Ајде споделете искуства,...како ви поминаа првите денови т.е. период, ете и првата година? Ваши впечатоци,случки...? Кои ви беа првите проблеми, како се снаоѓавте во улогата сопруга?
Исто како и пред брачниот живот, само што сега ја носам титулата ``мажена``, инаку ништо друго не е сменето, исто како и кога бевме во врска, не сум ниту јас ниту мм сменет, се е исто , освен што сега имаме и принова па е уште поубав мојот брачен живот, а се надевам и на мм
Тие денови ми беа како и оние денови пред да се омажам. Само што сега сум мажена пред законот и носам друго презиме. Друго ништо не е сменето. Јас се чувствувам како да не сум во брак.
Аууу каква ми била првата година, хаос, хаос.....најтешка година во целиот мој брачен живот. Прво само што направивме свадба, без никого да консултира, свекор ми организирал ловечки викенд во планина со мм, негов пријател и син му. Свадбата завршува и утредента свекор ми му кажува на мм да се спрема ќе одел со тој и тој на лов и ќе се врателе за 4-5 дена. Мм се израдува, а јас останав ваква WTF Значи не поминале 48 саати, а мм треба да оди на лов, а јас за да не ми биде досадно да си се вратам дома т.е. да одам кај мајка ми и татко ми. Се спротиставив одма и изреагирав бурно, одма пред сите реков нема шанси да оди, уште не сме се средиле од свадбата, се` е расфрлано, документи не се средени, јас сум трудна итн итн.... и ај да се враќам назад дома. А за што се лупаше во гради во матично и викаше-јесссс, бараше две пенкала да се потшише?.... за после само неполни 48 саати да ме врати назад? И како тоа свекор ми го запишал и ораганизирал лов без да се консултира со нас, како така без да размисли дали мене ќе ми смета неговото одење?...Го прашав и стариот како би му било нему зет му да му ја врати ќерката и да си го дигне г*от и да си отиде без неа. Како јас да му кажам на татко му дека се враќам дома, а мм ќе оди на лов...која неозбилност и детско понашање. Демек немало да му пречи...па нормално кога си без памет. Мм се налути демек еве сега сме во брак, па си ги покажувам забите и почнувам со забрани. Малку се смири тензичната атмосфера, се повлековме дома и му реков убаво да размисли дали сака оние неколку слободни денови од работа кои ги зема да ги помине со мене, да имаме меден месец (иако реално никаде немаше да одиме), да средиме некои нужни и итни неодложни формалности или пак сака да си ги помине со татко му во лов во планина, т.е да избега од мене. И да ми каже кој нормален би постапил така, да си ја остави тукушто венчаната жена т.е. да ја врати назад по само 48 саати. Ако грешам тогаш нека оди. Утредента ми рече дека сум во право. Кога дојдоа пријателите на свекор ми да ги соберат, мм им рече дека нема да оди, дека ќе остане да биде со мене, стариот пријател го чукна по рамо и онака го потапша по образ и му рече-алал да ти е, браво. И тоа не беше кажано иронично. Свекор ми побледе. Втората пречка беше кога старите се мешаа за се` што и да одлучевме. Сакавме парите од свадба да ги ставиме во банка, почнаа со солење памет дека ќе удрело инфлација и дека се` ќе сме загубеле. Да, навистина се загубивме, ама ги профуцкавме и самите не бевме свесни каде и како, едноставно се профукцавме. Следниот проблем беше кога свеки го наговараше мм моите да ми купеле спална. Адет било таткото на невестата да купи спална. Јас реков дека спална ќе ми купат кога ќе го добиеме станот кој требаше да ни биде свадбен поклон, а дотогаш нема да купам спална и да шетам од кирии на кирии и да ја кршам, па за џабе била купена. Стан не добивме, а со тоа ни спална. И ред други работи. Всушност нас проблеми и нервози ни ствараа неговите, најмногу мајка му, имам за тоа пишувано во соодветната тема. Најтешка година, уште проблеми надојдоа и кога се роди ќерка ми....не ми беше лесно ама ич, ем бебем што не спие, ем спремање испити, ем проблематични старци, ем маж кој не знае што да прави, кому да му угоди, на која страна да се сврти....и него не му беше лесно. Сега кога си правиме ретроспектива мм вика да била некоја друга на мое место, после се` што преживеавме дека дефинитивно ќе го оставела. На тоа јас одговарав-се омажив од љубов и ќе те оставам само кога ќе престанам да те сакам, труди се да не ја изгубиш мојата љубов, а за секој проблем има и решение. Јас барем знам да ги решавам тактички. Ако нешто не знаеш како да го решиш-прашај ме мене. Често пати во друштво мм се зеза и вика-жена ми е правник и секогаше во право. Изгубив многу нерви, вложив многу во овој брак, но и многу добив. Секогаш се чувствував сакана, заштитена и сигурна, знаев на кого можам да се потпрам, добив добар пријател и пожртуван сопруг....некој цело време се бореше за мене и за нашето семејство, никогаш не ме остави на цедило, добивав подршка и бев охрабрувана за многу работи. Имавме проблеми, кој брак ги нема, ама секогаш наоѓавме заеднички јазик и секогаш решававме откако ќе го одмориме главите зашто со инает и усвитени глави ништо не се постигнува. Компромис и смирени живци, тоа е лекот, без доминантност и викање -јас така и така мислам и сметам....ако ти мислиш поинаку, кажи, ќе се договориме некако. И Спојлер секс, многу секс И до ден денес е така.
lolyata леле бре кога другите се месат мегу маж и жена ми доајга да кај мене вака-со него се убаво,романтиЧни веЧери јас и тој заедно и заедно и заедно е да де ете тоа траесе една недела се додека не се вратија неговите од одмор и се разбира во една кујЧа кога се живее како е јас како снаа ех де поЧит едно друго спрема нив и се,ама они по нивно нивно се до пред некој ден кога си кажав дека и јас имам свое јас и готово е.. со моето мажле сме пак јас и он заедно романтик и се така а со нивните само аха и нисто друго :geek: :geek:
јас да си кажам право изгледа сум била родена под срекна звезда.уште од првиот ден од бракот си отидовме да живееме настрана сами во стан на моите кој претходно го издаваа а потоа во наредните 6 год.ни го отстапија .кираџии без кирија .благодарение на нив најубавите години си ги минавме сами. без мешанје од страна.година и пол без дете така да можевме комплетно да сисе посветиме еден на друг.пред три години се вративме во куката на свекрва ми ама на посебен спрат и не можам да се жалам пак си сме сами и си уживаме.мојата свекрва ни помага- ни одмага.статус кво позиција.ама не се жалам се навикнав.
Ние уште од првиот ден сме си сами значи нема нешто поубаво од тоа никој ни да ти се меша ни да ти досага.Сите проблеми ти остануваат дома никој нема да те преслушува позади врата па да збори.Секој викенд сме си на гости на ручек кај родителите преубаво
леле јас баш ништо немам што да кажам. првите денови ги поминав во шетање со другарките (како да имам пишувано на темава ама не си го гледам мислењето) си ги средував документите и назад за скопје одморивме ден два и право на работа. уште малку ќе биде и година од кога се земавме се си е по старо, живи, здрави, среќни си функционираме нормално исто како и претходно.
Буквално првите неколку дена беа исцрпувачки, бидејќи три дена по свадбата јас сеуште бев исцрпена,ненаспана и уморна. Нон стоп гости,...гужва. Од уморот време за нас двајца не наоѓавме - и тоа ме правеше тажна. Потоа кога поминаа тие денови беше поинаку, се погоди неколку вечери нон стоп шетавме одевме некаде...ние двајца конечно ми се наполнија батериите што би се рекло. Па и на одмор си отидовме, и таму прекрасно си поминавме. Всушност како одминуваа деновите се подобро и подобро одше. Е сега тргна на работа од вчера, па ми е малку чудно што ми го нема по сабајле да си се изгушкаме за добро утро. Се враќа од работа нормално сака да одмори. И дури приквечер е времето кое можеме да си го споделиме.
3 месеци сме во брак, во куќата кај него сум ама не за долго, овие месеци треба да ни го довршат станот што е во и8зградба и ќе си бидеме сами И сега ни е преубаво ама сепак подобро е самички. Инаку премногу се сакаме, почитуваме и имаме голема меѓусебна доверба што е многу важно.
Првиве 5 дена од свадба не сме ги симнале насмевките од лице, морам да признаам воопшто не е едноставно наеднаш да смениш се заради тоа што си жена, ама јас да бидам искрена ништо не планирам да сменам, јас сум таа пред и после тоа фамозно ДА. Сеуште сме во заедница со неговите и сестра му, во најскора иднина нештата ќе се дефинираат конечно и ќе започнеме со планирање на домот, со опремување по моја желба, да го направам просторот пред се функционален. Голема среќа имам што неговите ми веруваат и ми дозволуваат да го кажам своето мислење како постручна во тоа поле. Но морам да речам, сите треба да си ги пуштат малку границите на дозволеното, не можеш да дочекаш се на нож и да бидеш лимун за некои работи, малку ќе преќутиш, малку тие ќе преќутат, на крај на краиштата мм го ставам во тесно ако влезам во дуел со свекрва ми, а кога едниот од брачните партнери е притиснат и другиот страда, да бидеме реални, ако мм е нервозен и јас ќе почувствувам.
Јас и ти слична приказна. Ние оддвај стигнавме во матично затоа што мм беше зафатен со работа, (немаше шанси да се ослободи така да и на денот на регистрација работеше) Така ни помина првиот месец. Постојано беше на службен пат, се враќаше уморен...Се смеам кога ќе помислам дека тогаш сме направиле бебе, одвај за тоа сме нашле време После тоа по некое време на одмор. Па назад на работа и тоа по цел ден (14часа на ден) па пак стара песна. Единствено време кое го имаме заедно е сабајле пред да оди на раб. го местиме алармот порано да имаме време да се изгушкаме (или барем да се гушнеме и да поспиеме уште малце свесни дека другиот е тука, дека сме си во прегратка (ако ме сваќаш што сакам да кажам) и навечер од сааат-два пред спиење... Ама нас тоа ни е нормално. Ние живееме заедно (сами) веќе 6 год (може и повеќе ) и знам како одат работите. Ај уште малце па ќе работи само по 8саати на ден па ќе имаме повеќе време за нас а и да се спремиме за бебчето.За мене тоа е нешто што ми е потешко да се навикнам отколку тоа дека сум мажена, често се случува да заборавам и дека сум ама ова со бебево...долго време сме ние двајца, одговрни сами за себе, спиј кога сакаш, јади кога сакаш, кога ќе ти текне шетај...сега се треба да биде испланирано
Јас со мм си седев верена од јули па до октомври (4 месеци ние си бевме само верени) и веќе се навикнавме еден на друг онака лабаво. Потоа откако се регистриравме пак исто, значи не осетив некоја разлика, освен тоа што имавме потпишано на лист хартија дека сме маж и жена. Но, ајде да си кажам за првите денови кога дојдов кај него како негова вереница. На почеток, нели, секогаш е тешко. Додека се навикнав на неговите, додека се запознавме убаво на почеток така срам ми беше за некои работи, си викав арно што одам на работа од сабалје до пладне. Со мм убав однос си имавме, но немавме некоја интима голема, бидејќи седевме на почеток со неговите па внимававме што правиме. Е, сега е сосема друго сами си сме на спратот уживанција.
Најубаво..Се собравме од медицинар,дојдовме кај мене да живееме во Скопје, се зближуваше со моите бидејќи тогаш живеевме кај нив и преубаво беше
Чудно од почеток, но многу, многу убаво.. Кога се присетувам, секогаш ми се појавува насмевка на лицето.
првите денови убаво дека во брак со тој што го љубам,но сега по година и половина не можам да си се изнасмеам сама себе си на наивноста,вербата,довербата во некој што па ете некако не ги заслужил.кога ќе ми текне дека веднаш по свадбата бев 2ра смена на раб.понеделникот а мајка ми кутрата трчаше со алишта од дома да ми донесе зошто ништо немав донесено се беше онака по негов(на мајка му)ќеиф ми доаѓа да прснам од смеење за да не заплачам,башка работев кај фамилијарен пријател на неговите кои се иживуваа со мене(подоцна разбрав зошто би можело бидејќи газдата сакал ќерка му да ја среди со син им т.е. маж ми на шала ама шала=50%вистина)па како награда за влез во брачни води ко божемски ме унапредија да земав малку повеќе но колкави обврски имав,од 7сабјле до 19навецер првите 3-4месеци од унапредувањето ми беше раб.време и уживање во брак 0,плус на маж ми му текна да се доусовршува за работата па си почна со дообуки во странство,дури ни велигден заедно не дочекавме......љубовта ја има,се џвака заедно со едно чувство на зачмаеност,затапеност и тапа тага на пропаднати сништа за убав брачен старт...а колку сништа имав ехеее само кога ќе се сетам на ентузијазмот,надежта,мотивот просто се прашувам каде ли исчезнаа за еве година дена
^Виши јас мислам дека нема тема на форумов каде не го понижи и подруга сопругот и неговата фамилија.Нема момент каде не се испожали колку е мамин син колку ти е тешко во тој брак колку си незадоволна од целата ситуација во која се наогаш. Не те разбирам .Не знам што очекуваш а најбитно од се со толку негативно чувство према него како успеваш навечер во иста постела да легнеш со него и секојдневието да го делиш со него. Да знам дека мојата посилна половина волку негативно гледа према мене налет нека е и брак и врска и се .