Што би сакале да видите на Femina.mk? Што ви недостига? Ако имате каква било идеја, ова е местото да ја споделите со нас.
Би било поубаво, и форумот би бил по уреден ако ги бришете сличните теми кои се отвараат по втор пат.Вие ги заклучувате истите, ама не ги бришете иако на нив веќе никој не одговара. Поздрав
се согласувам со ова оти стварно има некои кои прават лажни профили и пишуваат само ко ќе имаат потреба од некаков совет. :evil: а после никаде ги нема мразам таквии аууууххх :evil: :evil: :evil: не гледаат дали има некаква тема како за нивниот проблем туку одма нова прават така си штедат време и не се мачат да читаат :mrgreen:
Мислам дека треба да си одредите кои денови и постепено да ставате нови статии зашто вака ве нема 3 4 дена и 5тиот ке набутате 6 7 статии ке ги прочитаме у рок од 5 минути и наредни 5 дена пак ни е досано
Мислам дека во форумов треба да се внесаат повеќе бои, слики, да биде повесело поинтересно, да се внесаат повеќе кетегории и подкатегории.. Но највеќе да биде малку форумов по шарен и по привлечен. Ова е навистина интересен, забавен и поучен форум но му треба малку оживуванје, малку ладно изгледа...
Се е супер сега на форумов,како што реков и на другите теми,благодам за четот и за смајлињата уште еднаш. Мислам дека би требало да има едно објаснување за новите форумџики,како да се постира видео,да се прикачи слика и слично бидејќи гледам дека на повеќето не им е јасно. Поздрав
Дали може да направите и приватен чат? На пр: Да стиснеш на некој од челеновите и да можеш да се допишуваш само со него посебно и со останатите во сегашниот? Се надевам дека ме разбравте.. Ако е во можност зошто да не.. Поздрав
Епа вака. Имам јас еден ваков предлог. Ако е возможно оние мислења кои се во форумските игри да не влегуваат во вкупниот број на мислења (што ја определува и бојата на цветчето) зашто стварно нема смисла. Мислам дека ова беше еднаш порано спомнато, ама изгледа се заборавило.
Мислам дека и членките треба повеќе да се вклучат на сајтот со давање коментари за статиите за да живне и сајтот малку. Ова една моја сугестија до членките.
Засега не би отворале нови категории. Изгледот на форумот (а и на сајтот) подлежи на постојана промена и во право си дека е потребна ревизија на дизајнот. Можам да кажам дека се работи на тоа, но не би откривала повеќе детали. Навистина е потребно нешто како прирачник за новите членови. Ставено е во списокот со задачи. Bright и мене ми недостига мулти-цитат од време на време. Им го пренесов ова на програмерите. Нивниот одговор е: „не сме сигурни колку би им користела таквата опција на останатите корисници и дали можеби би им создавала забуна, па ќе решиме дали да ја интегрираме откако ќе направиме неколку тестови.“ Сме размислуваме за вакво нешто, но за жал во блиска иднина нема да можеме да воведеме приватен чет. Hipica, не се заборавило, туку е технички малку покомплицирано да се изведе . Инаку, теми од форумските игри веќе не се појавуваат во „Нови мислења“ и „Активни теми“. 10x на сите за предлозите.
Благодарам за одговорот Сепак сметам дека е потребен мулти - цитат, во оние теми каде што повеќе се дискутира може да послужи. А исто еве гледам дека и вас ви треба кога одговарате на нашите барања Дали програмерите ќе можат да додадат опција за youtubе... преку url-то може, ама дури се вметне на почеток и крај [youtube][/youtube]... Одзема време
Поставувањето на видеа од YouTube е веќе многу поедноставно (и побрзо). 10х Bright pravila-i-novosti/novosti-i-izvestuvanja-t1896/#p81721
Јас би дала еден предлог, а ваше е дали ќе го усвоите или не. Значи не е моја идејата, видов на еден друг форум, и веднаш го земав како решение за дел од нередот што го имаме на форумот во врска со темите. Може да постои тема „Канта“ каде што би можеле да стојат сите теми кои Вие сметате дека не треба повеќе да постојат како отворени, и да ги заклучите.Значи да не ги сретнуваме по форумот раштракани безброј теми што се повторуваат и слично, може да се стават во „Кантата“, а тие сеуште да постојат, и членовите да имаат пристап до нив т.е да ги читаат. ВЕ молам да размислите за мојот предлог, зошто сметам дека на тој начин ќе се подобри уредноста на форумот, и секојдневното појавување на дупли теми, нема да ни претставува нервоза
Unfaithful18, навистина дел од големите форуми се справуваат на таков начин со неквалитетните теми. Meggy веќе еднаш ни го предложи тоа решение (овде). Во моментов подготвуваме мала реорганизација на форумот, па можно е во блиска иднина да воведеме и категорија „Канта“.
Размислував за ова и решив да ви пишам...Зошто на пример админките и модераторите не би го давале своето мислење на некои теми за кои мислат дека со својот коментар би можеле да помогнат??Или на пример би можеле и тие да отворат некоја нова тема...Фалааа и поздравчее
А добро, гледам таму на сајтот не одговарате, па да си прашам тука. Дали ќе има соновник или кренавте раце од него?
viki44e, треба да сме малку построги за колку-толку да можеме да одржуваме ред во форумот . Освен тоа, барем мене лично не ми останува доволно време за да испратам некое мислење, иако многу често имам желба да напишам нешто. Се надевам дека тоа ќе се промени откако во блиска иднина ќе го прошириме тимот на модератори. Rainbow, секако дека соновник ќе има. За жал, не успеавме да го реализираме првобитниот план (соновникот требаше да биде пуштен уште во март ). Во блиска иднина Femina.mk ќе претрпи низа промени, а ќе добие и нови модули и проширувања (меѓу кои и соновникот). Не можам да кажам кога точно ќе се случи тоа, но ќе биде наскоро.