1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прв ден дома и прва средба со братче или сестричка

Дискусија во 'Бебе' започната од ddevojce, 28 јануари 2020.

  1. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.546
    Драги мамички, одамна се мислам дали да ја отворам темата, не најдов нешто слично.
    Овде можеме да го споделиме првиот ден дома или првите денови, првата средба со братчето или сестричката, нивната реакција за новиот член на семејството. Како се чуствувавте по доаѓањето од болница дома, стравови и радости.
     
    На Bella*, Presrekna, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.843
    Допаѓања:
    10.346
    Темава е самo за тие штo веќе имсст втoрo дете па реакциjата на братчетo/сестричката или oпштo и за тие сo првo бебе?
     
    На Presrekna и ddevojce им се допаѓа ова.
  3. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.546
    Општо и за прво дете, првите денови дома. еве јас ќе раскажам.

    Се породив недела, и цело време у болница учевме доење и се усогласивме. Премногу ми беше страв да спијам навечер од што стално ја проверував дали дише. Пуста душа не можеше да спие. Прво дете. Воопшто не спиев. Дури сестрите ја зимаа кај нив да можам јас да одморам, ама пусто срце не ми даваше да заспијам. Во средата сабајле визитата помина, преглед на бебе рекоа се е во ред, можеме да си одиме дома ако се осеќам добро. Се јавив на мм дојде попладнето да не земе, целата пресреќна се спремивме со бебе и правец домче. Мм дома го беше светнал станот, генералка направил се живо и диво средил, украсил со балони со натписи,разни чуда, абе милина :inlove::inlove::hug::l:. Едно убаво бањање удрив, се средив и бебе средив, гушкање, галење и уживање :hug::l:^_^ исто неможев и дома да спијам првите вечери, пусти страв, па мм внимаваше на беба. Потоа се опуштив и си влеговме во ритам. Уште од прв ден сама со бебе, дека мм работеше, немав помош од никој, освен тој кога си идеше ми помагаше и супер си го поминавме почетокот, сами си влеговме у ритам, после кога ни доваѓаа гости, бабите, веќе бевме у шема влезени :clap: Имав бабица доваѓаше двапати неделно, го мереше бебе, папче контролираше,и доење како оди. Се на се, мајки сме и мора дс се снаваѓаме :D
     
    На Tsukinory, Turna, SkarletOHara и 15 други им се допаѓа ова.
  4. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    16.436
    Пол:
    Женски
    Нашето искуство беше трауматично,слободно можам да кажам дека беше еден од најлошите периоди кои сме ги имале до сега.Мислам дека најголемата тага ја имам осетено баш во тој период.Со првото воопшто не бевме разделени,ниту една ноќ ја немав поминато без него.Прв и толку голем стрес ми беше тој.Во болница бев 4 дена.Првото синче сеуште не зборуваше и незнаел ни како да праша каде сум,ама ми кажаа дека знаел да рече мама,мама,значи сепак сфатил дека ме нема.Сите 4 дена ги преплакав во болница.Како за беља во апартманот до мојата соба беше мајка која имаше синче колку моето и секоја вечер и доаѓаа на посета.Тогаш срцето ми се кинеше.Дента кога излегував од болница се изнаплакав внатре,за да не ме види он како плачам.Собрав сила стиснав заби,и непуштив солза.Никогаш нема да го заборавам тој празен поглед и тие тажни очи,срцето ми се скина.Се изгушкавме влегов во кола,се издиша,и за 2 минути заспа.Како да му олесна што ме виде,и му падна цела тежина.Кога го погледна брат му не беше нешто возбуден,немаше никаква реакција.Првиот ден помина супер се,ние мислевме е супер,го прифати,нема љубомора,ама гадно сме се зезнале.И почна хоророт.Стана сабајле виде дека бебево е тука и се се смени.Го туркаше особено навечер кога ќе станеше.Се будеше во ниедно време со вриштење.Одма и малото почнуваше да вришти.Кај кого попрво да одам.Малото стандарт во раце за да не го повреди.Цело време се фрлаше врз него.Ама ние ја направивме големата грешка.Наместо да спијат двајцата со мене,јас спиев со малото а баби дедовци со големиот.Мм одеше навечер на работа.И после недела дена ми пукна филмот и избркав од дома и баби и дедовци,си ги земав двајцата со мене во кревет.Полека полека се менуваа работите.Спиев со двајцата во раце.Престана и вриштењето навечер.И сега не дека е најсјајно двајцата се мали и не разбираат,ама е подруго.Сега се гушкаат сакаат а богами и тепаат.Малото научи да враќа,па и доста сила покажува.И така од заштитник станав судија.Беше тешко,и сеуште е,ама и после се пак би минала низ истото.Кога ќе ги видам како се бацуваат и гушкаат душата ми е полна.Ако нешто би менувала би сменела само да не се толку мала разлика.Инаку се разлика 2 год и 4 месеци.
     
    На mamaJana, Butterfly1107, Ava.84 и 26 други им се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Може да си кажам за првата средба брат ми кога го донесоа дома? :)

    Бев 6 ипол години, голема за да разберам веќе се. Но, долго пред тоа бев единка и малку тешко ми дојде адаптацијата дека треба "да ги делам моите". Искрено го чекав со душа, но кога го донесоа, бидејќи беше малецко ептен, ситно се роди, викав "не го сакам ова нешто за брат, какво е, не може брат да ми е" :tmi:, а и одеднаш вниманието што беше целосно мое се насочи кон него, станав ептен лута и дури викав "ич не го сакам, вратете го од кај што сте го земале:rofl::rofl:". (facepalm)(facepalm) Бев лута дека сега одеднаш он главен по дома, се за него се збореше и мислеше.:D
    Мама знам дека цело време ми објаснуваше, зошто толку сум го сакала пред да се роди, а сега вака сум правела, па и двете сме и биле деца, немало ништо да се смени сега... :worried:

    Тоа беше кратко, првите денови, после ептен сакав да гледам мама како му менува пелени, да го заспивам со неа. Ептен си го засакав. Како потпорасна, го ранев, дури научив пелени да менувам, а тоа душичка па, едно мирно бебе и ептен сакаше со мене да е. Да знаеше што сум му мислела кога го видов. :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:

    Тешко е ако подолго време поготово си навикнат да си само едно дете...
    Одеднаш треба да научиш дека не си само ти, малку е тешка промена. Барем мене ми беше... Ама брзо ми пројде. :)

    Не се секирајте ако има ваква реакција, после ќе бидат неразделни. :) Нормално е на сам старт ако има некоја ваква реакција, брзо ќе пројде. Првото дете само треба да знае дека сега се ќе е исто, нема да се промени вашата љубов за него и дека "новото дете" нема да му ги земе родителите. :D
     
    На Fatalnata, Turna, SkarletOHara и 17 други им се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Позитивно искуство во секој поглед.
    Првото ми е поголемо и разбира се. Мислам дека цел негов живот си бараше брат и си го доби. Највеќе ме болеше кога ми го обрусуваше муабетот ,,само јас сум сам, сите имаат брат или сестра а јас сум јаден,, (facepalm).

    Кога дојде во болница да ме види ме бакна онака во залет и му се залепи на бебето и првата реченица му беше ,,ти си мој брат,,. Ме стопи но не покажав слабост.

    Кога си дојдов дома исто така му беше ,,фластер,, на бебето. Ми помагаше буквално во се па дури и изрази желба да му менува пелена :x (нормално не му дозволив). Кога се шетаме сите тој мора да ја вози количката, се играат заедно, му чита...па дури и на почетокот ме малтретираше да го чекам пред училиштето со бебето кога ќе му завршат часовите (facepalm). Спиеше со мене на спална првите денови со изговор као можеби нема да го слушнам бебето додека плаче навечер а знам дека се бореше во себе дека мама се дели на 2. Му врежав во мозочето дека љубовта може само да се зголеми а не и да се подели и ќе види сам дека се што му правам на бебето, сум му правела и на него кога тој бил бебе а сега не се сеќава.

    Е сега бебчо подпорасна и знае да му ,,досаѓа,, додека тој учи или игра на компјутер и тука е весело понекогаш :D. :!: дури и некогаш го користи како инструмент за забава/игра само за да не учи затоа што бебчо е поинтересен :angel:.

    Детето (првото) се смени целосно, наеднаш созреа и ми стана озбилен.
     
    На Fatalnata, Ava.84, Turna и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.843
    Допаѓања:
    10.346
    Преубав ден, преубави спoмени :angel:
    Самo штo се пoрoдив oдма сакав да си заминам дoма.
    За среќа бев краткo вo бoлница, мoже да се каже ни два дена :lol:.

    Утрoтo прojде визита мене ме oслoбoдиjа ,а пoтoа и бебе.
    Се jавив на мм да дojде и да не земе, дoма се му беше спремнo па зема сликна се ми прати за да знае дали земал се штo е пoтребнo (oблека за мене и бебе).
    Бебка jа земаа oдма утрoтo ради вакцина....
    Мм се jави дека е вo близина ,а jас тoрбицата и да ме нема (цимерката ми вика ти си спoсoбна и да трчаш).
    Една oд врабoтените ми jа зема тoрбицата и вели аjдеее дoле бебетo те чека.

    Гo гледам мм излага oд кoла сo преубав букет и мече за бебе. Гледавме какo jа oблакаат бебка, гo пoгледнувам се тoпи, насмеан oд 6ка дo 6ка, jа ставиjа вo транспoртер и му jа дадoа :inlove:. Малце беше скржав на никoj не jа даваше па и дoма кoга дojдoвме.
    На искачање oд бoлница сликнавме пo некojа фoтка.
    Бебе oд бoлница па дo дoма не заспа, искренo ми беше чуднo :wasntme:.
    А дoма преубавo изненадување за нас две, балoни над креветчетo, накитена сoба вo рoзевo за бебе :inlove::party:.
    Пoчнавме oд oдма сами да си jа пресoблакаме, бањаме.
    И пoсле 3 месеци бањаме бебе заеднo и пoтoа дoдека jа средувам седи дo неа и jа гледа. Среќа е бебе дoма :l:.
     
    На Fatalnata, Tsukinory, Bubish26 и 16 други им се допаѓа ова.
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.881
    Допаѓања:
    102.911
    Пол:
    Женски
    Моите две ќерки се разлика 8,5 години. Ќерка ми бараше да има братче или сестричка и желбата за брзо и се исполни.:) Додека бев бремена , ми помагаше по дома , нешто ако ми паднеше и сл , реков супер , голема разлика ќе се ќе помага , нема да љубомори , но се излажавме.. :x
    Кога бев во болница, плачела по мене првата ноќ, ама ок , ме посетуваше три дена додека бев таму, беше збунета и се гледаше во ликот , викав ок нормално е :) кога дојдовме дома почна да се повлекува во себе, да плаче, бебето го гледаше со презир , ајде да не се чувствува осамена ја ставив до соба да спие со мене и бебето.Ја стававме со нас да ја бања да ни помага , но ништо. Се јавуваше на мајка ми на скајп да и каже дека се чувствува осамено , е тука срце ми се скина. Мајка ми ме советуваше да и давам повеќе важност на неа отколку на бебето колку можам, зошто бебето и така не разбира , а големата да не се чувствува осамено. И многу ми беше страв да не потпадне психички , па да се влечеме по психолози :( среќа помина, по 2 недели од прилика. Сега е 4 месеци малово , ја гушка, и збори а бебево како да разбира највеќе на неа се смее :)
     
    Последна измена: 30 јануари 2020
    На Tsukinory, Ava.84, Bubish26 и 18 други им се допаѓа ова.
  9. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Разлика точно 2.5 години.
    Додека бев во болница немало проблем, секако се ептен другари со татко му и знаеше дека мама пошла во продавница да го купи бебето. Пред да се прододам го прашувавме што сака сестра му да му донесе подарок кога ќе дојде дома. Порача баланс точак. Го купивме и го скривме во подрум.
    Денот кога е земаа, се симнав доле и кога ми ја продаваа торбицата мм синче и свеки, син ми ми изгледаше толку пораснат и преубав. Се качил горе и вика дојди да се гушнеме. Сонце. Ќерка ми ја облекоа, транспортерот го дадоа на мм. Син ми само се лепеше до беба да се сликал. Ме изгушка најсилно. Кога стигнавме пред зграда мм прво го зеде точакот и го однесе дома, па сите се качивме и кога отворивме син ми го пречека точакот. Се превозбуди и ме заборави. Мене ме пречека преубаво накитена соба. Маже и батко ја кителе за беба и мама.
    Првиот ден се доевме легнати сите , беба од една, синко од друга страна да лежи и да гледа.
    Прво мислевме најидеално дека е синко и маже во др соба да спијат, така неколку дена ама не биваше, па споивме креветче и спална и спиеме сите четворица.
    Од прв ден не љубомореше. Не љубомори уште а веќе сме 8 м. Здравје, не знам како ќе е во иднина, ама многу ја сака засега.
    Се на се убаво искуство.... Ооо зошто ли олку брзо растат?!?
     
    На Ava.84, Bubish26, Chanell* и 13 други им се допаѓа ова.
  10. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.056
    Допаѓања:
    20.758
    Пол:
    Женски
    Прв ден дома.
    Ме пуштија на 14.12 во петок, синко супер беше, не фати жолтица, цицаше убаво, го облекоја, право кукле беше :inlove: надвор почнуваше да врни снег :rain: прво дома ко влеговме му дадоа пари и злато бабите и дедовците, после го однесовме горе на спрат, во спалната беше украсено, преубаво беше, цвеќиња, балони, се имаше. Прво бебе, незнаев што да очекувам, убаво ни беше топло на душата :hug: љубов најчиста, најголема :inlove:
     
    На Tsukinory, buba4e89, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.989
    Допаѓања:
    279.150
    На lackygirl, cresa-jagoda и koritsaki им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.916
    Допаѓања:
    32.523
    Пол:
    Женски
    Моите се разлика неполни 3 години. Првиот ден поголемиот син никако не изреагира. Ама од наредниот ден почна да покажува љубомора. Му сметаше што го земаме брат му во раце. А морав да го земам за да цица.
     
  13. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.492
    Допаѓања:
    7.359
    Пол:
    Женски
    Да не пишувам тука за мојот прв ден после пораѓај, ќе пишам за искуството со брат ми. Ние сме разлика 8 ипол години. Имаше време кога плачев за братче или сестриче, но мајка ми многу се измачи додека роди второ дете, да не беше упорна немаше да роди. Нејсе, јас се навикнав сама и престанав да сакам брат или сестра. Кога се роди, бев љубоморна. Сите го гледаа него, првиот ден се сеќавам дека плачев. Понатаму не развив поврзаност со него, тој беше голем плачко и само мајка ми си ја бараше, мене не ме регистрираше. Така пораснавме, однос службен. Никаква допирна точка немаме. Нормално дека го сакам и криво ми е што така помина детството. Можеби понатаму кога ќе биде и тој возрасен ќе се најдеме, конечно.
     
  14. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    7.978
    Пол:
    Женски
    Моите се разлика 8 години. Не очекувавме љубомора но сепак имаше испади кои за среќа не траеја долго. Првиот ден ми рече " тебе ти требаат само бебиња, јас повеќе не ти требам". Ми се идеше да избегам од болница за да бидам дома со него. После дооооолго зборење почнаа работите да си идат на место. Сега се супер, ми помага со бебето во рамки на неговите можности, го гушка, го забавува, го смее. А беба најмногу реагира на него, кога ке се врати од школо, а бе само гласот кога ке му го слушне, лета. Љубов ми се. Многу пати размислувам дека поради големата разлика нема да имаат заеднички интереси, но сепак ке си се имаат еден со друг.
     
    На azelea, koritsaki и The Unicorn им се допаѓа ова.
  15. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.777
    Пол:
    Женски
    Јас веќе бев збесната за да си ја изгушкам големата, немаше посети во болница, 2 пати само ја видов во 10 дена. Когга си дојдовме дома, јас се фрлив на земја да ја гушкам да ја бакнувам, а таа трча накај братот. Цело време го демнеше и сакаше да го фати, а јас сд расправав со бабите што одма и скокаа не немој, пази да не го стегниш и слично.
    Се познаваше дека беше многу збунета, а уште повеќе ја збунив јас што ја гушкав како луда.
    Двете чудни прашања беа кога ќе стани од спиење да си играме и второ баба ќе си го земи бато на бегање дома така? :wasntme:
    Еве месец и пол, абер нема љубомората да се намали:worried:
     
    На lackygirl и koritsaki им се допаѓа ова.
  16. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    3.554
    Пол:
    Женски
    Некоја тазе мајка да сподели искуство. Син ми е 2 години и 8 месеци. За некоја недела здравје треба да се породам. Уште сега се мислам како ќе не/ме биде. Како ќе издржам 4 дена да не го видам? Поради коронава не пуштаат посети а ќе треба царски да се пораѓам. Засега знае дека ќе биде голем батко, дека мама има бебе во мешето. Но, некој совет, некое искуство какви се од прилика првите денови по породувањето? Што да очекувам? Се надевам дека лесно ќе се прилагодиме.
     
  17. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Во болница само си плачев по големиот, прв пат се одвои од него. Сите мислеа од болки плачам, јас по детето си плачев. Ваљда хормони ми влијаеа.
    Првите денови дома беа хаотични. Но нека не те плашат. Како поминуваат деновите, така ќе се сталожува ситуацијата. Постарото ми беше две години. И тоа само мајка си бараше. Па јас си спие со него, се шетавме, све до мене беше, не дозволив да оди кај баби на спиење или они да го чуваат. Па можеби и затоа не се појави љубомора, напротив некако работите природно си фатија тек.
     
    На Happyinlove и azelea им се допаѓа ова.
  18. MACKICA1902

    MACKICA1902 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Тазе мајки не тазе мајки сите имаме слично искуство:).Керка беше скоро 2 години и додека лежев во болница 5 дена по второто породување не сакав да ми ја дадат на телефон за да не се расплаче и натажи а и ја да не плачам повеќе од колку што плачев по неа. Прашувала секој ден за мене и плус еден ден качила температура( викаат старите тоа било од жал по мајката).Пцуев и викав по маж ми дека не ја пази и цело време ја мислев додека лежев.За среќа и помина за еден ден но стресот беше голе.Пред породување си мислев господи чувај ме за да си израсне керка ми со мајка.Црни мисли, тоа е. Кога дојдоа да ме земат со сопругот од болница, солзи почнаа сами да ми течат. Плачев и ја држев гушната. Кога дојдовме дома , не беше воопшто заинтересирана за бебето па затоа не ми правеше љубоморни сцени.Си спиев со неа а беби со татко му и станував само за цицање навечер. Се трудев максимално да и посветам внимание и и посветував зашто син ми бебе како бебе нема некои посебни потреби на почетокот.Со второ се е полесно.
     
    На azelea и irena.1 им се допаѓа ова.
  19. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    3.554
    Пол:
    Женски
    Значи не сум само јас плачка :) Ви благодарам за одговорите. Засега кажува дека ќе бил голем батко, ќе ми подавал пелени за бебето и слично. Се надевам дека лесно ќе се привикнеме сите дома :)
     
  20. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.834
    Пол:
    Женски
    Најпрвин јас тешко ја сварив ситуацијата дека ке дојде уште еден член,но со давав време има време ке биде се во ред. Иако од првата бременост имаше поминато само 10 месеци.
    Не го подготвував со разговор дека ке биде постар брат бидејќи мислев дека тој на неговата возраст не разбира ништо.
    Има 18 месеци и денес кога си дојдов дома со бебе доживеав таков тежок момент што неможам да се соземам.
    Го внесовме бебето и му викам ајде мама дојди да го видиш бебе. Кога почна хистерично неее неее да вика да фрла по транспотерот со коцки,се залета со рака го удри по глава.
    Бебево го немам кренато во раце од дома кога дојдовме. Му го фрли шишето,ако заплачи бебето одма и он глуми дека плачи.
    Поврати бебето го слушна тој звук и он одма пробуваше да поврати.
    Како го зема мм во раце он се треси со раката спремен да го мава.
    Ние упорно му збориме како е мало и го боли меше,он не не перцепира.
    Многу тешка ситуација за една мајка. Претешка.
    Може за брзо и ке ја надминеме оваа ситуација,но во секој случај моја грешка што не зборував со него. Го сметав за мал а он се разбирал.
     
    На emkaemka, 24.07, Cherry blossom89 и 7 други им се допаѓа ова.