Преместување на детето во своја соба

Дискусија во 'Дете' започната од Lovebug01, 19 август 2022.

  1. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.457
    Допаѓања:
    8.839
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, не сретнав ваква тема(ако веќе има слободно нека оди во канта).

    На која возраст го преместивте вашето дете да спие во своја соба и во свој кревет? Дали брзо се навикна? Дали се буди и ве бара?

    Ќерка ми има 21 месец. Во последно време не сака да спие во нејзиното креветче (креветчето не е споено со нашиот кревет), туку сака со нас на брачниот кревет. Одамна ја заспивам на брачниот па ја префрлам во креветче, меѓутоа она толку мрда во спиење што минимум еднаш се будеше со плачење за да ја земам до мене. На креветот има поголема комоција и да се подразбуди ќе ме осети дека сум до неа ќе ме гушне и ќе продолжи. Јас бев прва што велев дека детето треба да си има свое место за спиење и дека нема да дозволам моето дете да спие со нас на спална, дека ќе е самостојно, но сега ми е жал и ја оставам да спие со нас. Сакавме да ја префрлиме во посебна соба, ама сега заради ова одолговлекуваме.

    Ја отварам темава да размениме искуства околу оваа работа :)
     
    На Mnik, Филотеа, CareTee и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    И мене ова ме интересира.
    Мојот за месец ипол ќе полни 3год.
    Спие во креветче прилепено до спална(без оградата меѓу нас) уште од бебе.
    Периодов со мм почнавме да збориме за второ дете и мене веднаш мислата ми отиде кој каде ќе спие :)
    Мојов е приврзан за мене,исто сака да ме почуствува,гушне во спиење.
    Му викам на мм да му направиме детска соба па можеби ќе сака таму да спие.
    Ама на мали не му се допадна баш идејата кога ја чу:D
    Останавме на тоа,да кога ќе се случи втора бременост да почнеме да ја спремаме собата и постепено да го префрлиме таму(секако во почетокот еден од нас да спие со него за да се навикне).
    Би ми било глупо "да го шутнам" од соба кога би се родило второто.:wasntme: а секако уште малку ќе му биде тесно во креветче...
     
    На mal.ecka и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  3. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    2.049
    Допаѓања:
    26.293
    Пол:
    Женски
    Моето само посака после 3 години, ама се буди и не бара, па се шетаме сите од еден на друг кревет еве повеќе од 1 година :)
     
    На Lovebug01 и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  4. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    Ние собата му ја направивме нешто пред да наполни 3 години. Ама ги внесовме во тип топ средена соба до детал. Намештај, постелнина, укрси, декорации.
    Од прв ден заспиваше таму (со некој од нас). Е сега сеуште знае да се разбуди сред ноќ да не побара, некогаш легнуваме до него да презаспие, некогаш ако сакаме да се гушкаме и ние сами го зимаме кај нас. Битно бебешкото креветче е собрано од тогаш, а он си знаедека тоа е негова соба.
     
    На mal.ecka, Izzy_0504, Oneo и 6 други им се допаѓа ова.
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.878
    Допаѓања:
    18.744
    Пол:
    Женски
    Син ми спиеше во креветче негово од прв ден дома. Околу 18 месеци почна да се буди во тек на ноќ и да ме бара. Го презаспивав ама при спуштање во креветче се будеше. Ако се расони ке нема назад. Во тек на ден спиеше малку (многу помалку во споредба со деца на негова возраст) и ми беше многу напорно да седам будна во 2-3 часот ноќе. Си го префрлав до мене и до утро си спиеше мирно.
    Кога се го средувавме станот направивме спална најголема што е можно според просторот. Креветче во преселба не ни донесовме тука.
    Си спиеме сите на спална, син ни на средина.

    Искрено уживам во оваа близина. Преф спиење се гушкаме, заспива додека ме држи за гушка или лице. Овие моменти нема да се вратат, никогаш нема да биде пак 3 години. Ке ми фали галењето.

    Соба ке му правиме кога ке побара. Сега за сега му е полна до играчки, си знае дека тоа е негова соба. Го прашав дали сака да спие сам, кажа не.
     
    На TravellerS, Cherry333, PoisonGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.210
    Допаѓања:
    5.767
    Пол:
    Женски
    Поголемото е 20месеци и сега викендот спиеше сам во соба. Инаку после роденденот го преместивме во негова соба, но постојано некој од нас, јас или татко му, спиеше со него. Долго време се мислевме кога да пробаме да го оставиме сам, се нешто имаше, или беше во скок, или заби или беше болен... па мораше некој да има со него, во случај да се разбуди плачејќи и да треба да се презаспие. Минатите ноќи спиевме со отворени врати од собите и телефонот до мене, во случај ако го слушнам да видам дали е ситуацијата за станување или само си збори во сон. :wasntme:
    Од прв ден дома и тој и сестра му спијат во свое креветче. Сега малата е со нас во спална, а до кога ќе биде така ќе видиме.
     
    На Lovebug01 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  7. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    25.837
    Пол:
    Женски
    Убаво е уште од мали да се децата самостални, колку што им треба нив сон толку ни треба и на нас родителите. Имаме цел божји ден за игри и гушкање, ноќта се знае е за спиење и одмор.
    Од година и двете ги ставив да спијаат во нивна соба. Пред тоа во креветче во мојата спална. Малава е малце проблематична со спиењето, често се разбудува и иде да спие со нас, но ретко кога ја оставам да спие цела вечер на ист кревет, презаспива и ја враќам назад.
     
    На lackygirl, Lovebug01, andromedae и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    ги префрлив девете заедно во детска соба,Големата имаше 3 години малата 1,5 година
     
    На lackygirl и elimkd им се допаѓа ова.
  9. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Некojа тактика какo идеше?
    За 2 месеци прави 3, иста разлика ни се децава...сега за сега спиеме oдвoенo сo мм, секoj сo пo еднo...башка пoгoлемoтo уште не jа преспива нoќта...:^)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LjLj

    LjLj Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2020
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    495
    Ќерка ми е 18 месеци, спие сама во креветче од раѓање, јас спијам на голем кревет во детска со неа. Ако се разбуди навечер ја презаспивам и назад во креветче. Страв ми е со мене да ја оставам да не ми падне од големиот кревет зашто многу се врти додека спие.
    Веќе еден месец по пола ноќ спијам во детска, пола во спална. (јас се будам од навика и си се преместувам во спална, подобар ми е креветот таму.)
    Што знам, ваљда веќе може цела ноќ да ја оставам сама :nod:
    Една до друга ни се спалните, ако не вика или плаче ќе слушнам..а и секако се будам еднаш и ја проверувам :)
     
    На Lovebug01 и Tiny Love им се допаѓа ова.
  11. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    Немаше тактика,исто спиевме или заедно сите на купче или јас со малава дека цицаше до 15месеци а мм со големата,само што направи големата 3 години со паричките од роденден купивме кревет со фиока,и одма ги префрливме во детска,сакав заедно одеднаш двете.И за неколку дена си се научија без проблем,првите два три дена доаѓаше големата во спална кај нас ама накај 5 часот сабајле и и објаснив дека таму треба да си спие заедно со сестричката и одлично се навикнаа
     
    На cresa-jagoda, Oneo, Larahappy и 2 други им се допаѓа ова.
  12. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.920
    Допаѓања:
    12.077
    Пол:
    Женски
    Имаше неколку насоки од Доктор Гуднајт за кога е време да се замени креветче со кревет.

    - Детето има наполнето 2 и пол години.
    - Нема проблем да презаспие само во текот на ноќта.
    - Често се прекачува преку оградата на креветчето.
    - Покажува интерес за голем кревет.
    - Веќе е големо за креветче.

    За мојо син скоро сите се исполнети. Уште малку ќе почни 2 и пол, сам навечер си заспива, некогаш со мало држење од моја страна во скут, некогаш сам директно го легнувам со количето во рака, во последно време гледам ногата ја префрла преку ограда кога е станат, за интерес за кревет...што знам, еднаш велеше дека сака да спие во креветот наш, покажуваше натаму, а дека го порасна креветчето, пааа не знам, мене ми личи дека уште му е таман.
    Секако мислам дека од 3 години е тамански, до кај 4 за дете да се префрли во своја соба.
    Затоа сега барам идеи на Пинтерест, особено за мали сопчиња со ептен ограничен простор.
     
    На lovely91, cresa-jagoda, Maca Macka и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.096
    Пол:
    Женски
    Ние го префрливме да спие во своја соба уште на 18 месеци и супер прифати :) Ок, кога се буди ме вика, го презаспивам и тоа е тоа.
     
    На Lovebug01 и Tiny Love им се допаѓа ова.
  14. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.732
    Пол:
    Женски
    Од прв ден ја оставав сама да заспие и да презаспие во креветче. На година ја оставив сама во соба во креветче. Претходно спиев со неа во соба, но почна да се буди и да се труди мене да ме разбуди, со тоа што фрлаше со цуцли и плишани играчки по мене. Ја оставив сама и кога ќе види дека нема никој ќе презаспие за 30 сек. Има година и пол сега нов предизвик ни е на ред, откажување од цуцла која ја користи само за спиење.
     
    На Филотеа, cresa-jagoda и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  15. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.414
    Допаѓања:
    9.014
    Пол:
    Женски
    Ne paga od krevet?
     
  16. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.096
    Пол:
    Женски
    @Pacient srna уште спие во транспортното, сега планирам да му земам детско
     
  17. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.131
    Пол:
    Женски
    Јас почнав сега на 10 месеци да го ставам да си спие во неговата соба во креветче. Спиеше со мене ама почна да лазе и чим станува одма магла фаќа, страв ми е дека ќе се успијам јако нема да го осетам па ќе падне. Камерата е пуштена цела вечер и така гледам кога ќе стане или ќе го слушнам.
    Инаку првите 3 недели како зомби бевме сите дома заради него, дека навикнат со мене се будеше некои вечери и на секој саат, две вечери веќе се буди скоро еднаш или ич се надевам се навикнал ама да не подрекувам. Кога ќе станеше морав да го нишам во раце неќам да се расони зашо после тешко мене цела вечер ќе треба да си играме. Некогаш ако стане многу рано го земам кај мене да одспие уште саат-два.
    Само еден совет имам биди упорна, тешко е премногу ама се исплати на раат да спиеш во свој кревет.
     
    На CareTee му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ifv

    ifv Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    209
    Го префрливме во неговата соба на 3години и 1 месец. Го ставивме таму креветчето, рано сабајле ќе ме викне и презаспива. Некогаш дури во 8 ќе дојде во спална и ќе си продолжи таму.
     
  19. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.920
    Допаѓања:
    12.077
    Пол:
    Женски
    Ве тагнувам двете, дека сте биле на ниет да ги префрлите децата во детска соба. :)

    Па, што направивте?
    Давајте совет за нас што сега сме пред таков чекор.
    Кај нас уште мебелот да се монтира, па некои ситници, полички, тепих, закачалки, налепници да одберам. Сепак крајот се гледа.

    Ќе го оставам таму да игра, да се навикне. Се мислам дали играчките да му ги префрлам таму. Сега се во дневна, ама сопчето е баш на чекор од дневната во мало ходниче, се наѕира со отворена врата, така што не е некаде изолирано на друга страна.
    И потоа, спонтано да го прашам дали сака да дремне/да преспие таму?
    Морам некој начин да најдам, не дека го бркам, ама сепак да си ја засака детската, а бебето да го префрлам во спална. :angel:

    Вашите како прифатија промена?
     
  20. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.457
    Допаѓања:
    8.839
    Пол:
    Женски
    Не е уште префрлена, немаме греење во детската. Планиравме да ставаме ама како што се покачија цени на струја и на сѐ друго, рековме ајде уште зимава нека спие во спална. Немаме ни кревет уште купено. Спие во креветче, доближано ми е до спална. Јас планирам да ѝ ја наместам детската и играчките таму да ги ставам, да си игра таму па постепено да почне и да спие таму. Ама ти пошо имаш мало бебе би те советувала да не брзаш, да не си помисли дека го бркате заради бебето. Или за почеток нека спие татко му таму со него да не се осети сам. И почни прво денската дремка таму да ја преспива.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.