Прв пат на гинеколог

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од angela91, 22 јануари 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. angela91

    angela91 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Здраво на сите . Ве молам да ми помогнете ке идам на гиниколог и ке ги правам тие основи 4 теста па ве молам за искуство сто како се слуцува далие болно . Ви благодарам однапред и ве молам за брзи одговори посо ми е многу важно а и страв ми е :?:
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  2. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    906
    Воопшто не се секирај не боли ништо и како до сега не си посетила гинеколог имаш 21 година треба да се посети гинеколгот по првиот сексуален однос инаку вообичаено е чувството и самата помисла дека одиш на лекар те вознемирува биди само опуштена па тоа е само преглед.
     
  3. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    754
    Не боли Ангела, само е непријатно малце,иначе за болка не станува збор. Ќе ти земат брис со онакви стапчиња со памукче (како за уши само подолги), но тоа е толку нежно што не се осеќа дека те допира. Друг преглед што може да ти го направи е колпоскопија,и тоа не боли,само те гледа преку едно како микроскоп. И стандардно ехо, ако е вагинално исто не е болно,а за обчно не ни правиме муабет :lol: .Што друго те интересира?
     
  4. angela91

    angela91 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Фала ви многу за одоговрите и да знам дека имам направено грешка што до сега немам отидено но стравот е сеусте поголем од мене па затоа се ресив конецно да отидам и сега незнам какви би биле резултатие се плашам а се е во ред со мене барем јас мислам така имам редовна менструација немам нисто посебно сто би ме пласело па ке видиме :)
     
  5. Koneko144

    Koneko144 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    2
    малку глупо ќе изгледа прашањево али само ме интересира, дали преку ехо може да се примети дека си имала односи?
    утре одам за прв пат на гинеколог (бидејќи настинати ми се изгледа јајниците), а гинекологот е семеен пријател, не би сакала да знае дека не сум невина :/
     
  6. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.639
    Допаѓања:
    5.350

    i kako pomina? :D
     
  7. zaljubena18

    zaljubena18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2013
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    139
    и јас сакав да го поставам истото прашање.. дали преку ехо може да се примети дека си имала односи?! и дали некој знае колку пари чини тоа со сини картони ?! ве моламм дајте ми побрз одговор итно ми ее !!! :| :|
     
  8. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.639
    Допаѓања:
    5.350
    Мора ли да се закажува..и за да земете некој ко матичен гинеколог колку би било отприлика цената на прегледот (ехо,брис,пап итн. јас ли треба да барам за пап тест да ми прават и брис ) :$
     
  9. Ema94

    Ema94 Активен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    И мене ме интересира прашањето врз мене на SunnyGirl2, може ли некој да одговори? Фала многу
     
  10. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.563
    Ќе ве прашаат дали сте невини,ако кажете да на ехо ќе ве гледаат, а таму не се познава тоа Ама ако ви земаат брисеви можеби ќе приметат
    Како и да е не би требало да ве "издаде" матичниот без разлика што е близок со семејството, а вие за ваше здравје поубаво е да си кажете , не сте ни први ни последни
    Нив тоа не им е важно туку интимното здравје
     
  11. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.639
    Допаѓања:
    5.350
    кога ќе отидеш ќе кажеш сакам да ми е матична лекарката и сакам да ме прегледа на ехо (и брис доколку не сте повеќе невина..) ... кога ке те повикат ќе те праша лекарката дали имаш односи последната менс. и пред да ти зимат брис не смееш претходниот ден да имаш односии да примаш антибиотици....и ќе и кажеш за што си оотидена и ќе си продолжи процедурата..само ммене ми кажаа да уплатам за брис 60 ден. и ми дадоа жиро сметка... и само на тие 60 ден. останав повеќе пари немам дадено..
     
  12. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    6.609
    Пол:
    Женски
    Треба ли упут од матичен за прв пат кај гинеколог и дали ако си го н аправам матичен во здравствената легитимација ми стои тоа негде ? Пошто матичната докторка е пријателка со моите и не сакам да се дознае еднаш отидов кај неа да ми даде таа ми вика со мајка ти оди кај нејзиниот матичен , а со мајка ми не доаѓа во обзир да одам не знае дека сум сексуално активна .
     
  13. StEfAnIjA-84

    StEfAnIjA-84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    31
    И сестра ми не знаеше што да прави за прашањето кога, каде да оди на гинеколог. На крај отидовме заедно во Плодност и не беше ништо страшно како што си имаше замислено. :)
     
  14. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.011
    Пол:
    Женски
    Не сакам да бидам оф топик, ама морав. :wasntme: Ако навистина имаш 20 години, немој да мислиш дека мајка ти е убедена дека си невина само затоа што не си ѝ кажала дека не си. Секако дека претпоставува дека не си, веројатно и да ѝ спомнеш не би се зачудила. :) Не мора да разговараш со неа за интимни работи ако не сте блиски, но не мора ни толку да се криеш како да си мала. :) Но секако јас не го знам вашиот однос.

    И он топик, јас прв пат бев приватно во Капиштец, не е ништо страшно, срам како срам, другото се е во ред. :)
     
  15. angelaalima

    angelaalima Нов член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Zdravo devojki jas sum od kumanovo i bi sakala da ve prasam dali ke mozete da mi preporacate dobar ginekolog vo skopje no zensko da e doktorka nemozam kaj doktor da odam .
     
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.232
    Пол:
    Женски
    Јас ти ја препорачувам Радица Бојчева, од ординација Ложанковски. Прекрасна докторка е. Фина и коректна е со пациентките. На мене матичен гинеколог ми Ложанковски, а таа ми е замена. Јас сум презадоволна и од двајцата. Инаку, работат со плави картони.
     
  17. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    6.580
    Зошто не си одиш кај доктор во Куманово?Верувај дека срамот ке е присутен додека да влезеш кај докторот,потоа воопшто нема да ти е срам,ќе се чувствуваш како да си кај обичен доктор.Од искуство ти кажувам
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    17.312
    Допаѓања:
    109.961
    Пол:
    Женски
    На ехо не се гледа, ама ќе те прегледа вагинално и ќе се види, сигурна сум дека претходно ќе те прегледа вагинално пред да те прати на ехо.

    Ако грешам поправете ме слободно
     
  19. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.639
    Допаѓања:
    5.350
    Пап и брис што е разликата

    Какво ехо има..

    Сакам детален преглед од што ќе се состои тој преглед (ехо,пап,брис друго? :$ )
     
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    21.132
    Допаѓања:
    101.858
    Ako odis na ginekolog ke ti zemat bris za da se napravi pap test.
    isto ubavo e da se zeme bris za mikrobioloska proverka.
    eho moze abdomenalno i vaginalno. Na ginekolog sigurno ke te gleda vaginalno.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.