Православен ден на вљубените - 30-ти Септември

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Black.Beauty, 30 септември 2011.

  1. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    212
    Малку е познато во јавноста дека и православните луѓе си имаат ден кога се слави љубовта, но не само тоа, ние покрај љубовта ја славиме и верата и надежта...30 Септември - Вера, Надеж, Љубов.

    Постојано славиме и прославуваме традиција на друга култура која е дијаметрално различна од нашата. Но што има поубаво во туѓото што толку брзо заборавивме на нашата традиција која со векови постоела пред останатите и била пренесувана од нашите предци. Каде е проблемот што многу брзо си ја заборавивме традицијата.

    СИТЕ ЗАЕДНО на 30-ти Септември Вера Надеж и Љубов (според православниот календар) или пак св. Валентин (14ти Февруари според католичкиот) сетете се на луѓето околу вас на своите љубени, посвете им љубов... А и нема ништо лошо ако и 2-пати во годината ја славиме љубовта нели!? :)
    На денешницава многу луѓе го запоставуваат денешниов ден, за жал, па го прославуваат (повеќе) познатиот 14-ти ден во месец Февруари. Што мислите за Денот на вљубените?, кој ден преферирате да го прославите (православниот или католичкиот или пак двата)...и сл?

    Јас ќе го славам вечер денешниов ден со дечко ми...планирам како да го изненадам... :!: :) :inlove:
    Притоа, посакувам среќен ден на вљубените феминки, ве поздравувам сите :) :*


    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG][​IMG]
     
    На Tajnaotrovna, atala, QueenN и 3 други им се допаѓа ова.
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    Штета што повеќето не знаат, а и да знаат не му даваат значење.
    Среќен именден на Нада, Вера, Љубица, Љупчо ако има такви тука и на сите вљубени.Такви знам дека има :D
     
    На QueenN му/ѝ се допаѓа ова.
  3. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    ја прв пат слушам дека 30 е православен ден на Вљубените!!!! Денес е празник на Вера,Надеж и Љубов и Тоа за мене значи празник на љубовта воопшто а не само на вљубените.... празник на надежта и на вербата...Ден на вљубените не славам ни на 14 февруари ниту пак ќе славам сега.
     
    На angelce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    1.879
    Мора да се согласам дека многу луѓе не знаат за денешниов ден. Ова е нашиот празник на љубовта и заљубените, како што е кај католиците 14ти февруари, а нас на 14 февруари ни е празникот на виното, Св. Трифун.
    До сите заљубени, поминете најубаво време денес со вашите сакани. И среќен именден на сите што носат име ВЕРА, НАДА, ЉУБА и ЉУПЧО.
     
  5. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    291
    нека ни е честито празникот на сите што сме вљубени знам за празникот и баш денес кога му честитав на дечко ми се подзачуди ама фино лепо му објаснив...треба да си го славеме денешниот ден побогу не сме католици па да славиме нивни празник
     
  6. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.184
    Си го славам и си го сакам денов зошто е мој ден - Роденден исполнет со верба, надеж и љубов како и секој друг :))))))))))))))))))))))))))))
     
  7. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.778
    Допаѓања:
    10.152
    Пол:
    Женски
    Не ми треба посебна дата да за да покажам дека го сакам. Сеедно ми е дали ќе му дадам нешто на 29ти или 1ви. Глупава традиција. Тој ден ако сака нека биде најромантичен, ама се работи за еден глупав ден. А понатаму?
     
  8. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.875
    Ова е наш празник на вљубените, 14-ти фебруари за мене е Св. Трифун и се прам „Трифуница“ :lol: :angel: (мислам денот е таков нели)...
    Така да честит именден на Вера, Нада Љуба и Софија :)
    И среќен празник на сите тие што го слават на денешен ден празникот на вљубените
     
  9. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    212
    Затоа, покажувајте ги своите чувства и емоции секој ден, не само на ваквите денови кои сепак ја обележуаат љубовта, надежта и верата... :)
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.803
    Пол:
    Женски
    Ајде ќе си знам од сега дека вчера се славел денот на вљубените :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    985
    Интересно. Знаев кој празник е вчера, но не знаев дека се сметал за православен ден на вљубените :)
     
  12. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Знаев дека вчера е Вера, Љубов и Надеж и дека Вера, Љупчо/Љупка и Наде имаат визита, ама прв пат слушам дека бил ден на вљубените. Сите си го славиме Св. Валентин (ако воопшто решиме да прославиме ден на вљубените), а овој ден е ден на вербата, надежта и љубовта и за мене тоа и ќе остане!
     
  13. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    437
    Sekogas znaev deka e pravoslavniot den na ljubovta,togas mi e godisnina so decko mi,bas ubav den !
     
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.705
    Искрено првпат слушам за тоа дека било празник, ама ете од сега ќе знам и ќе го одбележувам денот. :)
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.954
    Пол:
    Женски
    Знам дека е православен ден на вљубените, го почитувам овој празник и искрено се надева дека денов ќе стане поактуелен, бидејќи ние сме си православни.Така да јас 14,02, не го прославувам.
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.996
    Допаѓања:
    2.276
    Пол:
    Женски
    Искрено прв пат од вас слушам.Да знаев јас него ќе си го славев,ај другиот празник ко ќе му дојди :lol: :lol:
     
  17. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    16.816
    Пол:
    Женски
    Ние токму овој ден го избравме за да стапиме во брак.
    Се мислевме дали свадбата да ни биде на 30ти септември или на 8ми октомври, но кога видовме во православен календар дека на 30ти е и овој празник, без многу двоумење одлучивме. ;)
    Баш и попот го спомна тоа на венчавката, дека ние си имаме свој ден на вљубените и тоа е 30ти септемри, а не 14 февруари.
     
    На Rama, atala и Black.Beauty им се допаѓа ова.
  18. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    890
    Пол:
    Женски
    Убав ми е празникот и јас си го славам како празник на Верата,Надежта и Љубовта во сите нејзини видови,а не само како празник на вљубените! :) Инаку,јас ги почитувам и православниот и католичкиот празник на вљубените бидејќи дедо ми од мајкина страна беше Хрват и католик,па така јас ги имам попримено и ги почитувам и двете традиции! :) ;) 8) :* :inlove:
     
  19. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    1.840
    Допаѓања:
    7.577
    Пол:
    Женски
    Убав е празникот, да да.
     
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.606
    Допаѓања:
    48.887
    Пол:
    Женски
    Е тоа е тоа. Оној Валентајн мене ништо не ми значи. Ама македончињава наместо своето да си го сакаат и почитуваат тие прифаќаат нешто што го гледаат од друг дел на светот. И после Македонија не чинела, Балканот не чинел. Не се свесни што имаат. Жално.