1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првиот последен бакнеж (Али Харис)

Дискусија во 'Книги' започната од Rock.Lady, 24 април 2013.

  1. Rock.Lady

    Rock.Lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Како се задржува љубовта која полека ви се лизга низ прсти?
    Може ли човек да го заборави минатото кога знае што носи иднината? И каде се наоѓаат сили кога знаеш дека секој бакнеж е одбројување до збогување?
    Првиот пат кога Моли го бакнува Рајан, таа уште веднаш знае дека тие ќе бидат заедно засекогаш. Шест години и илјадници бакнежи подоцна, Моли е мажена за човекот кој го сака. Но денес, додека Рајан ја бакнува, Моли сфаќа колку многу бакнежи залудно потрошила и загубила, бидејќи иднината носи нешто што ниеден од нив двајца не можел да го замисли и предвиди...
    Ова е приказната на Рајан и Моли, ова е приказната која ќе ви раскаже како се запознаваат, вљубуваат, изневеруваат, разочаруваат и разделуваат.
    Ова е приказна за љубовна афера. Ова е приказна која трае цел живот, а истовремено приказна која завршува прерано. Приказна која ќе ве насмее и расплаче. Приказна која ќе ви го скрши срцето со таква нежност што ќе молите за уште. Ова е приказна за еден прв бакнеж, но и за еден последен бакнеж...
    Првиот последен бакнеж е идеална приказна за сите љубители на романтични филмови и песни, Али Харис дефинитивно и самата е голема љубителка на романтични филмови и судејќи според оваа книга, таа нема пропуштено ниту една романтична комедија во животот и голем дел од нив се споменуваат во овие страници. Оваа книга е напишана баш така, како да гледате романтичен филм, но како да премотувате нанапред-наназад, приказната се спојува по измешан редослед, а тоа ја прави уште поинтересна и понепредвидлива.

    http://sakamknigi.mk/index.php?opti...34:првиот-последен-бакнеж-али-харис&Itemid=70
     
    На macalavica и DirtyQueen им се допаѓа ова.
  2. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.024
    Допаѓања:
    4.751
    Пол:
    Женски
    Преубава книга, треба да ја прочита секој на кој ке му падне во раце, навистина поттикнува на размислување за на што е важно во животот.
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Преубава е книгава. Мене ме погоди во таков некој период, па се утепав плачејќи.
    Една љубовна приказна која не ми се верува да ја заборавам.
     
  4. Rock.Lady

    Rock.Lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Дефинтивно приказна која не се заборава! Јас лично кога ја читав, солзите сами ми паѓаа. И да, Рајан е лик - еден во милион, најпрекрасен! :inlove:
     
    На layla555 му/ѝ се допаѓа ова.