Прашање на чест (Seref meselesi)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од MayDiamonds, 4 јануари 2015.

  1. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.477
    Допаѓања:
    1.755
    [​IMG]

    Сурова приказна за два браќа кои по потрага по подобар живот со своите родители се преселуваат во големиот Истанбул. Судбината игра валкано и прерано ги остава без нивниот татко и мораат да продолжат сами по трнливиот пат кон подобра иднина.
    Емир е образован и сериозен, и се гледа себеси како успешен адвокат, а додека Игит е жесток и непоколеблив и ќе стори се за да го оствари сонот да стане моќен.
    Од двајца сосема непознати, ќе се претворат во луѓе за кои ќе чуе целиот Истанбул.

    Многу сплетки, одмазда, амбиција, љубов..
    Приказната ми се допадна премногу, а актерската екипа е божествена. Не верувам дека некоја девојка ќе му одолее на шармот на главните глумци, се заљубив во Игит на прв поглед.. :inlove:
    Серијата ми остави доста добар впечаток и ми го задржа вниманието во целост..
    Во главните улоги се појавуваат: Kerem Bursin, Sukru Ozyldiz, Yasemin Allen,Sukran Ovali..

    Серијата е причично нова и сеуште се снима, досега се снимени 6 епизоди можете да ја гледате на следните линкови:
    http://vbox7.com/collection:2076994?&page=4
    http://www.natabanu.com/serija/pitanje-casti.html
     
  2. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.866
    Пол:
    Женски
    Трае ли уште серијава,видов на натабану има 26 епизоди,како ти стои,интересна?
    Ама главниве момци ги обожавам,едниот е Керем од Чекајќи го Сонцето,а типот е лудило,секси до немајкаде.
    И другиов ми е познат,мила фаца е, ептен е кјут.
    Скептик сум за приказната,ама заради машкиве мислам вреди :D
     
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    13.462
    Допаѓања:
    135.717
    Пол:
    Женски
    Почнав да ја глеам серијава на интернет само ради главниве глумци, од други серии ги знам. Приказната не е толку јака колку што глумците се добри :)