Прва љубов...

Дискусија во 'Врски' започната од Winter.Girl, 27 март 2010.

  1. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    166
    Не сретнав ваква тема досега,можеби има ама....Многу ме интересира да слушнам за вашата прва љубов,дали уште нешто ви значи или само ви е еден спомен и дали тој спомен е добар или лош?
    Кога ќе помислам на првата љубов,првиот бакнеж сеуште ми поминуваат некои пеперутки низ стомакот :D не дека уште го сакам,ама ете првата љубов си остана како најдраг спомен за мене :) Не се случи многу одамна,беше пред околу две години,не траеше многу долго ама си беше моја прва љубов :)
     
    На angelche16 и Cecyska им се допаѓа ова.
  2. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    478
    Се сеќавам, но не се каам што завршила, бидејќи сега не би била со некој како него. Не дека не беше добар, туку беше предобар.
     
    На Cecyska и techno-house им се допаѓа ова.
  3. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    550
    уфф незнам како се мисли, дали на прв бакнеж или на првите испишувања на споменари со неговото име.
    Но, ајде вака за мојот прв дечкоо :lol: не ни знаев до пред некоја година дека тој ми бил прв дечко.
    Бев мала во село кај баба ми и дедо ми. во србија врање, тој дојде од белград кај тетка му во селото иначе куќата до нас.
    Пресладок харизматичен. цело време се врткаше околу нашата куќа. Еден ден ми кажа дека ме сака и ми даде цел ден замислете да размислам дали и јас го сакам. Нормално го сакав ха ха. и му кажав да. Беше пресреќен. Нашето излагање бесе по ливади. Женските гледавме како машките играат фудбал. Еднаш на враќање од ливада ме прегрна и ме бакна во образ :lol: Следните денови ми купуваше бонбони, лижавчиња..наоѓаше изговори демек да им дадам топка само за да ме види..еднаш бев кај братучетка ми 2 куќи после нас и тој дојде си изговор дека мајка ми дошла, пак само за да ме види и да ми даде бонбони. :D коа си дојдов..ахх сите споменари со него. Се надевав јадна ја дека од белград ке дојде во ск и ке ме најде. Поминаа години и години кога дознав дека уствари он кажал дека ми бил дечко. Тоа беше вака: Нате го знаеш ли дечконо од белград, викам не кој е тој како се вика...како бе не го знаес вика сте иделе..после ми светна кој е..Жално е само што повеке не се видовме ама контактираме по смс понекогаш.
     
    На angelche16, SV1911, Cecyska и 3 други им се допаѓа ова.
  4. BlueEye

    BlueEye Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    27
    prviot baknez i prvata ljubov ne mi bea zaedno
    prva simpatija vo zabaviste ama za dzabe
    prviot baknez na 31 mart 2007
    ah prvata ljubov da se vrati vremeto da popram se kolku bi bilo dobro :?
    prvata ljubov ja osetiv krajot na 8 pomina edna licnost koj mi beshe nova i koja zracese so pozitivnost preku nekoj poznanicki doznav ime i dobolno beshe posle nekoe vreme mn pati se sretnuvavme , i se zapoznavme po moja inicijativa edna drugarka go vikna koga idese na kaj mene nozete mi se sekoja ama i nego ne mu beshe seedno crven ko piperka beshe edna stremezliva nasmevka so duri ni imeto ne mu go slusnav i dojdov i do negov br kolku bev vozbudena wow :D od negovite pogledi se vcrenvav :oops: koga ke dojdese da se pozdravi se topev negoviot miris me opivase duri i patistata mislam deka mi mirisaja na nego xaxa pomina izvezen period i site znaeja deka sum zaljubena po site znaci so gi davav i mn pati go imale zaprasano so mislis so nea i koga ke mi go kazea negoviot odgovor dobivav bolka oti glasese" mala e neka potporasni malku " :( dojde septemvri a nie seuste bevme drugari a toj vo oktomvri zaminvase na fax vo prilep :(pomislata me ubivase deka nema da go gledam i edna vecer drugarkite bea so deckovcite a toj sedese so negovite drugari i pojdov zs mi "beshe ladno " :D i neso se zafrkavavme pa posle nekoj sliki gledavme vo mob kaj nego upaljaco mu go zemav demek nemam jas i pocna da me brka parkot go istrcam so imav tolku energija i kondicija i uspea me fati to mi beshe najubavata vecer vo pregratkite se pocustvuva sigurno tolku silno me drzese so nemav sansa a i nesakav da se trgnam i padna priot baknez :oops: celata zbuneta 500 neznaev kaj se naogam ko da letav peperutkite vo stomako cocek mi igraa i taka pomina taa vecer i posle 1 nedela izlegov jas so drugarkite i so eden bivsi decko ama na "drugarka baza " i pomina toj i mi rece odma se vrakam cekaj me dobro no koga dojde toj bivsiot me zalapa i toj si zamina za da ne me gleda so nego :( prodolzivme so pisenje poraki ama ne beshe isto kako nesto da se srusilo so go gradevme so meseci :roll:
    go nemav videno 3 godini duri sega pred nekoe vreme ama gi nemase povtorno tie pogledi
    btw dobra teme mn se potsetiv na to so nekogas bilo i ostavilo spomen :D
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Katja.efremova

    Katja.efremova Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    71
    Аххх прва љубов :lol: ..па искрено да ви кажам нз точно која ми беше :oops: :D како што велат моите френдици тебе сите ти беа прва љубов...оти јас знаете за сите велев дека смртно сум заљубена како никогаш до сеа ..абе што да зборам...ама знам дека личност која стварно многу ми значеше и која и ден денес ми е платонска љубов...па може да се каже и дека ми беше прва,искрена...не е тука тој сега живее во Америка..ама уште кога се сетам на него морници ми идат ама онака пријатни :) и така само платонска љубов ми е чиста искрена..едноставно совршенство е за мене и ден денес :)
     
  6. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Првпат се вљубив во забавиште :lol: Уште од мала сум си љубовџика :lol: Потоа и од 1одд до 5то , па и во осмо :lol:
    Сепак, онаа вистинската љубов, ја почувствував пред 2 години, кога многу се заљубив во едно момче.Одевме неколку пати ама немаше среќен крај.Не го сакав поради неговата надворешна убавина иако е многу убав, и многу личи на Тоше Проески.Тој и онака си беше многу романтичен, забавен... Ах, колку само го сакав, цела соба излепена со постери од Тоше, деноноќно ги слушав неговите песни...Ама и тоа помина.Ме повреди, никогаш немаше сериозни намери со мене, така да се заврши.Потоа и јас му вратив на друг начин и чудно е како и покрај се останавме другари.Но веќе една година го немам видено...
    Сега сум среќно заљубена во мојот сегашен дечко, но секако првата вистинска љубов не се заборава, исто како и првиот бакнеж, првото сексуално искуство...
     
    На Cecyska му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Braveheart

    Braveheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    87
    Првата љубов... со што ме привлече не знам :lol: Беше избувлив, темпераментен, палав.Никој не можеше да го заузда.А, пред мене беше како некое најмило маченце. А јас се фрцкав :lol:
    Од очи му се читаше некоја посебна топлина, не знам, необјасниво.Еднаш ме фати за рака и ми проструи едно ново непознато, летачко чувство.Се тргнав.Вториот пат јас го фатив... но не се тргна :lol: И нешто потоа- првиот бакнеж.Ќе ми остане во сеќавање бурата во летната ноќ.Се истури дожд.Имаше потоа топло-ладно игра, за да на крај ми се случи вториот.
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.694
    Љубови како љубови... ги имало... ама еве како прва ќе си ја рачунам најомилената.
    Во прво одделение, момче кое учеше со мене во класот. Љубовта траеше додека учевме заедно (4 години) :lol: :lol:
    Нон-стоп бевме заедно, заедно пишувавме домашни, заедно правевме проекти, се заедно. Дури и учителката намерно не ставаше да работиме во иста група или да седиме клупа до клупа :lol: :lol:
    Уште онака ми буди убави спомени. Сите шкртаници по табли, недела-дена поминати на Пелистер, сите екскурзии...
    Пред година дена (после 11 години) се измував со типов и да ви кажам незнам што сум чекала толку (и двајцата се чудевме :) :lol: :lol: ). Сега сме на стенд бај. Се прави фраерче, ама искрено и јас се правам фраерка.
    Се на се, убави спомени си имам од таа прва љубов... :D
     
    На Cecyska му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.804
    Пол:
    Женски
    Хм,маме му **** :lol: ОСмо одделение, манипулатор невиден,поискусен, 21 година, ме заведе, убав, со шарм, навиен за романтика и муабети, плус прв братучед на мојата најдобра другарка :worried:hock: :twisted: А јас кутрата како теле на ливада, мислев оти само тој на светов е. Ама имало Господ да ме заеби по две недели од нашето официјално “фаќање“, па пак да му се сака да ми се врати откако се фатив со мојот сегашен дечко. И на крај си остана со празни раце, а мене само ми ја посочи вистинската љубов и ме однесе до неа. Како и да е, не сакам да го видам! Но му го запомнив бакнежот :oops: :twisted: Друго и онака ништо вредно немаше,нема ни денес!!!
     
  10. Braveheart

    Braveheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    87
    Имав слично искуство Кате.Ги пронајде вистинските зборови, браво :clap:
     
    На Cecyska му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    676
    Првиот бакнеж катастрофа, но не ми беше со првата љубов! Додека бакежот со првата љубов, кој беше после доста години, за жал исто така не беше ништо посебно. Можеби затоа што премногу очекував па се разочарав... Затоа одма го откачив :lol: :lol: :lol: Немав среќа со првата љубов, но мислам дека најважно е да имаш среќа со вистинската ;) ;) ;) ;)
     
  12. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.804
    Пол:
    Женски
    Е па Брејвхарт,други зборови за тој нема :D Нели?А гледаш,има такви многу,ама знам оти гадно завршуваат ;)
     
  13. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    643
    Допаѓања:
    801
    prviot baknez mi bese na 2 avgust, znaci letoto pred prva godina sredno, na izlet. deteto mi bese simpatija ne deka ne, kolku bev presrekna sto mi obrna vnimanie. :lol: se sluci baknezot dodeka se setnavme sami, se vrativme pregrnati, ja bev ...u oblaci od sreka :) i si sedna tipov da si pie...i za saat vreme se napravi gips od alkohol. se ubi :evil: koga si trgnavme so drugarkite on spiese na treva :lol: posle toa mi s ejavi ednas kolku da ispere usta me vikna na kafe, ja go odbiv posto takva sum gorda uste od mala, si vikav ako e stvarno zainteresiran ke mi se javi pak :) normalno ne se javi :D simpaticno e toa sto i den denes se salime so drugarkite- dali se napi od ljubov ili od maka :lol: :lol:
     
  14. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    89
    Прва љубов, стари спомени.. ах.. беше тоа во 7мо одделение, летото за 8. Дечко со совршен карактер, некој каков што никогаш повеќе нема да сретнам. Спомените од него ги чувам како црнка во око. Секогаш кога ќе ми текне на тоа време, ми се разнежнува душичкава и запловувам во фантазијата, да се вратам за момент во тоа време. Прва љубов, прва врска, прв бакнеж.. најубави спомени. Бевме заедно година ипол, сеуште памтам и дата и ден :D Беше постар од мене 2 год и многу зрел, паметен, без разлика на годините имаше огромно искуство во животот. Беше пример за дечко во моето маало, но јас, дете со некои 14год што разбирав тогаш што е љубов, летав со паметот, не знаев да ценам ништо :roll:
    Направив неколку грешки кои многу го повредија, се разделивме... Откако помина извесно време, веќе кога бев 2ра год.средно почнав да се освестувам, почнав да сфаќам колку ми значи и дека се каам за се што згрешив, бев спремна да направам се за повторно да бидеме заедно, да му докажам дека се каам, дека сакам да се извинам, но џабе беше се, правевме муабет му кажав искрено од срце се, но тој ми рече “колку и да те сакам и да сакам да бидам со тебе, не можам, премногу ме повреди и не би сакал повторно да се вратам на истото’’ од тогаш се откажав од него. Не се борев веќе, зошто знаев дека ќе биде безуспешно, а и он веќе имаше друга девојка. До ден денес тој е во моите сеќавања и секогаш ќе биде како најубав спомен. Не го сакам веќе, но секогаш ќе ми биде мил и ќе има посебно место кај мене. Со девојката се заедно веќе 7години, кај и да е сигурно ќе се земат... Можеби ќе ми биде тежок тој ден кога ќе дојде, но никогаш нема да му посакам ништо лошо. Секогаш ќе му посакувам да има среќен живот, со многу исполнети желби.
     
    На sweetyears, macysh и DrBabl им се допаѓа ова.
  15. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    328
    хахахах мојата прва љубов ми е и сега љубов ама се случија некои пресврти во нашата врска.бевеме заедно кога јас бев 7-мо одд и веднаш раскинавме-деца а после 2-3 години значи во прва средно повторно се фативме со желба моја за одмазда и кога се фативме јас веднаш сватив дека не сакам ни малку одмазда и од тогаш наваму не дај боже се си е во ред .значи прва и последна љубов :emo:
     
  16. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    1.767
    Пол:
    Женски
    Мојата прва љубов.. Хм..
    Ако се мисли на тој што сум го имала првиот бакнеж, ден денес го свиѓам, симпатичен ми е и радо би имала пак со него нешто.
    Доколку се мисли за кој прв сум имала емоции, тоа беше 3то оделение, кај мене во оделение имаше едно дете плаво, со зелени очиња, и цело време се дружевме( мажкоданка бев,да ) и на крај го засвиѓав,и кога ќе го видев имав пеперуууутки во стомакот.
    Деца. :wasntme:
     
  17. rozita91

    rozita91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    28
    ехххх првата љубов никогаш нема да ја заборавам ....го сакав 5 години лудило што ли уште се не правев за него на крај бев со него ама само 10 месеци и толку ништо повеке ама сепак ми беше супер знам само дека во секој нареден барав да има нешто слично на него :lol: :lol: :lol: деца :lol:
     
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.694
    Од мојот претходен пост на темава...
    А сега?
    Па сега... наскоро :) :)
     
  19. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    348
    Првата љубов и првиот бакнеж и кај мене беа со иста личност. Види http://forum.femina.mk/singl/prv-baknez-t1415/60.html
    Инаку по тоа лето веќе не се видовме....и ми беше многу жал за неа ;( . Уште полошо, дознав дека во местото во кое живеела и залепиле етикета....
    Глупо е да ти кажат дека првата љубов ти била „ороспија“
     
  20. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    epa mojata prva ljubov bese pred okolu 4 godini . . . toj bese pogolem od mene se zapoznavme pokraj eden zaednicki drugar i dr den se fativme :) :) bev presrekna toj bese od Prilep, a jas sum od Bitola, sredno ucese Bt ama se blizese zimskiot raspust i morase da si odi Pp, ama se pogodi celo vreme da bidi Bt oti vadese dokumenti za da odi Amerika.Eden den, zanci posle 4 meseci otkako bevme zedno dojde i mi rece deka za 2 dena zaminva za Amerika :( , jas bidejki znaev kolku mn saka da odi tamu samo mu rekov sreken pat. Odkako zamina 1 mesec samo placev i ne izlegvav od doma ;( . Posle 3 godini se najdovme na net normalno seuste osekav nesto sprema nego i bev presrekna, ama za kratko bidejki mi kaza deka ke se zeni :| .Denes e zenet i seuste zivee vo Amerika. Ne sekaam so sum go sretnala i so sum bila so nego, bidejki toj mi ja pokaza Ljubovta vo vistinski svetlo prekrasna i bolna . . .
     
    На BlueEye му/ѝ се допаѓа ова.