Преку „врски“

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 7 мај 2016.

  1. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    71.251
    Пол:
    Машки
    Дали сте за или против било какви „врски“ за некој да ви заврши некоја работа?
    Дали вие некому сте завршиле некаква работа или пак сте побарале од некого за вам да ви завршат некоја работа?
    Дали мислите дека луѓето примени некаде со „врски“ функционираат и живеат подобро отколку оние „обични смртници“ кои се трудат самите да успеат нешто во животот?

    На темава има што да се дебатира, така да повелете. И да, бидете искрени. :)
     
    На Victorian, Quuen, SnowWhite8 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.890
    Допаѓања:
    113.274
    Врските ги имало и ќе ги има. Мислам прост пример неповрзан со работа или училиште, другарка ми последна побара маче ама прва сакаше да одбери, а најмила ми е неќев да ѝ кршам ќеф. Ете ова пример е за нешто што се подарува и од кое ќе имам наскоро повеќе, а што останува за другите?
    Да не речам, повеќето прво бараат врски за работното место, а не потоа - откако ќе имаат пример неуспешен обид, а многу им треба местото.
    На училиште имам 101 пример конкретно средно за оценки. Дали родител ќе дојди, дали некој познаник глас ќе пушти, или едноставно си некоја далечна роднина со некој професор - ќе изгледа како да те мачи, зошто децата се сурови ако знаат за врските и сите се свесни за тоа, ама на крајот сепак ја имаат највисоката оценка.
    Преку "врски" имам одено во аптека каде не примаја практиканти зошто сопственичката е школска со мајка ми ама после мене, неповрзано (им се заубајв) примија уште неколку, а сега почнаа и стажанти.
    Во глобала ги сакам работите чисти, ама неможи да се држат така во овој нечист свет. Јас имам желба да стажирам и потоа да работам Зегин/ Еуро Фарм, ако не успеам да влезам зошто тешко примаат стажанти, да имам најмала шанса било како да одам (а тоа да не е со партиска книшка) - ќе искористам се можно. Ако не искористам јас, ќе искористи некој друг. Јас ќе работам во сендвичара или мала помалку платена работа, некој друг ќе биди на местото во кое се стремам (не зборам ако бидам одбиена ако не сум доволно кадарна, туку одбиена пред да видат шо можам само зошто некоја друга е резервирана за тоа место без и неа воопшто да ја погледнат ама таа има врски).
    Накратко, најдобро е работодавачот да си има критериум по кој сака да бира работници, према нивните способности, а не према кој е чиј познаник или роднина (оти врските за кој имам слушано се: "Можиш бе на Пеце чупето, брачедата на другарка ѝ, дечкото да го вработиш?")
     
    На sanjaeva, Iva 94, ЈеленаЏиш и 6 други им се допаѓа ова.
  3. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    664
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    ВИП-Врски и пријатели :rofl:
    Знам многу примери со врски во врска со училиштето,и мене еднаш родител ми има помогнато за една оцена :emo: За работа не знам,можам да кажам примери само од слушање муабети од луѓето,кој на кој му бил роднина,пријател и сл.:P
     
    На Arthur и Gerbera им се допаѓа ова.
  4. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    1.880
    Пол:
    Женски
    И сум завршувала работа и ми завршувале работа и секој кој ќе ми се обрати за каква и да е помош и да не ми е пријател, а си има мака, доколку можам помагам. И не знам зошто некој не би сакал да му биде завршена работата преку врски, а има можност. Таа лицемерна чесност нека си ја задржат. Снаџи се па живи!
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    34.885
    Никогаш. Затоа што никогаш нема да дозволам утре некој да ми дојде и да ми рече: "Јас да не бев". Колку можам сама со мојата упорност и капацитет, толку. Не ми требаат такви работи и напросто не можам да глумам нешто што не сум.
     
    На GirlLove, eloves, elimkd и 11 други им се допаѓа ова.
  6. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.472
    Пол:
    Женски
    Во нашава држава највлијателна диплома е "преку врски "" , јас за поинакво вработување не знам! А и кога студирав многумина си идеа првпат само на денот на нивното дипломирање ! На жалост !
     
    На Quuen, Arthur, bonnita и 5 други им се допаѓа ова.
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6.332
    Допаѓања:
    101.739
    Пол:
    Женски
    Во денешно време за зборот „врски“ има еден помодерен термин.. networking. :D И..ќе го најдеш во совети - „како до работа“ или до било што.. на популарните страници за кариера, претприемништво итн.:)
     
    На Emy867, Bender Rodriguez, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    2.417
    Пол:
    Женски
    Не може да се генерализира или да се одговори со да или не. Нормално деа врските секому годат кога сме ние во прашање а ужасно не нервираат кога некој друг е во прашање.
    Мене лично кога некој ќе ми заврши работа ми годи, не само што ми заштедува време туку и ме прави да се чувствувам битна илити важна особа. Не сум работела во јавен сектор за да имам прилика некому да завршам работа но ако се сфати тоа во поширока смисла дали сум завршила некому работа можам слободна да кажам да и тоа на многу луге :)
    Шала на страна, такво поднебје сме каде врски кои потпаѓаат под корупција имало и ќе има и не верувам дека тоа ќе се искорени.

    Дали сите вработени преку врски се не квалитетни? Не би рекла, посебно овде на балканот каде колку и да си квалитетен не можеш да дојдеш до место во државна управа без врски, без разлика дали врската се вика, партија или некој влијателен човек... Па сега дури и не се кријат туку јавно преку телефон си се договараат каде имало оглас кој каде да се пријавел....
    Законски сме добро потковани, само проблемот е што сме махери за да го изиграме законот. Пример, за вработување во државна управа се распишува оглас се пријавуваат кандидати, значи формата е задоволена, но проблемот е во крајната истанца каде одлучува човечкиот фактор.

    Пред да кажете дека не сакате врски или дека тоа ви е одвратно, запрашајте се. Дали би чекале во ред да ви смрдат на пот и да ви дишат во врат еден куп луге или фино лепо би си завршиле работа за секунда?
    Исто така кога некој ќе ви заврши работа бидете спремни дека треба да возвратите или цел живот ќе се чувствувате должни, барем јас сум таква.
    Јас би сакала освен на основното прашање да одговорите и дали и што ви било попарано како контра услуга за некоја завршена работа?
    Мене еден тип што требаше да ми заврши една работа ми рече дека за против услуга бара да сме оделе на вечера. Си викам, види будала, кај ми заврши работа да не чекам со денови уште па и ме части вечера. Искрено се почуствував многу убаво.
     
    На cresa-jagoda, Priroden, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.088
    Пол:
    Женски
    Metastaziran kancer vo tupavoto mkd opshtestvo. Jas sum mnogu protiv urgiranja. Nikogash ne baram i ne prifakjam nishto od nikogo i ne sakam da baraat uslugi od mene. Bez dvoumenje bi odbila i blizok rodnina, ednostavno ne sakam da mi se obrakjaat za takvi raboti. Ako si sposoben, dokazhi se sam. Edinstveno takvi lugje zasluzhuvaat pochit vo moi ochi. I ne samo vo moi, tuku fakt e deka onie koi se predodredeni da bidat najuspeshni se taka programirani. Bez razlika na pozadinata i potekloto, sami gi zemaat rabotite vo svoi race ne chekajkji drug da im brka rabota.
     
    На Lella, cresa-jagoda, tanja manja и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.691
    Допаѓања:
    50.087
    Пол:
    Женски
    Да не беа тие врски многу Македончиња ќе останеа заглавени. Има многу неспособни кои самите не можат да се изборат за нешто па успеваат преку врски. Најмногу се грозам кога гледам дека доктори вработуваат преку врски, доктори кои не се доволно образовани да помогнат и да излечат човек, да ти е страв да појдеш во болница...
    Сум поминала и јас низ некои ситуации преку врски иако не сум сакала туку влијателната страна ми рекла ајде ќе ти помогнеме, зошто да не кога имаш шанса за тоа и тоа да ти завршам работа. Не знам, јас со тоа што некој друг ќе ми заврши работа на се чувствувам гордо туку неспособно. Подобро да изгубам време сама борејќи се за нешто отколку некој да ми заврши работа за неколку минути. Премногу добар и чесен човек сум за ова време и место.
     
    На Mr. Right, Quuen, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.098
    Допаѓања:
    285.265
    Имам врски и ги користам само ако дојде нож до коска.
    Не секогаш.
    Исто и кај мене бараат врски.Се лутам ако се без усул, па преку леб погача бараат.,,Вршам,, работа и на знани и на незнани.Не сакам никаков надомест, големо задоволство ми е ако некој сум го куртулула од чекање.
    Незначи дека ако побарам врска сум нечесна.Или тие што од мене побарале нешто се нечесни.
     
    На ph.orhideja, Mr. Right, Quuen и 5 други им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.231
    Пол:
    Женски
    Имам врски, ама ретко ги користам. Само кога нешто ми е итно.
     
    На Mr. Right, Quuen и Petar80 им се допаѓа ова.
  13. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.045
    Допаѓања:
    65.523
    Пол:
    Женски
    Хм,интересна тема.Врски има сегде,имало и ке има:),овде кај што сум ги викаат витамин Б(јак термин)..Но,на нас македонците толку ни е проклет наравот што би ги искористиле и за најпроста работа,на пример преку ред да влезеш негде а пред тебе има само еден- не дека брзаш,туку ете,зашто на пример ти да чекаш кај вујко ти на работа пред врата...нема смисла па тој ти е вујко!Од тоа си патиме!!!
     
    На Gerbera, Mr. Right, Quuen и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    769
    Општествен и личен развој се постигнува преку конкурентност и фер борба, не преку протекција.
    Не е фер некој ни куче ни маче што нема што се вика само поради тоа да нема исти шанси со некој со помоќна позадина. Тоа ти е чиста загуба на потенцијално квалитетни човечки ресурси.
    Замислете што би се случило доколку никој не користи врски ни за себе ни за друг, или барем тоа го прави незначителен процент.
     
    На dunika, Quuen, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.116
    Пол:
    Женски
    Dokolku imam vrski si gi koristam.Zboram za nesto sto podrazbira cekanje so meseci,a ne za zemanje na diploma, urgiranje na oceni ili nekoja rabota sto mozam da ja zavrsam so 3-4h cekanje,pa i cela nedela.
    Isto i jas dokolku mozam na nekoj da pomognam ne gledam loso vo toa da mu zavrsam rabota.
    Taka doslo vremeto,snajdi se pa zivej i ne gledam pricina zosto na nekoj toa bi mu smetalo koga i toj samiot dokolku moze bi go iskoristil.
     
    На ph.orhideja, cresa-jagoda, Mr. Right и 5 други им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.098
    Допаѓања:
    285.265
    Еве кога ќе одам за Грција наскоро, ќе те побарам за ,,преку врски,, да поминам граница :*:*
     
    На Mr. Right, Quuen, Petar80 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    769
    Баш мислам дека тоа чекање со месеци се дешава најчесто за сите „со врски“ прво да дојдат на ред. Да се нема воопшто врски, со подобра организираност се ќе биде побрзо, полесно и поправедно. Од тој начин на размислување, мислам дека не можеме да направиме организирана редица за чекање на леб и млеко.
     
    На LivingGlam, theowndemon, tanja manja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. tanja manja

    tanja manja Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2016
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    1.515
    Пол:
    Женски
    Доста време бев надвор од држава и сакав да останам баш поради моментот врски-ургенции кај нас.
    Зошто се мора да е толку проклето и за ситница да се бараат луѓе за да се добие најосновно човечко право?!
    Сега, работата ми е таква да луѓето често ме контактираат за нешто но јас ги марширам, исклучок правам кога се работи за трудница/пензионер или кога ќе оценам дека ситуацијата е нужна и нема да ми го поремети секојденвното функционирање на моите работни обврски а и на странките на кои им треба мојата услуга.
    Нит ми барај-нит ќе ти барам!
    Татко ми често ми вика ќерко ѕид со глава не се руши, зошто си толку тврдоглава коа нешто можеш да го истераш полесно. Им враќам, оставете ме, не го правам ова за мене, за иднината на моите деца и внуци.
    Како поеднинец не можам да сменам ништо но колективно... може и ќе извојуваме општество без врски.
    Некогаш....
    Инаку, сум побарала врски. Кога завршив на дежурен во клиника после операција, со обилно крварење а сестрите пиеја кафе и ме оставија да чекам.
    И уште пар пати. Но никогаш од аздис и нетрпение. И никогаш за да земам туѓа корка леб.
     
    На bonnita, Mr. Right, Quuen и 4 други им се допаѓа ова.
  19. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.786
    Допаѓања:
    19.282
    Пол:
    Женски
    Ne si vo pravo vo delot deka ima nesposobni koi nemozat sami da se izborat . Eve ti primer : Mm izdrza selekriven kurs , bez vrski bese , pa eden od staresinite mu nametnal cela bandera da nosi sam , da polzi u voda so sve cela oprema i banderata , zgora na toa i gas-maska da nosi na sebe . Koga dojde red da go viknat , nemase vrski covekot neli sakase na cesen nacin da se izbori zamparce leb da donese na decata doma , ne go viknaa . Iako sam izdrza do kraj , ne go viknaa nego tuku nekoj sto ne ni bil na selektiven . Vtoriot selektiven , otidna so vrski , samo zatoa sto sfati deka nema cesno u drzavava , pak negovo bese da izdrzi do kraj , ama drugo e koga imas grb da te zastiti malku , nema da te maltretiraat tolku . Preku tie vrski , toj uspea da se vraboti , a ne deka ne e sposoben da se izbori sam za nestoto , ednostavno morase da go upotrebi dzokerot , zatoa sto proba so cesno , ne ja bivase .
    Ne se site nesposobni za da se izborat , tuku cesnoto umrelo u drzavava . Posebno koga se raboti za vrabotuvanje .
     
    На mami blue му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.116
    Пол:
    Женски

    Epa koga se raboti za zivot,da treba da cekas 4-6 meseci,pa i poveke za da se snimas i da imas vrski da ne gi iskoristes neznam takov covek.
    I da nemas vrski vo toj moment ke baras ili ke podmituvas so pari,zasto i toa go ima.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.