Прекршени ветувања по станувањето родител

Дискусија во 'Бебе' започната од LanaDelR, 21 мај 2017.

  1. LanaDelR

    LanaDelR Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    749
    Пол:
    Женски
    Мамички оваа тема ја отварам да си пишеме за ветувањата кои некогаш сме ги дале дека нема да правиме со нашите бебулиња но сепак сме ги прекршиле.Јас лично си имав неколку од кои едново веднаш го прекршив со оглед дека сум мама од скоро. :D Порано велев дека нема да го учам малово да го носам се во раце и да трчам на секое заплачување. Е сега имам уште некои од кои и дека нема да му давам цуцла лажливка..ноооо со оглед на тоа дека никако веќе не сака само да си полежи па ми е страв дека ќе го прекршам и ова, но се надевам нема хахах(facepalm):whew:
    Ајде мамички вие пишете си кои биле вашите ако имало, да се дружиме и забавуваме да си се посмееме тука. :l::*
     
    На emkaemka, Melinda85, koritsaki и 4 други им се допаѓа ова.
  2. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.208
    Допаѓања:
    21.125
    Моето искуство вика што повеќе сум викала "јас ова никогаш" баш тоа сум го направила. :nod:
    -викав нема да дозволам да јаде со занимација-долг период јадеше со песнички од уoutube
    -викав нема шанса да проба готова кашичка и друга нездрава храна-имаше период кога само такви сакаше, се што јас ќе направев фрлав
    -викав дека колку и да ме налути нема да покажам слабост пред него и да избувнам- не успеало, среќа многу ретко е ова, 2-3 пати до сега

    Има и други, овие први ми паднаа на памет :)
     
    На emkaemka, Верче4, Lolipop23 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.625
    Допаѓања:
    100.019
    Пол:
    Женски
    Ќе имате најубаво детство, дом, семејство, сите на купче...:(
     
    На emkaemka, snegulkata, Nigredo Odor и 7 други им се допаѓа ова.
  4. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    13.811
    Пол:
    Женски
    Имаат најпрекрасна и највредна мајка.:hug:
     
    На Mari-Ja, snegulkata, PUPICA и 10 други им се допаѓа ова.
  5. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    1. deka nema da go naucam da spie vo mene v race, vednas stom zaspie ke go ostavam v krevetce, pa ako nesaka da spie vo krevetceto nema da go zemam kaj mene v race, a sega toa mi e najgolema greska, se navikna preku den da zaspiva vo mene dodeka cica, i go drzam saat-saati ipol v race na sekoja popladnevna dremka (za vecernoto spienje go nemame ovoj problem) . A eve sega doagat toli letni denovi, pretoplo e da spie v race kaj mene, i stvarno neznam kako da ja odviknam, mnogu se nerviram, toa mi e grska br. 1 nikogas, neveli nikogas!
    2. Deka nema da davam gotovi kupecki kasicki, samo epten vo kraen slucaj.
     
    На emkaemka, LanaDelR, Lolipop23 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.020
    Допаѓања:
    48.105
    Пол:
    Женски
    Јас немав некои замисли воглавно зашто немав толку блиски со бебиња да знам како одат работите. А и ако зацртам нешто после ќе се нервирам ако не оди така.
    Единствено нешто што мислев е дека нема толку да се потресувам, ќе бидам смирена, ама уф, колку не беше така.
    И на неа ќе и биде топло и нема да сака на тебе да спие. Мојата беше иста, па кога беше пекол си спиеше во количка. Сама ќе си направи како што ќе и биде најдобро. :)
     
    На emkaemka, sunmoonstars, LanaDelR и 2 други им се допаѓа ова.
  7. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.694
    Допаѓања:
    16.942
    Пол:
    Женски
    ,, Правилата,, се прекршуваат само кога мајката го следи своето дете. Ако сум рекла дека нема да го земам во раце,а тоа пишти плаче,сигурно дека нема да го оставам така.
    И за јадењето,мајка,сите начини ќе ги испроба само дете да биде сито.

    Периодов имам проблем со огроманата темпераментност кај син ми,па се она што си мислев,обратно ми се враќа :)
     
    На emkaemka, green.eyes, sunmoonstars и 2 други им се допаѓа ова.
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.698
    Допаѓања:
    74.490
    Пол:
    Женски
    Јас велев дека нема шанса ќерка ми да ја оставам да спие со нас во соба. Си спиеше убаво во нејзиниот кревет во нејзина соба до кај 1,5 годишна возраст потоа се разболе и јас од страв да не качи температура ноќе а да не ме викне , од тогаш еве до денес на 6 годишна возраст спие кај нас во соба (на различен кревет) и не сака да оди сама да спие :)
     
    На emkaemka, Troi, LanaDelR и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    5.908
    Допаѓања:
    72.396
    Јас викав дека нема да се потресувам, сега за едно кивнување пребледувам.
    Викав дека ќе давам дете на баби, ама не давам на никој, сами се грижиме.
    Мислев у креветче ке спие, ама спие со нас.

    И веќе не викам јас вака не така не... не знаеш што ке ти се деси.
     
    На M.B., emkaemka, Kaetana и 3 други им се допаѓа ова.
  10. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    7.788
    1. Дека нема да му дозволам да влезе со мене во тоалет ( во одредени ситуации единствено решение е да го земам со мене)

    2. Дека шанса нема да го учам со мене да спие. Секоја вечер го земам до мене и си го држам за рака.

    3. Дека нема да му дозволувам се ... а му дозволувам ....
     
    На emkaemka, LanaDelR и green.eyes им се допаѓа ова.
  11. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    13.444
    Пол:
    Женски
    Ој, темава ми отвара очи дека важи правилото "никогаш не вели никогаш".
    1. Мислев дека барем додека сум на породилно нема да дадам готова каша, ама како што почнавме со вкусови по редоследот на педијатарот дојдоа и слива и тиква на ред, па со оглед да ги нема свежи, дадов готови (facepalm)
    2. Мислев нема да пуштам песнички и цртани, ама морам да му најдам занимација ако имам нешто работа а тој не седи бидејќи скорп цел.ден сме сами;
    3. Дека нема да спие со мене, ама ноќе заспива во креветче и на некое будење крај 5 саат веќе не сака во креветче, па мора со мене;
    Толку засега :)
     
    На emkaemka, LanaDelR, green.eyes и 4 други им се допаѓа ова.
  12. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Taka e , "nikogas ne veli nikogas", posebno za kasickite, mislam deka site go imaat prekrseno ovaa pravilo,....a vo vrska so detskite pesnicki, ubavo e da mu pustas da slusa muzika i da mu pees, nema loso vo toa:) ili misis da ne ne gleda vo TV uste tolki malo, i jas isto velev nema da go ostavam pred TV, no koga moram da srabotam nesto, go ostavam pred TV da gleda crtani sarenilo...
     
    На LanaDelR му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    13.444
    Пол:
    Женски
    За песнички пеам и јас и слуша,ама што се "џари" во спотовите шарени интересни. Ама сама мајка дојде тато од работа, морам бар во вц да појдам . Ама и не се толку лоши па песничките , се што е умерено а не претерано нема "зијан" нели :)
     
  14. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Da, taka e, se sto e umereno nema loso. Za zal pred da staneme majki dosta cesto znaeme da osuduvame situacii gledani od strana, no koga ke go iskusis na svoja koza e sosema drugo. Kolku i da se obiduvame da gi predpazime od nezdravi naviki, eve ponekogas gi prekrsuvame ovie vetuvanja bidejki doagame vo situacii kade morame da gi primenime ovie raboti za koj sto sme bile protiv. Eve eden prost primer kaj mene, majka sto sama e preku den, predhodniot den zaboraviv da kupam namirnici da napravam kasicka,pa planirav sabajlecki so bebe da pazaruvame, no zavrna dozd, a bebe e nestrplivo za jadenje, mu doslo vremeto za obrok, i vo toj slucaj ne spasuva gotovata kupecka kasicka koja ja imame :) ....a predhodno velev:"nema sansi koga sme doma da dadam gotova kasicka, osven vo sitacii koga sme nadvor na setanje.."
     
    На LanaDelR, green.eyes, BirMelek и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.208
    Допаѓања:
    21.125
    ....и не само во ситуации кога не си купил намирници.... одреден период до толку беше залепен за мене што не можев вода да се напијам. Инсистираше да си играме во дневна, заедно, не можев да се свртам без да заплаче а не да одам во кујна да му готвам. Не сакаше ни под разно во кујна да стапне. Едвај преживеав тој период :| Чистење и готвење беа исклучиво кога мм беше дома, со него сами беше неизводливо. Среќа помина тој период, сега дури и два ручеци можам да направам ако треба :D
    Секогаш ни се одбива од глава баш она за што ќе речеме "јас вака никогаш". Аха, важи :D
    Сеуште викам дека нема шанса да го пуштам сам во Мк кај баби и дедовци. :!: Искрено, сакам да остане така :)
     
    На emkaemka, LanaDelR, sunmoonstars и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.736
    Допаѓања:
    254.044
    Пол:
    Женски
    еххењ колку прекршив :)
    еве моментално јас пијам кафе а она ме шминка :D а сум викала никогаш нема да дадам дете да ми упропасти шминки,офарба ѕид,земе мобилен и слично.Мислев ке бидам строг родител а јас сум мн мека.Толку што се плашам дека еден ке ми се одбие од глава.

    ми се има случено два пато големата да не ја носам на школо пошто тој ден сме отишле да шетаме некаде надвор од градот.А сум се колнела дека такви пропусти нема да правам

    има има доста прекршени ветувања
     
    На emkaemka, Kitten, stevemila и 4 други им се допаѓа ова.
  17. justalady1

    justalady1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Ехее и јас колку сум прекршила ветувања , обично сум многу строга со други туѓи деца а со моето сум многу мека дури и чудно ми е.
    1. Викав дека нема шанси да го галам и да плаче ќе го оставам а јас неможам да го оставам да плаче и си го галам.
    2. Дека нема шанси да му се дерам на бебе колку и да ме нервира ама му се издерив 2-3 пати од нервоза.
    3. Викав нема да спие со мене у кревет нема шанси па еве го сака да спие со мене во кревет се научивме така.
    има многу работи ама тоа е мајки сме неможиме подруго :D:sweat:
     
    На emkaemka, BirMelek, stevemila и 2 други им се допаѓа ова.
  18. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.408
    Допаѓања:
    29.937
    Пол:
    Женски
    Многу ветувања сум прекршила, како и секоја мајка.
    Прво викав дека нема да ја учам во раце да биде цело време и за заспивање сама ќе ја учам да спие, ахам како не. Долго време беше се во раце и со нишање низ цела соба така заспиваше ( кога се сетам колку ме болеа рацете ).
    Викав дека нема да спие со нас, туку ќе ја учам да си биде самостојна. И тоа не бидна, заедно си спиеме :)
    Мислев да не и давам да гледа на телефон, ама сето тоа пропадна во вода кога видов дека уствари само така може да јаде за 5 мин без никаков проблем што и да е.
    Бев многу против благо и такви работи, а таа колку сака пез бомбони и лижавки и некогаш само за да биде мир и дадам :tmi:
    Уште како девојка секогаш си велев нема да и давам да ми пипа во накит, шминки да не ми се уништи нешто, а сега секојдневно ги прередува парфемите, шминките, лаковите дури и штиклите почна да ги облекува :D
     
    Последна измена: 29 декември 2017
    На emkaemka, makedonkamak, elimkd и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Macito007

    Macito007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    2.405
    Пол:
    Женски
    Хммм. До сега имам прекршено ветување само за заспивање во раце и нишање.. :|
    6+ м сме :D
     
  20. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    1.755
    Допаѓања:
    14.622
    Пол:
    Женски
    Изгледа на сите прекршено ветување ни е држењето и заспивањето во раце. :)
    Отсекогаш сум велела дека нема да ја учам в раце, а сега само кога спие не ми е во раце. Заспива со нишкање в раце.

    Сум велела дека ако заплаче нема да ја земам одма и тоа правило го прекршив.

    На почеток спиеше со нас на спална ама се изборив за тоа ветување со мм кој упорно ја земаше и сега си спие во креветче.

    Исто велев дека на толку играчки нема да и дозволам да игра со глупости и од мала да се учи дека се и е дозволено, ама сега омилена игра и е да го трга и да си игра со завесата на прозор (кога плаче многу само така се смирува)

    Дека нема да и дозволам да гледа тв, ама некогаш само така можам да завршам некоја моја обврска.

    Засега толку и за понатаму имам некои ветувања ама времето ќе покаше дали ќе ги исполнам или прекршам.
     
    На emkaemka, BirMelek, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.