Не најдов ваква тема па одлучив да отворам јас самата, админи поправете ме ако грешам, но не најдов тема кадешто ќе има се' на едно место од препорака за мајстори, салони за мебел, општо опремување, плочки, инвентар во домот, кујни итн. Како тазе пар што сега си земаат стан, верувам дека не сме единствени сигурно има и други, ме интересира од луѓе што веќе имаат искуство со опремување стан доколку можете да препорачате од кои продавници, мајстори сте задоволни. Јас прашувам конкретно за во Скопје, но и да сте од друг град може да се сподели, секако дека и тоа ќе е од помош. Мене што ме интересира конкретно. Препорака за мајстори што вршат монтажа на водовод, одвод, струја, гипс, плафони, монтажи на казанчиња итн, доколку познавата посебно може и посебно доколку не може и некои што го прават заедно се'. Препорака за добар салон за мебел од кадешто сте навистина задоволни, за гарнитура, за трпезариска маса, за помали елементи за во спалната. Исто така може и за елементи во вц-то, како туш кабина, вц школка, мијалник од каде сте задоволни. Најголемата дилема ми е исто така, каде има убави плочки? Во станот што го купуваме имаме плочки моментално, ама не ни се допаѓаат баш па би ги смениле, може да ми препорачате од каде имате купено како и мајстор за лепење на истите. Фала ви на сите однапред