Празен живот

Дискусија во 'Психологија' започната од DevojkataO, 5 јули 2016.

  1. DevojkataO

    DevojkataO Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2016
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    31
    Животов ми е толку празен што ми иде да направам белја. Пред неколку месеци имав и друштво и се, но некако сите ме откачија и не ја знам причината..Ги прашувам само сеен ми маваат на мсн..сигурна сум дека ништо лошо не сум направила.Со сите секогаш сум била добра.Имав дечко и со него јас се скарав бидејќи открив дека што и да правел ме лажел.Останав сосема сама имам само една другарка со која се знаеме од мали нозе али таа многу работи и патува се гледаме само еднаш на недела-две.Барав работа и ме зезнаа, као не им требаат поише работници. Се некако ми иде надолу.:( Единствено што ме држи на нозе е мојата фамилија и мојата сестра која и неа веќе ја замарам и нон стоп и досадувам да излегуваме..Се гушам дома, немам со кого да излезам, комшиите ме притиснуваат. ;( Напната сум од сите страни а како да им објаснам дека немам со кој да искочам веќе неколку месеци? Не можам повеќе да го поднесам ова се трудам да се запознаам со нови луѓе али никако да ми успеее..на многу начини али џабе :worried: Животов ми е толку празен што немам за што да живеам..И напомена единствен спас да побегнам од реалноста ми е музиката и книгата која ја пишувам. А кога ќе се вратам во реалноста не можам повеќее.Ужас ми е животов.Не ми се живее.И не е ова само период знам бидејќи се чувствувам грозно и ужасно веќе долго време:@...И за 2 дена сум на роденден кај таа другарка, се немаме долго време видено али со кого да одам коа сите поканети ќе одат со некого.Се срамам.А и со неа не сум толку блиска се одалечивме поради нејзината работа.Немам воља више за ништо.;(;(;(
     
    На N0NamE, Maca_<3, Devil99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.618
    Допаѓања:
    48.991
    Пол:
    Женски
    Те разбирам сосема, и јас бев во таков период но помина. Животот е една патека на угорнини и удолнини. После лошото иде добро, после доброто лошо.
    Знам дека е тешко да се најде ново друштво или да се оживее дружба со стар пријател. Но знам и дека на Фејсбук или други социјални мрежи можеш да се спријателиш со некој. Знам и дека начин на стекнување пријатели е да излезеш да шеташ куче, уште ако е убаво, средено, секој втор ќе застане покрај тебе и ќе почне разговор. Би сакала да знам колку години имаш за да знам што друго можам да ти кажам.
     
    На Priroden, SAMIRA, rose60 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.646
    Допаѓања:
    108.604
    На @Bitter-Sweet ќе се надоврзам, почни некој курс, безразлика дали за јазик или нешто друго. Се работи во мали групи и мн лесно се спријателува.

    Пс не сфатив, како комшиите те притиснуваат? Зашо нив би им било гајле?
     
    На Роберт 7 и sugarlips им се допаѓа ова.
  4. Florenсе

    Florenсе Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    1.719
    Пол:
    Женски
    @DevojkataO пред да почнам да зборувам за било што, прво треба да знаеш дека твоето во никој случај не е празен живот, се работи за празен период.
    Сите ние сме доживеале нешто слично, не сме знаеле како да реагираме, сме мислеле дека целиот свет е свртен против нас. Но, можеби ќе звучам обвинувачки и некој нема да се согласи, ама моето мислење е дека виновниците за тие "празни периоди" сме самите ние.
    Како ти девојко ќе бидеш среќна повторно ако велиш дека имаш празен живот? Како одговараш на прашањето како си? Дали велиш дека се чувствуваш преубаво, неверојатно, дека си среќна? Не. Велиш дека си осамена, тажна, или евентуално велиш не е лошо. Знаеш ли што слуша универзумот? ЛОШО. Тој не знае за негација. И ти дава повеќе причини да се чувствуваш лошо.
    Зошто празен живот, жити мајка? Зашто те откачиле група озборувачи? Затоа ли? Зарем не е жалосно да речеш дека имаш празен живот покрај највредното нешто на овој свет - семејството? Зарем не е жалосно и покрај твојата способност и капацитет (рече си пишувала книга) да не разбереш како функционира овој живот? Докажи му на животот дека си среќна и без "пријателите" и тогаш ќе ти даде вистински пријатели. Направи листа на работи за кои благодариш. Сигурно ги има многу. Смени ги мислите, зборовите и животот ќе ти се смени на подобро. Нема да ти се верува.
    Се најдобро. :)
     
    На programerka-2nd, PaLaVa, tamche995 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.674
    Допаѓања:
    192.438
    Пол:
    Женски
    Не си ниту прва ниту последна со овој проблем девојче. Секој низ животот има проживеано вакви фази кога несвесно губи се од страна што ги правело среќни, ова е само период од твојот живот што и набргу верувам дека ќе помине.
    Како за почеток можеш да седнеш и со чиста глава можеби да размислиш каде грешиш, бидејки верувам и нормално е со една да се оддалечиш, со две .. но со сите?!
    Ете може несвесно некаде с згрешила, си зборувала нешто што не треба или икс друга ситуација.
    Не важно..
    Од грешките од човек учи и сваќа за понатаму што и како треба.
    Обиди се прво да се разваселиш
    .. за почеток и сп твојата сестра а и зошто да не?!
    Оди на роденден, биди комуникативна и малку по весела. Започни муабет со некого, ќе видиш дека кога бараш луѓе ќе ги најдеш.. само од тебе зависи колку ќе се потрудиш околу ситуавијава и позитивноста пред се во тебе.
    Не се секирај едноставно продолжи со животот, обиди се да се насмееш и да си најдеш занимација било каква па и да излегуваш за почеток со сестрати е супер.
    Кога човек излегува баш и таму некаде надвор од дома и 4 те ѕида наоѓа пријателство и малку посреќен живот.
    Тебе животот дома ти се одмилил и те потиснал што е и нормално.
    А можеш и со околни луѓе и кафичи да пронајдеш нешто работа колку за летово.
    Само не се затворај и не потпаѓај под психа.. ако е потребно и на психолог еднаш..два пати појди.
    Ќе видиш дека се ќе биде во ред.
     
  6. DevojkataO

    DevojkataO Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2016
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    31
    Vi blagodaram na site za sovetite bash mi pomognavte :D znam deka treba da razmisluvam pozitivno!
    @Bitter-Sweet imam 19 i pol god.. @theowndemon pa taka me vidoa vo posledno vreme deka ne izleguvam i samo me prasuvaat "devojko zosto ne izleguvas" mislam sto im e gajle ali ne mozam u dvor da izlezam od niv non-stop me prasuvaat takvi slicni prasanja a jas ne znaev sto da im odgovoram :/
     
    На N0NamE и Florenсе им се допаѓа ова.
  7. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    249
    Пол:
    Женски
    Е да де 100 посто си во право,што им е на нив гајле,што не излегуваш,ако се прават толку фини нека те дружат, а не да ти гледаат сејр,уффф отд такви малодушници а ги има многу ми се лоши,и јас имам денови нели сум осамена,не ми се излегува,ииии чудно те гледаат,ми иде да им кажам имам сида бегајте од мене,најсериозно,работев ,сега не работам ,и како бе се сакаат да ти знаат,како на работа или слично што работиш,абе чоече си викам остај ме на мира да си ја гутам сама својата тага,остај ме да си срадам,не ми ставај сол на жива рана,абе што да кажам плитки луѓе,само да ти гледаат сејр,као демек се загрижиле, па ќе ми најдат работа.
     
  8. LanaSGirl

    LanaSGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.072
    Пол:
    Женски
    I mene me nerviraat moite komsii :@ Kaj i da odam sto i da pravam se gi interesira. Bog da cuva. Ne znam kako mozat za drugite da se interesiraat jas si go gledam samo mojot zivot. Odvratni mi se takvite luge ponekogas mi ide da gi oteram u p**** m....
     
    На SAMIRA му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.470
    Пол:
    Женски
    ееее нешто слично и јас доживеав , сите другарки ми фатија дечковци или нови друштва и мене ме откачија , ми се излегуваше ,ми се живееше , но немав со кого ...а сите ми велеа зошто не излегуваш ,а тоа најмногу ме нервираше.
    Девојко се ке се среди , само биди позитивна .
     
    На SAMIRA му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    249
    Пол:
    Женски
    Eпа баш тоа,се осеќаш осамено,нели криво ти е не дека другите имаат дечковци,туку дека ти немаш,е и за тоа јас сум сама,и ај сега фаќај сејр,полни се со туѓа несреќа,слади се на моја тага,еххх какви се тие мозоци'',twisted'''.
     
  11. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.470
    Пол:
    Женски
    точно го знам тоа чуство , пробај други да запознаееш , не ги барај бившите другарки кои се зафатени со нивниот живот!
    Јас искрено почнав да излегувам со брачеди ми иако беа помали од мене неколку години , па често и менував друштва ,со некои контактирам уште со некои немам ни здраво ..
    Имаш некоја добра братучетка голема/помала?
     
    На SAMIRA му/ѝ се допаѓа ова.
  12. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.162
    Допаѓања:
    35.763
    Пол:
    Женски
    И јас сум во ваква ситуација скоро цел живот да се каже. Имав една другарка бевме многу блиски може да се каже како сестри, но откако завршивме со училиштето секој отиде на различна страна таа на факултет јас на работа многу често се гледаме. Имав и други другарки ама несакав повеќе да се дружам со нив бидејки не ми одговараа и цел град ги зборуваат и пошироко, но јас не сам таква личност и затоа се отргнав од нив. Често се гледам со мојата идна јатрва, али не е тоа тоа таа си има свои другарки иако дечко ми ми вели да се дружам со неа јас се дружам али не е тоа што го сакам јас. Јас сакам да си имам свои другарки, да се дружам и јас да имам некој. Цел живот само тоа ќе ми фали.
     
  13. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    249
    Пол:
    Женски
    Да,имам ама ете секој по свој пат,порано повеќе се дружевме,потоа некако се одалечивме,нажалост,ама што да кажам,работата е секој си се гледа само за себе,ти кога им помагаш на другите е ок,ама ај сега кога треба они да ти помогнат ги нема,патетично,ама така е во животот,само да ти земаат,а нејќат да даваат.
     
  14. DevojkataO

    DevojkataO Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2016
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    31
    E toa ijas sakam da imam svoi drugarki..
     
  15. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.470
    Пол:
    Женски
    јави и се на некоја братучетка со изговор дека ја немаш видено одамна ,викни ја на кафе во кафич , јави и се и на друга братучетка со ист изговор , ке видиш дека све ке се среди
     
  16. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    249
    Пол:
    Женски
    ок,фала ти на убавите совети.
     
  17. Princees

    Princees Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки и јас сум се наоѓала во истите ситуации како и вас,останав без другарки,раскинав со дечкото,дома со мојте постојано се каравме,на училиште дури и не ми се кренуваше,некако се ми беше измешано,немав надеж дали ке кренам по правиот пат во животот.Но денот кога започнав да ги читам книгите: Моќта на потсвеста,Магија,Тајна и уште многу слични на нив,веруваје јас си го променив животот. Научив дека се се случува со некоја причина,за наше добро да извлечеме некоја поука,постојано се заблагодарував за работите што ги имам и како награда на тоа добивам уште повеќе,си ги пронајдов вистинските другарки,се смирив со бившиот(сегашен дечко) кого највече го сакам а и тој мене.И што е најважно од се научив да се сакам самата себе си,си ја вратив самодовербата,постојано работам на себе.
    Се зависи од вашите мисли,какви ви се мислите таков ви е живото.
     
  18. Slatkarka94

    Slatkarka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    Има секој таков период и јас сумсе прашувала зашто комшиите ги интересира? Среќа што ти имаш сестра ја ни брат ни сестра инаку оди си слободно на роденденот и некои ако се праваат дека не те познаваат прави се и ти гледај си у мобилен барај друга работа. Џабе денес нема другари јас имам друштво али како да го немам сите ми забиваат нож во грбот и не само на мене туку секој на секого ГЛУПИ луѓе. Јас имав најдобра другарка али еве ја се одалечи од мене изгледа поради дечкоми и плус кума ми е;(:@ ии сега во никоја немам доверба
     
  19. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    1.719
    Пол:
    Женски
    Сакаш да ти дадам работа? Да го почуваш син ми 2 саати хахах дефинитвно ке ти летнат одма. Шала на страна. Најди си некое хоби - само да не седиш дома. Спомна комшии?? Дали на твоите млади години (и луди) те интересираат комшиите, немој. Пробај пак да најдиш некое друштво. И пак, и пак. Кој рече дека е лесно да најдиш друштво? За дечко ич не му ја мисли, ако те лажел шо ќе ти е. А за работа, па почни нешто сама да работиш. Не знам, еве допиши ја книгата и издади ја. Најди начин да ја промовираш. Можеби ќе станиш писател :) Никогаш не се откажувај
     
  20. Deadhalf

    Deadhalf Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    i jas sega su vo takov period drugarkite me izbegnuvaat site si rabotat koga ke gi viknam da izlezeme vikaat nemozam ili umorna sum,a koga ke se dogovorime da izlezeme mi otkazuvaat vo posleden moment..sega ke pocnam na fakultet da odam pa moze bi ke steknam novi prijateli