1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предлози за викенд во Македонија

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од miss-bootylicius, 9 октомври 2014.

  1. miss-bootylicius

    miss-bootylicius Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    626
    Допаѓања:
    10.443
    Не најдов ваква тема, ако има слибодно бришете :). Сакам тука да постирате предлози за викенд во цела македонија, интересни. места со добро ресторанче и пристапни цени за соби за сместување. Прва јас :) сакам предлог да ми дадете за викенд околу прилеп , битола крушево ... едно знам Извор Манастирец веќе еднаш бевме таму и одлично е . Евтино е сместувањето мислам беше околу 700 ден соба за двајца од вечер. И пред се таму приготвуваат превкусна риба ... мора да ја пробате.
     
    На Betty* му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.878
    Допаѓања:
    5.425
    Сaкaм дa ми предлoжите местo, нo дa немa бештo зa скикaње,мoже дa имa жичaрa. Знaчи зa викенд зa пaр.
    Пишaв и вo темaтa зa зимувaње,нo немa oдгoвoр.
     
  3. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    277
    Пол:
    Женски
    Види на групер има понуди интересни и не се скапи за викендче некаде да си отидете :)
     
  4. Rirri

    Rirri Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    180
    За викенд ви го препорачувам хотел Бел Камен во Радовиш. Прекрасен хотел со многу вкусна храна,услуга на ниво.Има и прекрасен спа центар со добри масажи.
     
  5. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.678
    Допаѓања:
    2.925
    Ви препорачувам да одите на Колешинските водопади во Струмица, Беровско езеро, Пелистер, Матка со пештерата Врело и Водно. Мене тие места ме релаксираат.
     
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.778
    Допаѓања:
    32.975
    Пол:
    Женски
    Викенд-предлог за бегство од гратскиот метеж е прекрасната недопрена природа покрај езерото Козјак во поречкиот крај каде што има приватни капацитети за престој и богато мени со локални специјалитети.
    Овок крај е познат по најбогатиот рибен свет во Македонија.
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tea20

    tea20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2014
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    364
    Предлог за убаво викенд место, за со дечко, со убав смештај и храна и нормално убави места за шетање
     
  8. џунџуле

    џунџуле Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2016
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.448
    Пол:
    Женски
    Дајте предлог за некое местенце згодно со деца???
     
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.887
    Допаѓања:
    19.655
    Пол:
    Женски
    Хотел Аурора-Берово
    Охрид
    Маврово
    Овие ми се топ 3 за одмор и релаксација од градскиот метеж и сите други работи.
    И комплексот Етно Село према Куманово кога се оди.Не знам дали уште постои јас сум била како помала и многу го бендисав.Храната е превкусна, има соби за ноќевање, природа, мир, тишина.
     
  10. Агнес :D

    Агнес :D Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Предлог за убав викенд во Берово во Хестиа Апартманите...два-три пати имам одено и презадоволна сум (претежно одев во зима и внатре е претопло, дури и прозорци отваравме за да се оладиме).... секако пак би одела :D но, првин би сакала и некое друго место да го истражам :lol: се надевам на некоја баша препорака :D
     
  11. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.012
    Допаѓања:
    13.005
    Пол:
    Женски
    Крушево,
    ем мирно,
    ем има каде да прошеташ,
    пристапни цени им се сместувањата.
     
  12. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Стварно не знаев каде да го поставам прашањево.. Ми треба некој да ми каже хотел/мотел, нешто за преспивање во куманово? Не знам стварно колку хотели има, ако може да ми кажете нешто во центарот да биде..
     
  13. Quincy

    Quincy Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2015
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    6.640
    Во Битола односно околината под Пелистер го препорачувам хотел - ресторанот Шумски фенери :) мирно, тивко. Храната превкусна и собите чисти.
     
    На konstelacija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.240
    Допаѓања:
    9.691
    Пол:
    Женски
    Планини, шумички, природа па и водопади низ која комотно може да се шета и да се релаксираш во Македонија?
     
  15. konstelacija

    konstelacija Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Смоларски и во близина Колоешински водопади кај Струмица,преубава природа,нема да згрешиш ако ги посетиш.
     
    На Alex.T и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  16. Anaouou

    Anaouou Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    1.932
    Хотел Бела Дона 1км од центар.
     
    На Darlingzz му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl • The insomniac dreamer • Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    14.068
    Допаѓања:
    141.403
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно Смоларски водопади :) преубаво е, еднаш кога ќе отидеш постојано ќе ти се иде после :)
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. M-14

    M-14 Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2018
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Машки
    Пелистер, Козјак, Смоларски и Колешински водопади, покрај Мавровско езеро...има и други места, но овие се најдобри.
     
    На Alex.T и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  19. Nikce

    Nikce Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    14
  20. Caci55

    Caci55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    523
    Пол:
    Женски
    Маврово, Дуфски водопади, Галичник.