Мислам дека имаш грешка правниот факултет е во Кичево на кој сум запишана а не Кочани и дисперзирани студии има во Битола и Струга и се разбира правнот во Скопје за Кочани прв пат слушам
Не е грешка. Има правен факултет во Кочани при УГД. Ама од оваа година ќе биде преместен во Штип, а во Кочани ќе биде економскиот што моментално се наоѓа во Штип. Се уште ништо не се знае. Дури откако ќе почне со работа ќе се знае за сигурно што и каде ќе има.
Можеби прв пат слушам кај нас само го знам правниот во Скопје и во Кичево и дисперзирани студии во Битола и Струга,не сум слушнала овај факултет некој да го спомне или да има некоја заинтересираност ама еве под другиот универзитет бил...
Јас сум запишана на овој факултет ама дисперзирани студии во Штип, и искрено да ти кажам од организацијата на факултетот не сум воопшто задоволна ( секогаш се во последен момент се случува, за соопштенија, резултати и сл.), а за професорите секој различно, сега зависи, јесте дека има мн материјал за учење и се, но доколку се учи на време се е во ред
Јас се запишав на правен факултет при УГД,сега треба да изберам за прв семестар изборни предмети 2 од можни 4 помагајте правници што е најдобро да изберам? 1. историја на право 2.основи на економија 3.граѓанско општество 4.правосуден систем на РМ
вчера се запишав на правниот факултет во штип,и ми кажаа дека сега бил во кампус 2,не во кампус 4 дали некој има некоја информација