Преспанско Езеро

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Isabel, 24 јули 2011.

  1. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    600
    Преспанското Езеро е езеро кое го делат три држави - Македонија (најголем дел), Грција и Албанија. Во рамките на Македонија, тоа се наоѓа во југозападниот дел од земјата.

    Од Преспанско Езеро од земените 15 мостри од локалитетот Стење, туристичките населби Отешево и Претор, плажите Сливница и во Долно Дупени констатирано е дека водата е од прва и втора категорија.

    Бистрата езерска вода со температура од 24-28°С, долги песочни плажи, присуство на многу сончеви денови, немање на магловити денови, свежи ноќи, еколошки чиста средина, планини со бујна вегетација и изградени туристички капацитети, скијачки терени - се основите за развој на туризмот во Преспа, кој за жал и покрај компаративните предности не е во доволна мера застапен.

    Дали сте летувале на Преспанското езеро и како ви се допадна. Можете да погледнете на линков за плажата Сливница http://www.prespana.com.mk/prespa/turizam/1288-pecalbarski-pari-turisticki-kompleks-slivnica.html за која се вели дека е најубава бидејќи последниве години се вложени пари во неа.

    Но, сепак на интернет не се многу достапни приватните сместувања :^)
     
    На daylight и Bube.96 им се допаѓа ова.
  2. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.537
    Порано одев таму на летување со баба и дедо. Беревме дудинки во селото, трчав низ песокот, и играв пикадо со новите другарчиња од кампот. Местото ми е останато во многу убаво сеќавање, иако според коментарите на луѓе кои неодамна биле таму, бајаги е пропаднато.
     
  3. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.515
    Од Преспанскиот регион сум и ќе си дадам за право и да го искритикувам и да го пофалам по малце =).
    Милото ни Преспанско Езеро кој најде,ама верувајте кој најде го загаде.Де овие со фабриките,де со рекиве,де ние жителите а и туристите да не ги заборавам.
    Иначе ќе почнам од Претор(фамозниот, џоа Мајами бич е): Плажата е средена, 2-3 кафичи ко ресторани,ако седнеш да порачаш за келнер се чекат 1 сат а дури да стигнит порачката ехе можиш до дома да одиш да земеш за јадење.Иначе убаво е бе, мирно тивко, нормално премалку ресенчани имат,ама затоа од бт и од ск имат колку душа да ти сакат.
    Одам на Сливница, искрено убаво е.Мене ми го прави кејфот местово.Мирно,тивко,чиста плажа,1 кафич ко ресторан имат ама и услужливи и културни се. А и моја препорака се Долно Дупени и Коњско, како помирни и почисти села со убави плажи :)
     
    На Bube.96 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    430
    Стење го заборае. Ти се лутам. :doh: Местото со најдобар ноќен живот во Преспа.
     
  5. barbiche

    barbiche Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    89
    шојма во Стење ?
    Бев таму 2 Недели со брачеда ми во вила,абе ке пукнев..
    Каква бистра езерска вода, монгу загадена е.. кај шо бефме плажата катастрофа..
    Порано мислам дека не беше толку загадено..
     
  6. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    430

    Цел Август имаше некоја Алга и заради тоа беше такво загадено. А за досадно незнам зошто ти било досадно,освен ако не си излегла од вилата.

    И не кажав дека има нешто,но ни во Коњско,ни Сливница не е подобро. Е сега плажата не е исчистена да,ама и секој фрла кај стаса. А иначе онаква песоклива плажа со километри Охридско нема никаде.
     
  7. barbiche

    barbiche Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    89
    :?: Па дека рече дека таму имало најдобар ноќен живот.. :)'
    Нормално дека не излегов од вилата, кај да одев ?
    А ко ке излезев напад од комарци добивав..
    anyway, Сум одела таму многу често како помалечка и не ми се бегаше дома,ама сега..
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.770
    Не греши душа, имаме Љубаништа :)
     
    На Ariel, Beautiful-Princess и barbiche им се допаѓа ова.
  9. Mracna

    Mracna Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    106

    Има две кафани , и два кафичи :)
     
  10. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    399
    Моето омилено езеро. Сум била во Стење, Сливница, Отешево, Претор, Асамати. Криво ми е што многу малку се инвестира во овој дел од земјата, кој има многу потенцијал. Многу се израдував кога слушнав за проектот Аква Пура, но ете го веќе неколку години е во стагнација. Најверојатно е перална за пари. Штета.
     
    На Vladus му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zence

    zence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    3
    Sakam sledniot viken da odam na prespansko ezero da ja posetam kerkata koja e na letuvanje vo detskoto odmaraliste, ako imate da mi preporacate smestuvanje-4 krevetno.
     
  12. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    597
    Допаѓања:
    792
    Лек за душа. Каков Охрид, каква Грција :lol: За журки не е, ама за одмор одмор е дефинитивно. Мирно, чисто, преубаво. Не знам, многу од вас одат на одмор за да се забавуваат за убав провод. Мене ми е преку глава од гужви и галама преку цела година во Скопјево, па на лето сакам баш тоа, релаксација и физичка и психичка. Едно прашање, не важи за тие што сакаат и добар ноќен живот. Зошто да минам граница и да одам да лежам на некоја плажа во Грција, кога тоа го можам и овде во нашава Македонија? Сонце, вода, песок, убави стари планински села .... Сакам и јас да шетам надвор, но повеќе за да видам и да прошетам, а не да летам до Шпанија и да слетам на некоја плажа. Кога е за шетање шеташ, кога е за лежење под некој чадор се знае :)
    А фацата на луѓето кога ќе им кажам кај сум се исончала толку многу прво вака :o после вака :drunk:
    Абе знам дека море си е море, ама под едно сонце сме сите де, едно сонце не сонча :D
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Vladus

    Vladus Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    110
    За Долно Дупени незнам не сум бил ама можам да кажам за Коњско дека е незаменливо! Чиста вода за капење,чист воздух, островот Голем град во близина :)... преубаво!
     
    На Bube.96 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.006
    Допаѓања:
    5.513
    Сакам летово да одам, па кажете за превоз како стигате до таму?Има ли линии Скопје - Претор? Сместувањето, храната дали се скапи? И јас се согласувам како што кажаа, сум ила во Грција ама да се шетам. А да одам таму на одмор не мислам. Па си имаме езера, доста со тоа нивно море кое го форсираме.
     
  15. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.069
    Да каже некој збор два како е годинава таму, Претор, Крани, плажа, вода, цени?
     
  16. nikolina91

    nikolina91 Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Јас лани бев неколку дена Сливница на одмор... плажата е премногу убава има премногу туристи од сите градови. Смештајот ни беше во вила која беше со поглед кон езерото таа е единствена вила(која што ја издават) која што се наоѓа под главниот пат односно која што не е во селото. Ја најдов на реклама5 и премногу сум задоволна и од газдите и од се останато. И пред неколку дена се јавив за да резервирам за крајот на јули ама ми рекоја дека се е пополнето, само има слободно од 1-15ти јули, а инаку цената е 1500 денари на цела вила (2 соби со по 4 кревети значи вкупно 8) погодна е за 2 фамилии и има заедничко ВЦ и кујна и прибор и се..премногу е убаво многу е блиску до плажата...еве ќе ви дадам линк да видите ако сакате...
    http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=810821
     
    На lepadama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.005
    Допаѓања:
    5.890
    Ima prekrasni mesta so golem potencijal od koi definitivno najubavo mesto mi e Slivnica so ubava,pesocna plaza,potoa Dolno Dupeni,Stenje,Markova noga.No sepak treba uste mnogu da se investira za da se
    razv
    ie turizmot na Prespanskoto Ezero.
     
    На Bube.96 и lepadama им се допаѓа ова.
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.782
    Допаѓања:
    44.436
    Беше некој летово, како е, што е... ќе го биде за бањкање сега, ова време или заладено е? Некое инфо за смештај? :?: Не сум била никогаш, ако има можност баш би сакала...
     
  19. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.324
    Допаѓања:
    7.902
    Пол:
    Женски
    Три години по ред бевме во Крани. Последниот пат бевме сместени во Вила. Додека се сами користевме и Вц и кујна. Имаше две соби и тераса. Места за шетање и нема баш, ние мислам дека Асамати го прошетавме. Плажата Сливница е пре убава за разлика од Претор и Долно Дупени, и водата е многу топла :D
     
  20. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.006
    Допаѓања:
    5.513
    Точно ли е дека имало многу змии во Преспанско езеро?