Не знам дали да отворам тема, но љубопитна сум да дознаам, колкав праг на толеранција при физичка болка имате? Исто така, која до сега ви била најголемата физичка болка. Мене до сега пораѓајот ми бил врвот. Исто така проблеми со забите, екстракции на импактирани осмици ми се некаде приближни во однос на болка. И сум коркач. Нула толеранција на болка. Мислам дека имам премногу сензитивен дел во мозокот кој и обична болка, ја доживува премногу драматично. Инаку гледано научно, болката е дел од одбрамбениот дел на организмот за да превенираш дополнителна штета и да алармираш дека има некаков дефект во телото. Најзаслужни за тоа се ноцицепторите. Се прашувам, зошто едноставно не бевме изградени со аларм и да свети црвено кога има штета, ама очигледно сме изградени премногу комплексно за да биде така едноставно.
Ауу баш се замислив. Една од посилните болки што ми е останата во глава е на стоматолог кога ми правеа коронка. Одбив анестезија Главоболки од мигрена и скината тетива на рамо.
@ArabellaStarfall отвори доколку нема таква. Интересна тема би била. Не може да биде ништо едноставно, кога може да биде комплицирано.
Имам еден другар, му беа расипани предните заби. Сите што сме му блиски му викавме абе прај ги, на ништо не личиш, срамота вака да се шеташ. Он ај утре, ај следна недела, ај да земам плата... се додека не го здоболи јако еден заб. Така што минимум едно 5-6 души му бевме црвеното светло што му светеше и го предупредуваше, ама џабе. Болка си е болка
Имам многу доживеано екстремни болки, што и на најмалата болка сега што ја доживувам имам страв. Посебно поврзано со заболекар. Ама како најголема, или бар една од најголемите би ја издвоил камења во бубрези и да треба да ги измокриш. На душман тоа не му го посакувам.
Дефинитивно повреда на екстремитети, особено кинејне и истегнување на лигаментите. Поболно од тоа нема а и плус тие првите 21 ден си буквално отсечен од се, само лежиш. Лани кога ја свиткав ногата и истегнав лигаменти на скочен зглоб, мислев дека сите ѕвезди на небото ги изброив од болка. При секое мало движење од 0.001мм чувствуваш огромна болка, башка отокот. Има и други поболни работи, ама лигаментите како најнежни се најболното нешто..
Повеќе ме болеше 8мицата кога ми ја вадеа од пораѓај 3 дена имам седено со скршена рака, малку ме болеше. Кога отече и помодре отидов на доктор, скршена на 2 места Коленото го имам изместено, ѕвонев по пријатели доктори да ми кажат колку е страшно, дали да одам на снимање И така... Трпам, бааги.
@ArabellaStarfall јас имам екстремно низок праг на толеранција на болка. Работи кои не требало да ги осетам и да ме болат - сум имала некаква сензација на местото пример и не сфаќале доктори зошто. Зато и се осеќам како да е нерелевантно шо ми е најголема искусена физичка болка зошто this girl се ја боли.
Трпам болка, само не си дозволувам, но сум истрпила бааѓи кога сум морала. Најмногу што ме здоболело е на заболекар кога ме брцна в нерв а немав анестезија. Мислам дека сите светци ги видов тогаш. А за друго ко главоболка, менструална болка и сл. не дозволувам да трпам долго време, пијам апче.
Имам висок праг на толеранција за болка. Можеби како пострашна би ја опишала забоболка до степен за вадење заб. Иако секогаш сум ги поправала на време, без да се јави болка, минимум 2 пато во годината одам на заболекар, но некогаш за некој заби нема спас. Апче за болка пијам во екстремни случаеви, имам тешки менструации, само во случај на неиздржливост посегнувам по апче. И за најчесто неиздржливи главоболки при вирусна инфекција кои се долготрајни
Не трпам болка, не сакам ништо да ме боли и да ми е нелагодно. Најголемата болка сум ја осетила со двата пораѓаи, притоа беа без било каква анестезија, поголеми болки од родилни не сум осетила, ме болело и заб, и уво, стомак, глава, бубрег, ама болка како за раѓање дете, немало.
Имам повисок праг на толеранција ама на заболекар ако треба да одам смрт ми е, а најчесто одам само за забен камен, се препотувам значи...
Имам голема толеранција на болка, дури и кога нешто се случува ми се чудат сите како ништо не осеќам. Како мала скршив рака, скроз ми висеше само, јас воопшто ништо не осетив додека не приметив дека немам воопшто чувство за мрдање на дланката, тогаш бев фокусирана дека целата усна ми беше расцепена и повеќе бев уплашена од крвта што ја гледав (само пецкање чуствував). Единствена болка што ја имам премногу почуствувано е бубрежната, ми откажуваа бубрезите, проследено со воспаление и од кревет не можев да мрднам. Се надевам и дека така ке остане
Ми имаат искршено неколку заби, отворени нерви и слично, бев свесен цело време и беше прилично брутална болка, се сеќавам дека си ја мавав главата у ѕид за да ми помине болката у забите. Еднаш имав пренајјак грч у стомак, не сум сигурен тогаш што ми беше, и тогаш се онесвестив на неколку минути од болката.
Не сум имала прејаки забоболки, а и при интервенции на забите добро сум поднесувала. Паѓање исто. За мене најјака болка ми е менструалната. Нека извинат мажите во темава, ама немаат менструација и не можат да родат. Поради тоа никогаш нема да осетат најголем и најлош степен на болка (иако одење на симулатор ќе им долови приближно).
Толеранција зависи од тоа каде ме боли. Трпам во стомак ама не и глава и заб или екстремитети. Најјаки болки ми биле кога имав напади во жолчка, кога ми вадеа еднаш нерви на недолечен заб и сум имала и една екстремна главоболка зад око.
Најјака болка шо ја имам осетено е кога раѓав со провокација. Со саати се мачев, вриштев, се молев да ме убијат... и на крај се онесвестив. И уште една, кога ме фати грч или незнам шо беше, во горниот дел од грбот.... цел саат офкав и се борев за воздух. Како парализирана бев, неможев да мрдам. Забоболката не е ништо во споредба со овие .
За пораѓајот исто сме Ужас, и ја се онесвестив и со кислородна маска бев, и пак природно да се пораѓам ме оставија. Забоболка е"мачкина кашлица" за оваа болка