Во последниве неколку години имам многу проблеми со уринарни бактериски инфекции и веќе преку глава ми е од тоа да ја добивам истата терапија што ќе ми помогне само на кратко, за потоа пак се да ми почне од почеток. Бев на неколку општи доктори, сите го викаат истото - паднат имунитет и стрес. Ова им е дефолт одговор за сите повторувачки здравствени проблеми што тотално нема логика. Затоа и барам некој добар уролог чија специјалност се бактериски инфекции, затоа што не ми изгледа нормално да не можам да поминам ни 3 месеци без антибиотик. Лошото е што при секоја нова доза антибиотици, искусувам се повеќе и повеќе од несаканите последици, па затоа и потребен ми е доктор што ќе се потруди да го најде проблемот наместо само да ми препишува апчиња. За оние што веднаш ќе помислат да ми препорачаат промена на животниот стил, добро е да спомнам и дека се обидувам да живеам што поздраво можам, внимавам на хигиената (можеби веќе и опсесивно), се исхранувам здраво и вежбам редовно. Ви благодарам за издвоеното време да го прочитате мојот проблем. Убав ден.
Имав и јас едно време , постојано ме малтретираше. Кај се не бев и мене така ми викаа паднат имунитет. Е што се распрашував по луѓе што имале такво искуство - го најдов лекот (барем за мене) 1.При пиењето на антибиотици мора да пиеш пробиотик , обавезно! 2.Јас едно време пиев EFRIDOL за болки и сфатив дека тоа ми ствара инфекција пошто е многу јак. 3.Да јадеш многу зеленчук и овошје, процесирана храна скроз избегавај. 4. Пиј увин чај 5. Јас се мијам со средство за интимна хигиена VAGISAN - но никако со сапун! Освен овие работи најмногу што ми помогна е чајот од диво оригано и маслото од диво оригано. Уништуваат голем број бактерии ќе прочиташ на нивните пакувања. Заедно кога ги пиеш имаат најголемо дејство! Сега ќе ти објаснам како : Чајот (пишува на самата паковка како се подготвува) се пие по 3-4 чаши дневно. Маслото (пишува на самата паковка како се подготвува) има многу интензивен мирис и вкус, се раствара во вода, може да ти биде гадно, но верувај ми помага. Чајот и маслото се пијат се додека не почувствуваш дека ти е подобро - ја снема инфекцијата. Јас ги пиев некои 2-3 недели. Се надевам дека ќе ти е од помош сето ова. Ако имаш некои прашања можеш слободно да ми пишеш
Претходно пишав и во друга тема. Јас имав стрептокока во урина а антибиотиците делуваа многу бавно и променливо. Ги прекинав и по 2 теглички од ова ја снема бактеријата. (p.s. корен од магдонос ставав не листови) https://sitel.com.mk/priroden-antib...ekciite-na-urinarniot-trakt-napravete-go-sami P.S. Добро би било да земаш некој лек на природна база за ојакнување на имунитетот на тој дел од телото. Пример ИмуноборУро или некој друг на база на брусница, ги има неколку. И тоа е битен аспект на терапијата.
Др. Стефановски ГОБ 8 Септември, мн е важно да се погоди вистинскиот антибиотик. Докторов има мн добра реченица, вие нѐ плаќате нас, ако некој доктор не помогне сменете го. Се надевам ќе ти помогне. Со среќа.
Ох, се извинувам... 200 гр. маслиново масло 250 гр. мед 250 гр. лимон 250 гр. магдонос ( напоменав дека корен од магдонос користев ) Се ситно се сече, се ставаат сите состојки во блендер и ќе добиете кашеста смеса која треба да ја чувате во стаклено шише во ладилник. Земајте по една две лажички на ден. Јас земав една супена лажица на гладно. Скептик бев за вакви надри-лекови ама кога видов дека само се трујам со антибиотици а има минимален ефект, пробав. И не изгубив ништо
Јас исто така можам да споделам искуство дека имам хроничен цистит..сменав многу доктори, освен задебелување на ѕидот на бешиката конкретна бактерија не се откри.. Ми се смачи и од доктори и од лекарства и решив да си ја превземам ситуацијата во мои раце. Прво обавезно минимум две литри вода пиење Увин чај три четири шољи. Ако увин ти е смачен исто чајот од диво оригано кој не смее да се пие подолго од 21 ден после ова се прави 10 дена пауза па можеш повторно. Мене искрено чајот од брусница баш и не ми имаше некој ефект дека нели и него го фалат за вакви проблеми. И исто еден од најбитните причинители според мене е кафето. Кафето според мене мора да се отфрли. Имам почуствувавно дека штом се напијам одма ко да ми се активира болката. И уште една многу битна работа е исхраната. Повеќе зеленчук да се јади а особено краставици и секаков зелен зеленчук. И последна работа која е многу битна психички да си дадеш храброст дека можеш да го надминиш проблемот. Ако чувствуваш стрес и страв само полошо може да ти биди бидејќи се лачат некои киселини кои ти влијаат негативно врз состојбата затоа опушти се и ќе видиш дека ќе ти се подобри ситуацијата. Јас сеуште се борам со овој проблем ама знам дека еден ден ќе се реши. Штом се јавува пробем во организмот тоа значи дека нешто мора да смениме во стилот на живот лекарствата не секогаш можат да ни помогнат целосно и 100%.
Благодарам за сите совети, но веќе се ова го правам... во последниве неколку години буквално се пробав, и се уште пробувам, затоа сега се обидувам да најдам некој доктор - специјалист за бактериски инфекции. пиев и лекови за зајакнување на имунитетот, ни тоа не ми смени нешто... сите тие има колку време се пијат и кога стигнав до крајната граница морав да прекинам... а линкот не ми работи, не можам да го видам Ти благодарам многу, ќе побарам термин кај него да пробам да видам дали ќе се смени нешто... Што се однесува до антибиотици, мислам дека сите ги пробав. Уште инекции ми останаа ама поради некоја необјаснива причина докторите ги избегнуваат. Дури и самата побарав неколку пати, ама не сакаа да ми дадат. Благодарам и за ова, ќе го пробам... и јас веќе немам што да изгубам
@akinom89 знам дека ти е смачено ,но само позитивно се ќе се среди. Знам дека е премногу досадна и болна инфекцијава, ама мораш да бидеш истрајна. Мене чајот и маслото од диво оригано ми помогнаа многу, кај тебе можеби нешто друго ќе помогне. Битно само позитивно и не се разочарувај! Ти посакувам што побрзо да се ослободиш од инфекцијава.
Благодарам за советите. Јас се борам цело време со пиењето вода, постојано заборавам, па сега се обидувам да направам некаква навика со аларми... што се однесува до чаеви, алергична сум на сите кога ги пијам во поголема количина, па морам да ограничам на еден на ден, два ако е ептен лоша ситуацијата ама тоа веќе почнува да ми предизвикува алергија. Може и тука се крие проблемот кај мене. Инаку да, и јас забележав дека чајот од брусница не ми помага, ама увиниот е добар, особено ако инфекцијата е на почеток. За стресот свесна сум и јас, тоа е нешто на што мора да поработам, но по години поминати во мачење со инфекцииве веќе почнувам да се претворам во хипохондрик па дури и најмалиот симптом може да ме бутне во целосна паника... Благодарам за позитивната енергија
Како откривте дека имате бактериска инфекција ( дали може да се открие со обична лаб. слика?) и какви симптоми имавте? Мене често ме боли стомак и имам често мокрење , геникоглогот ми рече дека проблемот не е гениколошки.
Треба да направиш уринокултура за да видиш дали имаш бактерија. Јас во авицена носам примерок. Од првата утринска мокрача средниот млаз ќе го измокриш во пластична чашка од аптека. За два три дена ги даваат резултатите.
Јас секогаш сум била за природно лекување и здраво се хранам колку што можам да си дозволам и на своја рака си земав порано имунобор, ова она, брусници и увин чај масло од оригано, семе од коприва во мед мислејќи дека само имунитет треба да покренам се додека не открив дека причината е сосема друга и немало врска од имунитет, уште помалку од сево ова што го земав и не се искомплицира да завршам на операција исто после операцијата закачив ешерихија, и само што направив во авицена уринокултура исто и на кои лекови е осетлива бактеријата имам пишано и во таа група дека за 5 до 7 дена се реши проблемот и еве до ден денес не се вратила, докторов што ти го препорачав ми даде антибиотик. Да не ме сфатиш погрешно не викам дека е исто и може да се влоши и тн., но не сите доктори се шарлатани и завршиле за ова и можат да го решат проблемот побрзо. Гледам дека ти пишуваат чаеви увини, брусници и слично и со тоа треба да се има усул барем така мислам дека и докторов ми имаше кажано еднаш, дали дека може да се дехидрира од толку мокрење и слично не знам, не ми текнува да не те лажам, но нешто ми спомна еднаш. Исто 3 пати на ден витамин Це да се пие и 2 до 3 литри течности. Исто има и на клиника еден доктор урогинеколог така нешто, Сашо се викаше мислам, постојано е фул кај него ми има логика да се бави и со бактерии и слично, не само со гинеколошки проблеми, можеш да се распрашаш. Навистина ти посакувам среќа што побрзо да се отарасаш од проблемов.
Имам пишувано во др тема , др Ставридис препорака, обавезно цистоскопија да направиш за да се види причината ,евентуално снимка со контраст ,ама тоа првин доктор да си најдеш ,приватно околу 3000ден е цистоскопија, вит д3, вит ц, имунобор уро по шема , пролом вода , чај од билна аптека
Да бидам искрена не ни можам многу чаеви да пијам, 1-2 на ден максимум бидејќи сум алергична на повеќето од состојките. И мене постојано ми зборуваат имунитетот да го подобрам, но тотално ми нема смисла тоа веќе, затоа и сакам да најдам добар доктор што ќе провери буквално се и ќе ми каже точно што е проблемот наместо постојано да ми вели помалку стрес, подобар имунитет и повеќе течности. Добив неколку препораки за др. Александар Ставридис, па ќе пробам кај него (можеби Сашо е скратено за Александар?).
Стојчевски се презивал, но тешко било да се стапи во контакт со него а тие ќе ми извиниш на израз пачав*ите од сестри што работат таму па и некои докторки се заникаде. Така да ако не успееш да стапиш во контакт или термин за кај него уопште не пробувај таму. А течности мора мин 2 литри на ден, ако не можеш чаеви тогаш пролом вода или некои природни сокови без шеќери. Навистина ти посакувам среќа да го решиш проблемов што побрзо затоа што знам што значи да имаш проблем а да не можеш да најдеш соодветен доктор. Зошто кај нас остана тињата само, се асално избега приватно или надвор од земјава секоја чест на исклучоци, а па и приватно не се знае на каков ќе налеташ...
Mozebi ova ke pomigne, citav mnogu zeni koi imale problem so urinarni infekcii ova im pomognalo. Jas pocnav da go pijam, naracav 3 shishenca na Amazon. Nemam cesto problem so ova no nekogash znae da me fati beshikata i trae po 2 nedeli.
Здраво на сите. Еве јас конечно да ја затворам темава со решението на мојот долгогодишен проблем. После многу маки и доктори и терапии и што се не, со сопругот откривме дека тој бил носител без симптоми на бактериите и од кај него се враќале постојано кај мене. За жал не ни помогна доктор за ова туку Гугл така што не можам да ви препорачам никој, јас имав лошо искуство со сите. Откако сопругот приватно се тестираше и доби позитивни резултати со истите бактерии отидовме кај матичната и кога ни ги виде резултатите одма ни даде паралелна терапија и на двајцата. Од тогаш, да чукнам во дрво, не сум имала веќе проблеми. И ете дури научив и нешто ново - да, и уринарните бактерии можеле да се пренесат преку однос
Dali nekoja od vas imala simtomi na urinarna infekcija a nemala bakterija? Jas Se osekjam cudno tamu dolu,peckanje kako vnatresno, nelrijatnost koga sedam dolgo vreme... nemam urinarna infekcija, nemam nitu vaginalna infekcija.