1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Православни и католици

Дискусија во 'Религија' започната од Rock-a-Fella, 22 април 2015.

  1. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Колку што јас знам, повеќето Македонци се Православни. Во Албанија се Католици.
    На албански, значи имаш Ortodoks dhe Katolik.

    Но, во Македонскиот јазик се викаат Православни.
    Сега, ако во Исламот има Сунни и Шиа, кои не треба ич да се спомнат, нема поделба таму, или си сунни или не си. Но, штом само Сунни е прифатена кај Алах, и се знае разликата помеѓу тие, сакам да знам која е разликата помеѓу овие две. Најпрвин, верувањето. Бидејќи побарував нешто од Библијата на Албански, и потоа на Англиски, и различни текстови видов, и ме интересираат повеќе разлики. Зошто се вика ПРАВОславна? Зошто е права, а другата не е?
     
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Имав веќе одговорено на оваа тема ( http://forum.femina.mk/threads/Букв...о-врска-со-религија.6828/page-14#post-1829372 ), но ќе го поставам истиот одговор и овде.

    ПЦ - Православна Црква
    РКЦ - Римокатоличка црква

    1. Filioque. Оваа е најголемата ерес која се има проширено во римокатоличката црква. И претставува неканонски додаток на Символот на верата кој е усвоен на Првиот и Вториот Вселенски Собор. Имено оваа измисленица вели дека Светиот Дух излегува и од Отецот и од Синот. Односно дека и Отецот и Синот се извори на Светиот Дух. За разлика од ова, Православните исповедаат дека Светиот Дух излегува само од Отецот. За промената на Символот се разговарало на 8. Вселенски Собор свикан во времето на светиот Фотија Патријарх Константинополски.
    2. Папски примат. Во Православната Црква сите епископи имаат иста власт во својата епархија и единствено се разликуваат по честа која ја имаат поради нивните епархии, старост или времето кое поминало откако се хиротонисани т.е. завладичени. Една “комплетна“ православна помесна црква може да се состои од само еден Епископ и верниот народ(нижи клир, мирјани и монаси) кој е собран околу него. Во краен случај за помесна православна црква може да се смета и собирот од еден Епископ и еден мирјанин. Кај римокатолиците не е така. Таму комплетноста на Црквата се доживува само преку римскиот папа. Без папата нема Црква. Фактички гледано од православен еклисиолошки агол во Римската Црква постои само еден единствен епископ, а кардиналите, надбискупите и бискупите се само негови викари. Поради овие причини ниедна бискупија не може да се смета за “комплетна“ црква. Значи во Православието епископите се разликуваат само по честа (кој ќе седи на подобро место на светата литургија или на трпезата, кој прв ќе си тури манџа и сл.), но не и по власта. Па така дури и да сакаат Вселенскиот Патријарх и Охридскиот Архиепископ да го посетат најзабаталеното село во Битолската Епархија, тие тоа не смеат да го направат без дозвола на локалниот Епископ, во случајов Битолскиот Митрополит. Патем вистината и чистотата на верата во ПЦ ја чува целата Црква - Епископатот заедно со презвитерите, ѓаконите и верниот народ; во РКЦ тоа го прави единствено римскиот Епископ т.е. римскиот Папа. Лага е дека свети апостол Петар имал власт над апостолите. На првиот апостолски собор просто кажано пресекол свети Јаков брат Господен - Иерусалимскиот Епископ, а не свети апостол Петар. (На жалост и ПЦ не признава дека Иерусалимскиот Патријарх е прв по чест.)
    3. Чистилиште. Чистилиштето ПЦ не го признава. Во РКЦ задгробниот “простор“ е поделен на 4 дела: рај (место каде што душите уживаат и се радуваат во присуството на Бога), лимб (место каде одат некрстените праведници, каде нема маки, но и Бог не е присутен), чистилиште (место на маки од кое може да се излези по одреден период, слично на затворска казна на овој свет за која може да се добие помилување) и пекол (место на маки од кое нема излез - доживотна казна без право на помилување). ПЦ признава постоење на рајски живеалишта и пекол. Пеколот е поделен на ад т.е. лимб и геена(пеколни маки). Но, ПЦ не признава грев за кој што молитвите на Црквата не можат да издејствуваат опростување.
    4. Причест. Верниците на РКЦ добиваат само Тело Христово, а само клириците добиваат и Крв. Притоа се причестуваат со хостии, т.е. бесквасен леб во вид на жетони. Православните се причестуваат и со Тело и со Крв од едно лажиче и од еден Агнец (Леб), исповедајќи дека сите се едно Тело во Христа Иисуса.
    5. Призив на Светиот Дух. Пред осветувањето на светите дарови Православните Го повикуваат Светиот Дух да слези на верните и на светите дарови и да ги претвори Лебот во Тело Христово, а Виното во Крв Христова. Римокатолиците тоа го немаат.
    6. Мариологија. И Православните и Римокатолиците ја почитуваат и ги просат молитвите на Пречистата, Преблагословена, славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија. Но, Римокатолиците исповедаат дека Богородица уште при нејзиното зачнување во утробата на света прамајка Ана била безгрешна и ослободена од првородниот грев. ПЦ пак учи дека Богородица била без свој грев, чиста и непорочна, НО дека од првородниот грев се ослободила во моментот кога ја прифаќа волјата на Бога Отца и во нејзината пречиста утроба од Духот Свети се зачнува Бог Синот и Слово, Господ наш Иисус Христос.
    7. Брачни свештеници. Во ПЦ дозволено е свештениците да бидат женети (иако после примањето на ипоѓаконски чин не можат повеќе да се женат), во РКЦ свештениците се задолжително безбрачни и живеат во целибат. Унијатските свештеници може да бидат женети.

    Ова се главните разлики меѓу ПЦ и РКЦ. За 6 од овие разлики РКЦ уште веднаш би се покајала, но никако не може да се откаже од 2. разлика, односно власта на Римскиот папа. Доказ за тоа се најразличните унии со православните и монофизитските еретици (исповедаат дека Господ Иисус Христос имал само една природа - Божјата, т.е. дека не бил Богочовек, ами само Бог). Ама факт е и дека сите унијати лека полека се полатинуваат.
     
    На kuc, Аргентина *, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Зборот православие е приближен превод на старогрчките зборови орто+доксија= исправно мнение, мислење. Зборот католичка е изведен исто од старогрчкиот јазик: католикисмос во превод значи сеопфатност.

    Многумина православни верници не знаат дека и православната црква понекогаш се нарекува католическа, во смисла дека таа е сеопфатен собир на верници. За да биде појасна разликата помеѓу двете, католичката црква честопати се нарекува и Римо-католичка црква бидејќи седиштето и е во Рим (денес држава Ватикан која опкружена со градот Рим).

    Инаку во Албанија мнозинството не се католици. Последните години околу 50% се изјасниле како муслимани (сунитска варијанта). Но треба да се има в предвид дека околу 50 години Албанија се прогласи себе си официјално за прва атеистичка земја во светот, што пак не беше официјално случај со некогашна СФР Југославија, Советскиот Сојуз и др. во тоа време.
    Од каде оваа информација? Молитвата во исламот започнува со зборовите Господ е голем (Алаху екбер) ако е Бог голем тогаш има кај него место за сите.

    Освен тоа имај во предвид дека и во исламот, слично како во христијанството има бројни правци и подправци, не се само сунити и шиити. Има и дервиши (бектешии, суфисти...), ахмедии, куранисти и тн.
     
    Последна измена: 27 април 2015
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Се разбира, зборував за христијаните во Албанија, а овој впечаток го добив како што ви кажав кога видов дека Библијата е различна некако. И значи дека сите тие што беа спомнати во првиор одговор имаат иста Библија, или јас нешто сум згрешила?

    А во врска со второто мислење:
    Тие што ги спомна: бекташи, и другите, освен ахмедии... (ако се зборува за тие што го следат Ахмед ибн Ханбељ... се надевам знаеш кој е.) и нивните верувања ли се прифатени кај Алах? Не верувам. И, слава у благодарност на Алах, ние не можеме така да дојдеме до тие заклучоци само со еден превод, кој и не ти беше точен. Да, многумина така веруваат но не е баш така преводот. И каков и да е преводот, не можеме да дојдеме до такви заклучоци. Колку што памтам, не знам сега кај го слушнав ова, но тоа значи-Алах е поголем. Доаѓа прашањето, од што? И заклучокот до кој стигнуваш е дека нема ништо поголемо од Него, а не дека има место кај него за сите.
    Да, големината на Рајот е поголема од седмите неба (знам дека нема смисла во граматиката на македонскиот јазик ама сега знаеш колку е тешко да се преведе арапскиот јазик на било кој јазик) и земјата, но ни тоа не е ни најблиску во споредба колку е голем. Но и пеколот е голем. И тој ќе се полни со сите што го следат ѓаволот.
    Сепак благодарам за одговорите.
     
  5. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Да.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.