Препораки за однесување на форумот

Дискусија во 'Правила и новости' започната од RainBow, 7 јуни 2019.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Во последно време на форумот има доста тензија и расправии во повеќе теми, Затоа решивме да направиме препораки за однесување според кои треба да се водите за форумот да стане попријатно место за поминување на времето и да може дискусиите да се водат помирно.

    Покрај правилата на форумот би сакале да ги почитувате и овие насоки. Форумот веќе постои со години, некогаш знаеме да се подзаборавиме, па не би било лошо да имаме еден потсетник.

    Придонесете кон дискусијата

    Заедно треба да придонесеме кон тоа дискусијата да се одвива мирно, без навреди и дрзок тон. Доколку не сте сигурни дека можете да го направите тоа воздржете се, размислете убаво што сакате да кажете и напишете мислење подоцна.


    Бидете љубезни, дури и кога не го делите истото мислење со некого

    Кога не се согласувате со некого веројатно ќе посакате веднаш да го изразите тоа, но имајте на ум дека треба да се одговори на мислењето и идејата што ја носи, а не на луѓето.

    Избегнувајте да:
    • Навредувате,
    • Да се користите со лични напади,
    • Да реплицирате на тонот на мислењето, наместо на пораката што ја носи,
    • Да избрзувате со одговорот и тој да биде подрзок, наместо кога малку би размислиле пред да одговорите.

    Наместо да употребите нешто од горенаведените точки, напишете издржано мислење со контра-аргументи и смирен тон за подобро да придонесете кон дискусијата. Доколку вашиот тон е дрзок, мислењето со навредливи зборови, останатите ќе се фокусираат на тој дел, а не на она што навистина сте сакале да го кажете. Ќе се изгуби смислата на темата и времето на сите ќе биде залудно потрошено.

    Начинот на кој дискутираме е основа за новите членови. Затоа сите заедно можеме да направиме таа основа да е позитивна, да направиме дискусиите да бидат интересни и со тоа форумот да е место за размена на мислења и идеи во кое секој ќе може да се вклучи.

    Пријавувајте мислења без да одговарате на нив

    Доколку сметате дека некое мислење ги нарушува правилата на овој форум, едноставно пријавете го. Не одговарајте, не создавајте уште повеќе оф-топици и со тоа темата да отиде во сосема различна (погрешна) насока. Само пријавете го и заобиколете го, кога модератор ќе се вклучи ќе го среди проблемот.

    Модераторите имаат посебна одговорност за средување и одржување на форумот, но одговорност имаат и членовите. Со ваша помош можеме сите повеќе да бидеме вклучени во дискутирање, наместо во средување. Пишувајте ги мислењата во соодветните теми, создавајте нови теми во соодветни категории и проверете дали веќе постои тема за вашето прашање. Бидете пристојни и не пишувајте нешто што не би сакале да го прочитате за себе.
     
    На DS10, BobyPetar, coolibrium и 73 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.