1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првите 40 дена со бебе - прашања, проблеми и предизвици на новите мајки

Дискусија во 'Канта' започната од Cka, 26 март 2016.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.625
    Допаѓања:
    129.384
    Видов дека има тема за бебиња до 6 месеци, но мислам дека бебе и мајка на почеток, особено со прво дете, и бебе и мајка на 4, 5 или 6 месеци е различно, па затоа ја отворам оваа тема со цел да си помогнеме меѓусебно во првите денови кога многу работи не знаеме, кога уморот не совладува, кога се ни е ново и чудно, кога секое движење на бебето ни е проселдено со прашање.

    Кажете ми, како научивте да доите?
    Како научивте да бањате?
    Како научивте да спиете?
    Како научивте да менувате пелени и да пресоблекувате? (нормално, прашувам кога ви е прво дете, за второ веќе знаеме)

    Како се снаоѓате со затнат нос, со кашлање при доење, со плачење а не знаете од што, со менување на бои на бебето (црвено, па модро, па бледо).
    Како се снаоѓате со физиолошката жолтица? Како се грижите за папчето? Како се грижите за градите?

    Како се снаоѓате ако имате постпородилна депресија? Како стекнавте сигурност во себе? Дали можевте сами или некој ви помаѓал? Како се снаоѓавте кога сте биле сами, без никој?

    Имам уште милион прашања кои воопшто не сум ги помислувала порано. Јас сум паничар, сфатив дека сум плашлива многу, дека од силна жена која од ништо не се плаши, сега сум преплашена дали добро го чувам детето и дали грешам, дали пропуштам нешто? Посебно што бебето намали килажа во првите 7 дена, а имам млеко и дојам редовно... Се прашувам каде и што грешам...

    Повелете со искуства и прашања, се надевам темава ќе помогне во најтешкиот период кога се ни е ново, па секоја мајка ќе научи нешто за да и олесни во овој период.
     
    На Santaa, kelebeim***, Magis и 18 други им се допаѓа ова.
  2. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Koga ja rodiv malata i mi ja donesoa za prv pat da jade,doenjeto luge moi mi izlgedase kako najteskata rabota sto sum ja pravela,nemav pojma sto pravam,neznaev kako da ja namestam iako mi pokazaa,uste dodeka bev vo bolnica mi napravi rani,ogromni rani. Mislam deka prvite 40 dena bese non stop na grada,jas umirav,znaese da se nacica i krv,placev i doev,maz mi znaese da mi kaze " ne i davaj ako te boli',kako nema da mu dadam na deteto,neka boli si mislev,ke pomine. So tekot na vremeto kako rastese taka znaese da vlece poubavo,na gradite stavav se sto slusnav,no dzabe,mislam deka sami po sebe zazdravija. Vo nitu eden moment ne pomisliv da ja odbijam,eve denes posle 8 meseci doenjeto e najubavata,najbliskata,najintimnata vrska koja sto ja imam so kerka mi,cica i ke cica seuste,toa e najubavoto nesto sto postoi. Nitu ednas ne posegnav po dohrana bidejki nemase potreba,do den denes odlicno napreduva. Veke razbira,pa koga ke vidi deka ja vadam gradata ete ja se smee,i doaga da si go zeme toa sto e nejzino. Vadi zabi,navecer stanuvam po 20 pati bidejki uteha bara vo ciceto na mama,ama ke pomine i ova i dur trepnam ke mi porasne deteto,zatoa uzivam,uzivajte i vie. Od mob sum i zatoa pisuvav na latinica
     
    На Magis, muchacha_a, game123 и 19 други им се допаѓа ова.
  3. Pebeka

    Pebeka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2014
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    1.422
    Mislam deka Kaj sekoja majka,Bez razlika na hrabrosta sto ja poseduva ,se javuva toj strav zaedno so prasanjeto dali e dobra majka.Posebno so prvoto bebe,Koga se ti e novo I nepoznato,bidejki ne e Isto teorija i praksa.Jas si bev panicarka no znaejki go toa se smeniv mnogu so doaganjeto na bebeto,bidejki panikata Moze Samo da odmogne.Zatoa moj sovet e bidi opustena I vodi se po potrebite na bebeto ,toa kazuva Koga nesto saka da promenis,normalno so placenje.Sto se odnesuva do gubenjeto na tezinata vo prvata nedela e normalno Kaj sekoe bebe,za deset dena si ja vraka rodilanata tezina,ako ne sovetuvaj se so pedijatar.Zoltata boja so tekot na vremeto se gubi sama,barem jas Nisto posebno ne pravev osven sto bevme poveke na svetlina.Okolu doenjeto Samo upornost,mene mi bese toj del najtezok poradi bolni bradavici,a sakav da cica .Bev uporna,pred se imav mleko I eve uste sme Samo na doenje na polni pet meseci.E sega vo prviot mesec se zapoznavate,bebeto e vo nova sredina,majkata so pojacani hormoni,nenaspana,nesigurna a tuka se I grcevite koi spored mene nisto ne gi sprecuva Samo gi ublazuva.Taka da uzivajte majki I guskajte se so bebcinjata,tie imat potreba da ja osekaat blizinata na majkata .:)
     
    На Loveee1, Girl-Rabbit, S.Snezana и 11 други им се допаѓа ова.
  4. SpangeBob

    SpangeBob Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Сите губат тежина на почетоκ! Ноρмално е. Неκои ја надополнуваат побρзо, неκои побавно. Пρиρода! Таκва е. Сите сме ρазлични.

    Единствено што можам да се пофалам себеси е тоа што многу тρезвено и без стρав си ја сфатив новонастанатата ситуација-бебе и се саκав да напρавам сама (додуша не ни имав на κого да се потпρам).

    За доењето благодаρна сум и на сестρата во болница. Убаво ми објасни. Со тρпение. Иаκо имав маκа со бρадавиците помина. 10 месеци успешно дојам.

    Почнав сама да го κапам бебето од пρв ден. Едноставно бев љубопитна. Уживав во новите обвρсκи. Да не ρечам сама себеси се учев за се. Κаκо тρеба и што тρеба.

    Сеκоја новопечена мајκа највеρојатно има дилеми дали го пρави вистинсκото за бебето-стρанец.
    Имаше моменти κога многу чудно се чувствував. Едноставно не бев свесна за случувањата. Деκа добив син. Дел од мене. Што го носев во стомаκот..... пρеκρасни измешани чувства. Но, сигуρна бев деκа саκам да се тρудам. Деκа саκам да не спијам по цела ноќ. Деκа ги саκам сите обвρсκи оκолу синчето. Тоа ми ги олеснуваше ρаботите. Мојата најголема поддρшκа, мојот сопρуг доста ми помагаше. Но, се погоди пеρиод да има многу ρабота. Од оκолу 2 недели со 40 дена сκоρо по цел ден бев сама, со бебе. Што се вели не знаев што е бебе.... Неκогаш си мислам можеби подобρо беше што немаше κој да ме поучи. Таκа нема и κој да те напнува без потρеба! :) Мајчинсκиот инстинκ не гρеши. Веρувај во себе. И биди сигуρна деκа тоа што го пρавиш е вистинсκото! Само смиρено и со многу љубов за тоа мало суштество! @Cka Со лесно мила!
     
    На Kaja991, Independiente, gjoker4e и 16 други им се допаѓа ова.
  5. Anna***

    Anna*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира дали за време кога си во болница т.е. пред да ве отпуштат неискусните мајки ги учат како да се грижат за новороденчето да го бањаат да го пресоблекуваат совети за доењето за да можат сами да се грижат за бебето доколку немаат кој да му помогне. Читав на интернет дека додека не му падне папочето не смеело да се бања бебето туку само со навлажнета крпа да се пребриши.
     
    На Liaaa, rose60 и Cka им се допаѓа ова.
  6. SpangeBob

    SpangeBob Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Највеρојатно многу зависи κаде се поρаѓаш. За доењето многу ми помогнаа. Κаκо се κапи не ми поκажаа. Немаше услови. Собата не беше за ρодилκи. Бебето се κапи обавезно. Само се внимава на папочето. Со тетρа пелена на пρимеρ да се дρжи стомачето за да не се изводени папочето. Лесно κаκо песна :)
     
    На rose60, Cka, Anna*** и 3 други им се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.664
    Допаѓања:
    322.564
    Пол:
    Женски
    Не е точно.Се бања ,само малце се пази на папокот да не се намокри ептен.
     
    На ivi1987, rose60, India и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Smizzy

    Smizzy Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    4.150
    Пол:
    Женски
    А мене па во болница кога ми покажуваа како да го бањам сестрата зема цел го потопи во вода и така го избања. А после и јас дома го миев скроз. После тоа го сушев убаво, го бришев со газа и физиолошка и нова газа му ставав. И му падна папочето на 7 или 10 дена заборавив.
     
  9. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Еве вка да ти одговорам на целото прашање и поопширно. Дали ги советуваат? Во државните родилишта илити болници букално му ставаат вакцина пред да го пуштат ти го тупнуваат на раце и чао. После недела две, месец... зависно колкава гужва има во твојата општина доага патронажна сестра која те советува дали правилно го доиш, како да го ставаш да спшие, да те поправи некаде ако грешиш, да го прегледа каква е општата состојба дали е ухрането доволно..... Мора да знаеш дека во некои болници како на пример во Скопје во државна болница им ги носат бебињата уште првата вечер на мајката да се грижи одреден број часови а ако се е во ред веќе втората вечер тие цела ноќ ја поминуваат со мајката во креветче до неа. Утредента т.е третиот де го прегледуваат, мерат, му ставаат вакцина и ти го даваат. Ако имаш кој да ти помигне ок ако не господ нека ти е на помош.
    Околу бањањето. Секако дека се бања со тоа што не се става во кадичка туку се става пеленка на папочето и се држи детето свртено надолу на рака и така се бања. Обично едниот родител го држи а другиот го посипува. Во тој период се мие само со обична вода без купки и такви работи. Па нека ти е со среќа.
     
    На Abeja, Cka, Anna*** и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    256.541
    Пол:
    Женски
    Јас па имам ок искуство од гак. И ми покажа една сестра како да дојдам и ме охрабри дека имам млеко. Едно шише имам купено во животов и остана не искористено.
    Имав голема самодоверба и мислев дека се што правам треба баш така да биде. Имаше жолтица, ја средија во болница со една ноќ сончање. За пресоблекувањето ни покажа една од родилките на која и беше второ дете.
    @Cka имај доверба во себе, уживај и биди среќна. Се ќе си дојде на место. Бебе на гради, контакт со мама и тато кожа на кожа.
     
    На YasMazza, bittersweet, Esmeralda-MD и 7 други им се допаѓа ова.
  11. mama89

    mama89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    9.332
    Пол:
    Женски
    @Cka како јас да се читам првите денови...бев збунета...многу среќна но и исплашена...бев царски млекото по 2 дена ми дојде малку колострум...незнае бебе да цица токми муцки...ајде ми викаат измолзувај се колострумот да му го дадеме ..а јас незнам...дојде другарка моја ми покажа влечи, тегни плачи боли но мора...левата рани скроз...си дојдовме дома, јас прв пат пелена ќе менам ...поима немам како но сменив некако...и да тука форумов ми помогна темите за доење @Kaetana да е жива и здрава и гледање клипови на јутуб има се како се мести и дои правилно. Си почна да си цица, со грчеви немавме мн мака, само спиеше и цицаше до 40 дена...знаев и да си поплачам ете така ми идеше, но мм ми беше подршка и помош.Читав многу и што не ми беше јасно прашував...во спиењето некогаш до 40 дена испушташе звуци чудни како да рчи - нормално ее се чисти :) е сега фала Богу до сега преспива од старт цела ноќ не се буди за цицање ...до 40 дена дури и досадно ми беше но после ќе спие денски мн малку ќе се смее ќе гуга ќе си играте и уживате.Ти посакувам се најубаво да ти биде со душичето мало да биде умно бебе :*
     
    На Girl-Rabbit, galapce, S.Snezana и 9 други им се допаѓа ова.
  12. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.861
    Допаѓања:
    28.399
    Јас и покрај тоа што имав огромно искуство со деца и бебиња уште од најмала возраст, кога ми го донесоа моето во болница буквално цело искуство како да пропадна во вода. Не знаев ни како да го земам, да го држам, да го пресоблечам. Ама мајчинскиот инстинкт проработува и полека сѐ почнува да тече како што треба.
    Мене никој не ми покажа како да дојам, пробував секако и уште одма најдовме начин и син ми почна да си цица без проблем.

    За бањање, ако не се лажам имаш помош од мајка, свекрва... Прво гледај па почнувај и ти да пробуваш по малку. Јас гледав на интернет и така научив.
    Додека доев (буквално додека траеше тој чин) ме совладуваше хронична дремка и жед. Значи буквално не можев ни глава да држам исправено, ни очи отворени. Устата ми се сушеше моментално и ако не добиев чаша вода во моментот мислам ќе изгорев. Прво ми помагаа, после не седнував да дојам без чаша вода и перница до мене.

    Затнато носе, т.е. крчење е нормално на почеток првите неколку месеци затоа што бебето сѐ уште се чисти и како што ми кажуваа му смета некое носно 'рскавиче кое со тек на време си се регулира. Мене ми беше страв било што да ставам во носето на толку мало бебе, па капнував од моето млекце во носот по една капка. После доење си го креваш бебето потпрено со мешето на тебе за да подригне (кај мене скоро никогаш така не ждригнуваше, ама за кратко му го фатив редот и така си функциониравме).

    За папчето и жолтицата сигурно веќе ти кажале во болница. Папчето го поминував со чепкалка и 70%алкохол околу, си ставав и прашоче и најмногу внимавав да не се топи со вода. Падна за 2-3 дена. За жолтица доење што повеќе и изложување на сончева светлина.
    Градите можеш да ги миеш со млака вода пред подој. Секогаш имај си при рака нешто што ќе ставаш на едната града додека доиш од другата (најчесто тече млеко додека не се стабилизира лактацијата). Нормално е тежината да се намали на почеток. Не мери пречесто и дои секогаш кога бебето сака да цица.

    Постпородилна депресија никогаш не сум имала иако првите 40 дена ми поминуваа како 40 години. Бев максимално посветена на бебето и истражувања како да се запознаеме и да функционираме подобро.

    Паника фаќа многу особено кога почнува да плаче, а не знаеш од што. До пред да станеме мајки решение за бебе кое ќе заплаче беше - "дај ѝ го на мајката и решен проблем. Сега ти си мајката и единственото решение за било кој проблем на бебето."

    Ама секој ден, со секое смирување на бебето, секое задоволување на неговите потреби, секое ново откритие, стануваме сѐ посигурни во себе како мајки и така откриваме нешто кое пред тој момент ни било тешко да го сфатиме...

    Со лесно на сите нови мајки. Сега ја имате најголемата причина за живот и најголемата гордост. Уживајте во секоја "мака", во секој момент со вашите најмали.
     
    На YasMazza, Mari-Ja, Girl-Rabbit и 19 други им се допаѓа ова.
  13. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    @Cka мила, ти благодарам што се сети за оваа убава тема да ја отвориш. Јас иако не сум сеуште породена , рано ми е, ова ќе ми биде второ детенце, но после 11год. па исто како прво да ми е и секако дека ќе ми се најде и тоа многу оваа тема, бидејќи се сама ќе треба да правам.

    Огромна благодарност до сите мајки што ги споделиа своите искуства, беше прекрасно да ве прочитам сите една по една , прекрасни приказни , со уште попрекрасни моменти и доживувања...
    Ви благодарам уште еднаш :inlove:
     
    На kelebeim***, Magis, Girl-Rabbit и 7 други им се допаѓа ова.
  14. NewMommy

    NewMommy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2015
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.059
    Пол:
    Женски
    Мене на пример ми рекоа папочето да му го ставам внатре под пелената, што јас не ги послушав бидејќи секаде на интернет прочитав НИКАКО папочето во пелената. Ми рекоа да не го воденам и ако случајно се изводени со памукче или со чепкалка да ја соберам водата. Јас после секое капење на бебето му ја собирав водата со памукче додека не беше паднато папочето, а сега со чепкалка за уши и му ставам прашок Baneocin што ми го препиша докторката која што ќе му биде матична. Јас го однесов на преглед на 8 дена кога имаше. Се си е во ред. Само мислам папочето никако во пелената внатре. Сега во вторник пак ќе го носам на преглед. Тогаш ќе има 15 дена.
     
    На Girl-Rabbit, Cka, slobodka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. NewMommy

    NewMommy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2015
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.059
    Пол:
    Женски
    Моето бебе има скоро 2 недели. Утре ќе направиме 2 недели :inlove:. Е сега јас и сопругот сме околу него цело време, и сме во паника (особено јас), зошто плаче, зошто не спие, зошто многу долго спие и тн. Секој ден е различна приказна. Јас јадам колку што можам „и не можам“, за да имам млеко и бебето да е сито, ама што да правам кога устата не ми се отвара за јадење. Секогаш сум била мерак за храна ама сега апетитот никаде го нема. Вода пијам од бокал и имам задача да го испијам цел во текот на денот, затоа пијам од бокал за да ми текне дека треба да пијам вода. Морам да признаам дека се борам со депресија постпородилна и ми е многу тешко, ама мора да се издржи јуначки и се надевам се ќе се среди. Е сега прашањето ми е колку треба да спие бебето на оваа возраст. Ние по цел ден го заспиваме, ама сигурно треба да има периоди во денот кога бебето ќе биде разбудено. Колку треба да спие а колку време да биде будно. ХЕЛП ПЛИС :(
     
    На maja.mitrova, Girl-Rabbit, mama89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.115
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Vo ovoj period bebinjata spijat konstantno isven koga sami se budat za cicanje. Mojata se budi ja presoblekuvam cicame, potoa i davam ad i ja zaspivam Ili sama veke si e zaspana. Taka da ne se sekiraj ako si spie celo vreme.
    Da ve prasam jas nesto... Pred edna Ned la ni padna papoceto, i eve veke dva dena i tece po malku krv. Se ispaniciv, ne e mnogu ama i govprlja bluziceto, i know ga ja cistam so alkohol ima na stapceto. I stavam i prasoce i eve pak si protekuva. Pedijatarot mi rece ako ne prestanuva da i stavele nekoja vutaminska inekcija. Dajte sovet nekoj.
    Se mislam da ne i e od pelenata da i se trie? Dali ima nekoj flasteri za papoce, da stavam takvi?
     
    На Girl-Rabbit и NewMommy им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.727
    Допаѓања:
    99.967
    Пол:
    Женски
    Јас сакам за почеток да ја поздравам Цка и да и кажам дека е најдобра мама на свет :* Само ти треба време мила да се опуштиш. Едвај чекам да ја запознаам со мојов немирко ;) Мене чекајте ме за едно месец дена, а дотогаш ќе ја следам темаваи ќе се убацувам со понекој совет ако можам да помогнам ;) Имам искуство јас огромно :*
     
    На Girl-Rabbit, Cka и slobodka им се допаѓа ова.
  18. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.356
    Допаѓања:
    38.139
    Пол:
    Женски
    @slobodka на моето му крвареше малку, му ставија К витамин инекција и веднаш престана. Јас и памперсот надолу го виткав и прво му ставав боди па над бодито повојот, за да не се иритира, пробај така. Ако продолжи не е страшно и инекцијата да ја прими, кај некои бебиња е малку дозата на раѓање што ја примаат.
     
    На only44you и slobodka им се допаѓа ова.
  19. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.849
    Допаѓања:
    32.367
    Пол:
    Женски
    Ставај му хидроген и чисти го и ке нема проблем. А за да не го допира на пелената можеш газа да му ставиш.
     
  20. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.115
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Mu stavam i gaza i nejze ja prlja so krv. Ne pomaga. I ja cistam celo vreme so alkohol i prasoce potoa stavam, pak nisto. @kristina.k velis vit K e? Nie pprimivme voobicaena doza, no sto velis moze malku i e. I jas sega pampersot nadole go vitkam ama pak pravi krv.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.