1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Право на годишен одмор

Дискусија во 'На работното место' започната од Lemon, 7 јуни 2015.

  1. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167
    Имам прашање во врска со годишниот одмор.
    Се вработив на 1 јули 2014 (и претходно работев но, на проект што значи не ми течеше стаж, одморот беше поинаку регулиран) и до крајот на годината односно до 31 декември, 2014 имав за користење 12 дена (по 2 дена месечно акумулирани денови за одмор) кои ги искористив пред истекување на 6те месеци односно пред Нова година зошто така ми рекоа дека морам.
    Прашањето ми е дали ми следува и дали имам право на т.н. стар одмор и уште денови кои треба да ги искористам до 30 јуни?
    Прашав на две места, едните ми рекоа немаш стар одмор, ти следува само нов одмор за 2015 година. Други ми рекоа после истекот на шестиот месец веќе имам право на стар одмор зошто сум искористила само 12 дена, а до 24 имам уште за користење.
    Некој совет? Фала
     
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Lemon имаш уште 11 дена, мислам дека првата година следуваат 23 денови. Така да, да ти следуваат уште 11 дена од стариот одмор. Нов одмор ќе ти започне од јули.
    Искористи си ги оти ти следуваат сигурно. И не ми е јасно зошто прашуваш по различни места, зарем нема некој на работа кој се грижи за тоа.
     
    На Lemon му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167
    немаме правник, мал тим, се консултирам кај стигнам :(

     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.651
    Пол:
    Женски
    Таман ми дојде темава, да си прашам. Дали при промена на работно место, ако имаш прекин во стажот од ден-два следува годишен одмор или не? Во август ќе одам на ново работно место, ама бидејќи ќе бидам одјавена на 31 јули, па пријавена на новото работно место дури на 4 август (поради викенд и неработен ден), дали ќе имам право на одмор? Бидејќи по правило во нова фирма право на годишен одмор имаме после 6 месеци стаж во таа фирма. Да ми објасни некој?
     
  5. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167
    излезе дека сум имала 12 дена за 2014 година и толку сум потрошила, затоа што вработувањето ми се броеше како ново (со прекин на стаж). ко за беља се вработив на 1 јули и шест месеци истекоа точно на 31 декември. сега имам односно ми следува само одмор за 2015 година :(.


    исто беше и мојот случај, сите колеги кои немаа прекин на стаж, а се вработија пред мене една недела, си имаа цел одмор. мене очигледно не ми следува.
    ќе имаш право на пропорционален дел од одмор односно по 2 дена месечно до истекот на шесте месеци.


     
  6. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.051
    Драги мои, имам да висе пожалам а воедно и ако знаете нешто да ме посоветувате на темава. На работа ни дават да земеме само 10 работни дена одмор и тоа само на лето. Другите ни ги даваат низ годината ( спојуваме празници пр. четврток со петокот и саботата, и за нова година од 1 до 7-8. Ова не го трпам замо јас туку 40 и кусур луге повеке од 12 год.
     
  7. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.337
    Допаѓања:
    51.761
    Пол:
    Женски
    Затоа се вика годишен одмор, не летен одмор и се распоредува во текот на цела година спрема обемот на работните задачи.
     
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.337
    Допаѓања:
    51.761
    Пол:
    Женски
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.651
    Пол:
    Женски
    Се расчитав и гледам дека морам да го искористам годишниот одмор на старово работно место. Тука сум до 31 јули, а одморот ми е планиран во септември. И да сакам, не можам да го искористам порано, морам да доаѓам на работа, да ја обучам соодветно замената за некои работи. Не ми е проблем доаѓањето на работа, јас секако сакам во септември да го искористам одморот, како што е планот, новиот работодавач не ми прави проблем, ама законски не смеам, или пак може да има отстапки ако се договорам со работодавачот и ако немам прекин во стажот?
     
  10. Maceto123

    Maceto123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    960
    Пол:
    Женски
    Значи ако имаш прекин на стаж одмор не те следува, па макар тоа било и еден ден прекин. Е сега добра опција на тебе ти е да ги замолиш да отидат на 31.07 бидејќи е петок и да те пријават со 01.08, тоа е најдобро и секој би требало да постапи така, за да не ти направи прекин во стажот. Е сега доколку немаш прекин одморот можеш да го користиш кога сакаш и тоа во новата фирма и те следува цел одмор, без разлика што си кај друг работодавач. Позз
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Maceto123

    Maceto123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    960
    Пол:
    Женски
    Ако немаш прекин можеш да го користиш одморот во септември, битно е да немаш прекин тоа е законски...Уживај и планирај си одмор
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.651
    Пол:
    Женски
    Благодарам за одговорот. Новите работодавци не би правеле проблем, би ме пријавиле, ама дали е дозволено така да се направи? на 31 да ме пријават со датум 01.08?
     
  13. Maceto123

    Maceto123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    960
    Пол:
    Женски
    Да да единствено така и може да те пријават, оти ако отидат на 01.08 нема да може со таа дата, значи ако треба да си пријавена на 01.08.2015 тие мораат да отидат во агенција за вработување на 31.07.2015 и да те пријават со утрешна дата, а претходно треба да имаат распишано оглас од 5 работни дена, ама сигурно за тоа знаат, тие огласи траат до 6 месеци...Со среќа во новата фирма
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.651
    Пол:
    Женски
    Благодарам! Само што дознав дека можело да ме одјават неколку дена претходно со датум од 31.07, и да ме пријават исто неколку дена претходно, со датум од 01.08. а тоа е варијанта што најмногу ми одговара.
     
  15. Maceto123

    Maceto123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    960
    Пол:
    Женски
    Да те одјават можат 7 дена претходно, но да те пријават нема опција неколку дена претходно, значи ако одиш денес може со утрешна дата или со некоја дата наредна, а назад неможе ни истиот тој ден кога ќе идеш неможе...Позз
     
  16. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека грешиш, доколку смениш работодавец треба да поминат најмалку 6 месеци за да имаш право на годишен одмор. На пр. Имаш стаж 25 години но доколку промениш работодавец треба да имаш најмалку 6 месеци работа кај тој газда за да он ти даде год одмор, затоа што тие денови он ти ѓи плаќа а не државата. Затоа треба прво да си продуктивна 6 месеци за да имаш право на год одмор.
     
  17. Maceto123

    Maceto123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    960
    Пол:
    Женски
    Не доколку во претходна фирма си бил на неопределено време, и ако влезеш во новата на неопределено имаш право на одмор доколку не си го искористел во претходната фирма. Доколку си на определено време имаш право само на пропорционален одмор, но доколку си на неопределено и без прекин имаш право на цел годишен одмор.
     
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека нешто си грешка, ти до 1 ви јули ќе имаш стаж од една година во фирмата, а за една година работа ти следуваат 24 дена годишен одмор. Сметам дека имаш право на уште денови од стариот одмор. Имавме кај нас на работа ваков случај и користеше денови колешката. Ќе прашам пак дали беше од јуни или јули за да ти кажам за сигурно.

    Еве ти членѐ
    "Работникот кој за првпат заснова работен однос, се стекнува со правото на цел годишен одмор, кога ќе оствари непрекината работа од најмалку шест месеца, без оглед на тоа дали работникот работи полно работно време или пократко работно време од полното„

    Значи ти по 6 месеци си стекнала со цел годишен одмор, а не половичен:^), не знам зошто вака ти кажуваат.
     
    Последна измена: 10 јуни 2015
    На Lemon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.816
    Ех да можеше секаде така.. А не да те присилат 22 дена да земеш наеднаш и цел месец и кусур не си на работа а кога сакаш на викенд да споиш немаш денови....
     
  20. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167
    и колегиве што се вработија пред мене 15 дена порано имаат право на цел одмор, затоа што на 15 декември им завршија шесте месеци што значи уште траела 2014год. јас точно на 31 декември направив 6 месеци, и тоа било тоа за таа година. сега ми следи цел одмор за 2015 год. тоа е објаснувањето.
    баш ме интересира како е со колешката што ја спомнуваш