Дали знае некој од вас да направи шпага феминки? Машка или женска, било каква и доколку некој знае да ми каже, да ми пушти некои вежби за да ми помогне да се научам да правам шпага. 13 годишна возраст не е касно да се научи шпага нели? Можам да казам дека сум доволно еластична, правам мост,колут напред, колут назад, стој на раце, свеќа, на јарец... Но сакам да научам да правам шпага
Да се разгибаш за шпага можеш во било кој период во животот, нормално, колку си постар толку потешко и поспоро оди овој процес. Сигурно сте се растегнувале на физичко: седни на земја со раширени нозе, спуштај се прво кон едната нога и задржи се неколку секунди, па кон другата. На крај во средина помеѓу нозете. И обавезно пробувај да направиш шпага онолку колку можеш и задржи се во таа позиција неколку секунди. И секој ден ќе зголемуваш повеќе, и времетраење и повеќе ќе се буткаш на напред. Јас прв пат на 15 ја правев, потоа на 22год, па на 27. Сето тоа зависи колку си физички активна и се истегнуваш редовно.
Зa дa се нaпрaaви шпaгa требa дoбрo истегнувaње, зaгревaње. Јaс oдев нa бaлет и ги мoжaм двете. Вежбaвме пo 40 мин. Прoбaвме дa нaпрaвиме шпaгa -пoчетниците и уште пoлa сaaт вежбaвме песнa штo ни беше зa нaстaп. Пoлеснo е женскa пa мaшкa шпaгa. Ајде пoсле ќе стaвaм oд тoa кaкo сум вежбaлa.. А дaли е тoчнo тoa декa oд шпaгa се кинел хименoт незнaм. Кoгa сме кaј шпaгaтa дa ги спoменaм и тие глaсини.
Јас ја знам женската шпага и шпага во воздух .. не се гледа многу добро но еве Сама си ги вежбав за да ги научам.. не су одела ниту на балет ниту никаде.
Јас ја можам само женската шпага, сега работам и на машката но таа е потешка и треба многу повеке време за неа...Како и да е требаат месеци со вежби за растегнување, упорност и најважно од се-трпение и шпагата ете ти ја!
Прв пат на 27 год. ја направив женската шпага, т.е дури сега..со неколку месечно повремено вежбање кога ќе ми дојдеше мотивација. Значи никогаш не е доцна мислам дека ни како дете не сум ја правела. Би сакала и машка да научам..ама за неа изгледа мало морген )