Форумџика на годината

Предновогодишни забави со колегите од работа

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Val-Dim, 14 декември 2014.

?

Дали одите на Предновогодишни забави со колегите од работа?

  1. да

    20 глас(а)
    58,8%
  2. не

    14 глас(а)
    41,2%
  1. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    61.363
    :party: :party: :party: :party: :party:

    Дали одите на предновогодишни забави со колегите од работа??? Дали тоа си го организирате самите или тоа Ви го организира фирмата каде што работите??? Како и каде се забавувате??? Дали „набавувате“ свечена гардероба само за таа пригода??? Дали со денови по забавата на работа Ве „држи“ доброто и весело расположение???

    Еве, јас да почнам прва!!! Имам работено во повеќе фирми - од мала до голема... и предновогодишните забави секаде беа УБАВИ и ЗА ПАМЕТЕЊЕ!!!
    :party: Во малата фирма (4 вработени) забавата беше мала - пакетчиња и подароци за децата на вработените, мала закуска, малку пијалок... и секој по дома!!!
    :party: Во средно големата фирма (100-тина вработени) забавата беше различна секоја година - некогаш во ресторан со „жива“ свирка, со многу храна и пијалок, а некогаш во свечената сала во фирмата со кетеринг послужување, малку разговор, музика, танц ...
    :party: Во големата фирма (над 200 вработени) забавата е во некој од елитните Скопски ресторани, со многу музика, храна, пијалок... и „џумбуз“ до рано наутро!!!
    Значи ЗАБАВА не недостасувала ниедна година!!! А, деновите по овие забави со колегите... само го зголемувале предновогодишното расположение!!! Секогаш имаше за што да се „ЗБОРУВА И ПРЕРАСКАЖУВА“!!! :rofl:
    За овогодинешната забава, која што веќе е закажана - впечатоци по забавата!!! 8)
    А, за стајлингот на колегите да не ви раскажувам!!!:)

    Доколку темава е дупла - канта!!!
     
    Последна измена: 14 декември 2014
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Хм јас работам во огромна организација дури ни бројот не го знам, а не пак луѓево што работат.
    Не одам на овие забави затоа што во сите тие помали групи кои се организираат обавезно има некој расипувач на забави.
    Од таа причина избегнувам, затоа што потоа низ кулоарите наречени озборување ќе те лаат до наредната година.
    Еднаш бев, ама само со одбрани луѓенца со кои што делиме и добро и зло на работното место, топ си поминавме. За гардероба ништо екстра најнормално па дури и во фармерки и онака мразам фустани и сукњи и се што е наџиџано.
    Фирмата не одвојува пари за таков трошок па сами си плаќаме. Годинава пак нема да одам затоа што меѓу сите тие баби и дедовци (иако јас не сум подалеку од нив во години) не се пронаоѓам како мртви пувала се.
    Е така, а баш некако се ми е исфорсирано на тие забави па дури и за Новата.
    Кога јас ќе си направам забава секој ден ми е Нова Година.8)
     
    На mizerija, MissDior, Val-Dim и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    61.363
    New year party.png

    :party: :party: :party: Феминки...:tmi: :tmi: :tmi:
    Феминки неодите на предновогодишни забави со колегите од работа??? Не организира фирмата, не се организирате самите или толку многу не се сакате па ништо од забавата???

    А, јас пак да не Ви останам должна :)
    Предновогодишната забава со колегите од работа оваа година беше ЕКСТРА :clap:!!! Многу музика :music:, многу :dance:,многу :d: , многу храна, многу смеа :rofl:... многу дружење и пеење!!! Се на се прекрасно!!!
    А, во деновите по забавата со :coffee: и :^: се прераскажуваа интересните моменти кои секако се овековечени со фотки!!! :party:
     
    На Bozica1980, VladeMila и Teodora* им се допаѓа ова.
  4. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    ФМП
    Шефе вас најсреќна да ви е!!!
    Многу сакам предновогодишни забави, собиранки, афтер уорк парти и останати грмотејци овој период. Последната недела пред Нова година е најдобро, тогаш се корпоративните забави по дискотеки и секој што знае некој може да упадне на гага журка и да се промафта во ВИП филм на спешл гест стар.
    Мене сепак ми се хит собирањата од фирма. Да речеме ручек. Тие од сметководство нафенирани навнатре, секогаш спастрени. Секретарката најмодерна и најгласна дека најглавна.Се спојуваат маси како за на состанок, се редат луѓе по масите и на чело седи шефот. До шефот седи неговиот најверен „шефе вие сте најдобар“ колега. Од другата страна седи „шеф уана би“ во сенка. Најутепаниците ги чекаат овие моменти за да покажат дека они само на работа се сериозни инаку на собиранки се јаки атмосферџии и шегознајачи.

    [​IMG]

    Овие ќе ви кажат виц од 2005-та година и ако не се смеете, ќе ве прашаат дали сте го сфатиле, пошо немогуќе таква пресмешноќа да не ве преврти. Ако успеете да се извадите од овие журкаџии пазете да не западнете во најкулоќа лобито, другарките што се дружат на работа. Овој тип на другарки го најдоа својот живот на работа, другарките најверни и единствени им се од работа и една комшика имаат со која пијат кафе. Ваквите собирања и патронат прослави им се тамам пошо тоа е моментот кога они ќе ja разбудат „Ибицата“ во себе. Меѓу нив секогаш има една најоткачена која ако живее во Маџари ја нарачува „Маџарица млада“ и паѓа во транс од креативноќа и откач. Пеат, се вртат, играат, живели дека мора да се чукнеме сите и да се стане, па најхрабриот и здравица ќе каже а шегаџијата ќе го дополни. Шефот тоа ќе го одобри со едно хехе и таа природна атмосфера на забава ќе стане поопуштена и пренајјака.

    [​IMG]



    Колешките ќе нарачуваат песни и ќе се наоѓаат во нив, а мажите строго ќе се вртат околу шефот и ќе фаќаат муабет со него, пошто некако знаат дека шефот баш во овие кежуал моменти може да види иден шеф или менаџер од тие околу него, пошто со ракија и шопска сите многу подевелоперски размислуваат.Некои од колегите кои се одамна тука почнуваат со муабето од типот- ти текнува ли кога почнувавме, шега чуена сто пати и никад смешна. Барем една колешка на масата мора да има која ќе глуми тешка аристократија и ќе ќути пошо она кај све не била у животов па сеа доживљај и е тука да седи со колегиве, глупости. Она и така не може да ги гледа секој ден.

    Јадењето е обично скара а се пие виски, пошо сите секогаш пијат виски исто како и шефот. Ако шефот пие пиво сите секогаш пијат пиво. Нарачувањето е секогаш со многу пропратни пресмешни шеги. На келнерот му се обраќаат како на личен слуга „дечко, дај му на шефот од таа нашата знаеш...“, и секогаш се работи за ракија без бандерола што ја прави шурата на газдата во Неготино. Сам ја пече, таква не си пробал шефе.
    После таа забава е правата забава, се продолжува било каде, пошо пола од нив едвај успеале да излезат од дома и не се луди да се соберат одма. Почнуваат да се дружат меѓу нив и поопуштените играат ко Џонтра и те влечат да играш со нив. Оние што глумат дека имаат живот куцкаат пораки во сред ноќ некому што исто така нема попаметна работа сред ноќ.

    [​IMG]


    Како и да е, овие журки се супер ако не пиеш многу и не се брукаш ко што знаеш. Пошо утре треба пак да идеш на работа и многу е глупо да дознаеш сабајлето дека си му викал на шефот „Шефе, без љутење ама врска немате“ или на секретарката „раскрени тањириве и оди свари кафе“. Односот према персоналот многу ќе каже за вас во такви официјални средби така да не се опуштајте во „слушај брат“ нарачки. Журките со цела фирма се како добра и лоша вест. Добрата е што се еднаш годишно, лошата е што се секоја година. ФМП.

    @mnogufina
     
    На Ники., celineparis, baba Rada и 6 други им се допаѓа ова.
  5. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    8.515
    Пол:
    Женски
    Одиме скоро секоја година,претежно денски после работа,одам со одбрани жени(зато што работам само со жени и тук-так по некој маж),Колешките ми се малку постари од мене,меѓутоа како знаат да се забавуваат бетер од младиве се.Мењаме ресторани,ама последниве 2год одиме во 14,и оваа год таму идеме,не мие досадно,супер персонал,а и џабе не рекле не е важно кај си туку со кого си..
     
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.756
    Se organizira sekoja godina.
    Odev porano.Dve godini po red neodam.
    Mi se smaci da prisustvuvam na parada kade sekoja godina se edni isti se opivaat i se pravat fleki pa pravat problemi.
    Zenite iako povozrasni se odnesuvaat kako cela godina na lanec bile vrzani doma pa sega e momentot za da se isturi besniloto.
     
    На mizerija, Petar80, DVAANGELA и 4 други им се допаѓа ова.
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Не одам кога организацијата е од типот свадба без невеста.
     
    На Feminka192, eloves, Kitten и 2 други им се допаѓа ова.
  8. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    8.515
    Пол:
    Женски
    Зошо бе,баш е интересно:rofl:
     
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Незнам на кого пликот да го дадам :)
     
    На eloves, kjukli, LUCERKA и 6 други им се допаѓа ова.
  10. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    порано одев, беше многу интересно и убаво, :nod:сега веке не , бидејки се смениа времињата, :!:нема веке дружба, нема луѓе се е проѕирно:bandit:
     
    На Tanjamm, Petar80, LUCERKA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Лани бев и си поминав преубаво, а оваа година не ми се верува.
     
  12. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Бев еднаш и не ми доаѓа на ум да одам уште еднаш додека работам овде.Луѓе златни тоа беше ужас над ужасите.А,после тоа трачарења до наредната забава.Имаме колега што на ланчето велат дека имал ставено скриена камера:D:rofl:... да загинеш од простотилук.....а и ставање на златни ланци и прстени само за забавата крај на приказната
     
    На Val-Dim, crazylady, irenna и 3 други им се допаѓа ова.
  13. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Јас работам во фирма со над 200 вработени во цела Македонија
    Сами си организираме секоја година
    До пред 2 год одевме сите вработени од Скопје, а последниве 2 год одиме избрани луѓе кои се дружиме во текот на цела година...
    Се одвоивме баш од тие причини што ги наведовте погоре и супер ни е
     
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.830
    Пол:
    Женски
    Првпат ќе одам вечер.

    Еве си го спремив фустанчето за по свадби.
     
    На Val-Dim и crazylady им се допаѓа ова.
  15. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    61.363
    Јас да си пишам за овогодинешната забава 8)...
    Минатиот викенд, на исто место како минатата година, истите луѓе + некои нови колеги, со добра храна и уште подобра музика :music:... Пијани немаше, или јас не ги забележав :clap:!!! Ама затоа имаше мноооогу разиграни колеги!!! А, бидејки музиката оваа година беше екстра и јас не седнав :dance: :rock:...
    Гардеробата, стандард за кој каков тип си е... Од миничи, деколтиња, шљокици до примерни костимчиња... Нормално :D, како и секогаш имаше и „посматрачи“ 8-|... Епа мора некој се да види за деновиве да има „материјал“ за прераскажување :D...
    Сума сумарум 9/10 :clap:!!!
     
    На Bozica1980 и DVAANGELA им се допаѓа ова.
  16. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    61.363
    :bandit:
    Проверувам дали почнале предновогодишните забави 8-|
     
    На Bozica1980 и VladeMila им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.952
    Допаѓања:
    12.628
    Од истите причини две години не сум била и оваа не планирам да одам. Проѕирно како што викаш. Само да измеркаат кој како се облекол, да купат информација и тоа е. Плус со маливе плати не ми се даваат пари сега да се дотерувам за таму кај што ќе има контиња кои ќе ми оценуваат стајлинг.
     
    На DVAANGELA, Val-Dim и VladeMila им се допаѓа ова.
  18. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Kaj mene zabavite zavrsija i toa odamna.
    Ednata na 27 Nov, a drugata na 2 Dec.

    Imase mnogu jadenje, od cel svet, toa zboram za na mm zabavata, a mojata bese vo Italijanski restoran onaka evropski go sluzat sekogo kako na vadba.
    Se e na baza sednes se najades i po nekoj moabet skrpis. Se razbira opsto, za vremeto, za hranata i tolku.
    Od podlaboki moabeti sekoj si se drzi ponastrana.

    Alista i zagleduvanja koj sto nosi, toa nema.
    Mazite nosat kosula so pantaloni (ne odela), a zenite obicno crno fustance, najkratko do kolena, bez V izrazi, bez sminki, parfemi, bez igranki.... mnogu drugi raboti BEZ pred niv.

    Kako i da e mnogu obicno i mnogu pristojno, a sepak sveceno.
     
    На mizerija, Bozica1980, Val-Dim и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.793
    Пол:
    Женски
    Закажале за 28ми, а му текна тек синоќа во 12 и кусур да ми каже(facepalm)(не на мојата уџум работа)
    Кај нас нема пијанки, миничи и нафурани пуфли..Нема ни многу луѓе.
    Претежно мажи..
    Затоа и не размислувам што ќе носам. Кошула, црни панталони, црно сако, некои рамни чевли, без пунџи, шминки и глупости..
    Се јаде, се пие, се зборува за се освен за работа и политика..
    И секој на своја страна..
     
    На Aleksandar1212, VladeMila и Bozica1980 им се допаѓа ова.