Самрак (Стефани Мајер) Да ве прашам, каков е преводот на македонски затоа што сакам да го купам цел сет за поклон?? Фала!!
Колекција Самрак Ги имам првите две книги и преводот е катастрофален. Подобро купи ги на англиски, секако ако личноста за која се наменети разбира англиски, бидејќи на македонски е изгубена смислата на речениците. Инаку, мислам дека немало потреба од цела тема.
Се надевам девојки ке можете да ми помогнете.Дали книгите the twilight saga na stephenie meyer се продаваат во Македонија и на македонски јазик,и ако да каде можат да се најдат,јас ги имам на англиски и ги имам прочитано по 2 пати,и дали воопшто такви книги со вакви вампирски романтични содржини можат да се најдат во нашиве книжари и строго да се преведени на македонски.Или предложете ми некои нови книги за читајне како што реков вампирски романтики на македонски
и јас сакам да ги читам на македонски,а што е тоа три име на книжара??? и само во скопје ја има или и низ македонија???
Ајде и јас да си прашам Има ли книги во градската библиотека во Струмица: -Дали знаеш да чуваш тајна-Софи Книсела -Порака во шише -П.С.Те Сакам -Рајот може да почека-Кели Тејлор -Девојката со бисерна обетка-Трејси Шевалие Сега засега се тие Ако може некој да ми каже и ако има други слични со таква содржина нека ми каже
ги најдов и си ги купив денеска првите 2 книги,500 den.e edna kniga не биле баш евтинки.е сега сакам да најдам некои други со слична содржина,па ке ве молам ако знаете некои такви книги дај предложете ми
Ретко која добра книга е и добро преведена на македонскиот .. Не им пее на сите пилето ко што ке каже мој драг професор по преводот ... Затоа највеќе го преферирам оргиналот доколку се работи за англиска или тук таму италијанско нешто ...
Леле значи со колку катастрофални преводи се имам сретнато, посебно од Ѓурѓа. Катастрофа, благо кажано! Доколку имам прилика, како феминкава над мене, претпочитам оригинал.
Дали некој знае, дали Гомора од Роберто Савиано ја има на македонски, каде и колку пари е? Благодарам.
Ве молам, доколку некој знае како иде тоа со преведувањето на книги, преведов една драма од Молиер па сакам да исконтактирам со некоја издавачка куќа, но немам никакво претходно искуство како тоа иде во принцип. Книгата ми стои преведена на компјутер и станува збор за една мошне добра комедија која ќе ве насмее до солзи но не знам како понатаму да ја доближам до читателите?! Постојат ли добри преведувачи кај нас? Сте нашле ли некои воочливи грешки?
Превод на 1000 книги Драги феминки сакм да ве прашам дали некоја од вас земала книги од овие новите на владава наша “Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобите и најреномираните универзитети во САД и Англија”? На нас ни стигна известување на факс дека има во библиотеката Браќа Миладиновци, ама не знам 1. Дали за да земеш книга треба да имаш членска од библиотеката? 2. Дали воопшто можеш да ја земеш или само на лице место да читаш? 3. Дали само таму ги има, и по колку примероци? 4. И за крај колку е членарина во Браќа М? Ќе ви бидам многу благодарна ако ми одговорите. Поздрав, Желна за книги
1. Да, мора. 2. Мислам дека за овие мора да ги читаш таму т.е да не се изнесуваат ама сепак прашај. 3. Веројатно ги има само таму и во мал број на примероци. 4. Членарината е 250 мислам. Плус минус, толку е но за секоја земена книга се доплаќа.
Jeny, баш ме интересира каков е епилогот од оваа приказна. Би ги споделила ли и со нас твоите искуства. Јас многу сакам да се занимавам со книжевен превод, но веќе знаеш, тешко оди тоа со издавачките куќи. Би ми користело многу искуството од колешка
What the..? Прочитав доста добри критики за Пасија според Кармела од Маркос Агинис. Не знам каква е книгата да бидам искрена. Јас се одлучив да ја оставам затоа што толку лош превод во живот не сум сретнала. Речениците скоро и да немаа смисла.