Предрасуди кон луѓето што не сакаат потомство

Дискусија во 'Дете' започната од childfree, 6 април 2021 во 11:56.

  1. childfree

    childfree Активен член

    Се зачлени на:
    Вторник
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите членови, долго време се напињам за еден проблем за кој што дури добив препорака да посетам стручно лице.
    Имам 28 години и партнер на 33, 8 години сме заедно, заедно студиравме и останавме надвор од мк, но во овие 8 години кога и да дојдеме во мкд на гости се враќаме со главоболка.
    Уште кога ја напуштивме мк 2-3ца пријатели на мојот партнер кој што се женети на 19 и веќе имаат големи деца не гледаа чудно бидејќи според нив на 20 требало да планираме второ дете,меѓутоа ниту јас ниту мојот партнер поднесува деца, овие 8 години бевме по разни фестивали, по екскурзии,одмори, патувања, едноставно не сме луѓе што сакаат потомство, додека 90% од нашите познати имаат 3 деца, ние сакаме слободен живот но заради што сме искрени 90%од околината во мк не нарекуваат психопати, чукнати и сл, дури кога магистрирав добив коментар дека каснам со времето и дека деца на мои школски одат на училиште.Мене нема шанси да ме направи среќна да се будам за млеко и пелени во 2 наутро ниту да имам грижа за дете, исто и мојот партнер, знам дека радо би го оставил детето само во соба додека тој се забавува,и затоа решивме да немаме деца, знам дека е тешко да се најде партнер што не сака деца,знам дека многу мкд прво остануваат трудни па после се зимаат, знам за многу што се оставаат ако неможат да родат, но зошто толку омраза и предрасуди кон нас,зарем не е грев да мислиш дека на 20 си стар и е време за деца?
     
    На Karamela12, hellocity, gjoker4e и 11 други им се допаѓа ова.
  2. JoyJoy

    JoyJoy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    6.801
    Пол:
    Женски
    @childfree живеј го животот како тебе ти одговара.
    Сум се соочила со милион глупости врзани за деца и глупави коментари. Лично имам едно кое го чекав и добив со ивф на 34 години. И ај што добивав коментари пред да го добијам од типот што чекате туку сега добивам коментари ај кога второ. Ама веќе се навикнав да речам едно ни е доволно.
    Мислам дека кога немаат попаметна работа луѓето си го пикаат носот кај што не му е место.
    На 28 и 33 сте баш млади. Јас се мажев на 29 зашто на двајцата ни беа битни други работи пред тоа, а бевме во врска 10 години. Не знам кој смета дека на 20 е стар ама 20 за мене е мнооогу млад и неискусен човек.
     
    На Karamela12, Peperutce1115, gjoker4e и 16 други им се допаѓа ова.
  3. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    5.080
    Пол:
    Женски
    А зошто воопшто се замараш со коментарите од страна и кој што кажал, битно е ти и партнерот дека сте согласни во вашата одлука што не сакате деца, а другите можат да зборуваат и прашуваат колку сакаат за тоа, а твое е да ги игнорираш.
    Најбитно е вие како се чувствувате и што сакате, потомството оставете го на тие што го посакуваат, а вие живејте си го животот како вас ви одговара.
     
    На Peperutce1115, mode-kristina, Bezimenka90 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    3.199
    Пол:
    Женски
    Со такви дрски и безобразни луѓе треба само безобразно да им се возврати, ама така да ги здоболи што уште еднаш нема да им текне да се мешаат во животот на другите луѓе. Класичен балкански менталитет, немам што друго да додадам, толку е капацитетот.
     
    На buba4e89, Peperutce1115, mode-kristina и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Осе

    Осе Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.445
    Пол:
    Женски
    Имам братучетка исто не сакаат да имаат деца.... не осудувам секој треба да си знае за себе си и да си го планира животот.
    Зборот ми беше првите две години од како се земаа многу од заедничките роднини мене ме прашуваа ,пошто бевме многу блиски (сега јас се преселив). "Да не има нешто ново кај ***" викам да ја смени работата,си купи чевли итн итн. . Ама едната ептен упорно и ја прашав братучетка ми дали можи да и вратам јас како што мислам ,ми рече слободно.
    Следниот пат и реков. Не можат чекаат сурогат мајка ,да не сакаш да му бидеш.]:)]:):devil::devil:
    Оттогаш мене ме нема прашано,нејзе ја прашала сестра нејзина прв пат еден ден после тоа и *** рекла не сакаме ,убо ни е вака:P. Мислам дека веќе не ја прашаа:rofl:.
    Секако не живеете овде ,не им се замарај ,напротив избегнувај ги. :) и ако прашаат зошто ги избегнувате кажи стручното лице така ми рече ;)
     
    На mode-kristina, Bezimenka90, teressa и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    6.996
    Допаѓања:
    69.129
    Не е дупла темава? https://forum.femina.mk/threads/Предрасуди-кон-луѓето-што-мразат-деца.32361/
    Или тродупла:?:
    И пак фамозните 90%:?:...сите по 3 деца:o

    Ај да речеме вака- шо имате заедничко со тие фамозни 90% во МК, кога нит таму живеете нит очи им гледате? Сте решиле да немате деца- со среќа нека ви е. И ако се премислите, пак со среќа нека ви е.
    Толку на темата.
     
    На Cherry333, DAngel, Frosty! и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Dominik

    Dominik Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2021
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    450
    Пол:
    Машки
    Им ќутите затоа го живеат вашиот живот.

    Просто е и лесно со таквите.
    Гледај си го својот живот,ако го имаш се разбира.
    Амаа очигледно е дека немаш свој па го живееш мојот.

    Добиваш Балкански загрижувачки одговор:

    Ама јас добро ти мислам.
    Ме навреди.
    Човек неможе со тебе да разговара.

    А ти да не останеш покуса им викаш:
    Алергична сум на луѓе како тебе.
    Лек нешто имаш?
    Покажуваш заби:D
    И им правиш Бааај :hai:

    Имаш партнер животен сопатник;) таквите луѓе се само глувци на бродот.

    И тоа е тоа.

    Ништо не знаеш,зарем само во мкд остануваат трудни па се земаат.|(
    Лауууу не знаев:^)
    Нивна работа,што сакаат ќе прават дали 20 било рано или касно,секој за себе;)
    Дали остануваат трудни па се земаат итн,итн...
    Нивна работа:nod:
     
    На mode-kristina, cavalli, haruki и 4 други им се допаѓа ова.
  8. GoldLeo

    GoldLeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    452
    Пол:
    Женски
    Чудно е и интересно како некои луѓе мислат дека имаат право на збор и мислење за тоа како другите треба да си го живеат животот. Никаде не пишува дека сите мораат да направат дете. И секако, не е секој за да биде родител. Моја надобра другарка, 33 години, се изјасни не сака и нема да има дете. И искрено, јас нит можам да ја замислам како мајка. Како што јас сакам, таа не сака и точка. Крај на муабетот.
    И мене веќе почнаа да ме прашуваат до кај сум со тоа и не ме интересира. Како што не ме интересира дали некоја се омажила ради тоа што останала бремена, или пак ако некој воопшто не сака да се оствари како родител.
     
    На Brinetka, butterfly6223, Bezimenka90 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.273
    Допаѓања:
    6.053
    Јас знам девојка која денес има скоро 44 години, и јасно си кажува дека не сака да има дете, и дека не се замислила никогаш како мајка. Не секоја жена го има тој мајчински инстинкт. Други па толку сакаат да имаат дете, а не можат, што тоа дури преоѓа во опседнатост, фанатизам, исфрустрираност која пршти на сите страни.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ушко

    ушко Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Машки
    Сега може и тема:
    Предрасуди кон луѓето кои имаат предрасуди кон тие кои не сакаат потомство.
     
    На Fallen.Angel, mode-kristina, cavalli и 4 други им се допаѓа ова.
  11. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.558
    Допаѓања:
    5.368
    Пол:
    Женски
    Najcesto imaat predrasudi luge nesrekni vo brakot i so eden kup deca na koi im go isturaat gnevot sobran on rabota, svekrva, maz.. Jas nemam nikakvi predrasudi sprema takvi luge sekoj ke si go zivee zivotot kako saka.
     
    На cresa-jagoda и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    2.050
    Пол:
    Женски
    Ние не се брзавме за деца бидејќи не бевме сигурни дека сакаме да имаме. Бевме нарекувани себични и сл.. Сега имаме две девојчиња. Сега со ова искуство би рекла дека ги сфаќам и поддржувам и тие што сакаат да имаат деца, а и тие што не сакаат. Ги разбирам потполно и двете страни. Воопшто не би осудувала луѓе по тој основ. Никогаш. Терајте си животот со тоа што ве исполнува и прави среќни.
     
    На mode-kristina, Peperutce1115, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    21.838
    Допаѓања:
    172.774
    Оти така 'се прај'.
    Нема шо ти да мислиш, комшиите ќе ти кажат како треба:
    “Ќе завршиш школо, ќе се омажиш, па ќе 'штанцаш' деца.“

    Шо има друго во животот на еден човек?
    Посебно во животот на една жена.
    Мајка ќе бидиш.
    Тоа е еднинствена амбиција која треба да ја имаш како жена.
     
    На Snowflake97, cavalli, mode-kristina и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Bella*

    Bella* Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    11.073
    Пол:
    Женски
    Колку и да ми е неприродно ова,толку си има секој свое право за животот

    Зборам за воопшто да не сака деца да има
     
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    3.199
    Пол:
    Женски
    Што има тука неприродно?
     
    На monik55, Bezimenka90, gjoker4e и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Bella*

    Bella* Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    11.073
    Пол:
    Женски
    природата те створила за да создаваш
     
  17. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    2.639
    Допаѓања:
    39.678
    Пол:
    Женски
    Типичен македонски заостанат менталитет. Ич да не се секираш што ти велат, секој треба да си го живее животот како му е најубаво и сѐ додека не повредува некого свесно. :) За некој тоа ќе се деца, друг сосема друга замисла има итн.
    Голема предност ви е тоа што се сложувате со партнерот а богами и што не сте веќе во мкд за често да се соочувате со ова.
    Јас и тој сме 24 и 33 и уште "не ни иди умот" за земање и имање деца. Т.е. не сме ни 100% сигурни дали ќе имаме, ама во наредните две години најмалку тоа нема да се случи. Додека скоро сите негови другари се женети и имаат деца, некои веќе и тинејџери. И често го слушаме она: "кога прстен, врват годините, деца треба бла бла".
    Аоо немање срам луѓево, мене срам ми е близок пријател да прашам колку плата зема не па со некој што не сум блиска да го распрашувам за толку интимна работа.
    Или едноставно кога те замараат со "кога деца" ти врати им "кога диплома". :D
     
    На Peperutce1115, mode-kristina, Guns N` Roses и 3 други им се допаѓа ова.
  18. MilaSs12

    MilaSs12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    3.166
    Допаѓања:
    6.101
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира што е проблем ако некоја се мажи откако ке остане бремена?
    Јас останав бремена по 9 години врска и правевме свадба. И како е поврзано ова со тоа што ти не сакаш деца???
     
    На NewMama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    21.838
    Допаѓања:
    172.774
    Кај пиши?

    Имаме мозок и можеме да одлучуваме за што сме створени.
     
    На AriLangdon, cavalli, Bezimenka90 и 12 други им се допаѓа ова.
  20. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    28.211
    Пол:
    Женски
    Каде постои пишан закон дека жената мора да раѓа?
    Еве, и јас сакам еден ден да имам свое потомство ама исто така немам ништо против тие што не сакаат или не планираат потомство.
    Што е неприродно? Секој одлучува каква иднина сака да има.
    Ниту ти, ниту роднини, ниту пријатели немаат право да се мешаат во туѓиот живот.

    Зошто мора да се ствара притисок врз нови брачни парови или во врска?
    Затоа што така налага природата и народот??

    Често пати може жената да роди дете само поради притисокот од околината па утре ги лечи комплексите врз детето или воопшто не се грижи за него.

    Мислете малку што зборувате, осетливи теми се тоа.
     
    Последна измена: 7 април 2021 во 13:56
    На cavalli, Peperutce1115, CoverGirl10 и 14 други им се допаѓа ова.