druga licnost duri nitu jas ne mozam da go prepoznam. Pred oci mi kaza deka ne me saka mi se srusi svetot me izbegnuva negovite znaat se borat ovaaa vrska da uspeee treba svadba da napravime mi treba vas sovet bidejki neznam neznam ni dali sakam ili dali nemozam zivot bez nego cel zivot si go zamisluvav so nego prv decko mi e i uste od mnogu odamna imav planovi so nego navistina mi e preeeemnooogu tesko, mi vikaat vreme cekaj moze period mu e a jasss ne znam dali treba da go ostavam da ne mu se javuvam da ne mu se pojavat pred oci ili seto toa treba da go napravam, mi go srusi celiot svet nemam volja nitu duri da ziveam neznam sto treba da napravaam cekam cekam i cekaamm noo nisto mesec dena nistooo pred na se verime bese se ok edna nedela po veridbata toj totalno se smeni :/ Samiot toj mi vika ke me zaboravis ke pomine vremeee moze ke si najdesss nekojjj ubavo ke ti bide od kaj znaes moze ti ke bides srekjna a jas nesreken ohhh mi vika zaboravi meee edno nauciv od toa da probam da go zaboravam ne mozam poveke go sakam go mislam i sekundata koja ne go mislev ocajna sum mi treba sovet nikogas vo zivotot ne se osekjav taka neznam dali vredi za nego da se boram a i neznam dali bez nego ke mozam da preziveam
    Vi blagodaram odnapred <3
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    9.951
    Допаѓања:
    55.776
    Пол:
    Женски
    Подобро е да раскинете отколку да го поминеш животот со некој што не те сака. Пред очи имам еден таков пример, немој од животот пекол да си правиш. Тешко е но ќе помине и после тоа подобро ќе ти биде, ќе си најдеш некој друг. Со форсирање врска или брак не бива.
     
    На Trxmx, Nausicaa, larrachi и 20 други им се допаѓа ова.
  3. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.982
    Допаѓања:
    102.376
    Пол:
    Женски
    Самиот наслов одма ме побуди да помислам : потаму, среќен му пат!
    И од кога прочитав уште толку добив желба и еве пак пишувам - потаму!
     
    На SexiLy, ADOKI, mareane и 24 други им се допаѓа ова.
  4. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.991
    Допаѓања:
    202.981
    Пол:
    Женски
    Зошто живот со некој кој отворено ти кажал дека не те сака?! Сакај се сама и уживај со некој што те заслужува.
     
    На Nausicaa, sparklie, cresa-jagoda и 22 други им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    20.005
    Допаѓања:
    130.205
    Пол:
    Женски
    Баш затоа што си правите филмови и планови во главата затоа не ја гледате реалноста.
     
    На Anon, mareane, PaLaVa и 11 други им се допаѓа ова.
  6. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    771
    Допаѓања:
    9.555
    И што ако замине, не е единствен маж на планетва. Секое чудо три дена. И јас така мислев, дека ќе умрам без него, ама жива сум и посреќна од било кога. После кога тој ме побара само му се заблагодарив што ме остави за да видам дека заслужувам подобро. Знам дека е лошо, и ти треба храброст и голем инат, зошто сепак во прашање се 9 години, но подобро еднаш засекогаш, него ли секој ден. Остави го и плачи сега за да не плачеш секој ден.;)
     
    На mareane, Nausicaa, sparklie и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    4.353
    Допаѓања:
    70.929
    Пол:
    Женски
    Остави ги соновите и плановите не оди секогаш се како што сме замислувале да биде.
    Цени се најпрво себе и обиди се да застанеш на нозе,колку и да е тешко ти си важна ,сигурно си и млада па продолжи напред без него.Зошто да продолжиш живот на сила со некој кој што не те сака и цени,човекот отворено ти кажал како што е.Колку и да е лошо мислам дека подобро сега отколку после неколку години.
     
    На SV1911, Anon, mareane и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    6.931
    Допаѓања:
    120.054
    Пол:
    Женски
    @Donna96
    Мојата најдобра другарка беше во слична ситуација како тебе, само што она беше во врска 5 години. Целата нивна врска таа ја држеше. Типот беше тотално незаинтересиран и без иницијатива за ништо. Мислеше најде девојка и толку е. Се верија минатата пролет на нејзиниот роденден. После 3 месеци раскинаа. И тоа и е најдобрата одлука што ја донесе во животот. Во тие 5 години тој и раскинуваше неколку пати, таа пак му се смируваше. Јас не можев да ја препознаам, таа не беше онаа цврста девојка која јас ја знаев. Беше тажна и потчинета, целиот живот си го заврза околу него. Мислеше дека нема да може без него, дека не може да сака друг како што го сакаше него. Се тој што ќе и сервираше, она го прифаќаше и бараше начин да го оправда. Ми беше и мака и тешко да ја гледам посебно кога пробуваше да скрие дека нешто не чини. А ја читав како отворен буквар.
    Одвреме навреме, дискретно, индиректно и наговестував некои работи, се додека на крај ептен отворено зборевме. Таа не беше среќна, и двете го знаевме тоа.

    Ама еве ја денеска, друга личност, онаа истата со која пораснав. Заљубена до уши и ценета како личност и како девојка како што во претходната врска ниеднаш не беше. И многу сум среќна што таа е среќна. Некогаш ми е криво што не и зборев повеќе, почесто и пред да дојде до одредени работи. Ама валда се се случува со причина.
    Мило ми е што си ја врати ведрината и насмевката. Знам дека истото би го направила за мене.

    Знам по другарка ми како е да се биде слеп при очи. Тој душо добра, не се сменил преку ноќ, само претходно не си сакала да видиш одредени работи.
    Никогаш не е доцна. Немој слепо да се држиш до нешто што не те прави среќна и плус ти кажува дека ти не го правиш него среќен. Немој да форсираш нешто што не оди. Колку порано пуштиш, толку побрзо ќе си ја најдеш твојата среќа.
     
    На mace1, SV1911, crazylady и 38 други им се допаѓа ова.
  9. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.923
    Допаѓања:
    41.536
    Пол:
    Женски
    Ти кажал дека веќе не те сака, свесно те гура од себе. Немој да си дозволиш цел живот да плачеш, да си го уништиш животот. Можеби ќе се смени, ама од кај знаеш може пак да ти прави така. Подобро заврши на време додека да биде касно, некое време ќе ти биде тешко, но се поминува ќе најдеш некој по добар. Не си го уништувај животот.
     
    На Ognen4e, cresa-jagoda, Cinderfakinrella и 3 други им се допаѓа ова.
  10. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.827
    Допаѓања:
    5.415
    Драга, доколку не си бремена не е касно за разделба. Минав низ тоа-односно кога требасе да се вериме две недели пред тоа ми вели не сме еден за друг се исплаши ваљда, не се грижи од гимназија заедно,факултет и тој не ме сакал,сега ме бара не можелл со друга нека помоли зашо ја го плачев од 62 во рок од 3 дена на 48 кг паднав,плачење секој ден и секако среќа не му ѕвонев кога душава ми сакаше. ете го сега тој сака да се смириме а пред то пред другарите ми вели си остарела си се збрчкала, во очи немаше сила да ми каже кра па тоа го направи преку фб и пред тоа се смени многу не ме познава ко товар да му бев :/ а и ден денес го сакам ете една година мина :/ си мислам дека од деца заедно и не одеше со други и не знаеше како да ми раскини ,а не саакаше да изневерува ако не е лажел добро.. се случи тоа и потоа го видов со друга срцево парчиња и така не е сега со нејзе а не е ни со мене. Може и затоа простор бара некако. А кога прашав што ти е,зп си ваков итн молчи ко да голтнал јазик. Ете јануари сите другари се испоженија еден и бебенце има остана он и само еден другар фрее. И ќе ме бара епа да,ама многу го сакам а ме понижуваше пред другарите како како да се вратам со него :/

    Разделете се, е мој совет не му кревај не му ѕвони. Нека осети што е изгубил.
    Причина ти кажа зш се сменил?
     
    На ADOKI, Donna96 и Abeja им се допаѓа ова.
  11. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    1.881
    Пол:
    Женски
    Тој сам ти кажал дека не те сака. Ако се земите каков живот ќе имаш ти и твоите деца со маж кој не те сака. Во иднина може ќе си најде друга и ќе и обрнува внимание многу повеќе неа отколку тебе и на вашите деца. Раскинете сега дури работата не е замината во една тешка и безизлезна ситуација понатаму може само да ти биде потешко. 9 години не се малку но подобро 9 години залудно поминати отколку цел живот да си со некој кој не те сака. Болката ќе помине и ќе најдеш некој кој навистина ќе те сака и почитува. На сила неможеш да добиеш љубов од никој. Мој совет прекинете ја врската и свршувачката додека не е прекасно и додека животот не ти се уништил од погрешна личност...
     
    На cresa-jagoda и Cinderfakinrella им се допаѓа ова.
  12. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.888
    А тој уствари уште не созреал за брак и сега наеднаш верени, ту мач му е, а не па брак. Како и да е, во секој случај, мало дете не ти треба во животот :D И не плачи, што се нервираш за таква будала? Млада, здрава, права, ќе си најдеш некој што вистински ќе те сака, а до тогаш, уживај си во животот :f:
    :d::drunk:
     
    На Someonespecial, cresa-jagoda, Donna96 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    9.961
    Допаѓања:
    147.853
    Пол:
    Женски

    И јас ова еднаш го кажав ..
    Кога срцето ми плачеше а јас бев очајна и сама ..
    Многу ми значеше и не сакав да го повредам.. сакав да е со мене но не на начин на кој што тој сакаше..
    Јас сакав без сериозни обврски а тој...тој си имаше други желби во животот..
    За негово добро, во секоја прилика му велев дека треба да си најде личност со исти желби за иднината, дека јас не сум доволно добра за него итн итн ..
    Јас се плашев од обврски (и сеуште е така) .. а тој имаше живот пред себе..
    Сега е среќен :) :l:

    Разговарај со него и по 100ти пат ако треба, дали воопшто не чувствува љубов или е само преплашен од тоа што следи .. Бракот знае да биде застрашувачки .. Самите обврски што произлегуваат..
    9 год не се фрлаат лесно во вода.
    Но ако заклучите дека немате иднина, продолжи понатаму.
    Животот е премногу краток за да го минеш во жалење..
     
    На ADOKI, cresa-jagoda, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  14. kikicat

    kikicat Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Преболи го со време додека не е доцна. Со сила убавина не бидува. Верувај дека ова не е период, човек на кој вистински му значиш никогаш не би изговорил такви зборови. Ќе ти биде тешко но верувај дека чуствата избледуваат со тек на време и еден ден ќе бидеш среќна што си ја донела правилната одлука кога ќе сретнеш некој кој многу повеќе те цени. Нема да биде лесно знам, долго сте биле заедно но сепак подобро да ставиш крај сега.
     
  15. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    417
    Пол:
    Женски
    Охх, 9 години испаѓа за ѓабе труд.. Ама чим не те сака, со сила ништо неможеш. Можда ќе тераш месеци, година, две, ама не и цел живот. Убаво ти кажа ќе си најдеш некој друг и можда ќе си среќна а тој несреќен. Си потрошила 9 години, ама чим е ваква работата не вреди повеќе ни минута да го трошиш, освен ако причината не е нешто друго освен неговото "несакање". Ипак чим е нагло значи постои некоја причина која го натерала онака да се однесува. Знам една другарка исто така многу одеа, па и ден денес "површински" тераат, и кога ја прашав дали ден денес постои нешто силно меѓу вас, несакав да бидам конкретна, ама не сфати, таа ми рече меѓу нас нема љубов, има само навика..
     
  16. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.095
    одма со осуди кон типот ајдееее навалија
    сметате дека само ради тоа што иделе 9години он треба да ја земе?
    да се ожени сеа со нејзе и цел живот да биде со некоја што не ја сака? или уште полошо да ја остави по некоја година со деца?
    вие би направиле таква жртва?
    најдобро е да се помири со судбината, заеби сонови и се, есапот дома и на пазар не е ист
     
    На Troi, okcenzi, SuperGirl24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    961
    Пол:
    Женски
    Нека си замине , замини си и ти , со кукање и плачење ништо не можиш да смениш . Па лугето се земаат и на 10+ брак се разведуваат па го преживуваат тој период . Ништо страшно
     
    На Bankarkata, cresa-jagoda и koritsaki им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    7.833
    Допаѓања:
    200.145
    Пол:
    Женски
    9 години се навистина многу за да девојката туку така од денес за утре стане индиферентна и нечуствителна према дечкото. Колку и да сака да го откорне од срцето сепак се работи за дел од животот, љубов, пред се навика во нејзиниот живот, спомени и секојдневие.
    Девојче, исплачи се, рикај на сет глас, проколнувај, фрлај предмети но само олесни се малку од малку. После некоја недела е малку подруго, за некој месец сосема подруго, а за некоја година избледнето и оставено зад себе како патоказ, спомен и воздишка за што не треба и треба во животот.
    Не е изгубено време не се секирај, тоа е сепак дел од животот и пред се лекција за подобро утре.

    Глава горе, разговарај и биди со блиски личности, личности што малку ќе те насмеат и орасположат, личности што им значиш, се ќе си дојде на свое место.
    Дечково тебе не те заслужува тоа е фактот. Не бил за тебе, за тебе најверојатно има нешто друго, нешто многу поубаво. ;)
     
    На stejsi2005, zborlesta, Trxmx и 15 други им се допаѓа ова.
  19. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    1.498
    Допаѓања:
    2.051
    Пол:
    Женски
    malku se 9 god da i raskini toj?? ili ubo mu e zenska da ima tolku vreme, ama zena neeeee....tipot ne saka da se vrzi, a taa potrosila decenija so nego. i sigurno ima 30i poveke godini. na taa vozrast nema mn izbor zenskoto, ostanati se samo nekoi nedovetni.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    1.884
    Пол:
    Машки
    Да беше Кина ќе требаше да плаќа на твоето семејство затоа што ти го трошел времето - непишани правила.
    Добро што барем искрено си кажал, наместо да има кавги и тепања.
    Со сила убавина не бидува, за љубов се потребни двајца, тоа е тоа.
     
    На Bankarkata, cresa-jagoda, Victorian и 4 други им се допаѓа ова.