1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пред дождот (Before the Rain) [1994]

Дискусија во 'Филмови' започната од Phyramide, 14 јуни 2011.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Пред дождот - можеби или повеќе би рекла, несомнено најпознатиот и најуспешниот македонски филм во режија на Милчо Манчевски.

    [​IMG]

    Зарем немаме тема за него? Решив и си дозволив да ја отворам, затоа што овој филм навистина, барем според мене, тема заслужува.

    Во главните улоги Раде Шербеџија, Лабина Митевска, Katrin Cartlidge, Grégoire Colin...номиниран за Оскар, закитен со Златен лав од филмскиот фестивал во Венеција.
    Музика - Анастасија.

    Заслужено ли го добива епитетот на најдобар и најпознат македонски филм? Ви се допадна ли? Како го доживувате филмов?

    Лично за мене, само кога ќе ми се спомне филмот ми навираат илјадници спомени и го доживувам многу емотивно, силно, сликовито. Музиката е маестрална! Се ежам секогаш кога ќе ја чујам. Горан Трајковски заврши голема работа со музиката за филмот.

    Темата на филмот - сосема секојдневна признавам за овие простори но разработена на специфичен начин, само како што Милчо знае и умее.
    А пејсажите во филмот се здивоодземувачки :x Милчо, впрочем како и во сите наредни филмови се потврди како беспрекорен промотер на македонската земја и убавина.
    Лично за мене најубавата сцена ми е Раде Шербеџија кога се враќа дома - мислам дека е доволно само да ми текне на сцената без да ја видам, во главата ми излегува песната сосема спонтано и ми навираат солзи.

    Што велите вие? Дали кругот навистина не е тркалезен? :)
     
    На Hanna4646, Antigonna, Bright и 3 други им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.097
    Допаѓања:
    56.327
    Пол:
    Женски
    Пред дождот (Before the Rain) - 1994

    Прекрасен филм, еден од моите омилени. А Милчо е голем уметник, и ова според мене е неговото најдобро дело.
    Музиката ме наежува, глумата, погледите, пејзажите...
    :bow:

    Морам да признаам дека одамна не сум го гледала, и малку ми е избледен за жал, имаше време кога го знаев секој детал на памет. Ќе гледам и ќе се вратам на темава :)
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Да, за мене лично најубавиот македонски филм е Пред дождот.

    Раде Шербеџија го љубам, Лабина Митевска не ја љубам, но тука е сосем поднослива, веројатно заради малиот број на реплики.
    Ми се допаѓа композицијата на филмот, музиката, а фотографијата, ах убавина.

    Маестрално режиран од нашиот Милчо и заслужено награден.

    Кога излезе се сеќавам дека многумина коментираа како нема врска со реалноста, Милчо се мрднал од умот, си замислувал ситуации кои не се вистинити, за да години подоцна платното се отслика во сурова реалност - да почнат убиствата, нашите со наши, нивните со нивни.

    Манчевски е несомнено визионер, од сите негови филмови Пред дождот е класика. Ама во буквална смисла на зборот.

    А музиката е волшебна. Не сум сретнала човек кој не ја бендисува.
    Кастингот е совршен, ја простив и Митевска.
    Ама мојата најнеомилена Силвија Стојановска тука ме воодушеви.

    И да, сцената кога Шербеџија се враќа дома е убедливо најмоќна. И кога го убиваат, низ глава ми минуваат мисли како со крвта ја натопува земјата... Моќно бре, до срж.

    WITH A SHRIEK BIRDS, FLEE ACROSS THE BLACK SKY, PEOPLE ARE SILENT, MY BLOOD ACHES FROM WAITING. MESA SELIMOVIC

    http://www.youtube.com/watch?v=3KJHoQ3L ... re=related

    Не направи Манчевски ништо ни одблизу добро како Пред дождот.
     
    На Antigonna, Srekicka, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Денеска на мета ми е темата Филмови и сериии :lol:

    После легендарниот филм Тетовирање, дефинитивно еден од најдобрите Макед. филмови...
    Kaсаат мувите..касаат...ќе врне....

    Одамна го имам гледано, и тоа неколку пати..
    Ако добро се сеќавам филмот е поделен на три дела, само на едниот дел му го паметам насловот-Pictures..и јас како Ливинг порано ја знаев секоја сцена која следи..баш ми е криво што сум го заборавила.

    Раде Шербеџија е легенда, за неговата глума немам коментари :x :bow: , морам да ја споменам омилената реплика-кажи му на татко ти да ми го бри*и.... со зелено џамче :D

    Лабина ич не ја сакам, ептен ми е лигава, само тука во овој филм ја поштувам, има право Трендафилка, се согласувам со секој нејзин збор.

    Ликот на Хана...мајката на Лабина во филмот, кога оди кај Александар да и` ја врати ќерката...немам зборови, се наежив ...прво и јас мислев дека е само сон...

    Музиката и пејсажите маѓепсуваат, се воодушевив од начинот на кој Манчевски ја покажува љубовта кон нашава Македонија...а кога и да ја слушам Time never dies морници ми поминуваат
    http://www.youtube.com/watch?v=3KJHoQ3L ... re=related

    Не верувам дека постои некој кој би се осмелил да каже нешто негативно за филмов...на тој/таа би му рекла дека нема вкус :!:

    ...и да-криво ми беше кога не доби Оскар... :(
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    http://www.youtube.com/watch?v=agcyik1uMTk

    Ете ја сцената, ах бре. Скопје и се останато како изгледаат чудно и сосема поинакво.

    Ми текнува кога го снимаа филмот Лабина кажуваше нели дека поминала некое време во некое албанско село за да научи албански. И потоа кога го гледав филмот си велам - е добро бе за две - три реченици зарем беше потребно ова?! Мислиш ја пратиле да учи Африкаанск :D

    Нејсе. Сепак моето мислење за филмов останува непроменето.

    Навистина е моќен до срж - да ја цитирам Трендафилка, особено во тие сцени.

    И да, сосема се согласувам. Филмот кога излезе сите се прашуваа - што е ова? Па ова не се случува кај нас.
    И потоа го видовме ефектот како во Топ листа надреалиста, Манчевски предвиде многу работи :worried:
     
    На Antigonna и LivingGlam им се допаѓа ова.
  6. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Пирамидке :bow: Колку сличен вкус имаме за музика и филм, не ми се верува.

    Пред дождот има ефект кај мене како што има само еден друг филм - Реквием за еден сон.
    Исто буквално како што опишав таму дека се чувствував по гледањето, истото беше и после овој.

    Македонија го има Манчевски, нешто со кое може навистина да се гордее. Човеков е цар.
    За филмов немам коментар, прекрасен, дури и уште не ми е јасно како од кај нас излезе нешто олку прекрасно.

    Од толку што реално ја опишува ситуацијата, боли. Да беше некоја друга земја ќе го изгледав, ќе споделев глума, музика, сценарио и сето тоа, за овој не можам. Ме здоболе силно судбината на Александар, затоа што како што кажавте, тоа е што се случува во Македонија. Нажалост многу малку извлекле поука од ова ремек дело на Манчевски, повеќето го гледаат а не им се спроведува информацијата до мозокот дека ова е сурова, жива реалност. Некои пак не ни го погледнале, затоа што нели, Американските љубовни лимонади за вени сечење се поинтересни.

    Сосема заслужена номинација, сосема заслужени почести ги има филмов.

    Да беше филмов снимен во Шпанија и да кажуваше за животот во Шпанските села немаше толку да ме потресе... Вака, секој збор ме бодеше како игла буквално. Око за око, цел свет остана слеп. Во случајов око за око, цела Македонија остана слепа и осакатена.
     
    На lolyta777, Phyramide и LivingGlam им се допаѓа ова.
  7. sweety-m

    sweety-m Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    52
    Феминки дали имате линк за спуштање на филмот? Навистина сакам да го гледам ама на нет неможам да најдам од каде да си го спуштам. фала однапред :)
     
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.097
    Допаѓања:
    56.327
    Пол:
    Женски
  9. sweety-m

    sweety-m Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    52
    Фала Ливинг ама јас немам акаунт на замунда, а таму демни е ограничен бројот на корисници, зато се надевав дека некој ќе има некој друг линк за спуштање, али сепак фала :)
    ќе се обидам да најдам некако па да си ги кажам моите импресии за филмот, макар што знам дека ќе ме воодушеви, оти воопшто не се сомневам во Милчо Манчевски :D
     
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.097
    Допаѓања:
    56.327
    Пол:
    Женски
    На sweety-m му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sweety-m

    sweety-m Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    52
    прво да кажам дека си го изгледав филмот благодарение на Ливинг :)

    во текот на филмот ми текна дека го имам гледано и порано, ама дефинитивно не сум го сфатила, помала бев.

    Значи за филмот немам зборови, преубав, се предобро склопено и направено. Најмногу ми се бендиса тоа што беше крајот на почетокот, а уствари си мислиш така почнува :o и музиката нешто феноменално.
    :clap: за милчо манчевски успеал во вистинско светло да ја покаже Македонија, народот и ситуацијата во тоа време
    и мислам дека сите треба да го изгледаат филмот и да научиме повеќе да ги цениме нашите филмови од американските, оти американските филмови се само филмови, измислени, а нашите филмови сепак зборуваат за вистински ситуации кои секојдневно постојат во нашиот живот
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    да секоја чест за филмов :inlove: :inlove:
     
  13. Antigonna

    Antigonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    257
    Го имам гледано многу пати,секој пат сум чувствувала таква болка каква што со зборови не можам да опишам.
    Секоја сцена е приказна за себе,секоја слика е уметничко дело,секој збор а внимателно одбран,чувствата се толку истакнати и интензивни,музиката е надреално убава,а се’ заедно го прави овој филм премоќен.
    Нивни се отепуваа со нивни,наши со наши..почетокот беше крај,крајот беше почеток...а во вториот дел,беа покажани слики од крајот.
    Се’ измешано,токму како нашата реалност.

    Немам сили повеќе да пишувам,ми се чини како да ќе заплачам..
    Навистина прекрасен филм.
     
  14. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    295
    Не ми се верува дека денес прв пат го гледав филмов и тоа не го фатив одпочеток туку негде од средина.
    Ептен ме заинтересира , сигурно деновиве ќе одвојам време да го погледнам цел.
    Може ли некој да ми каже како ја има сфатено суштината на филмов?
    Читав на википедиа но некои моменти не ми се доволно јасни..посебно крајот., нешто ме буни
     
  15. Hanna4646

    Hanna4646 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Дефинитивно најдобар македонски филм е според мене :inlove:

    Интересниот премин на дејствијата го прави уште по добар. Колку пати и да го имаш гледано сеуште ќе постои желбата да го гледаш повторно. Раде е сепак причината филмот да го сакам повеќе, нема втор глумец како него :P Верувам дека повеќе луѓе исто така го ценат овој филм, сепак е маестрално дело на Милчо Манчевски и прв македонски филм кој има освоено оскар.
     

    Прикачени фајлови:

    • Capturesferf.JPG
      Capturesferf.JPG
      Големина на фајлот:
      29,5 KB
      Прегледи:
      128
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Подобро да ја прескокнам темата. Квалитетен и светски филм, со тешка политичка позадина, за жал.