Го разгледав форумот и не сретнав ваква тема, поправете ме ако грешам. Мислам дека младите мајки се сретнуваат со предрасудите што ги наметнува секојдневието. Можеби порано повеќе, но сеуште се забележува нивното присуство. Сакам да го споделат младите мајки нивното мислење по ова прашање. Некако имав потреба да отворам ваква тема затоа што и јас сум млада мајка имам 23 години, родив на 21. Раѓањето на бебе не ме спречи ни да продолжам со факултетот дипломирав оваа година, ниту да извршувам мои активности што ме релаксираат секако малку потешко, но успевам. Не мора да биде тоа лош збор, доволен е еден поглед полн со критика и жалење, за да се почувствувам лошо. Да се почувствувам лоша мајка само затоа што сум млада. Го очекувам вашето мислење.
И јас сум за темава, но немам време моментално за повеќе да напишам.. некој ден ке си се пожалам повеќе. Кај мене ги има такви кои ми се воодушевуваат, а ги има и тие кои кажале неубави работи и направиле лошо да се чувствувам. Како и да е јас уживам во оваа улога, млада мајка Лошите коментари во моментот ме навредиле, а после кога поубаво ке размислев баш ми беше гајле за кажаното Ако некоја млада мајка се нервира и грижи за таквите коментари значи се подзамислува дали е добро што одлучила да биде млада мајка. Да имав некој кој многу би ме замарал за тоа, од живот мој одма би го избришала... Инаку имам 25 години, мајка на скоро 3 години синче и 5 месечна ќеркичка Треба да уживаме во мајчинството, без разлика на кои години сме станале мајки. Предрасуди мислам секогаш ке има.. и за тие што родиле рано, па и за тие што родиле покасно..
И јас сум за тука млада мајка сум и јас на 19 ипол родив прво детенце , на 21 ипол второ детенце и сега здравје на пуни 24 трето детенце горда сум и благодарна , а за народ дали ќе зборува или дали веќе зборува воопшто не се секирам , затоа што предрасуди секогаш имало и секогаш ќе има за младите мајки , а не па да кажувам и се какви приказни може да смисли "паметниот" народ кој не гледа за себе туку за другите . Гледам мене да ми е убаво и да сум среќна со партнерот кој сум го одбрала за цел живот да бидеме заедно и да имам деца
Никогаш нема да се покајам што сум родила толку сум горда на мојот син и на мојот успех да се справам со се како млада мајка, но некогаш кога сме излезени знае некој да ме погледне попреку, пример ако излезам на кафе со мојот син и пријателка кога ќе почне нешто да досаѓа или пак кога сме со количка и неможеме да поминеме ми се случувало да се свртат и да коментираат или да ме погледнат со презир. Не дека многу им се замарам за тоа ако сум мајка не значи дека треба само дома да седам, но се случува се и сешто. Мислам дека жената уште не е разбрана од општеството и сеуште е осудувана, не само во поглед на мајчинството туку и во други сфери.
Ако другарка те погледнува на таков начин да знаеш дека таа не е другарка вистинска туку "другарка" вака со наводнициве . Вистинска другарка никогаш не би те погледнала напреко ако искачаш со своето дете Добро е што немам и јас такви "другарки" кои би ме осудувале , другарките што се дружиме од средно исто како и јас се мажени која со едно која со две деца па си шетаме кога имаме слободно време со децата
А чекај непознати луѓе чудно те погледнуваат? Од кого добиваш лоши коментари и погледи? Кој би знаел колку точно години имаш, па има жени кои личат на девојчиња млади, а имаат 30+ години
@Julliet Jett си ρодила, воедно и си дипломиρала и сеκаκо κуќа си водела, поκρај млада мајκа ти си и хρабρа. Вистина е деκа јас не би саκала да имам дете додеκа не го сρедам фаκултетот и се осигуρам финансисκи но немам ниκаκов пρоблем аκо неκој саκа. На неκој главен пρиоρитет во животот му е да си има семејство а тоа не тρеба да го засега ниκој дρуг. Сестρа ми има 20/1 година и има 4 годишен син, на пат е втоρото. За мене она е хρабρа жена бидејќи тоа што таа го истρпи и го напρави јас ниκаκо не би имала хρабρост. За дρугите што саκат неκа виκаат неκа си гледаат за себе. Баш саκам неκој да се зафρκне и да и се поставе κаκо што тебе ти се поставиле, нема да знае κај е лево κај десно.
Се согласувам дека има предрасуди кон млади мајки.И тоа на многу полиња,иако јас веќе сум постара.Родив на 24,едно,друго на 31.Е сега кога со првото дете шетав сама со количка,се случувало и на кафе,кога се борев против сите бабски совети,старите ми се лутеа, а младите ме гледаа чудно.Да не зборам за едно интервју за работа кога малиот беше 2 години,наопаку ме гледаа и секако не ме примија. ТОгаш повеќето мои врсниччки не ни мислеа на деца.Е, сега со второво,гледам модерно е да имаш бебе,па да го дотеруваш секој ден,шетање,па чекирања на фб и на инста итн. Само што со тек на време не сум се замарала кој што мисли и не ми е гајле. За мене мајки што завршуваат факс со деца се прави лавици.
Мислам дека повеќе си умислувате отколку што навистина е така тоа што го зборувате. Има предрасуди и за повозрасни мајки, не само за некои кои станале мајки на 18г. И едното и другото си имаат плус и минус. Ако по вас е правилно тоа што сте го направиле, не знам зошто обазирање на туѓи коментари. Таквите секогаш ќе ги има!
Искрена да бидам, не велам дека ги нема - но и не се баш толку чести според мене. Во секој случај, во нашево традиционално општество во кое сè уште бракот и децата се за многумина врвна цел за жената - неспоредливо поизразена токсична појава се предрасудите кон оние што до подоцнежни години не се оствариле како мајки (дека шетале, биле посветени на кариера, бесчувствителни и сл.). Доволен доказ за тоа се темите тука од типот Идеална возраст да се стане мајка Во моја околина, „зачудени“ и „осудувачки“ коментари за вест за нечија свадба и бременост имам слушано воглавно за особи на возраст од 17-18 години, значи сè уште на раб на полнолетство и со незавршено задолжително образование (средно). Во наводници и со голема резерва ги ставив епитетите погоре бидејќи кога се работи за олкава возраст, ниту јас баш не можам да разберам толку рано преземање на овој чекор во 21 век, иако не сум и не би била таа што ќе почне ваков муабет и ќе осуди нечиј избор. За понатамошна возраст... лично ниту сега (на 21 година) и во раните 20ти не можам да се замислам со бебе, но секој си има свои избори и приоритети, и се разбира не оправдувам недолични коментари и осуди. Мое мислење, се надевам нема да навредам никого
Ја гледам темава од вчера и се чудам. Зарем се замарате со вакви работи?! Ако сте на чисто со себе, никакви коментари нема да допрат до вас.
Нема да бидам млада мајка, но за да се биде млада мајка сметам дека е потребна храброст. Секој си има различни приоритети. Додека студирав имав колешка која стана мајка и успешно го заврши факултетот во рок, а јас си мислев дека ако почнам да работам ќе немам доволно време да им посветам на студиите. Но ете можело се' кога сакаш. Точно е дека има предрасуди во нашево општество, не само за млади мајки кои "не виделе ништо во животот" или чие "животно остварување е да стане сопруга и мајка", но исто така и за постари мајки, има секогаш "загрижени" дека не можеш да родиш, а не дека не сакаш, дека немаш срце кога ти е кариерата поважна од потомокот. Јас овде на форумов имам прочитано толку убави совети од млади мајки, мајчинството нема врска со годините. Бидете горди мајки и живејте си ги животот како сакате
Исто и мене не ми е јасно од каде некој би знаел колку години има некоја мајка, па погледи, па чудби... Не ќе да е толку до луѓето, така ми изгледа мене. Убаво напиша некој погоре, ако човек е на чисто со себе си, никаков „осудувачки поглед“ (патем, како проценувате какви се тие осудувачки погледи а кои не се, еве пак не ми е јасно) не би бил причина некоја да се прашува во врска со своите одлуки. Треба малку да се олади со претераното тумачење на нечии реакции, особено кога гледате од какви личности доаѓа истата таа „осуда“ или што и да е.
Предрасуди кон млади мајки, предрасуди кон постари мајки... Мајчинството е за да се ужива во него, иако иритираат коментарите од луѓето околу, некогаш се толку злобни и безобразни, но не треба да им се придава значење. Млада мајка не сум, веројатно нема ни да бидам. Но јас лично, немам ништо против младите мајки, баш е храбро од нивна страна, посебно оние што избрале и мајчинство и студирање истовремено. Би рекла, секој со својата среќа. Луѓе кои накриво гледаат имало и ќе има, за било која причина. Барем тоа не треба да нѐ засега.
Колку години имаш? Јас се породив на 31 и воопшто не жалам. А секако не осудувам ни некој што решил да роди порано или покасно. Многумина викаат помладите мајки полесно си минеле. Кој како ќе си одлучи така. Јас до 26год не помислував на бебе, кога помислив и се решив на тој чекор имав спонтан, па после пак... Така да млади мајки бидете среќни, дечињата се благослов
Погоре во некој од коментарите прочитав дека денес модерно било да имаш дете. Јас од пуста мода посакав да си родам едно. Ама годинките кој знае дали ми се за терање мода.
Сега, па, да не се правиме дека нема предрасуди и се им е во главата, доволно е да се отвори темата Идеална возраст да се стане мајка и да се види што се е напишано за оние што млади станале мајки. Јас што знам, немам некое толку определено мислење, се зависи до жената, не се сите исти на тие години. Преголема одговорност е мајчинството, па веројатно затоа владее мислење дека 18 годишна не би се справила толку добро со мајчинството, бидејќи самата уште не е созреана. Во некој случаи можеби е точно, во други можеби не.
Кај ќе ви е крајот ако се замарате со секакви предрасуди? Мојата најдобра другарка роди на 20 години, никогаш не ми се пожалила дека некој накосо ја погледнал, па заврши и факултет додека беше бремена со второто. Дискриминација има општо кон жените во Македонија, ама тоа е друга тема на муабет.
@Bubce38 ама не само да го родиш, туку ем да го дотеруваш, ем да се чекираш по соц. мрежи За мене нема идеална возраст и не се правам. Ако некоја се бори со неплодност или нема партнер, уште години да и бројам треба.