Пренди продавници има на југо дрво,во карпош и во чаир.Тука можеме да се информираме меѓусебно за нова донесена роба во пренди,убави парчиња и се поврзано со оваа продавница.Јас сум баш задоволна од продавницава,си купив неколку парчиња и баш ми се свиѓаат.Дали некој знае од кај ја набавуваат робата?
Со оглед на цените највероајтно некаде од кина или турција,како и да е може да се најдат интересни работи јас на пример си купив неколку кошулки и блузички топ се
Во Пренди што е во Ченто,многу ретко има убаво работи,а и ако донесат треба со брзината на светлината да ги купиш
Јас бев вчера во продавницат во центар има многу работи и се е по 200 денари дури и детски работи има сакав на ќерками да и купам шпикозли ама рекоа ќе извадат нови така да ќе одам пак утре преку улица ми е од прозор ја гледам продавницата.
Колку што знам робата е од Турција. Иначе имам си купено фармерки некоја блуза и џемперче. Баш сега на фб страната на Пренди прочитав дека цената на робата ќе се зголемела за 20 денари.
Не сум од Скопје, за продавницата видов на ФБ и шо гледав слики има интересни работи. Па кога ќе одам за Скопје, ќе ја посетам.
Имам купено само хеланки,кој пат да појдм не наоѓам нешто убаво.И не ми се со некој квалитет,ама за тие пари да ги облечиш неколку пати добри се.Слушнав дека ќе носеле и ташнички,па деновиве ќе наминам
Дали (во продавниците во Скопје) сте приметиле палтенца или јакнички? И дали има маички нешто во овој стил.. Спојлер
Ако сакаш да купиш нешто од Пренди треба да имаш среќа да начекаш нешто убаво, бидејќи тие добиваат роба често, али брзо им се троши дека нели се по 200 денари па секогаш има гужва. Инаку според мене во Пренди има поубави машки и детски алишта отколку женски...
И мене ми е преку улица,ама ретко влегувам,затоа што кога и да отидам има гужва и неможам на раат да си гледам Иначе си имам купено многу убава кремаста кошулка и си ја носам за искачање
Познато е овде на форумот дека јас си пазарев од Пренди, а важам за доста прибирлива личност, па штом јас најдов, мислам дека секој може да си купи. Хеланки исти како во Пренди, во бутик чинат 600 денари. Значи скроз исти. Фустанче, блузи, џемпери. Одлични се, а не се со лош квалитет. Квалитетот, да не речам дека е исти со оној на робата во бутиците во кои цените се 5 до 10 пати поскапи отколку во Пренди. Затоа доколку начекате, не мислете се, купувајте, за 200 денари се исплатува.
Сама сум си крива, си закаснив, па не најдов баш многу, но си купив две убави блузички и тренерки. Работите ми се на перење,да се исушат и ќе ги сликнам.
Јас имам купено само една црна наметка лани и си ја изнаносив! Она што сакам да го кажам е дека по неколку недели ја видов истата таа наметка во NewYorker за 990 ден. Значи, моделот и материјалот беа тие... Па сега мислете му ја
И јас знам од време на време на навратам во Пренди и може да се најде добра облека, си имам купено од се по нешто. Последно си купив хеланки,многу се убави и материјалот ми се допаѓа,а и една блузичка за со фармерки за секој ден.Кога бев имаа донесено и гардероба по кратки ракави. Јас велам се исплати да купиш за 200 денари, па макар и еднаш само да го облечеш.Меѓутоа, јас досега што имам земено се го изнаносив.