Првото "Те сакам" во врската

Дискусија во 'Врски' започната од butterfly992, 2 февруари 2013.

  1. butterfly992

    butterfly992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    22
    Што мислите, кога е вистинското време за да го кажете првото "Те сакам" во врската? После месец, два,.. шест месеци или повеќе? Кога го кажавте Вие ова? :) Кој го направи тоа прв, Вие или вашиот партнер? Ако е дупла темава слободно корпа. :)
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.282
    Допаѓања:
    2.810
    Пол:
    Женски
    првото те сакам треба да биде кажано кога навистина се чувствува љубов,нема одредено време дали на почеток или после неколку месеци,важно е да биде кажано со чувства ,и да се препознава вистинското од лажното,,те сакам,,.
    а мое лично искуство,повеќето пати уштево првиот месец сум слушнала те сакам,а јас сум го кажала можеби малку подоцна,новистински сум го мислела :) .тоа е индивидуално ,се надевам ме сфати :hai:
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vice27

    vice27 Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    31
    после 6-7 месеци го кажав на девојка ми длабоко од моето срце,и не го повторувам многу тој збор повејќе употребувам други зборови за да искажам љубов према мојата партнерка.
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. stoilovat

    stoilovat Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    9
    кога си пишувавме пораки ми пишуваше само т.с. и сега одиме скору 4 години и не е поминал ден да не ми казе те сакам..
     
  5. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    3.421
    Пол:
    Женски
    Некој ќе рече не сум нежна,романтична и слично, ама мислам дека нема потреба од пречесто користење на тоа Те сакам...
    Јас повеќе сакам тоа да ми се докажува, кога најмалку очекувам да ми докаже, а начини има премногу...
    Првото кажано искрено незнам ни по колку време беше, а беше толку спонтано, изненадно.
    Смешни ми се оние парови (посебно над 23 години), и на секое слушање, во секоја порака, тоа па тоа...
    Како средношколци некои.
    Сепак се зависи од карактерот на луѓето.
     
    На crazylady, Bescheiden, Elena69221 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.906
    Првото ,,те сакам,, беше од него.
    Јас го кажав дури после 6 месеци. Оти...не го чувствував.
     
  7. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.698
    Допаѓања:
    4.688
    Пол:
    Женски
    Незнам дека имало одредено време за да се каже првото те сакам. Можеби сум сеуште малечка за да разберам некои работи незнам навистина :?: Мислам дека тоа прво те сакам треба да биде кажано кога навистина го чуствуваш тоа. :lol: :rofl:
     
  8. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    739
    јас прва му кажав, од одма од почетокот :) он баш не ми веруваше вика еее кај за толку брзо одма сум го засакала :) он ми кажа после 4-5 месеци, вика сакал кога ке е сигурен во чувствата тогаш :)
     
  9. Veki4kaa

    Veki4kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    4.109
    Допаѓања:
    10.788
    Пол:
    Женски
    Одма уште првата вечер :inlove:
     
  10. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.645
    Уште истата вечер кога се запознавме само малку поинаку се одвиваа работите.
    Он: Ти мене ме сакаш само што уште не си свесна за тоа.
    Јас: Yeah, sure :smoke: |( во шмизл стајл и со wtf фаца :^)
    После 2-3 дена се освестив. Се освести и он.
    :D
     
    На Springy и Veki4kaa им се допаѓа ова.
  11. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Малце ме зачуди ова 6-7 месеци...
    со детето што излегував уште од второто излегување ми кажа те сакам..
    но не сме уште сериозно....
    можеби и не е вистина :worried:
     
  12. sweet-17

    sweet-17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    После еден месец во врска.
    Тргнав јас да одам на екскурзија, и се слушавме по пат пред да излеземе од мк..и тој почна "немој да заборавиш дека некој иако е далеку те сака, дрн мрн" и од тогаш секоја вечер ми го кажува тоа. :)
     
  13. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    108
    Прво он ми кажа знам само незнам точно после колку време, ама сигурно после 4-5 месеци ... а јас лично ако не го стварно чувствувам тоа нема шанси да кажам такво нешто, затоа само на едно машко во животот му имам кажано дека го сакам.
     
  14. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    560
    Првото те сакам во врска, беше во порака на фб, беше кај другар, и доцна се врати, тогаш не бевме ни еден месец заедно. Ми пиша дека си дошол, дека цело време мислел на мене и дека ме сака. После некое време ми кажа дека ме сака ама дека се уште не е заљубен, не се лутев, идевме скоро 2 месеца тогаш, па беше рано за заљубување, не бев ни јас.
    Бевме другари претходно, па ни беше чудно. Но знаев дека ме сака, зошто го докажа тоа на најубав можен начин.
     
  15. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.274
    Пол:
    Женски
    Првиот збор му беше вчера...останав занемена,незнаев што да кажам бидејќи јас не сакам да се опуштам,не сакам да го изговорам тој збор...
    Само се насмеав и го гушнав најсилно.Поминато е месец одкако се гледаме ама според мене не може да знае дека ме сака толку рано...незнам...
    Не ми се случува ова прв пат обично после месец дена одма ми изјавуваат љубов,а јас секогаш само со насмевка им враќам.
    И да сакам,можеби со дела повеќе ќе покажувам,а зборот веќе тешко ќе излегува од мојата уста...
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    141
    мојов уште пред да се фатиме ми кажа дека ме сака дека ќе ми докажи... јас будала лажиш дека ме сакаш сакаш само да ме искористиш ако сакаш да се фатиме барајме по една година а по две недели се фативме...абе будала хаха :lol:
     
  17. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    201
    па можам да го кажам одма, а колку ќе ми значи е клучното прашање :D
    Дека последната врска се деси ептен спонтано. Првото те сакам беше кажано од негова страна.
    "Незнам што ми е ама сеа у моментов ми иде да ти кажам дека ТЕ САКАМ!" :D
     
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.537
    Допаѓања:
    5.406
    Пол:
    Женски
    Секогаш сум била за првото "те сакам" да биде што покасно во врската, не многу покасно ама пак. Е ние некако си се подзаборавивме. :lol: Поточно дечко ми се заборави.

    Си покажувавме цело време на дела дури и он повеќе ама "те сакам" немаше. Јас му кажав некаде после 6 или 7 месеци. Сакав он прв да ми каже ама чекај, чекај не дочекав. Епа неможев веќе да издржам мислам дека срцето веќе ќе ми пукнеше, цело време ми стоеше на врв на јазик. И му реков знаеш што јас те сакам. И сега чекам да ми каже "и јас тебе" ама ништо, уште да ми речеше "фала многу". :D И така јас си чекав уште месец, два, три ништо. Дури после една година од нашата врска ми рече "те сакам". Јас во меѓувреме веќе си се убедив дека дечково не ме сака. А уствари на него му било срам зошто никогаш немал кажано "те сакам" и си мислел исто е да се каже "ми значиш" и "те сакам". Да, да исто е. :tmi:

    И така сега веќе се пресрамивме и си кажуваме од време на време. Не секој ден, не на секој разговор. Само кога ќе си се почувствуваме така. :inlove:
     
  19. canary

    canary Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    60
    Првото "Те сакам"... Јас мислам не е тоа со време еј 3 месеци одиме ај да му речам.. Кога навистина го чуствуваш тоа тогаш треба да му кажеш. Јас на почетокот од врската не го сакав дечко ми, ми се свиѓаше и се тоа ама не бев затрескана многу за разлика од него. Тој прв ми рече дека ме сака не памтам колку време одевме тогаш. На почетокот не ми викаше многу, а сега не можам да замислам без да ми каже барем еднаш во денот. Мене пак потешко ми беше да се отворам ми требаше повеќе време за да му речам дека го сакам. Сакав прво навистина да го осетам тоа пред да му кажам :)
     
    На Lizzy.Grant му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.253
    Допаѓања:
    14.952
    Пол:
    Женски
    Првото ТЕ САКАМ во врската, уффф беше одамна, и ако не се лажам (ако добро ме служи помнењето) :$ беше на нашата прва расправија, 3/4 недели од како почнавме да идеме. Ама тоа мое искажување излезе некаде длабоку од срцето...искрено. Затоа го велам прво, може и во претходните 2/3 недели сум му рекла ама не се сеќавам, навистина одамна беше.