Не видов ваква тема , ако има слободно клуч Ме интересираат повеке информации за пракање пари од странство во МК , која варијанта е поефтина ,побрза, покорисна ,посигурна и итн . WesternUnion ,MoneyGram , директно пракање пари на трансакциска сметка и сл.И која е максималната сума која може да се прати??? Би требало на форумов да има странски печалбари па нека споделат лични искуства . Секое мислење е добредојдено
Јас праќам преку мултимат во банка,електронски внесувам податоци и стигаат одма.Инаку провизија е 5 евра по трансакција.Максималната сума е секаде различна и варира од банка/земја и сл.Отвори на било кој банкарски сајт на бараната држава и ке си најдеш се
Преку MoneyGram (од Австралија до МК) за секои 1000 долари треба да платиме провизија од 60 долари. Ама мислам дека е различно во секоја држава.
moze da se podignat pari prateni preku moneygram vo bilo koja banka,ili bilo i kade da ima moneygram (primer vo mojot grad moneygram ima vo edna fotokopirnica) za suma do 300 evra zemaat 15 evra. westernunion e dosta poskapa,spored mene.
проверив но земјата од каде што треба да се испратат парите не е во мрежата на MG .... Некоја друга варијанта?
Money Gram за секои 100 долари 12 долари провизија. Најбрзо е и може да се подигнат во секоја менувачница или банка што има Money Gram.
хмм, па да кажам и јас нешто, дали се обидовте со SWIFT, тоа е доста стар и доста ефтин начин на праќање и примање на пари преку банките
па, swift-от е преку 20 години применуван банкарски систем на трансфери помеѓу банките. Колку што знам провизиите беа доста ниски. Инаку сите наши банки се во swift системот, колку ми е познато. Мислам дека беше начинот праќање од сметка на сметка. За повеќе информации да прашаш во некоја деловна банка.
директно на трансакциската у банка шо ти е, направи ја само да биде и девизна ако не ти е, на тој што прака ке му кажеш покрај основните податоци и IBAN i SWIFT код кој ке ти го дадат од банката, ефтини се провизиите, некоја си минимална сума
да знам , али после треба примателот на пари да ги пријави тие пари во Ујп , па постои можност да се плати данок.... МГ и ВУ се добри но едната високи провизии другата ја нема во мрежата во земјата испракач ... :/
Во банката кога ке се подигнат парите прво бараат потекло на парите (за поголема сума кажувам над 300-400 евра) , и доколку работи испракачот треба договорот од работа да им го прати на банката и тек тогаш тие пари ке се книжат а додека не стигне договорот тие се блокирани . Потоа и тие пари одат во даночна пријава во Ујп , ВУ и МГ се ок (само промерот што го напишав погоре) бидејки за 10 минути се завршува работа , не треба да се кажува потекло на парите и не се книжат (што значит нема никаков данок на тие пари колку и да е сума) , па барав некој безболен и безглавоболки начин за трансферот
Ова у стопанска да не е ваква процедурата. Мене коа ми пракале ми пракале по околу 2000е, само првиот пат ми се јавија да ме прашаат у каква сродство сме со испракачот и толку, Во тутунска имам сметка. Ваква процедура никогаш сум немала.