Гледав насекаде на најдов ваква тема, ако ја има заклучетеја и не ме судете . Ја отворив затоа што мислев дека недостасува. Знам многу луѓе што не јадат многу работи и верувате или не и јас не јадам многу работи (тоа беше и причина зошто мајка ми и јас нонстоп коса корневме). Па ајде
Аоо, интересна тема, морам да признаам. Не дека јас пребирам, за добра свиња нема лоша помија , мислам, никогаш не сум имала проблем околу ова, ама мајка ми живци кине со сестра ми... а уште полошо, тетка ми со братучед ми. Немам видено човек кој повеќе пребира од братучед ми, мислам, тоа не е пребирање, тоа е неухранетост, нејадење, не знам како да го наречам. Да јадеш само 10тина јадења од ТОЛКУ многу храна, не знам стварно. Летово го заплашив кога му пресметав БМИ и му испадна 13.5, па пројаде повеќе количински, ама иначе, јок. И нејќе бе да проба, казнет, па неказнет, па со арно, па со лошо, не бре, нејќе. Што се не е пробано и која тактика не е употребена. Проба еднаш стек одвај, под уцени и закани изеде 5цм од стекот. Супа срка само броени лажици, и тоа исклучиво прецедена, да нема морковчиња и фиденца. Риба исто како стекот. Грав, леќа, компир манџа, нешто такво, нема теоретски шанси, мислам дека попрво ќе умре од глад отколку да го изеде тоа. А па баба ми и дедо ми кога станува збор за тоа им се крева на сиротите луѓе притисокот. И ај да речеш да јаде барем тостови, пици, такви глупости, не бре, ништо, му смрделе, немам стварно досега вакво нешто видено. Можам на двете раци и нози да ги избројам јадењата што ги јаде. Чоколадо бре не јаде, чоколадо. Дамава дома избегава манџички, домаќински јадења што би се рекло, попрво би живеела на пици, сендвичи, тостови и кифли. Ама мајка ми ја остава да изгладне, и кога ќе седне приквечер, кај 8, 9, изгладнета, се маф си прави. Некна се мрштеше над една турлитава, ама вечерта си макнуваше, си излапка чинија и пол.
Среќа што дома не сме некои пребирлии па скоро се' јадеме. Јас лично само две нешта не можам да ги јадам: печени пиперки и боранија. За друго нема проблем, се јаде на велико
Хммм, зависи што се подразбира поД пребирање. Повеќе знам да речам јадам салама од оваа фирма а од оваа не=значи ствар на вкус и квалитет.
Јас сум во оваа група! Уште од мала не јадам некои работи, а други ги зајадев сега кога потпораснав. Значи, не јадам сирење, зденка, боранија, пиперки, тиквици, лук и кромид (освен во манџи по малку) и веројатно тоа би било тоа. Поправена сум со јадењево, а малкуцка се гледа и на мене. Ама ајде, се надевам дека додека тргнам на факултет ќе шкртнам уште неколку работи од листава. Едит: Печурки, па сенф и мајонез и сите слични сосови. Тафтар, ваков-таков .. не ми се убави.
Леле и јас имам еден братучед мал е ама мн прибира ама му најдоа тактика и стално си ја применуваат јаде само 10 јадења и стрина ми му прави и други јадења само го залажува со истиот мирис на тиа он што ги јаде му става неколку состојки од тие он што ги сака и мал е и не разликува многу ама кога ќе порасне ќе имаат големи проблеми
јас бев прибирлива ама откако почнав со мојот да живеам,сакав нејкев морам да почам скоро се да јадам...
Исто и јас сум тука. Не јадам јас лук, боранија, ореви, лешници, бадеми, тиквички, оригано (може тука да дојде, нели ?), грашок, кромид, сенфм кајмак, пивтија. Кромид јадам понекогаш, лешници само ако се топени, друго никако ни во ништо. Братучедка ми како помала не јадела пица, мајка ми одвај ја убедила да не јаде. Исто и лук, но кога била студент на право, во станот имале само леб и лук и си направиле БејкРолс, од тогаш го јаде.
Па знам и јас да си прибирам понекогаш Се случило да не јадам супа зашто била домашна и со јајце внатре, да не јадам некаква манџа заштоимало премногу моркови а во манџа морковите такви меки ич не ги сакам Друго не јадам боранија (иако знам некогаш да си каснам ако ми е вкусно напраена ), спанаќ (на било кој начин зготвен), кајмак, лук и кромид (освен во манџа нели.. ама не се ни приметуваат таму),се случило и да прибирам за нешто што јадам но било од друга фирма и не било толку убаво, птимер салами, виршли, сирење.. Ама моите веќе ме научија мене и брат ми и знаат што, од каде и какво да купат
Па не сум некоја која многу пребира но неможам да се замислам како јадам грав, леќа, грашок, маслинки.
Една работа што сите ми се чудат е фактот дека не јадам мелено месо. Не сум вегетаријанец или нешто, јадам месо, ама мелено не можам да понесам. И пред мене да го меле некој не можам и готово Значи тоа само по себе повлекува плескавици, ќебапчиња, сарми, полнети пиперки, хамбургери и слично.. Не јадам ниту грав, мајонез, жолчка од јајце, боранија, мусака и така
Јас спаѓам во групата на оние кои пребираат јадење. Јадењата што не сум ги јадела како мала, не ги јадам ни сега. Нема шанси да пробам Листата на јадења кои не ги јадам подобро да не ја пишувам оти е баагити долгичка. Моиве мислеа кога ќе одам на факултет, таму со цимерки едно друго ке почнам повеќе да јадам, се да пробувам, ама ништо, планот не им успеа Имам останато гладна, ама да пробам нешто што не јадам нема шанси. Ова си го сметам како голема мана ама тоа е..
Моја тема. Ко мала мајка ми живци кинеше со мене. Манџи, полнети пиперки, џигер, говедско, јагнешко, никакво месо не јадев освен пилешко. Не дека сега јадам, ама со мајка ми си имаме направено договор кои јадења ми се допаѓаат, па само тие ги прави и си се разбираме. Порано ме тераше некако со лути пиперки, феферонки и триста чуда да почнам да ги јадам. Сега веќе нема смисла да ме убедува да јадам нешто што не ми е вкусно и да се давам на сред јадење. Јадењето треба да ми биде задоволство, а не мачење. Поради оваа причина избегнувам да останувам кај братучеди или други роднини на спиење или на неколку дена. Луѓето си јадат разновидни јадења кои им се на нив вкусни и нема смисла јас да се тегавам дека ми се гади од тоа или пак да се преправам дека не ми се јаде.
Случајот со мене е што јас не пребирам ниту едно јадење како такво, туку пребирам како е зготвено. Значи, јадам се, НО ми се случува после првиот залак да сфатам дека иако сите состојки вклучени во оброкот ги јадам, едноставно нешто во вкусот не ми штима. Некои работи некогаш ми се вкусни, друг пат одбивни. Значи, за ниту едно јадење не викам НЕ јадам тоа, пред да го пробам. Освен, кога се работи за месо. Само тогаш сум малце деликатна. Јадам секакво месо - просто обожавам, АМА ако само малце ми замириса чудно, или пак ако вака од око видам дека не е доволно зготвено, не пробувам, имам аверзија спрема недоволно зготвено месо...
Не пребирам многу, се' си јадам, освен тоа што не Ме иритираат особи кои додека земат нешто од маса 5 пати ќе прашаат од што е и како е направено, па вртење од сите страни да го видат, задолжително душкање успат и на крај пробуваат една ронка меѓу заби и со некоја смрштена фаца демек постои ризик г... да има внатре... Сакам луѓе со здрав апетит кои си јадат скоро се и сешто и не прават драми на секое седнување на маса, па фалело сол, недоволно печено, варено, требало вака а не онака...такви коментари не поднесувам, а среќа комплет сме непребирачка фамилија...
Јас многу ректо пребрам јадење се си јадам освен каша и џигери Врат ми се пребирааа пиперки не јади пржени,печени..Освен живи,од манџи замо грав,спанаќ и граша-манџа со топчиња( како мал така ја викал во градинка ). Кога нешто ќе јадеме со мајка ми брат ми кога ке види вика тоа ее селски зарзават
Кај мене дефинитивно имаше промени откога почав да студирам, одтогаш почнав да јадам јадења што порано не ги сакав, а бев ноќна мора со јадењето. Мајка ми секој божји ден ме прашување што сакам да ручам како сакам да ручам, па на се наоѓав маани, живци кинеше со мене. Сега сум многу подобрена во тој поглед, само имам една маана, секогаш кога не јадам сама гледам во другите што прават, во сендвичари или ресторани само туку зјапам како готват, дали се чисти и сл и може многу лесно да ми се одјаде
Јас не пребирам,си јадам се.Е добро сега,постојат искучоци.Пример,јас не јадам пача и јагнешко месо.Е добро и маслинки,и сланина.Ова се јадењата што никогаш не би посакала да ги вкусам,ми изгледаат многу гадно.И од самата помисла ми се гади. Лук,што знам.Го јадам.Ама после си имам проблемчиња,цело време ми се повраќа. Па избегнувам да го јадам.И онака не го обожавам многу. Од манџа работа се' си јадам. Не пребирам.