1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предлози и идеи за сајтот и форумот

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 17 март 2010.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.099
    Ја сакам Билката,многу!
    И ја посветувам оваа песничка што оди на антена 5 во моментов!(http://www.youtube.com/watch?v=rDA33hGFNgQ)
    И Лилит ќе јаде бан сега,ама дај малце нека се опуштат админките,вчера се израдував кога и пукна филм на темата Нема правда и пиша е веќе претеравте!!!Сериозна сум! :rofl:

    Си газите,што би рекле шемаџиите.СВе пет!
     
  2. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.679
    Како што одговорив претходно, проблемот ќе се реши со проширувањето на модераторскиот тим.

    Можат да се подредуваат членовите по бројот на мислења. Ако пак сакате да го отворите профилот на одреден член, едноставно напишете ја директно следната адреса во вашиот интернет прелистувач:

    http://forum.femina.mk/profil/korisnicko-ime/

    Прочитајте го ова.

    Форумот не поддржува ваква опција, па не верувам дека некогаш ќе воведеме нешто слично.

    Опцијата воопшто не ја отстранивме. Како што напиша kate21, едноставно кликнете на малото црвено иконче со стрелка, лево од насловот на темата.

    Можно е, но сметаме дека 10 се доволно. :devil:

    Супер е ваквата идеја, но за жал платформата што ја користиме не поддржува ваква опција ;(. Сепак, како што напишав претходно, ќе се обидеме да најдеме решение.

    Сè уште не сме завршиле со реорганизацијата на форумот, па ќе бидат отворени нови категории и подкатегории во наредните неколку дена. Бидете трпеливи.

    Веќе папките берат по 100 пораки. Меѓу другото, советот на baguf4e за отворање на нова папка е одличен.

    Со новиот дизајн на форумот, променет е и начинот на којшто изгледаат известувањата за нови и непрочитани пораки:

    • Број различен од нула (пример: „3“) во црвен круг - имате 3 нови пораки, т.е. пораки што пристигнале по вашето последно отворање на поштата.
    • Број различен од нула (пример: „1“) - имате 1 непрочитана порака, т.е. порака што сте ја виделе, но не сте ја отвориле да ја прочитате. Ваквите пораки ќе ги познаете по тоа што сличето десно од пораката е розово наместо сино.
     
    На baguf4e, macysh и 2468 им се допаѓа ова.
  3. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Постои ли можност да се воведе опција секој член да си има преглед на темите што сам ги отворил. Значи како што има активни теми, непрочитани мислења на пример, така да има и опција ваши теми. На тој начин би можеле редовно да ги следиме најновите одговори на темите кои сме ги поставиле.
    Чекам одговор. :)
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    343
    јас имам предлог да неможе нашите гости да ни ги читаат мислењата дали ќе може,зошто некој може се да чита а никогаш да не сподели со нас ништ6о епа не е фер тогаш.....
     
  5. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    ^^^Истото го мислам, ама изгледа не можеее...ај видете што како?
     
  6. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не може, затоа што сепак ова е форум и зошто некој да не може да ги прочита советите кои овде се даваат. И како некој ќе се излаже да се зачлени на форумот ако не може пред тоа да го разгледа.
    Затоа сме анонимни овде па не знам зошто некој би се грижел дали го читаат или не, кога и така никој не те знае :)
     
  7. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    343
    е како не та знаат анфејтфул кога кажуваш од каде си,колкава си,се опишуваш се си кажуваш и што студираш и се значи некој лесно може да те дознае.....
     
  8. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Тоа во ред, ама не сум морала да ги напишам овие податоци за мене. Кога се зачленуваме на некој форум свесни сме дека сите го читаат тоа, па не мораме да напишеме некои работи како иемто, возраста и местото од каде што доаѓаме. :)
    Значи ова е форум а форумот претставува апликација во која пораките можат да ги читаат сите нерегистрирани и анонимни посетители.
     
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    ^^ Ако не сакате да ви го откријат идентитетот зошто тогаш станувате пријатели на фејсбук едни со други? :^) :?:
     
  10. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Сесилија не знам зошто посочи накај мене, јас немам некој голем проблем со откривање на идентитетот, затоа имам напишано и колкава сум и од каде сум, и каде учам.Значи некој од мојот град ако се заинтересира може лесно да ме пронајде. Ама јас не сум морала да ги пишам овие работи, затоа ако дојде до откривање на мојот идентитет, јас сама ќе сум си крива. И да-многу од форумџиките ги имам за пријатели на фејсбук.
     
    На doktorka-an, Angelche и OzzyAngel им се допаѓа ова.
  11. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Предлагам темата САКАМ ДА ПРАШАМ да се прогласи за важна и да стои нај горе во кафе муабети, бидејќи многумина ги мрзи да ја побараат, па затоа се отвараат милион банални теми. :)
     
  12. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.679
    Избришав дел од мислењата во темата. Ве молам да не ги полните овие теми со оф-топик мислења (а впрочем и сите други). Воздржувајте се од меѓусебни расправии! Исто така, ќе ве замолам да не ги повторувате предлозите коишто веќе биле дискутирани.

    Уште еднаш да појаснам: форумот е од јавен карактер и ќе остане таков. Ако откривањето на вашиот идентитет ви претставува толку голем проблем, тогаш внимавајте да не издавате премногу лични податоци додека дискутирате по темите.

    Ние ќе реагираме ако некој без ваша дозвола го открие вашиот идентитет во некоја од темите. Но, нема да одговараме на лични пораки од типот „Избришете ја оваа тема, дознав сè што ми требаше“ или „Избришете ми ги сите мислења што сум ги напишала за моите љубовни проблеми“. Така се нарушува текот на дискусијата и се упропастуваат темите, а и не е фер кон сите членови што реплицирале и се обиделе да помогнат.

    Unfaithful18, можеш да го направиш ова со помош на напредното пребарување.

    1. Kaj „Пребарувај по автор:“ напиши Unfaithful18.
    2. Кај „Пребарувај во:“ одбери Само првите мислења од темите.
    3. Кликни „Барај“ и ќе го добиеш посакуваниот список на теми отворени од тебе.
    Друга алтернатива (веројатно подобра) е да го користиш овој линк:
    profil/Unfaithful18/topics/?sf=firstpost

    Освен тоа, можеш да се запишеш да добиваш известувања на e-mail за темите што си ги отворила или да си ги ставиш во „омилени теми“ (овие опции ги има на сивата лента, најдолу). ;)
     
    На doktorka-an му/ѝ се допаѓа ова.
  13. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.325
    Допаѓања:
    5.840

    Докторке само сакам мое мислење тука да дадам. :)
    Ако не ги читаат нашите мислења, тогаш според мене ќе има многу, премногу, регистрирани членови, кои само така ќе седат и ќе читаат. Јас па и не се замарам за тоа дека другите ме читаат. :)
    Поздрав. :hug:
     
    На doktorka-an му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Јас имам еден предлог во врска со темиве:
    Име за женско куче.
    Име за женско маче.
    Предложете ми имиња за моите желчиња.
    Убаво би било, доколку овие три теми се спојат во една која што ќе гласи ''Имиња за домашни миленичиња'' или ''Предлози за име на домашно милениче'' или било како, така што ќе нема потреба од отворање на теми од типот ''Име за папагалче/змија/гуштер'' и слично.
    Поздрав :hai:
     
    На Hopeful, annii, Offspring и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.066
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Сајтот е супер,но сепак имам една забелешка,поточно еден предлог...дали би можеле да добиваме ЛП кога некој ќе цитира наше мислење...Поздрав :)
     
  16. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    Мој предлог е следнавa темa да се префрли во Кафе-Муабети

    Фемина трачеви
     
  17. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Мислам дека еднаш беше спомнато ова, но пак да нагласам, убаво би било да имаме една категорија за Спорт и Спортисти па таму да си отвораме теми за нашите омилени спортови и спортисти, да развиваме дискуссии и да постираме слики...
    поздрав!
     
  18. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    6.692
    Пол:
    Женски
    Билке,дали е возможно да се изведе некако при толкувањето на соништата да не ми се бројат мислењата.Толкувам нон стоп,некако не ми е фер тие мислења да ми се бројат...
    Дали е изводливо ова?
     
  19. Iriss

    Iriss Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Дали може да се врати опцијата за пребарување по збор или наслов на тема?

    Thanks
     
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Јас кога ставам лајк во темата Специјален поздрав до... е за да не трупам постови со благодарност. Сега колку е тоа правилно или не-незнам :wasntme:

    А според мене има доста квалитетни мислења во сакам да кажам, според мене Билке- мора да најдете некое друго решение ;)

    Поздрав