Еве ја почнувам темава од лични причини. Се дружев дв години со една жена, не дека бевме преблиски пријателки, онака, мене ми беше повеќе заради децата. Ама, женава ми беше досадна, немаме заеднички интереси. Е сега, она повеќе се инвестирала во пријателството, а јас едноставно повеќе не сакам да поминувам време со некој што дури ме нервира. Почнав да се оддалечувам, да н и враќам на повиците, кога ќе се видиме, зафатена сум, ама не сфаќа едноставно. И на работа знаеше да ми дојде, ама баш напорна стана. Се сретнав со мајка, она претажна зашто не сме се дружеле, па што згрешиле, значи The Banshees of Inisherin кој го гледал ќе знае што е приказнава. На кратко, испаднав јас безобразната, И пишав порака дека не е до нејзе, едноставно и немам време и немам желба за дружење, не е дека направиле нешто или се криви. Можда и сум безобразна, ама не знам како некој не сфаќа дека не сакаш повеќе да се дружиш. И мене ми се случило, океј, не ми одговараш сфаќам колку е саатот и терам понатаму. Како се справувате со вакви ситуации? Сте прекинале ли некое пријателство, или вас ви се случило?
Интересно, баш помислив дали има ваква тема да споделиме искуства Во случајов, да, навистина било потребно отворено да ѝ кажеш, бидејќи очигледно не сфаќала суптилни знаци (игнорирање). Некогаш има напорни или упорни луѓе, како да речам , што едноставно не разбираат ако не им "нацрташ". А, инаку да, ми се случило да не ми одговара повеќе пријателството па да го прекинам, но со игнорирање обично се завршува работата. Сум била и директна кога требало. На пример, имав другарка што постојано закажуваше па одложуваше, или забораваше излегување на кафе и кога конечно ќе се сретневме зборуваше само за себе. Последно што ми направи, сакаше да го запознае син ми и прифатив, иако знам дека е многу неодговорна и неорганизирана и ме остави со мало дете на договорено да ја чекам, затоа што нешто и излегло и изумила да ми каже. Ми прекипа и пресеков. Директно ѝ кажав да не ме бара повеќе. Ми се случило и мене да ме "откачат". Не само со игнорирање, туку и малку погрубо, со нефер третман, но ми се случило. Зборувам за најблиски другарки, не за рандом колешка од работа или познаничка. Искрено преферирам некој отворено да ми каже дека сака да прекине пријателство и поради која причина, отколку да ме остава во неизвесност. Незгоден разговор е, но е потребен за closure.
Кажи и едноставно дека не сакаш да се дружиш и готово. Што комплицираш? Не секој е роден да те сфаќа како што сакаш дури и да даваш знаци.
Мене па воопшто не ми е тешко да прекинам пријателство, посебно ако знам дека било кој се дружи заради одреден интерес со мене или едноставно осеќам дека ми прави лице или дека нешто не штима. Инаку најдобар и најефективен прекин е дистанцата. Објаснување е само давање предност на другата страна.
Епа,јас буквално знаци покажувам 4 години,и се тоа ама ништо не бидна од тоа прекинување на пријателство. Едноставно,не можам да го кажам тоа што го мислам,со страв дека би повредила некој и да дојде до покомплицирано. Ама до толку ли се некои луѓе што не сфаќаат дека се досадни? Најмногу мразам кога некој ќе ми збори и гледа дека не сум заинтересирана и тој упорно ќе продолжи да ти збори.
Годинава прекинав неколку пријателства. Сфатив дека гледањето и дружењето со тие личности не ми годи, напротив ме полнат со негативна енергија. Јас сум таква личност што само со најблиските другарки можам да споделам проблем, да се пожалам или пофалам нешто. Со останатите поставувам граница на општ муабет, зафрканции и слично. Едната се гледавме почесто, но женава имаше проблеми со сопругот и на секое излегување само тоа ми се жалеше и кога си одев дома бев психички исцрпена. Почнав да не и враќам на пораките и на повиците, после неколку месеци се сретнавме случајно и веќе немав кај да бегам и кажав директно дека ја разбирам дека и е тешко, ама и јас си имам проблеми и излегувам да се отргнам од нив, а не да ги слушам туѓите. Сега се разведе и посреќна личност е, па еве договоривме средба. Втората, не знам ни дали можам пријателка да ја наречам. Се најдовме случајно на фб преку една група, почнавме да си пишуваме и ме покани на кафе дека блиску живееме и јас отидов. После тоа женава ме утепа од ѕвонење, во денот по три пати, пишувања 24/7 од добро утро до добра ноќ. Претходно и завршив нешто работа за што натаму не зависеше од мене и само за тоа, еднаш и реков со мало дете сум не можам се да ти завршам, те упатив па натаму снаоѓај се - не се разбра и кажав директно дека не сакам повеќе контакт. Ми ѕвонеше, пишуваше уште некој период и се откажа. Третиот случај беше донекаде обострано, се гледавме и фамилијарно ама немавме слични интереси и женава малце се занесуваше затоа што работи на повисока позиција и цело време за работата зборуваше како нејзина да е фирмата се фалеше. Иако не се гледавме толку често, но после некое време ниту јас, ниту таа заѕвони и толку беше. Јас сакам дружењата и излегувањата да ми бидат забавни и да се одтргнам од секојдневието и кога ќе се вратам дома да бидам среќна што сум се видела со некоја личност, сум се насмеала или слушнала нешто ново. За одредени проблеми и тешкотии си имаме најблиски и психолози. Никој не ти е должен да го полниш со негативна енергија и да слуша со саати жалопојќи.
Па, ништо, ете на крајот морав некако да и кажам за да сфати. Секогаш некако запаѓам во некакви дружби кои не ми се по волја, немаме многу заеднички работи, а ете, не знам зошто не можам не да кажам. И ова требаше одамна да го прекинам, ама не го направив тоа, па дојде до овој степен. И ова е некако... Факт е дека не можеш да се жалиш некому цело време, освен да, ако го сметаш за посебно близок, па да те сфати. И јас исто почнав вака да се дистанцирам зашто не можам од некој три пати што сум го видела да слушам жалопојки. Можда е нехумано од една страна, ако му е на некој тешко, ама од друга и сите имаме проблеми. Ама, решив дека не сакам веќе такви пријателства, порадо ќе си седам и ништо нема да правам отколку безвезе да дрндам нешто и да слушам нешто воопшто не ме интересира.
А може ако сме директни и искрени со луѓето нема да има потреба од теми како да прекинеш пријателство. Прво пријателство не ни имало во случајов, некакво коегзистирање ради децата можеби, но сметам дека секој возрасен човек треба да е способен без заобиколувања да се изрази на нормален и ненавредлив начин и да каже на друг возрасен човек дека едноставно неговото друштво не му годи. Се друго ми е некако лицемерно и детско. Инаку право пријателство да е ќе бидете тука за тие луѓе кои можеби навистина минуваат низ нешто или ако не ви се слуша ќе бидете искрени дека не ви се слуша. Не рекле џабе прав пријател во лошо се гледа
Види, имаш пријателства и пријателства доживотни. За тие три што ги имам би направила се. Другите се пријателства, за онака да се излезе или да, за со децата. Мене повеќе ми беше ова ради децата, ама не можев повеќе да правам празни муабети. Можеби требаше директно да кажам, ама мислев ќе се навреди. Што на крајот секако се навреди. Школо за друг пат, да си држам од почеток дистанца кога веќе гледам дека некој воопшто не ми одговара и да си избегнувам вакви ситуации.
Не, едните не се пријателства. Туку познанства и некое заедничко дружење од корист, едно или двострана.
Океј, тебе ако не ти се пријателства мене ми се. Кога ќе излеземе на кафе, си пишуваме пораки, се слушаме, тогаш го сместувам во пријателство. Познанство ми е на еј здраво кога ќе се видиме, може сме направиле два-три реда муабет ако сме се виделе преку заеднички пријатели.
Олала терминолошка расправа. Да, убаво си ги разбрала термините. Едикојси рандом лик со кој немам заеднички муабет, не би го нарекла пријател.Автоматски, нема проблем за решавање.
Сум имала разни причини да раскинам пријателство но никогаш не сум била во ситуација да прекининам пријателство затоа што ми здосадило да глумам пријателка. Од почеток сум на чисто дали сакам да се дружам или не. Свесна сум дека постојат многу таканаречени дружења или пријателства за корист али ја не поднесувам лицемерие па затоа и немам многу пријатели, идам на опција квалитет > квантитет.
Ќе беше лицемерие да продолжев да се дружам. И не, не дека не можам да ја гледам, не сме компатибилни за пријателки, не реков нигде дека она е никаква,злобна, ваква или онаква, едноставно немаме заеднички работи. Да, било пријателство и се прекинало. Ако немаш што да додадеш и не сметаш дека е така, или не си имала таква ситуација не ја полни темава за џабе само.
Кога гледам дека некоја ми е досадна, немам ништо заедничко со таа жена, па и дури да ме нервира, воопшто у старт не почнувам никакво пријателство со нејзе, не па со години да се дружам и сега наеднаш ја нејќам Уште од старт ако не ми се свиѓа ништо околу таа личност, понатака веќе нема ништо, крај И не ми е ова дирекно за Реин, туку општо мојот став за темава е тој
Така би било, ама не знаеш одма дека така ќе испадне. На почеток секако се прават општи муабети. После веќе децата се здружиле, па неодлучност и ај не можам сега со тоа да се замарам и се оптегнала работата. А за болдот, можеш да се дружиш со некој со години и да тргнете во различна насока, се случува. И се случува да не сакаш веќе да се дружиш со некој, па дури и на почетокот да си сакал, се менуваме.
A kako izgleda toa direkno da mu kazhesh na nekogo? Povekje mi e toa bezobrazno. Ako ne ti e veke pogoden za druzhba, ne znachi deka go mrazish. A da bideme iskreni, mnogu lugje shto demek sakaat jasno da im se kazhe, ke se prenavredat stvarno da im se kazhe I ke se ponashaat ko da gi mrazish. So mnogu lugje se oddalechuvash, prirodna pojava, ne ke mu najavuvash na sekogo svecheno zatvaranje. Posle 2 pati odbivanje treba da ja sfatish porakata. Pa koga ke se vidish po ulica edno zdravo i toa e toa.
Секој на различен начин прекинува пријателство, некои се подиректни и кажуваат во лице, а други преку сигнали и оддалечување го прават истото. Често зависи и од другата страна како би го прифатила тоа. Некои директноста може да ја сфатат како навреда, па пријателството да се заврши со тоа да не сакаат со очи да се видат, а па на некои ќе им биде мило што добиле образложение. Од оваа причина да за да останат во меѓусебно добро сеќавање, почесто се применува побезболната опција, а тоа е оддалечувањето. Правило нема, некој го претпочита едното, друг другото.