Преодна фаза (криза на идентитет или?)

Дискусија во 'Сингл' започната од lylaby, 22 декември 2014.

  1. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    620
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Мотив за да ја отворам оваа тема се всушност околностите во кои се наоѓам периодов низ кои верувам поминуваат голем број на девојки, но еве на форумов би сакала да се уверам дали е навистина така. Се приближувате кон за многу од нас фамозната 30ка, многу од вашите другарки веќе се омажиле, кои имаат принова кои не, останати се во сериозни врски,додека може и некоја од пријателките како и вас е сеуште сингл. Роднините веќе и знаете што зборуваат на семејните средби, родителите мудро молчат но сигурно длабоко во себе се насекирани дали ќе се омажи и среди веќе оваа нивна ќерка.

    Ве категоризираат како пребирлива се разбира во одредена точка и тоа доаѓа на дневен ред. Сите знаеме дека се си доаѓа кога треба да дојде и евентуално ќе се случи и нема потреба од силување, не е поентата со кој било за да се рече...Но е еден период кога веќе и не ти е до излегување по диска и заглавување до 4 сабајле(и работните обврски не го дозволуваат тоа а ни енергијата не е на тоа ниво, на страна што градот не нуди многу можности) и е период кога критериумите се изоштруваат па не трошиш време на секој дечко што ќе ти пријде ако оцениш дека едноставно не е твој тип...

    Да скратам, нит ваму нит таму, од една страна и сама се плашиш дали постои некој таму за тебе, губиш надеж после милион безуспешни состаноци, но од друга па сепак веруваш дека што ти е пишано ќе биде. Едноставно на моменти се чувствувам како да не знам каде терам како да сум излегла од „редот„ на нештата, се сомневам дали воопшто постои љубов(во која верувам сиве овие години безусловно), се прашувам дали е подобро да си практичен па на моменти се плашам дали воопшто ќе знам да сум со некој по години сингл статус...

    Се надевам ме сфативте што сакам да кажам, има ли некој да се чувствува вака и кој став е најисправен за вакви преодни кризи (јас така си ја нареков и си се тешам дека е период на премин од девојче кон жена кога ми се кристализираат некои работи).

    Поздрав за сите,се надевам на размена на мисли и искуства во темава.​
     
    На missbotwin, Rama и galapce им се допаѓа ова.
  2. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.198
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.257
    Мора да признаам дека нај бош фаза од животот ми е ова. Баш е период кога одеднаш буквално секој станува стручњак на тема ''љубовен живот'' па се дрзнува да ти соли памет. Тој притисок од општеството континуриано врши репресија, гуши, иако од истиот не може да излезе ама баш ништо добро. Како резултат на тоа се наоѓаат несоодветни партнери од кои жената едвај чека понуда за брак само да ја оствари општествената должност наметната од родителите и околината и во најскоро време доаѓа до разводи или заглавување во небрано. Затоа мој предлог би ти бил првин да седнеш и фино да размислиш што сакаш, и дали воопшто планираш брак. Со тоа би биле разјаснети многу недоумици, и од твоја и од страната на твоите родители па така не би имало забуни. Башка, потрагата по добар маж денес изгледа како невозможна мисија, и затоа сметам дека треба да бидат сите свесни и трпеливи. Постарите генерации тоа не можат да го разберат од проста причина што во нивно време стварите поинаку се одвивале, затоа треба и ти да имаш разбирање за нивните грижи и очекувања. Меѓудругото, рачунај дека сите зад себе влечат тежок куфер полн драми и перипетија, што дополнително ќе го отежни изборот.
     
    Последна измена: 23 декември 2014
    На missbotwin, SparkyAngel, kolovoz и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    4.444
    Пол:
    Машки
    Што и да правиш, заборави на притисокот од општеството и постарите генерации, особено зашто се генерации што живееле во време кога, сакале тие да признаат или не, работите биле 180 степени поинакви.
    Немам што да додадам околу ова повеќе, едноставно игнорирај.

    Го прочитав твојот пост двапати внимателно и ќе ти речам ова -
    Свесна си дека и истите овие години кои сега те плашат се преодни и ќе поминат, нели?
    Зошто не ги искористиш максимално што можеш, наместо да ги минуваш гушејќи се во страв и/или неизвесност?
    А што, сакаш на 40 години да жалиш за тоа што на 27-8-9, па и 30 години си била пребирлива, уплашена и несигурна во себе?
    Околу момците, точно дека си имаш изградено критериуми и знаеш што сакаш, но тоа не значи дека следниот дечко по дифолт ќе е вистинскиот за тебе.
    Можеби сакаш некој на твое годиште или постар, со јасна визија за иднината и сериозен пристап кон животот?
    Или можеби секогаш си сакала да се „обидеш“ со нешто помлад, поенергичен и позабавен тип?
    Се’ уште имаш време да опипаш кој ти, а кој не ти одговара, само не губи денови и ноќи тумачејќи во главата дали тој некој ги исполнува општествените критеруми во тој период од твојот живот. Од тоа, освен дополнителен страв, друго нема да видиш.

    Искрено, годините што ги спомна јас ги мислам за едни од најубавите во животот (26 - 35 години).
    Точно, некои работи не можеш да ги правиш како порано, но секако ги заменуваш со други што ти пружаат еднакво, ако не и поголемо задоволство.
    Веќе знаеш што сакаш од животот, а што не, и можеш целосно да се фокусираш кон тоа. Простор за новини и експерименти секогаш има, но ако ништо друго, и она што ти е позната територија е токму она што те прави среќна и исполнета.
    Хеј! Некој ден и на тоа ќе се навраќаш со позитивни мисли и спомени. И тоа со мал бонус - партнер кој ги градел тие убави спомени и моменти со тебе.
    So, go for it, girl! :)
     
    Последна измена: 23 декември 2014
    На Bozica1980, Marossa и tessie им се допаѓа ова.
  5. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    105.233
    Пол:
    Женски
    Dobro poznata situacija niz koja pominav.
    Priznavam.I jas donekade vakase cuvstvuvav.Cel zivot samo slusas deka najubav period od zivotot e okolu 30 i koga dojde go pominav sama.A do togas i pokraj toa sto postojano imav partner se pojavuvaa i primamlivi priliki plus.
    Ne barajte maz.Jas nikogas ne go barav.Barav partner koj ke me "natera"da prifatam da mi bide maz.Posle seekoja treta pouda za brak ti se cini deka e sala.
    Lesno e da se omazi covek akomalku podrazmislime.
    Sega od ovoj gleden aspekt ic ne se kaam duri ni pritisocite od okolinata sto gi 'trpev'.
    Taa sloboda sto ja imav e nezamenliva.Ne vo bukvalna smisla tuku se si ima svoe vreme.
    Cekanjeto bebce i imanjeto potomstvo e sekako najbescenetata rabota no uzivajte i vo svojata sloboda.
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.341
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    @lylaby , примаш мислење од жена којашто релативно млада стапила во брак? Под релативно, мислам на со двојче од напред. Не оти ќе останев стара мома, не оти приоритет ми било во тој дел од животот, едноставно, игра на судбината, се случи. Тоа кога многу планираш, обично обратно се случува (фор д рекорд, јас бев една од тие коишто никогаш немало да се омажат:muscle:, на пример :wasntme: ахам, да). Така што, за почеток, ти советувам да не го мислиш и да не ти е на крај на памет на секој состанок. Уживај си во секој момент. Не се враќа назад.

    Барем од моето искуство, бракот е едно многу добро школо, ако сакаш да внимаваш за време на неговите предавања. Школо коешто ме научи дека, нема правила. Не оти не го знаев ова и претходно, но уште појасно ми стана. Нема правила. Нема ни гаранција. За ништо во животот. Па ни за бракот. И што е најважно, не постои општа формула за подреден живот што важи за цел свет. Формулата ја прават нашите чувства, потреби, случки, дестинации на коишто ќе не` однесе животот...

    Она што е важно е да живееш живот во којшто ќе бидеш ТИ исполнета. Велиш, не си веќе по журките. Јас никогаш не бев, па никогаш не сум била во состојба да немам што да правам. Добро сеа никогаш троа тежок збор е, ама во поголемиот дел од времето, сум наоѓала занимација дури и кога сум била сама дома.

    Така што, ова ти е совршен период да работиш на врската со самата себе. Да се спознаваш на едно индивидуално ниво, незаматено од социјално наметнати моменти. Која си ти, што те расположува, што сакаш, што мразиш, што ти пречи.... затоа што, непишано правило ти е ова, тој момент кога ќе се почувствуваш најкомотно во сопственото друштво, најисполнето и безгрижно, е тогаш почнуваат да се случуваат нови работи на љубовен план. Барем од лично искуство ова. Кога си осамен, неисполнет, не знаеш што да правиш со себе, душата ти плаче да имаш некој покрај себе е тогаш најубав, најзгоден, најдотеран биди, одбиваш околина, без збор да речеш.

    Јас барем од моево мало животно искуство си научив дека никогаш не треба да го потценуваме “друштвото“ на нас самите. Толку е една личност богата, што секој миг можеш да пронајдеш нешто што те интересира и те исполнува за да бидеш среќен.

    А, и ова. Се` додека не научиш да се ставаш на mute за коментарите и мислите на блиските, ништо не си направила од животот. Не е лесно, ама еднаш кога ќе го измајсторисаш, ќе видиш, ќе се чувствуваш како карпа од плеќите да ти паднала. Животот е твој, правилата се твои, се` додека си среќна, со мирна совест, исполнета и свесна за се` она што го носи секоја твоја одлука. :) Затоа што, еднаш им допуштиш ли повеќе влијание врз тебе и дозвола за мешање, многу е тешко од тој вртлог да излезеш, верувај ми.

    (fingers)
     
    Последна измена: 23 декември 2014
    На DELFIN-15, SparkyAngel, Bozica1980 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.535
    Пол:
    Женски
    Можеби не сум баш компетентна да ти одговорам на проблемот бидејќи сум десеттина година помала од тебе, ама можам да ти кажам дека за разлика од многу други си ја изживеала младоста :) . Бракот не е играчка. Ниедна не треба да се мажи оти таков е редот и тие ѝ се годините. Најбитно е да најдеш партнер со кој ќе си среќна, а кога тогаш ќе се појави. Мислам дека колку помалку се замараш со тоа толку побрзо ќе се појави. Уживај во работите во кои не би можела да уживаш кога ќе си во брак дури можеш.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.283
    Vreminjata se izmenija. Drugi se vrednostite denes. Jas kako majka, na moeto dete mu sovetuvam da ne skoka bezpotreba, da si poceka, posle 35 ima vreme.Najvazno e da ima kariera (sto podrazbira da zavrsi skolo dobro i dobri 7-8god iskustvo vo taa profesija, da si kupi svoe nesto, kuka, stance, sto da e i da si proseta, ne spomnuvam kola, zosto ovde deca na 18 kupuvaat kakva, takva kola). Ako eventualno najde nekoj, najde, ako ne ic ne i treba za da kaze pred narodot deka se omazila.
    Zamene brakot e izmislica na socializmot, umre socializmot, umre so nego i brakot.
    Znam deka za ovaa misla ke ima mnogu reakcia but bring it on, no problem.
    A za imanje partner, toa sekako ti go preporacuvam.Nemora 100% da gi ispolnuva tvojte baranja, no seuste e dobra zabava i razmena na iskustva.Treba sekogas da imas nekoj pokraj sebe, na kraj kraeva, kakov i da e ke ti otvori novi polinja vo tvojot svet.
    Znaci me razbiras, sum za ljubov, partner vo sekoe vreme, zabava do smrt. Ne dozvoluvaj mislata za brak da ti go blokira zivotot.
    A toa koj se najubavi god., verojatno mojve, na pola od vekot. Site kocki se na svoe, kariera imas,stan, kola, kuka,nekakov oblik na familija ke se izgradi (za mene site oblici na semejstvo se semejstvo, na koj mu trba dete, dete mu fami, deca kolku sakas, imaj ti samo ljubov za dete...). Se e reslivo, samo treba da sakas da si sreken.
    Ne velam deka treba sega razvrat, ama sekogas pokraj sebe da imas dasa.
     
    На missbotwin и galapce им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.977
    Допаѓања:
    134.775
    Пол:
    Женски
    Поминав низ тој период кога дипломирав и се вратив дома кај моите. Не ми беше најсјајно, со оглед на тоа што волонтирав (во струка, но пари кога како), сингл веќе подолго време, постојани притисоци од околината за тоа што чекам, скоро сите од друштвото во долги врски или брак, а капак на сè, живот во родителскиот дом...

    Ама решив да си го живеам животот. Волонтерското искуство ми беше драгоцено, особено од оваа гледна точка. Тој период ми беше период на себеоткритие, себеспознавање и стекнување на самодоверба.
    Си работев (и учев), положив за кола, читав многу, расчистив со тоа што сакам, што не сакам, отпишав луѓе кои не вредеа да бидат дел од мојот живот, малку патував, проширував видици, запознав многу нови луѓе од кои некои и ден денес се важен дел од моето секојдневие, без оглед на тоа што не се од земјава. Најбитното, сфатив со каков човек сакам да го поминам животот, што сакам да имам, што ме прави среќна и што сè јас можам да понудам за возврат. Едноставно, сфатив каков живот сакам да имам.

    Мојот совет е да си го живееш животот и да уживаш, не знаеш што ќе ти донесе секој нов ден. И шансите што ти се укажуваат (не само за љубов) да ги искористиш максимално, а не да се затвораш во себе и да кукаш. И да, ќе знаеш како да бидеш со некој после толку време сама, бидејќи ќе знаеш каков човек да одбереш. Не е лесно, ама верувај, кога после неколку години ќе се навратиш на овој период, ќе бидеш благодарна што си го имала ова искуство.
     
    На missbotwin, galapce и Hipster им се допаѓа ова.
  10. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    3.471
    Сметам дека темата повеќе ја отвори за да дознаеш како останатите кои сме на твоја возраст и во слична ситуација се чувствуваме. Дали и ние ги споделуваме истите чувства...
    Јас сум отприлика твои години. И јас лично не се чувствувам така. Не дека лажам за да се чувствувам подобро ( да се чувствуваш подобро) или пак за да создавам некоја лажна слика за себе, баш напротив немам потреба од тоа. Затоа што воопшто не се замарам каков впечаток оставам, и кои, што, и како мисли.
    Ние сме поголемо друштво другарки, пријателки, познанички, сите приближно исти години (горе-долу). Повеќето се single а останатите сме во подолга врска и со огромна желба за дружење со самците:D. Ниту едните, ниту пак другите спомнуваат брак. Најчесто кризата мислам дека доаѓа кога имаш такво друштво. Кое јас за среќа го немам. А од друга страна имам и прекрасни родители. Во времето на моите, татко ми важел за стар ерген иако реално бил околу 30ката :D па така кај нас редовно се зезаме дека некои мора да ја продолжи традицијата;). Се зависи од опкружувањето. Ако сите околу тебе, ти создаваат слика, како нешто да не е во ред со тебе, многу е нормално да се чувствуваш така. Но верувај проблемот е кај нив, не е во тебе. Тие се тие кои се мешаат во твојот живот и кои се трудат да ти го скројат по нивни правила. Но животот е твој. Ти треба да одлучуваш за него.
    Според мене ТИ треба да го промениш друштвото околу тебе. Во ред, другарките се омажиле, но тоа незначи дека треба да бидеш сама. Најди си нови, треба само да побараш. Верувај ми ги има многу. Или, промени го градот- ако ништо не те обврзува во него. Важно е човек да биде среќен. Можеби таму каде што си немаш доволно среќа. И верувај секој еден ќе те разбере зошто го правиш тоа а од родителите ќе ја имаш најголемата подршка. Затоа што секој родител сака детето да му биде среќно.
    Најлошо е да бидеш жив и да не гледаш ниту една светла точка. А уште полошо ако не превземеш ништо за да ја пронајдеш.Не заборавај тоа е единствената предност кога си жив. Можноста да правиш промени.
     
    На missbotwin му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    384
    Не постојат такви нешта како општествена должност кон родителите или средината, туку природна должност и биолошка потреба. Родителите се загрижени поради неа, а не поради тоа што околината зборува, затоа што таа утре ќе ги трпи последиците на осаменички и празен живот, а не околината. Додека сме млади мислиме дека Господ за мадиња може да го држиме, но не е така.Човек кој не е спремен на предизвици, промени, тешки ситуации, опстанок тој човек не е квалитетна клетка, а бракот и потомството се баш големи предизвици. Треба да раснеме и созреваме, а не да бидеме деца скриени во тело на возрасен човек. Бракот и децата не те прават роб, туку економската ситуација и егзистенција те прават роб, затоа што немаш пари= немаш социјален живот.
     
  12. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    384
    Секој може да се маскира во среќен човек, да го облече своето убаво палто, секси панталони, штикла и да глуми среќна личност, но длабоко во себе таа го облекува своето секси палто и панталони за да го најде својот плен кој ќе ја оплоди и збогати духовно. Немој да мислиш дека на тие твои другарки им е лесно и убаво кога се сами.
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.341
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Забораваш тука еден многу битен момент. Тоа дека може човек да е сам и да не биде осамен. Како и обратното, да биде со некого, а да не биде исполнет и да се чувствува осамено.

    Роб те прават изборите коишто прават да не се чувствуваш исполнето/да се чувствуваш свој. За некој таков избор е бракот и семејството, за друг, избегнувањето на истите. Роб те прават непромислените избори, со чиишто привилегии и последици не можеш да се носиш успешно, без разлика какви се.

    А за парите, зависи од ситуацијата. Некогаш и кога ги имаш многу и ти овозможуваат социјален живот си им роб од други причини, не само за да ги задржиш. Од ситуација до ситуација си има разлика, не може да се генерализира.
     
    Последна измена: 24 декември 2014
    На Filiposka, galapce, kolovoz и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.257
    Природна должност велиш, а? Знаеш ли ти колку ќори сокаци има создадено таа твоја природна должност? Колку само има продрено во јадрото на генезата. Па оттука сите оние аномалии и недостатоци јавени како резултат на тоа. Според тебе и тие ли спаѓаат во природни должности? Пошто водејќи се според тебе, по секоја цена мора да се кореспондира на повиците од природата.

    Сакаш да зборуваме за биолошки потреби? Ама под тој услов да отвориш стручна литература, а не да зборуваш напамет. Бидејќи, како прво биолошките потреби се индивидуални, и помалку или повеќе и те како зависат од општествените фактори! Нема да коментирам за грубата споредбата со клетката бидејќи човекот го спушташ на микро ниво, а тој е централна појдовна точка, бар кога станува збор за егзистенцијалната тегобност во денешницата која ти ја начна во својот пост. Освен тоа, на велико мешаш лончиња. Како може преземањето ризици и соочување со истите да го компарираш со бракот? Тој секако не е институција во која мора да влезеш подготвен, а уште помалку квалитетите на еден човек стекнати во кариерата или воопшто живнотниот пат да бидат сведени или во најмала рака минимализирани на еден ваков обичен традиционален чин.

    Муабетот уствари ми е дека секаква генерализација е безмислена, а ти и те како ја правиш во неколку наврати. Првин кај родителите. Значи, нивното мислење ама баш никаков фактор не треба да има за една индивидуа која е зрела еманципирана и треба да настојува да се гради врз свои лични ставови и убедувања, а не туѓи. Башка си тука контрадикторен, пошто ем ја споменуваш одговорноста која треба да биде преземена, ем го вбројуваш мислењето на родителите кое не секогаш е правилна насока.

    Бонус прашање, зошто мислиш дека бракот е добра вредност?
    И зошто под дифолт мислиш дека човек кој не е во брачна заедница отстапува од нормалата? Знаеш ли колку семејства се растурени поради неслога, а не финансии, а во еднаков број и деца оставени како резултат на тие дисфункционални криволинија?

    И знаеш ли ти Прличко, колку пати во животот лично се имам соочено со егзистенцијални потешкотии, а тоа не ми влијаело врз социјалниот живот, туку напротив ми помогнало да го збогатам квалитативно?

    На истава тема дискутиравме и во претходната тема, иако ти реплицирав од тебе немаше фидбек. Зошто?
     
    Последна измена: 24 декември 2014
    На jovanovska94, tessie и kolovoz им се допаѓа ова.
  15. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    3.471
    Искрено тажно е доколку размислуваш така. Постојат многу семејни луѓе кои секојдневно глумат дека се среќни а реално не се. Среќата не е дефиниција која се сведува само на брак, оплодување и партнер. Секој има различен поглед во однос на тоа што го прави среќен. Тргни од самиот себе , колкупати си се запрашал зошто некој кој според тебе има СЕ упорно се жали од животот.
    Јас секојдневно се дружам со моите другарки, доколку тие се преправаат во нешто што не се, тие самите се лажат себе си не ме лажат мене. Неможеш да глумиш цел живот , еден ден сигурно ќе се скршиш.
    И престанете веќе со тие стереотипи:
    - друштво на убаво облечени девојки=осамени старки кои го чекаат својот плен.
    -девојка без пудра= болна е или е разочарана
    - девојка излезена во друштво на момци= курва или спонзоруша
    -поскапо облечена девојка =сигурно има некој постар богат дечко, читај љубовник
    - разведена жена= сигурно неможела да остане трудна
    -разведена мајка со дете= којзнае што карактер е...
    Мислам дајте ве молам пораснете веќе еднаш.
    Што ќе правиме ако твојата жена неможе да се оплоди. Автоматски ќе се намали твојата среќа. Нема да бидеш целина поради тоа. Ау ..заборавив ти си од оние кои чекаат прво да остане трудна па да ја земат за жена.
    Сигурно Петре Прличко се превртува во гробот од вакви размислувања. Незнам колку знаеш за него но тој бил со многу по широки и современи видици за времето кое живеел. Кога го отвори никот те поздравив мислејќи дека ќе бидеш негово алтер его и ќе ги претставуваш неговите размислувања. Искрено многу ме разочара како лик. Па дури и ми смета самиот факт што се претставуваш под овој псевдоним
     
    На missbotwin, Annath, jovanovska94 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    3.983
    Допаѓања:
    45.816
    Пол:
    Женски
    Одлично ја разбирам девојката која ја отвори темата . Понекогаш и јас се наоѓам помеѓу некои такви огнови да речам народски кажано. Нема да ги откривам годините кои ми почнуваат со 20 и кусур :D не се чуствувам спремна воопшто за брак и за свое семејство, а на народот му останува да испрашува зошто не се мажам и зошто сум уште кај Мама, ми лепат етикета на стара мома веднаш, не само мене туку и на тие што не се мажат до 23-24 год , потоа си стара, бидејќи народот се води уште по некои критериуми кога било срамота и до 20 год да останеш немажена, ете тоа е прост народ силна држава !!! има и такви роднини, комшии кои се дрзнуваат да ми местат некој нивни познаник,веднаш со насмевка ги одбивам таквите местенки и со култура, ама некои луѓе претеруваат бе, не си ги гледаат дома нивните кавги и нереди па ќе го средуваат мојот живот, се ближи времето кога ќе ги одј...м таквите сеирџии. Се знае дека само домашните ни го мислат арното и никој друг, знам секој родител сака да му се среди чедото и да дочека внуче, ама со сила не бива убавина. Само кај нас го има ова, секаде во светот никој не ти се меша, ако сакаш и на 60 год омажи се, тоа е тоа секој си ја креира својата судбина сам. Само на некои луѓе им е тешко да сватат , мислат ако нивните ќерки и синови се омажени се многу среќни аха да . Не се важни годините кога стапуваш во брак , важно е после тоа да си среќен, а не како нивните ќеркички кои се омажија на 15 год и сега ми плачат мене и на нивните мамички :D
     
    На missbotwin му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.365
    Пол:
    Женски
    ^^Рама, во кој град во Македонија на 23-24 год е страшно да си немажена?(facepalm)
    Млади сме не се замарај, се во свое време. :D
    Секој со својата среќа и план. Мене лично малку безврска ми е се земале а двајцата невработени, како родителите да си посвоиле уштеедно дете, а за осамостојување да не зборувам.
     
    Последна измена: 25 декември 2014
    На babyblond и Rama им се допаѓа ова.
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    3.983
    Допаѓања:
    45.816
    Пол:
    Женски
    Ќе ти кажам отворено во Битола е срамота, хаха рака на срце, не стварај погрешна слика веднаш за градот, има и културни и доста современи луѓе :D:D
     
    На missbotwin и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  19. DraTilHelvete

    DraTilHelvete Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Секаде осим Скопје ...генерално збориме додуша и во Скопје почнуваат да ти дубат после 23тиот роденден
     
  20. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.365
    Пол:
    Женски
    Страшно...